Србија планира оваа година да започне со изградба на новиот гасен интерконектор со Македонија, кој се очекува да биде пуштен во употреба до почетокот на 2028 година. Ова беше истакнато на средбата меѓу српската министерка за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, и грчкиот министер за енергетика и животна средина, Ставрос Папаставру. Фокусот на разговорите меѓу двајцата министри беше ставен на процесот на енергетска ...

Пејачката Марија Шерифовиќ го издаде својот прв албум за деца „Срца“ на Меѓународниот ден на среќата. Албумот содржи шест дизајнирани песни, со цел да им овозможат на децата од најрана возраст средба со квалитетна музика. Меѓу песните се наоѓаат „Бебе“, нежна мелодија посветена на првите моменти од животот, „Учимо“, весела и едукативна песна што поттикнува љубопитност, како и „Панда“, шарена и жива песна за танцување и смеење. Тука се и ...

Силен земјотрес беше почувствуван во Грција со јачина од 4,7 степени според Рихтерова скала. Епицентарот на земјотресот се наоѓал 11 километри североисточно од Парамтија, односно 157 километри југозападно од Лариса. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 5 километри под површината на земјата. Досега нема пријави за материјална штета или повредени, а ...

На 18.03.2026 во 18:30 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Т.М.(33) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 30-годишна сопруга. На 18.03.2026 во 17:40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.К.(30) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 30-годишна девојка дека одреден период ја следел на различни локации каде се движела и ...

Автомобил изгоре вечерва на паркингот кај поликлиниката „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром. Bu gönderiyi Instagram'da gör 24 info (@24info.mk)'in paylaştığı bir gönderi Според првичните информации, засега не е познато како дошло до опожарувањето на возилото. На местото на настанот интервенирале надлежните служби, а во тек е увид од страна на полицијата, која треба да ги утврди причините за пожарот. Повеќе информации се ...

По спроведена сеопфатна истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, предвидено и казниво согласно Кривичниот законик. Според обвинителниот акт, обвинетиот во периодот од октомври до 13 декември 2025 година, со намера да прибави ...

На 19.03.2026 во полициска станица, полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје извршија службен разговор со Л.Т. од Скопје, која на 16.03.2026 во 14.39 часот со патничко возило „ауди“ со скопски регистарски таблички се движела по пешачка патека во паркот „Жена- Борец“ во Скопје, а снимка од настанот беше објавена и на социјална мрежа. Против Л.Т. се поднесени соодветни поднесоци согласно Законот ...

На 19.03.2026, со наредба од Основен суд Кочани, полициски службеници од ОВР Берово извршија претрес во помошна просторија во Берово, сопственост на Д.П.(38) од Скопје, со живеалиште во Берово. При претресот во објектот се пронајдени и одземени една ловечка пушка „ТОЗ 63“ калибар 16мм, 53 ловечки патрони калибар 16мм, пиротехнички средства, куршуми и реденик за патрони. По целосно расчистување и документирање на случајот, против лицето ќе ...

На 19.03.2026 во 15:45 часот во с.Тркање, кочанско, полициски службеници од ОВР Кочани лишиле од слобода 16-годишник од селото. Тој се сомничи дека на 13.03.2026, по претходна расправија за девојка, со пиштол се заканувал на друг малолетник од с.Оризари, кочанско. Во присуство на родител, адвокат и социјален работник, извршен е службен разговор со малолетникот и одземени се пиштол „екол” калибар 9 мм и рамка со еден куршум. По целосно ...

На 19.03.2026 во СВР Скопје е пријавено дека во 12:50 часот на ул.„Благоја Стефковски”, на излез од бензинска пумпа, патничко возило удрило во велосипед управуван од Б.А.(20) од Скопје. Според пријавеното, по незгодата, возачот на возилото му пружил помош на велосипедистот Б.А., а откако двајцата си заминале од местото на настанот, Б.А. почувствувал болки и бил пренесен во Градската општа „Св. Наум Охридски”, каде му се констатирани тешки ...

На 20.03.2026 во 03:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Е.Д.(23) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека на 19.03.2026 во семејниот дом физички ја нападнал неговата 20-годишна сопруга. На 20.03.2026 во 00:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.А.(23) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во смејениот дом на подрачјето Бит Пазар физички ја ...

Жена украла злато од златара во Тетово. На 19.03.2026 во 16:00 часот во Тетово на ул.„Страшо Пинџур“ полициски службеници од СВР Тетово ја лишија од слобода Л.И. (27) од с.Беранце, Р. Црна Гора, по претходна пријава од А.Х. (31) од Тетово, дека од неговата продавница за златен накит во Тетово, едно женско лице, кое питачело, одзело златни предмети. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава. ...

Сериозен случај на семејно насилство се случил во Скопје, каде што 23-годишен скопјанец физички ја нападнал својата мајка во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот се случил на 20 март 2026 година околу 00:10 часот, кога полициски службеници од СВР Скопје постапиле по пријава и излегле на терен. Осомничениот М.А. (23) бил лишен од слобода откако, според пријавеното, ја ...

Вчера (20.03.2026) во 17:20 часот на булевар ,,Гоце Делчев” во Штип, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи со помош на специјално возило пресретнувач на Министерството за внатрешни работи измерена е брзина на движење на патничко моторно возило ,,голф” со штипски регистарски ознаки од 105 километри на час во населено место каде што максималната ...

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средбa со претставници на Меѓународниот монетарен фонд на коja беа презентирани најновите макроекономски остварувања и фискални политики, како и проекциите за наредниот период. На средбата на која присуствуваа шефот на мисијата, Ник Гигинешвили и шефот на Канцеларијата на ММФ во Скопје, Себастијан Соса, беше истакнато дека македонската економија во 2025 година оствари ...

Земјоделците очекуваат зголемување на цените на земјоделските производи со оглед на тоа што најголем дел од репроматеријалите се набавуваат од Блискиот Исток. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство велат дека ја следат состојбата и доколку има потреба, ќе реагираат. Претседателот на Националната федерација на фармери Стеванче Јорданоски пред денешното Годишно собрание на Федерацијата изрази надеж дека ресорното ...

Од денеска на бензинските пумпи на ОКТА, Пуцко Петрол, Макпетрол и Лукоил се точи гориво поевтино за два денара од максималната цена што ја определува Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за нафтените деривати, информираат од ОКТА. Поевтинувањето на горивата доаѓа откако ОКТА им понуди за два денара пониски цени на трговците со нафтени деривати и веќе почна да им испорачува гориво по пониски цени. Пред пет дена на 13 март ...

Прометот во индустријата, вкупно, е намален за 9,4 проценти во јануари годинава на годишно ниво, а на месечно за 13,9 проценти – објави денеска Државнот завод за статистика. Во јануари годинава во однос на јануари лани опаѓање на прометот во индустријата, според главните индустриски групи, има кај Интермедијарни производи, освен Енергија за 13,5 проценти, Капитални производи за 9,5 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 6,4 ...

Цената на барел сурова нафта од типот Брент надмина 114 долари, покажаа податоците за тргување. Цената на мајските фјучерси за суровата нафта од типот Брент се зголемија за 7,54 проценти на 114,56 долари за барел од 08.00 часот утрово. Глобалните цени на нафтата пораснаа за повеќе од седум проценти, што е последица на геополитичките тензии и војната на Блискиот Исток, пренесува Срна. Ваквите движења на цените доведоа до сериозен раст на ...

Соопштение за јавност на ДУИ: Врз основа на официјалните податоци на Државниот завод за статистика на Северна Македонија, ја информираме јавноста дека индустриското производство бележи драстичен пад од 9,4% во споредба со јануари минатата година. Ова е јасен показател дека над 200 милиони евра од унгарскиот кредит не дале никаков ефект врз економскиот развој на државата. Напротив, и денес нема транспарентност за тоа како се распределени ...

Синдикалната минимална кошница за март 2026 изнесува 67.818 денари, соопшти денеска Сојузот на синдикатите на Македонија. Согласно нивните пресметки, тоа е за 436 денари повеќе споредено со месец февруари. Според ССМ, со изнајмен стан од 60 квадратни метри основните трошоци за четиричелно семејство за март се 83 193 денари. -Зголемувањето на вредноста на синдикална минимална кошница за трите месеци јануари, февруари и март 2026 година ...

Соопштение за јавност на СДСМ: „Додека цените растат, премиерот не е загрижен, тој е на самит на ЕПП два дена. Нормално, на трошок на граѓаните, додека тука растат цените не само на горивата, туку и на сите прехранбени продукти од час во час, а ќе расте цената и на струјата и на сè друго. Единствено што не растат се платите,”, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Тој посочи дека наместо да се свикаат ...

Цените на нафтата се намалија денеска бидејќи водечките европски земји и Јапонија понудија да помогнат во осигурувањето безбедно поминување на бродовите низ Ормуската Теснина, низ која поминува една петтина од светската нафта, а САД презентираа мерки за зголемување на понудата со енергенси. Цените на енергенсите се зголемија вчера откако Иран одговори на израелскиот напад врз големо гасно поле со напад врз катарскиот објект Рас Лафан, кој ...

Цените на суровата нафта во Дубаи надминаа 166 долари за барел, достигнувајќи нов рекорд во четврток, според Платс. Суровата нафта Брент и суровата нафта од Западен Тексас Кушинг се тргуваат околу 100 долари по историските скокови. Локалните пазари на нафта често се занемаруваат, но сега се сметаат за можен индикатор за тоа што би можело да се случи ако конфликтот не заврши наскоро. Тековните цени во Дубаи и Оман одразуваат сериозен ...

Започна откупот на јагне. Првите количини се извезени на италијанските и албанските пазари, изјави потпретседателот на асоцијацијата на земјоделци, Гоце Сарафимов. Тој додава дека откупната цена на јагнето изнесува од 260 до 280 денари и според сточарите е ниска. -Цената се уште е ниска од 260-280 денари макисмум, а овчарите сакаат да не биде под пет евра, под 300 денари, затоа што и млекото сега е намалено, бидејќи млекото беше до скоро ...

Пишува: Мирослав Трлин, димпломиран економист во пензија Сè почесто слушаме луѓе како со горчина велат: „Да бидеш чесен во оваа држава – не се исплати.“ Тоа веќе не звучи како цинизам, туку како сурова реалност. Не го велат само младите што си заминуваат, туку и оние што остануваат и се обидуваат да опстанат достоинствено. Тоа чувство не е случајно, ниту е производ на песимизам. Тоа е сигнал – симптом дека нешто длабоко не е во ред со ...

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: ВМРО-ДПМНЕ доследно се залага за владеење на правото и целосна борба против криминалот и корупцијата, без разлика на политичката припадност. СДС не може да сфати кога МВР ќе уапси актуелен директор, затоа што на бандата на Заев и Филипче несфатливо им е законот да важи неселективно и да се применува подеднакво за сите. Секој којшто го прекршил законот мора да одговара. Во однос на апсењето на директорот на ...

Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршнниот одбор Антикорупцискиот тим на СДСМ ја разоткри целата бизнис мрежа на Христијан Мицкоски во енергетиката. Голем, внимателно плетен систем во кој се поврзани политиката и бизнис интересите. Овој енергетски „октопод” на Мицкоски има длабоки и широки пипци. Од Душан Адамовиќ, функционер на СНС, навивач, човек со криминално минато и почесен конзул, преку офшор структури на Кипар ...

Министерот за јавна администрација Горан Минчев од Белград потенцираше дека соработката меѓу Република Македонија и Република Србија во областа на јавната администрација навлегува во поконкретна фаза, со јасно дефинирани активности и механизми за реализација. „Денешната средба претставува важен чекор во продлабочувањето на институционалната соработка меѓу двете земји, особено во управувањето со човечките ресурси, подготовката на политики ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најостро го осудува секое незаконско постапување и противправно дејствување, вклучително и последниот случај со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство. Очекуваме надлежните институции, Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство, целосно да го расчистат случајот и да постапат согласно законите и прописите на државата. Секое прекршување на ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
5.66
59%
1014
weather icon

Белград

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
48%
1013
weather icon

Загреб

23ᴼ / 22ᴼ
1.03
44%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 16ᴼ
5.14
52%
1015
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
4.8
67%
1012
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
44%
1015
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
4.92
52%
1014
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
77%
1013
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
40%
1013
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
4.63
45%
1012
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 22ᴼ
2.57
38%
1014
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
3.6
37%
1017
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

37.9875

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Паладиум

48065.37

Злато

151875.00

Алуминиум

3.50

Иридиум

253540.09

Сребро

2583.47

Родиум

319899.93

Калај

54.78

Цинк

0.00

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39

Платина

66101.93

Бакар

12.64