Турските безбедносни сили приведоа 115 осомничени членови на Исламска држава, кои се осомничени дека планирале напади за време на прославите на Божиќ и Нова Година во оваа земја, објави денеска Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул. Истанбулската полиција добила информации дека членови на Исламска држава планираат напади во Турција, особено против немуслимани за време на прославите на Божиќ и Нова Година, објави обвинителството ...

Турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ ќе и го префрли на албанската Влада сопствеништвото на „Ербас А319‑115J“, модифициран авион, вреден 11,9 милиони долари, согласно билатерален договор за грант, како дел од напорите за зајакнување на дипломатските и економските врски меѓу двете земји. „Според договорот објавен денеска во Службен весник, авионот, регистриран како TC-GVC со сериски број 1002 и произведен во февруари 2000 ...

Вчера попладне, на 24 декември 2025 година, во скопското село Арачиново се случила вооружена пресметка меѓу неколку лица. Според полицијата, инцидентот се случил околу 16:21 часот, а во него биле вклучени две возила. При пресметката, оштетено било возило „Фолксваген Поло“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Б., кое случајно се нашло на местото на настанот. Полицијата продолжува со расчистување на случајот и утврдување на сите ...

На 25.12.2025 во 20:18 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ф.С.(39) од Куманово. при гранични проверки и контрола во возилото „фиат“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 271 монети со различни големини и форми, кои потекнуваат од различни временски периоди. Лицето е задржано во Полициска станица и за настанот е известен јавен обвинител. ...

Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска, со вредност од околу 110 до 120 милиони евра што ќе донесат повеќе од 1.500 нови вработувања, информираше попладнево премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на пратенички прашања во Собранието. – Веќе сме во фаза на потврда и конфирмација на три многу важни странски инвестиции. Едната е во делот на автомобилската индустрија – турска, едната е во ...

Во континуитет Комората алармира дека една мала земја како нашата, за да опстане, мора да има раст на БДП-то поголем од 5% и да го зголемува постојано извозот. Денеска можеме да констатираме дека раст на БДП од над 5% сме имале само во 2008 година, а денес извозот изнесува 7,64 милијарди евра. Фактите со години се истите, непроменети: Значи, предизвици колку сакате. Во 2010 година, Комората предложи комплетен нов економски модел за ...

На редовната седница на Советот на Народната банка е усвоен Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за третиот квартал од 2025 година. Во Извештајот се оценува дека и во третиот квартал од 2025 година, банкарскиот сектор работи стабилно и сигурно, со висока солвентност, подобрена ликвидност и со подобар квалитет на кредитното портфолио. Стапката на адекватност на капиталот е стабилна и изнесува 19,5%, а ликвидносната позиција зајакна ...

Проектираниот реален раст од 3,8% за 2026 година е реално остварлив. Даночните приходи ќе се реализираат согласно планираното, а дигитализацијата е клучниот фактор во сериозно зголемување на ефикасното трошење на буџетските пари. Ова го истакнува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за месечникот „Економија и бизнис“. „Проектираниот реален раст за 2026 година е 3,8 % и сметам дека е реално остварлив. Но, секако ...

Во врска со најавениот протест во Куманово за ретроактивно оданочување на приходи остварени во странство, Управата за јавни приходи известува дека постапувајќи согласно Уставот, законите и меѓународните договори што ја обврзуваат Република Северна Македонија, има обврска да обезбеди еднаква примена на законските правила за сите граѓани. Затоа, пред сè, сакаме јасно и недвосмислено да појасниме дека согласно Законот за данок на личен ...

Управниот одбор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување вчера одржал редовна седница на која, Станка Трајкова, член на УО, информирала дека Регистрираната организација за Солидарен фонд донела Одлука за зголемување на задршката за посмртна помош од пензиите од 140 на 150 денари и зголемување на средствата за исплата на посмртнина од 35 илјади на 40 илјади денари, соопшти Фондот на ПИОМ. Членовите на Управниот одбор ја усвоиле и ...

Во врска со неодамнешниот повик на премиерот Христијан Мицкоски до дијаспората да се врати и инвестира во Македонија, Партијата за движење на Турците (ТХП) сака да истакне дека за овој гест да биде сфатен како искрен, потребна е конкретна и непосредна иницијатива од страна на Владата на Македонија. Основен чекор во таа насока би било овозможување на поедноставена, транспарентна и фер постапка за добивање на македонско државјанство за сите ...

Собраниската комисија за надворешна политика и надворешна трговија денеска едногласно го прифати предлогот на закон за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Бугарија во врска со подготовката, изградбата и оперативноста на меѓуграничниот железнички тунел и го достави предложеното законско решение на усвојување на Собранието. Според Крум Ефремов, директор во Министерството за ...

На брифинг со новинари, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја потецираше директната поврзаност на актуелната власт со СНС во соседна Србија. „Очигледна е соработката на оваа власт со српската власт на Александар Вучиќ и на СНС, односно лично со него. На граѓаните веќе им паѓа во очи како премиерот Мицкоски сака да го имитира претседателот Вучиќ, во движењата, во стоењето, во начинот на давање изјави и во концептите на политиката. ...

Заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Туркије Фатих Улусој. На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Трукије кои традиционалнo се пријателски и значајни за двата народи. На средбата се разговараше за инвестиционата политика на Владата, ставајќи фокус на планираните инфраструктурни проекти, а се отвори и прашањето за ...

Микробиологот, професор и доктор Никола Пановски преку објава на Фејсбук предупреди дека повторно се шират лажни видеа и реклами со неговиот лик и име, во кои се промовираат различни производи. „Никогаш не сум рекламирал, не рекламирам, ниту некогаш ќе рекламирам било каков производ. Кога ќе го прочитате моето име или ќе ја видите мојата слика покрај некој производ, а во последно време и видеа, сè е тоа злоупотреба. Ако има интервју – тоа ...

Безбедноста и расчистувањето на криминалот и корупцијата во државата се наш врвен приоритет како Влада, а Министерството за внатрешни работи е нераскинлива алка во тој еден процес, истакна премиерот Христијан Мицкоски на промовирањето на новите возила за униформираната полиција. „Би сакал да им честитам на вработените во Министерството, на министерот, на луѓето коишто го водат ова Министерство, за успешно завршената набавка, за успешно ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинари, истакна дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно и намерно ја држи Македонија изолирана од Европската Унија, користејќи нереални и невозможни барања како изговор за блокада на европскиот пат, а со да продолжи да цвета криминалот и корупцијата. „Оваа влада очигледно поддржани од претседателката на државата, што видовме и нејзиното ...

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и Управата за јавни приходи (УЈП) извршија контроли кај приватни здравствени установи, матични гинеколози при што утврдиле дека кај 26 од 49 немало никакви неправилности. Клучните наоди покажале дека неуредност, (збирно утврдени неправилности од ФЗО и/или УЈП), имало кај 23, само од ФЗО кај 3, само од УЈП кај 11 и од двете институции, кај 9 установи. Генералниот директор на Фондот, Сашо Клековски на ...

Во Министерството за европски прашања денеска беше извршено примопредавање на функцијата министер за европски прашања, по вчерашната одлука на Собранието, со што Беким Сали ја презеде должноста од досегашниот министер Орхан Муртезани. Како што информираат од Министерството за европски прашања, на средбата во рамки на примопредавањето бил направен осврт на тековните активности и утврдените приоритети од европската агенда. Муртезани му ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со медиумите рече дека во момент кога СДСМ ги открива криминалните зделки на власта, ВМРО-ДПМНЕ спроведува организирана акција со обиди за уривање на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија одвнатре. „Уште една работа што сметам дека е многу битно да се потенцира, токму во овој период кога почнавме да ги откриваме сите коруптивни зделки на власта, кога почнавме да го ...

Вчерашната оперативна акција на полицијата во која пронајдени и одземени се околу 35 тони пиротехнички средства е доказ дека Министерството за внатрешни работи решително и одлучно влезе во борба особено со организиран криминал, нагласи денеска ресорниот министер Панче Тошковски. По промоцијата на 120 нови возила на македонската полиција во кругот на МВР, одговарајќи на новинарски прашања нагласи дека такви пратки со пиротехнички ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвува радикална промена на системот за притворање и депортација на имигранти во САД, планирајќи пренамена на индустриски складишта во огромни центри за задржување, во кои истовремено би биле сместени повеќе од 80.000 лица. Според нацрт-документи од јавен повик за изведувачи, во кои увид имал The Washington Post, целта е драстично забрзување на депортациите преку создавање ...

Материјална штета на згради и на неколку паркирани возила предизвика силната експлозија што во текот на ноќта се сучи пред филијала на банка во населбата Евсомос во Солун, јави дописничката на МИА од Атина. Од експлозијата нема повредени лица, а според првичните информации, не претходел предупредувачки повик или какво било друго известување. Според државната телевизија „ЕРТ“ експлозијата била толку силна што се слушнала и на оддалеченост ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на седницата за пратенички прашања во Собранието остро ја критикуваше резолуцијата донесена од парламентарното мнозинство, оценувајќи ја како директен удар врз уставниот поредок и демократските слободи и споредувајќи ја со времето на Третиот Рајх. „Мислев да прашам нешто за мигрантите, ама вие донесовте резолуција која е противуставна со која што забранувате слобода на изразување, слобода на ...

Минатата година го зголемивме нашето вреднување на матичните лекари, сега очекуваме зголемена одговорност од нивна страна. Тоа значи придржување до казнената политика доколку се надминат квотите за пропишување антибиотици и анксиолитици. Имаме само за тие две групи ограничување за препишување, изјави генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Втората мерка која ја планираме, посочи тој, е Е-рецепт, кој во ...

Најмалку 60 проценти покачена плата ќе имаат наставниците во четири години. Со договорот што Владата го потпша со СОНК се дефинирани покачувањата за секоја од четирите години, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска на собраниската седница посветена на пратенички прашања. Пратеничката Драгана Бојковска постави прашање за платите на наставниците упатено до премиерот Христијан Мицкоски, кој одговорот ѝ го препушти на ...

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања упати прашање до министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, кое се однесуваше на кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина, но и како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година во година ги намалува средствата за оваа намена. Таа посочи дека со ребалансот на Буџетот за 2025 година ...

Муамет Хоџа денеска официјално стапи на функцијата министер за животна средина и просторно планирање, преземајќи ги надлежностите и одговорностите за раководење со ресорот задолжен за заштита на животната средина, одржливиот развој и просторното планирање во државата. На својот прв работен ден, министерот Хоџа одржа работна средба со заменик-министерката Ане Лашкоска и со раководниот тим во Министерството, на која беше запознаен со ...

Соопштение за јавност на ТИТАН Усје: Целосно ја разбираме загриженоста на јавноста за квалитетот на воздухот во градот, но нашата компанија не е причина за тоа. Напротив, ТИТАН Усје работи согласно најдобрите достапни техники во производството на цемент. Технологијата која се применува во ТИТАН Усје соодветствува со најдобрите компании од оваа индустрија во Европската Унија. Целосно ги отфрламе неоснованите обвинувања кон ТИТАН Усје, кои ...

Со потресно и длабоко емотивно сведочење на Дејан Николов, сопственик на соседниот автолимарски сервис, денеска продолжи судењето за страотниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, трагедија во која на 16 март згаснаа 63 млади животи. Пред судот, во присуство на расплакани родители и роднини на загинатите, Николов ги опиша пеколните моменти од кобната ноќ, сведочејќи за објект кој со години функционирал во несоодветни и опасни услови. ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
93%
1001
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
79%
1000
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
89%
1001
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
0.0
86%
1000
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.05
97%
1002
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
97%
1001
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.68
78%
1003
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
82%
1002
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
100%
1001
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
4.12
94%
1001
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
95%
1000
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
94%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

2460.50

Рутениум

45750.51

Бакар

11.69

Иридиум

221848.72

Калај

46.91

Цинк

3.25

Злато

159231.39

Алуминиум

3.03

Платина

67162.91

Паладиум

546.56

Кобалт

64.04

Родиум

336779.07