Белград
5ᴼ /
4ᴼ
Црногорската полиција уапси осум лица под сомнение за повеќе кривични дела, меѓу кои поттикнување национална и верска омраза, насилничко однесување и нарушување на јавниот ред и мир. Според соопштението на Управата на полицијата, акцијата следи по неколку инциденти изминатите денови во Подгорица, во кои мета биле странски државјани – претежно од Турција и Азербејџан. По наредба на Вишото државно обвинителство, уапсен е П.М. (35) од ...
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган учествуваше на отворањето на воена фабрика за производство на најнова генерација тенкови и оклопни возила. На церемонијата, која беше пренесувана во живо на социјалните мрежи, беа официјално претставени и првите тенкови „Алтај“ од најновата генерација. – За време на тестирањата, подобрениот модел поминал 35 илјади километри, покажал висока издржливост против мини и испукал 3.700 проектили, со што ...
Ноќеска во 3:32 часот наутро, на автопатот Нови Сад – Белград, по наплатната рампа во правец на Белград, се случила тешка сообраќајна несреќа кога комбе излетало од коловозот, пробило заштитна ограда и паднало во канал, јавува rts.rs. Три екипи за итни случаи беа испратени на местото на настанот и интервенираа на највисоко ниво на итност. Едно дете родено во 2009 година починало на самото место од повредите здобиени во несреќата. Седум други ...
Во неколку основни училишта во Скопје и Куманово вечерва на електронските адреси пристигнале пораки за поставени експлозивни направи. МВР информира дека во тек се проверки во училиштата. -Денеска (28.10.2025) околу 18:00 часот во СВР Скопје и СВР Куманово пријавено е дека на емаил адресите во неколку основни училишта пристигнати се пораки за поставени експлозивни направи во училишта. Во тек се проверки од страна на полициски службеници – ...
Најголемиот предизвик за финансирањето на јавниот долг за следната година е сервисирањето или враќањето на обврзницата од 700 милиони евра. Тоа е она коешто најмногу му тежи на буџетот, порача денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Нагласи дека ќе се прави комбинација помеѓу странското и домашното задолжување, за, како што рече, да не ги оптоваруваме банките во земјава и да можат повеќе да го финансираат приватниот ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска очекува дека и следната година ќе има раст на пензиите имајќи предвид дека просечната плата природно ќе се зголемува. На денешната прес-конференција во Владата, на која беше презентиран Предлог-буџетот за 2026 година, министерката за финансии рече дека согласно сегашните пресметки се очекува во март да порастат пензиите за илјада денари, а за септември дополнително Владата ќе одлучи дали ...
Скопје од денеска директно се поврзува со шпанската престолнина Мадрид, авиолинија која е една од дваесетте авиолинии што ги воведовме во изминатата година, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со амбасадорот на Шпанија во Македонија, Рафаел Сориано Ортиз и Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија, го означија првиот лет Скопје-Мадрид. Вицепремиерот Николоски потенцираше дека ова е огромен ...
Од 10:00 до 11:30 часот денеска се одржа протест на крстосницата пред ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје. Вработените од ова јавно претпријатие бараат исплата на септемвриска плата, исплата на К-15, јубилејна награда, новогодишен додаток, отпремнина за работници со преостанат работен однос и исплата на помош за починат член во семејството. Протест, како што информира Независниот синдикат на „Паркови и зеленило“ – Скопје, ќе има и утре, од 10 ...
Денеска (28.10.2025) околу 18:00 часот во СВР Скопје и СВР Куманово било пријавено дека на е-поштенските адреси на неколку основни училишта пристигнале пораки со закана за поставени експлозивни направи. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, веднаш по пријавите се постапува по протокол, а во тек се проверки од страна на полициските службеници. Екипи на полицијата се на терен и ги прегледуваат училиштата со цел да се ...
Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи мерка притвор од 30 дена за двајца раководители од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, поради основано сомнение за кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“ од член 230 став 1 од Кривичниот законик. Двајцата попладнево беа спроведени во судот, каде дале исказ во присуство на Јавен обвинител и нивните бранители. ...
После вториот круг очекувам 59 градоначалници да има коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со што ќе ја заокружиме највисоката бројка во историјата на демократската Македонија, по бројот на градоначалници, којашто некогаш се случила. И ако на тоа се додаде и извесната победа на Орце Ѓорѓиевски за град Скопје, којшто води 3:1 после првиот круг во однос на неговиот противкандидат, тогаш заокружуваме бројка од 60 градоначалници коишто ќе дојдат ...
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, со нова објава на „Фејсбук“ остро го нападна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обвинувајќи дека приведувањето на директорот на ЈП „Комунална хигиена“ било дел од „режија“ на партијата. Арсовска во објавата напиша дека по приведувањето на директорот, во претпријатието сега нема кој да потпишува документи, што дополнително ќе ја отежни работата на службите за собирање отпад. „Во режијата ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека дојавите за поставени експлозивни направи во повеќе основни училишта во Скопје и Куманово се лажни. „Денеска (28.10.2025) околу 18:00 часот во СВР Скопје и СВР Куманово пријавено е дека на емаил адресите во 28 училишта во Скопје и 17 училишта во Куманово пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи во училишта,“ информираат од МВР. Оттаму додаваат дека веднаш биле преземени ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Под влијание на Антициклон (Поле со висок воздушен притисок) кое ќе биде распространето над поголем дел од Европскиот Континент и кај нас се до крајот на овој месец како и во првите денови од месец ноември во нашата Република Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со повремена мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко и без некој изразен ветер. Наутро и во претпладневните часови ...
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, е именуван за член на Олимпискиот фудбалски комитет на Меѓународната фудбалска феерација (ФИФА). Комитетот, кој работи под покровителство на Советот на ФИФА, има задача да го унапредува и координира развојот на фудбалот во рамки на Олимписките игри и да соработува со Меѓународниот олимписки комитет во сите прашања поврзани со олимпискиот фудбал. Паралелно со ова, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп моментално е во посета на Јапонија како дел од својата азиска турнеја. Покрај потпишувањето трговски договори, Трамп привлече внимание поради танцувањето со војници во американска база и кршењето на протоколот за време на состанокот со премиерот на земјата, Санае Такаичи. View this post on Instagram A post shared by 24 info (@24info.mk) Трамп ќе помине една недела на турнејата, а веќе ги посети Малезија ...
Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека заклучно со 27 октомври 2025 година, кога истече законскиот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите и плаќање на даночниот долг за третиот квартал од 2025 година, сè уште постојат даночни обврзници кои не ги исполниле своите законски обврски. Според евиденцијата на УЈП, остануваат неподнесени 2.209 тримесечни и 146 месечни пријави, како и 7.436 тримесечни и 1.270 месечни даночни обврзници ...
Легендарниот бенд “Црвена јабука” за одбележувањето на 40 годишнината од своето постоење ќе одржи концерт во Скопје, на 29 ноември во салата „Борис Трајковски“ од 21 часот. На турнејата опфатени ќе бидат повеќе балкански но и европски метрополи како Загреб, Сараево, Љубљана, Минхен, Стокхолм… но како и секогаш особено значење му посветуваат и на Скопје и македонската публика која верно ги следи сите овие 40 години. По тој повод денес ...
Уште од 2008 година, Општина Карпош ја реализираше својата визија за трансформација на локалната заедница, преку примена на меѓународните регулативи и стандарди при изградба на енергетско – ефикасни објекти. Како резултат на преземените мерки и чекори, Карпош во 2009 година беше прогласен за енергетски – најефикасна општина во Република Македонија. Точно пред 17 години, Карпош беше првата локална самоуправа која во рамки на државата постави ...
Во изминатата година, ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ успешно отстрани над 120 хаварисани возила од јавните површини на територијата на oпштина Центар. Со оваа акција, претпријатието продолжува да придонесува кон создавање на почиста, побезбедна и поурбана животна средина за сите граѓани. „Нашата цел е целосно да го ослободиме Центар од хаварисани возила кои ја нарушуваат урбаната слика и зафаќаат паркинг места и јавни површини. Апелираме до ...
Унгарија се обидува да ги здружи силите со Чешка и Словачка со цел да формира блок на земји во рамките на Европската Унија кои се скептични кон понатамошната помош за Украина. Таквиот потег би можел значително да ги комплицира напорите на Брисел да обезбеди континуирана финансиска и воена поддршка за Киев, пишува Политико. Балаж Орбан, главен политички советник на унгарскиот премиер, изјави дека се надева дека ќе се здружи со Андреј Бабиш, ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја оцени состојбата на безбедносната архитектура во Евроазија на Меѓународната конференција за евроазиска безбедност во Минск, говорејќи за „агресивните планови на Западот“, ширењето на НАТО, изгледите за решавање на конфликтот во Украина и односите со Вашингтон. Лавров предупреди дека Русија нема да дозволи Евроазија да стане „феуд на НАТО“, обвинувајќи ги западните земји дека се ...
Околу 5.000 нови случаи со мозочен удар годишно има во државава и спаѓаме во земји со средна инциденца и преваленца, а тоа значи дека има 200 до 300 мозочни удари на 100.000 жители, а преваленцата изнесува 500 до 600 на 100.000 жители. Ниту една возраст не е поштедена од мозочен удар, значи може да се појави и во детската возраст, изјави проф. д-р Анита Арсовска, шеф на одделот за ургентна неврологија при Универзитетската клиника за ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на осмото издание на Парискиот мировен форум. Сиљановска-Давкова утре, 29 октомври 2025 година, среда, ќе присуствува на отворањето на форумот којшто годинава се одржува на тема „Нови коалиции за мирот, луѓето и планетата”. Таа ќе говори на сесијата „Важноста на регионалната соработка на Балканот за идните ...
Портфолиото на фармацевтската компанија „Реплек“ и оваа година предизвикува голем интерес на CPHI саемот за фармација, кој од 28-ми до 30-ти октомври се одржува во Франкфурт, Германија, под мотото „Ја обликуваме иднината на фармацијата“. CPHI саемот е собир на глобалните лидери во фармацијата и во неговите рамки се презентираат иновациите во индустријата. „Реплек“ го презентира своето производно портфолио – фармацевтски производи и ...
Владата денеска го усвои Предлог-буџетот за 2026 година, со којшто економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП. Министерката за финансиии Гордана Димитриеска Кочоска на прес-конференција во Владата соопшти дека вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари, а вкупните расходи изнесуваат 413,9 милијарди денари, додека проекцијата за капиталните инвестиции е на ...
„Бараме поддршка за силно продолжување на тоа што беше од 2017 до 2021 година кога имавме градежна офанзива. Затоа сакаме тоа да продолжиме, да изградиме уште неколку училишта во подрачните места, уште неколку улички, останат во населените места, така да ќе останеме први во регионот, односно во државата, со 100% приклучени домаќинства во водовод, да имаме асфалтирани улици, зелени површини, нови училишта и нови градинки, тоа е најважната ...
“Сакам да ја информирам јавноста дека фотографиите што кружат на социјалните мрежи, поврзани со една изборна средба, како и начинот на кој тие тенденциозно се толкуваат во некои медиуми, се целосно невистинити, злонамерни и со јасна пропагандна позадина. За појаснување, станува збор за редовна изборна активност, на која јас, заедно со сопругата и активистки од Форумот на жената на НАИ, учествував на промотивен настан со жени интелектуалки од ...
Кандидатот за нов градоначалнички мандат во Општина Центар, Горан Герасимовски, најави проширување на капацитетите на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци”. „Со зголемувањето на бројот на ученици, потребата за дополнителен простор стана приоритет. Затоа ќе инвестираме во проширување на капацитетите на училиштето со изградба на нови училници,” рече Герасимовски. Во програмата се предвидува и промена на фасадната столарија и подовите, како и партерно ...
Процесот на реорганизација на специјализациите според стручњаците ќе придонесе за две работи и тоа прво ќе има општа специјализација, четири или пет години зависи од работната група како ќе одлучи, ќе имаме кадар кој ќе работи во секундарното здравство и ќе може да нуди услуги и второ субспецијализациите ќе бидат реорганизирани според потребите на терциерното здравство, истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу. Тренд во светот, ...