Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на бензините се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,88 отсто во споредба на претходната пресметка. Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на ...

На Одделот за физикална медицина и рехабилитација во ГОБ „8 Септември“ во Скопје наскоро ќе биде во функција хипербарна комора за лекување на пациенти со хронични рани, дијабетично стопало, изгореници, но и спортисти. Новата услуга е овозможена како проектна активност на болницата со донација од компанијата „Зегин“. – Услугата најчесто ќе ја користат пациентите со хронични рани, кои тешко заздравуваат, дијабетично стопало, изгореници, но ...

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги информираат радиодифузерите дека денеска е крајниот рок за објавување резултати од испитувањето на јавното мислење за вториот круг од Локалните избори 2025 година. Согласно Изборниот законик, анкетите на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес може да се објавуваат најдоцна пет дена пред датумот определен за одржување на изборите за вториот круг на гласање, односно ...

Вработените од ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје и фирмите-ќерки ДООЕЛ „Флораком“ и ДООЕЛ „Луна“ денеска повторно протестираа поради неисплатената плата за септември. Од 8 до 11 часот ја блокираа крстосницата пред Зоолошката градина – Скопје и булеварот „Илинден“, кај Матично. Најавуваат дека ако во текот на денешниот ден не ја добијат платата, утре, од 7 до 9 часот, ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје. – За жал, и ...

Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека не треба да стравуваме од енергетска криза со недостиг на гас во државава по санкците од САД и ЕУ кон Русија, бидејќи, како што изјави денеска, Владата е подготвена и работи тоа да не се случи. На новинарско прашање Мицкоски потенцираше дека и при неодамнешните ремонтни активности на гасоводот не останавме без гас, односно топланите работеа. – Не, нема да има, подготвени сме, ние ова одамна го ...

Важно е да разговараме за квалитетот на нашето високо образование, но и да преземаме конкретни активности за негово континуирано подобрување, усогласување со европските стандарди и приближување кон реалните потреби на пазарот на труд и општеството во целина, рече министерката за образование Весна Јаневска во обраќањето на Првиот годишен форум за квалитет во високото образование, што го организира Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во врска со шпекулациите објавени на одредени портали за наводна коалиција со Рамиз Мерко, изјави: „Тоа се портали кои, претпоставувам, се финансирани од еден ист центар, којшто сега е разочаран бидејќи Рамиз Мерко не ги поддржува ДУИ во вториот круг. Претпоставувам сега за да најдат противтежа, како да направат сензација за да ја потонат таа вест, вадат ...

Приведен е директорот на Комунална хигиена Сабахaдин Рустеми, објави Канал 5. СВР Скопје Единицата за Економски криминал попладнево одзема дополнителна документација и лиши од слобода две лица кои ги сомничи за состојбите со непостапувањето во врска со ѓубрето во град Скопје. Најверојатно попладнево се очекува и да заработат Кривична пријава пред ЈО. Сабахaдин Рустеми директор за директор на Комунална хигиена беше поставен на 29.01.2025 како ...

Премиерот Христијан Мицкоски чека да завршат локалните избори за да распише повик за финансиски институции што ќе понудат кредити за болниците во Штип, Тетово и во Кичево, а веднаш потоа како следен чекор најави дека со партнерите од Обединетото Кралство ќе работат на нов клинички центар во Скопје. Локацијата на Градската општа болница „8 Септември“, според премиерот, е одлична за нов клинички центар. „Чекор по чекор. Сега првин да завршат ...

Тројца турски државјани се забарикадирале во казино во Подгорица, откако, според очевидци, група мештани се обиделе физички да се пресметаат со нив, јавуваат црногорските медиуми. Инцидентот следел по претепување и прободување на жител на Подгорица од група Турци, што предизвикало револт и немири во населбата Забјело. Полицијата морала да интервенира за да ја растера толпата, а владата на Црна Гора најави дека денеска, по итна постапка, ќе ...

Родителот кој на фудбалскиот натпревар меѓу младинските екипи Брегалница и Шкупи нападна двајца 15 годишни домашни фудбалери доби 11 месеци казна затвор. Портпаролот на Основниот суд –Штип и воедно судија кривичар, Сашко Георгиев денеска информираше дека кривичниот судски совет, чиј претседател е судијата Невена Перица ја има донесено пресудата за обвинетиот Авни Абгулиј од Скопје за сторено кривично дело насилство од член 386 став 4 од ...

Новите 5 авионски линии на Визер – Бари, Стокхолм, Мадрид, Ларнака и Базел почнуваат од Меѓународниот Аеродром Скопје и од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, денеска, 27 октомври и утре, 28 октомври, соопштуваат од ТАВ Македонија. -Многу сум среќен што денеска, на почетокот на зимската сезона, пет нови авиолинии почнуваат од двата аеродроми, во Скопје и Охрид. Секако со поддршка на Владата и благодарение на посветеноста на Виз ер. Сигурен ...

Познатиот српски пејач Саша Ковачевиќ ги воодушеви своите обожаватели со емотивна објава на социјалните мрежи — по десет години врска, тој ѝ предложи брак на својата долгогодишна партнерка Зорана Тасовац. Романтичниот момент, кој Саша го сподели со своите следбеници, предизвика лавина од позитивни коментари и честитки. Заедно со видео во кое клекнува и ѝ нуди прстен, пејачот напиша трогателна порака: „Моја си денес, моја си утре.“ Зорана, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објавата на рускиот претседател Владимир Путин за успешното тестирање на нуклеарна ракета ја оцени како „несоодветна“. -Несоодветно е Путин да го каже тоа. Тој треба да ја заврши војната во Украина – изјави американскиот претседател за време на неговата азиска турнеја. -Оваа војна, која требаше да трае една недела, е на прагот да влезе во својата четврта година – рече Трамп, додавајќи дека Путин треба ...

На 26.10.2025 во 16:20 часот на локален пат од село Арачиново кон село Брњарци, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција ги лишија од слобода Ќ.И. (33) од Куманово и Е.И. (65) од с. Грушино. При преглед на патничко возило „ауди“, кое го управувал Ќ.И., а Е.И. бил сопатник, пронајдена е автоматска пушка и една рамка за пушката. Лицата се лишени од слобода и против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од ...

На 26.10.2025 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.А.(25) од Скопје. Тој се сомничи дека на 15.08. и 18.08.2025 извршил разбојништва во две подружници на финансиски друштва на подрачјето на ЕВР Центар и Бит Пазар, односно дека со закана со пиштол одзел пари. Лицето е задржано во полициска станица и во службен разговор ги признал делата. Во координација со јавен обвинител, против него е поднесена кривична ...

Стружанец ноќеска нападнал полициски службеници, откако бил затекнат со уште неколку лица во незаконски риболов на реката Црн Дрим, соопшти денеска СВР Охрид. Според информацијата, 10 минути по полноќ, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Б.Б.(44) од Струга. – Лицето е затекнато со уште неколку лица при незаконит риболов во реката Црн Дрим и бил фатен при обид да избега. Притоа, тој физички нападнал полициски службеници ...

Повеќе од 40 изложувачи од државава и регионот од денеска до четврток ќе бидат дел од Меѓународниот саем за енергетика и технологија „Енерго-Технома 2025“. Годинава, фокусот ќе биде ставен на одржливите решенија и технолошките иновации. Саемската манифестација ќе се одржува под мотото „Вклучи одржливи навики“. Од енергетски ефикасни решенија за домаќинствата до иновации што ги трансформираат производствените процеси, „Енерго-Технома 2025“ ќе ...

Во врска со објавените интерпретации на изјавата на министерот за јавна администрација Горан Минчев, појаснуваме дека во гостувањето на Дневникот на Сител, министерот не мислеше за нов Закон за употреба на јазиците, туку за Законот за правична застапеност во јавниот сектор, кој е во завршна фаза на подготовка и испратен до Венецијанската комисија на мислење. Станува збор за очигледен лапсус, техничка грешка во изразувањето, кој дел од ...

МПЦ-ОА и верниците во земјава денеска го слават денот посветен на Преподобна Параскева (Петка), во народот познат и како Петковден. Нејзиното житие вели дека е родена во Епиват во Тракија меѓу Силиврија и Цариград, на брегот на Средоземното Море, кон крајот на Х век. Родителите ѝ биле побожни, а така ги воспитувале и своите деца. Имала брат по име Ефтимиј кој подоцна станал епископ Мадитски. И Параскева уште од млади години покажувала ...

Москва беше цел на десетици дронови синоќа, потврди градоначалникот Сергеј Собјанин, кој даде брифинг за ситуацијата во текот на ноќта. Според него, руските сили собориле 34 украински дронови што летале кон главниот град, објавува „Киев Индепендент“. Руското Министерство за одбрана подоцна соопшти дека вкупно 193 дронови биле пресретнати во текот на ноќта, вклучувајќи 40 над Московската област. Министерството потврди дека 34 од авионите биле ...

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, синоќа објави дека денеска ќе донесе одлука за привремено укинување на безвизниот режим за турските граѓани по итна постапка. „За да се зачува економската активност и добрите билатерални односи, во наредниот период ќе иницираме интензивни разговори со Република Турција со цел да се најде најдобриот модел во заеднички интерес во духот на добрата соработка и сојузништвото“, напиша Спајиќ на „X“. Синоќа ...

Синоќа околу 20 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.Т. (30) од Скопје, откако било пријавено дека на територија на Чаир се слуша пукање од огнено оружје. Како што информира МВР, околу 19:45 часот во СВР Скопје е добиена пријава за пукање на улица „Дижонска“. Полициските службеници веднаш излегле на терен, презеле соодветни мерки и го затекнале осомничениот Р.Т. со пиштол во негово поседување. По целосно ...

Група родители на лица со попреченост утре во 11:55 часот пред Собранието ќе одржат мирен протест под мотото „Стоп за дискриминација и насилство врз лица со попреченост на работно место“. Причина за протестот е регистриран случај на дискриминација, психичко и физичко насилство врз лице со Даунов синдром, вработено во јавна установа под надлежност на Град Скопје. Родителите бараат од надлежните институции итна реакција, дисциплинска и ...

Интегрален текст од соопштение на ГРОМ: По вчерашниот настап на Христијан Мицковски, кој повторно се впушти во празни и очајнички лаги, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, остро реагира и му порачува: „Да беше Пинокио – носот ќе ти удреше во крстот на Водно!“ Христијан Мицковски, по првиот круг на изборите, дојде во Карпош ненајавен, исплашен и во паника. Меѓу двата круга, не сме се виделе — туку само се слушнавме по ...

Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков објави дека во моментов нема простор за негово враќање во дресот на македонската репрезентација. Во објавата на социјалната мрежа Фејсбук даде изјава: „Почитувани, Би сакал да ја информирам цела македонска јавност и сите медиуми дека во моментов, за доброто на националниот тим, нема да настапувам за македонската ракометна репрезентација. Ќе бидам искрен и краток во моето обраќање и објаснување ...

Фудбалските прволигаши попладнево одиграа два натпревара од 10.коло. Во Струга беше ефикасно и лидерот на табелата Струга го претрпе првиот пораз во шампионатот. До три бодови и победа од 4:2 на гостински терен стигна екипата на Брера, која победата ја навести на самиот старт кога за седум минути дојде до водство од 2:0. На вториот натпревар од денешната програма Работнички и Македонија Ѓорче Петров одиграа без голови 0:0. На вчера ...

Согласно Статутот на Кошаркарската федерација на Македонија, особено членовите 2, 13, 14, 17, 18 и 43, Федерацијата има јасна обврска и должност да ги почитува и спроведува сите свои акти, да обезбеди еднаков третман кон сите клубови и да гарантира целосна регуларност на натпреварите во сите категории – без разлика на нивниот ранг, историја или традиција. Оваа обврска не е формална, туку суштинска. Таа претставува темел на кредибилитетот и ...

Утре православните верници го одбележуваат споменот на Света Злата Мегленска. Светата великомаченичка Злата Мегленска е светителка – маченичка од времето на турското владеење во Македонија. За нејзиниот живот и маченичка смрт дознаваме од нејзиното житие, кое е напишано во 1799 година, на грчки јазик, од очевидецот на нејзиното мачеништво, Никодим Светогорец. Според житието Света Злата Мегленска е родена и пострадала во Слатина, Мегленско, ...

Шест од десет Италијанци користат вештачка интелигенција во готвењето, според анкетата на платформата „Academia.tv“ за кулинарските навики и употребата на технологијата во 2025 година. Анкетата, спроведена меѓу љубителите на храна на возраст меѓу 25 и 45 години, открива дека 64 проценти од Италијанците користат ВИ за да пронајдат идеи и да научат нови кулинарски техники, иако половина од испитаниците сè уште се сомневаат во квалитетот на ...

weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
78%
1017
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
0.51
79%
1017
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
69%
1017
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.72
89%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
89%
1018
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
6.17
82%
1009
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
67%
1011
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
76%
1012
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
1.34
84%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
90%
1016
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
3.6
94%
1006
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
76%
1014
Currency

61.64

Currency

52.9118

Currency

70.5804

Currency

35.1533

Currency

38.273

Currency

65.8934

Currency

7.48586

Currency

0.68919

Currency

0.34063

Currency

0.5251

Currency

1.24455

Currency

0.58842

Бакар

10.96

Алуминиум

2.91

Калај

40.49

Иридиум

145787.60

Сребро

1876.20

Платина

52864.82

Цинк

3.22

Рутениум

29192.88

Никел

473258.99

Кобалт

58.42

Злато

134976.58

Паладиум

46361.38