Според најновото американско истражување недоволниот сон го скратува повеќе животниот век отколку исхраната, физичката активност и социјалните односи. Американските научници проценуваат дека околу 16 отсто од светската популација постојано пати од несоница, додека податоците на Националната фондација за квалитет на спиењето покажуваат дека дури 60 отсто од возрасните Американци не спијат доволно. Несоницата се карактеризира со тешкотии ...

Откако Законот за евтаназија стапи во сила во јуни 2021 година, во Шпанија се регистрирани вкупно 2.432 барања за помогната смрт, од коишто 1.123, или 46 отсто, резултирале со спроведување на евтаназијата. Вкупно 905 лица побарале помогната смрт во Шпанија во 2024 година, а една третина од нив починале пред да се заврши процесот на донесување одлуки, според податоците од Министерството за здравство на земјата. Имено, во Годишниот извештај ...

Речиси 15.340 евра се запалиле и изгореле во касата на филијала на централната банка во Горна Орјаховица, Бугарија, јауваат локалните медиуми. 86.918 евра, кои исто така биле во трезорот, ги преживеале пламените јазици. Инцидентот се случил доцна во вторникот попладне. Еден постар маж решил да внесе заштеда од речиси 2.045 евра на својата сметка за да може неговите пари автоматски да се конвертираат во евра по Нова година. Се покажало ...

Оваа француска салата е богата, и кремаста. Идеална е како предјадење или како прилог на свечена трпеза. Брзо се подготвува, а комбинацијата од сирење, павлака и ореви ѝ дава полн и изразен вкус. Состојки: Подготовка: Сирењето убаво изгмечете го со вилушка, па додајте ги киселите павлаки и добро измешајте додека да добиете кремаста смеса. Исечкајте ја шунката и свежите краставици на ситни коцки и додајте ги во смесата. Потоа додајте ги ...

Од 31 декември, данско-шведската поштенска компанија „Постнорд“, како што објави, веќе нема да врши достава на писма во Данска. Компанијата се одлучи на овој чекор поради замирањето на писмата – последниве 25 години, бројот на рачно напишани пораки испратени преку поштенските услуги е намален за повеќе од 90 отсто, се наведува. Според историските податоци, како што објавуваат данските медиуми, првите писма во ова подрачје биле испратени ...

26/12/2025 01:06 - 24 Инфо

Рахат локумот е традиционален ориентален десерт со нежна текстура и богат вкус. Неговата подготовка бара трпение, но резултатот е исклучително вкусно слатко, кое може да се збогати со различни ароми и јаткасти плодови, по ваша желба. Состојки: Подготовка: Вооружете се со трпение – ова е клучот за успешен рахат локум. Во тенџере ставете 400 мл вода и целата количина шеќер. Варете околу 15 минути, додека да испари приближно една третина од ...

Почестете се себеси и вашите најблиски, во овој посебен период, со овој многу едноставен но вкусен куглоф. Состојки: Подготовка: Измешајте го брашното и густинот, додадете ги мелените бадеми, прашокот за пециво, шеќерот и ванилата. Добро измешајте ги јајцата, млекото и стопениот путер и додадете ги во смесата од брашно. Додадете го сувото грозје во смесата и истурете ја во намастен калап за куглоф.Печете 40-45 минути (во зависност од ...

Познатата актерка Џејми Ли Кертис откри дека направила пластична операција на 25 години и дека тоа денес го смета за една од најголемите грешки во животот. Одлуката ја донела по навредлив коментар на снимање во 1985 година, по што направила корекција на подочниците, но, како што вели, зажалила веднаш. Таа истакна дека искуството ја поттикнало да стане силен поддржувач на природниот изглед и самоприфаќањето, предупредувајќи дека естетската ...

Американската музичка суперѕвезда Тејлор Свифт ѝ подари милион долари на добротворната фондација „Храна за Америка“ или „Фидинг Америка“ (Feeding America), како и милион долари на „Американското здружение за срце“. Нејзината втора донација е во чест на нејзиниот татко, Скот Свифт, кој бил подложен на операција за петкратен „бајпас“ оваа година – по што неговата ќерка се смести кај него за да му помогне во заздравувањето. Овие донации ...

Празниците се период кога се купуваат и подаруваат најмногу подароци, а ако сте меѓу оние што обрнуваат посебно внимание на деталите, тогаш пакувањето сигурно ви е важен дел од процесот. Сепак, ако имате повеќе подароци за пакување, тоа може да стане непрактично, иако е забавно. Токму затоа во помош доаѓа — даската за пеглање. На сите кои сакаат да пакуваат подароци, овој трик со даска за пеглање и метла може многу да им користи. Како ...

Денеска во кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за политики на добро владеење, г. Арбен Фетаи, и ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“, проф. д-р Беким Фетаји, потпишаа Меморандум за разбирање меѓу двете институции. Овој меморандум претставува важен чекор во зајакнувањето на соработката меѓу високото образование и владините институции, создавајќи ...

Македонската опера и балет за вечер најави четврта изведба на оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II која, како што наведува, следува по три одлични изведби. -„Лилјакот“ е светски позната оперета што ја слави радоста, музиката и ведрината на животот, со шармантни сцени, хумор и незаборавни арии. Оперетата ја освои публиката, која ја опиша како „возбудлива, духовита и емоционално живописна“ и која ја поздрави со овации и силни аплаузи. ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека Советот на Град Скопје едногласно го усвои Буџетот за 2026 година, без ниту еден глас против, со што се поставуваат темелите за силен развоен циклус и финансиска консолидација на градот. Новиот буџет претставува јасен доказ дека со ред, визија и одговорна работа се постигнуваат конкретни резултати во интерес на граѓаните и иднината на Скопје. – БЕЗ НИТУ ЕДЕН ГЛАС ПРОТИВ, ...

По предлог на советниците од Зелен Хуман Град, Советот на Град Скопје донесе одлука за дисклокација на индустрискиот капацитет на ТИТАН Усје во скопска Кисела Вода, соопштија оттаму доцна синоќа. По 13-часовна седница, Советот на Град Скопје едногласно ја усвои иницијативата на ЗХГ за дислокација на УСЈЕ, со следните за која најавија дека многу посветено ќе се следи нејзиното спроведување. Во натамошниот текст, детали од Барањето на ЗХГ – ...

Жителите на Општина Кисела Вода добија можност правилно да го одлагаат текстилниот отпад, откако беа поставени специјални контејнери за текстилен отпад пред сите месни заедници. Со ова, Кисела Вода воспоставува функционален и одржлив систем за селектирање и рециклирање на текстилен отпад, во соработка со лиценцираната компанија ЕКО-ТЕКС ГРУП ДОО Скопје, овозможувајќи правилно одлагање на употребената облека и домашниот текстил и активно ...

Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје ја информира јавноста дека наводите објавени во дел од медиумите, според кои Буџетот на Град Скопје за 2026 година бил усвоен ЕДНОГЛАСНО, не се точни. Советничката група на Левица НЕ го поддржа и НЕ го гласаше предложениот Буџет за 2026 година, поради сериозни концепциски, програмски и суштински недостатоци. Буџетот: -не нуди суштински одговор на клучните проблеми на градот -не содржи ...

Соопштение од ДОМ: Демократска обнова на Македонија (ДОМ) ја поздравува Одлуката на Советот на Град Скопје за поднесување иницијатива за дислокација на тешката индустрија. Тоа е легитимна долгорочна визија за хуман град, која ја поддржуваме како крајна цел. Сепак ДОМ како одговорна зелена партија мора да предупреди на реалноста: дислокацијата на капацитет како „Усје“ е исклучително сложена правно-финансиска операција која дури и да ...

„Воведуваме центарска картичка како дополнителна услуга за жителите на Општина Центар, но и како директна поддршка и промоција на локалниот бизнис-сектор. Со оваа картичка граѓаните ќе добиваат попусти и поволности на одредени производи и услуги”, истакна Герасимовски во Дневникот на Сител, најавувајќи низа мерки за подобрување на животниот стандард наредната година. Картичката е планирано да биде електронска и уникатна за секој жител, со ...

Папата Лав ХІѴ денеска присуствуваше на божиќната миса во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, која последен пат ја одржа во 1994 година тогашниот папа Јован Павле II, јави АНСА. Во последните 20 години папите оваа улога најчесто им ја доверуваа на некој од кардиналите. На денешната миса, папата Лав XIV носеше бела облека, која е резервирана за раѓањето и воскресението на Христос, а пред да ја започне службата утрово, застана неколку ...

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и неговата ќерка Џу Ае присуствуваше на пробно лансирање на ракета со долг дострел земја – воздух. Како што објави Севернокорејската новинска агенција (КЦНА), ракетата уништила цели во воздухот на растојание од 200 километри. Здружениот генералштаб на Јужна Кореја потврди дека Северна Кореја тестирала ракета. Ким, исто така, посетил градилиште на друга локација, каде што се гради нуклеарна подморница од ...

Воената морнарица на иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) заплени странски танкер во Персиски Залив, под сомнение за шверц на околу 4.000 тони гориво. Танкерот и неговиот нелегален товар се конфискувани, а 16 членови на екипажот се приведени. Како што јави Иранската новинска агенција (ИРНА) горивото на танкерот било натоварено со чамци и требало да се дистрибуира до бродовите откако товарниот брод ќе го напушти Персиски Залив. ...

Израел планира да инвестира 350 милијарди шекели (110 милијарди долари) во следната деценија за да ја направи својата домашна индустрија за вооружување понезависна, соопшти премиерот Бенјамин Нетанјаху, пренесен од израелските медиуми. Зборувајќи на церемонијата по повод дипломирањето на новообучените пилоти на воздухопловните сили, Нетанјаху рече дека програмата има за цел да ја намали зависноста на Израел од странски добавувачи, ...

Руската пошта ја прекина копнената достава на поштенски пратки во пет земји, вклучувајќи ги балтичките држави, Словенија и Хрватска, соопшти поштата на својата веб-страница. Доставата со авион во овие земји продолжува. Прес-службата на Руската пошта изјави за Тас дека не се запознаени кога повторно ќе биде воспоставена копнената достава. Странскиот партнерски превозник ја известил Руската пошта дека „ќе ги пренесува пратките таму само со ...

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека преговорите со Соединетите Држави за ставање крај на војната во Украина напредуваат бавно, но сигурно. Во процесот на преговори со Соединетите Држави за решавање на конфликтот во Украина може да се забележи бавен, но постојан напредок, рече Захарова. Таа речиси и да не ја спомена Украина и наместо тоа се обиде да ги соочи Вашингтон и неговите ...

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека САД извршиле „моќни и смртоносни“ напади против силите на терористичката организација Исламска држава во Нигерија, откако претходно со недели ја обвинуваше владата на оваа западноафриканска земја дека не успеала да го запре прогонот на христијаните. – Вечерва, по моја наредба како врховен командант, Соединетите Држави извршија силен и смртоносен удар против терористичкиот џган на ...

Лансирањето на ракетата-носач „Сојуз-2.1а“ од космодромот Плесецк во предвидената орбита се одвиваше според планот, а леталото е поставено во целната орбита навреме, соопшти денеска руското Министерство за одбрана. Ракетата „Сојуз-2.1а“, која беше лансирана денеска од космодромот Плесецк во Архангелската област, постави сателит во орбитата и тој работи нормално, се наведува во соопштението. – Во предвиденото време, леталото беше исфрлено ...

Најмалку десет лица загинаа, а повеќе десетици се повредени кога автобус на компанијата „Конексион“ (Conexión) се превртел и слетал во бездна во Мексико на Бадник, соопштија синоќа локалните власти. Несреќата се случила на 24 декември во попладневните часови по локално време во северниот дел на мексиканската сојузна држава Веракруз, наведува мексиканскиот портал „Миленио“. Според првичните извештаи, возачот изгубил контрола врз автобусот, ...

Папата Лав XIV во својата божиќна порака „До градот и светот“ (Urbi et Orbi) порача дека Црквата му го доверува европскиот континент на Исус Христос, Принцот на мирот, и дека посебно се моли да „замолкне татнежот на оружјето“ во Украина, како и Киев и Москва да најдат храброст за искрен дијалог. – Целиот европски континент му го доверуваме на Принцот на мирот, молејќи го да продолжи во него да инспирира дух на заедништво и соработка, ...

Јапонската влада одговара на повеќенеделните големи тензии со Кина со рекордно трошење за националната одбрана, пренесе ДПА. Предлог-буџетот за фискалната 2026 година, кој кабинетот го одобри денеска, предвидува зголемување на воените расходи за 3,5 отсто на околу 9 трилиони јени (58 милијарди долари). Околу 100 милијарди јени се наменети за развој на систем наречен „Штит“ (Shield), чија цел е да го заштити долгиот брег на Јапонија и ...

Во Русија е разбиена криминална група која контролирала мрежа на печатници за производство на фалсификувани пасоши и други документи, а во текот на полициската акција се уапсени 14 лица, соопшти портпаролката на руското Министерство за внатрешни работи, Ирина Волк. Волк во објава на Телеграм наведе дека во полициската акција се запленети повеќе од 50.000 фалсификувани документи, како и дека се проценува дека од оваа нелегална активност ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
93%
1001
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
79%
1000
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
89%
1001
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
0.0
86%
1000
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.05
97%
1002
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
97%
1001
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.68
78%
1003
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
82%
1002
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
100%
1001
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
4.12
94%
1001
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
95%
1000
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
94%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Рутениум

45750.51

Сребро

2460.50

Цинк

3.25

Кобалт

64.04

Паладиум

546.56

Иридиум

221848.72

Бакар

11.69

Платина

67162.91

Родиум

336779.07

Алуминиум

3.03

Калај

46.91

Злато

159231.39