Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Сообраќајот на граничните премини Евзони (Богородица) и Ники (Меџитлија) кон нашата земја во наредните денови, заклучно со петок, ќе се одвива непречено, откако грчките земјоделци привремено ги ставија во мирување блокадите поради божиќните празници, јавува АНА-МПА. Тракторите ќе останат паркирани покрај коловозот, но сообраќајните ленти ќе бидат целосно ослободени, со што ќе се овозможи непречено движење на товарни и патнички возила, ...
Владата на Црна Гора објави дека ги укинала визите за граѓаните на Турција, со намалување на дозволениот престој од 90 дена на 30, со цел да се спречи нелегалната миграција и во согласност со визната политика на Европската Унија. Одлуката донесена без одржување седница, врз основа на согласноста на мнозинството членови, е дел од поширок пакет мерки за усогласување на визната политика со Европската Унија, што вклучува и прилагодување на ...
Претседателот на шпанската фудбалска лига, Хавиер Тебас, го критикуваше Реал Мадрид и претседателот Флорентино Перез за зголемување на напнатоста во шпанскиот фудбал. „Мислам дека тензиите не ги поттикнува Барселона, ниту кој било друг клуб. Реал Мадрид е против сè – против Барселона, против судиите, против апсолутно сè“, рече Тебас во изјава за шпанскиот весник Спорт. Тој предупреди дека клубот шири неточни приказни дека судиските грешки ...
Македонската фудбалска легенда и актуелен спортски директор на националните селекции во ФФМ, Горан Пандев, јавно и остро му возврати на поранешниот селектор Игор Ангеловски – Мрме, по критиките поврзани со изборот на Гоце Седлоски за нов селектор на репрезентацијата. Пандев преку објава на Инстаграм реагираше на, како што ја нарече, брзата и неоснована критика од Ангеловски, користејќи силни зборови и лични квалификации. „Се јави големиот ...
Големи дози на витамин Ц можат значително да го намалат штетното дејство на ситните ПМ честички врз белите дробови, покажува ново истражување на Универзитетот за технологија во Сиднеј (УТС). Експериментите спроведени врз глувци и лабораториски одгледувани човечки ткива покажале дека витаминот Ц го намалува губењето на митохондриите, ги ублажува воспаленијата и го спречува оштетувањето од оксидативен стрес. Научниците посочуваат дека се ...
Скопскиот градонначалник, Орце Ѓорѓиевски потврди дека биле изречени казни за правни лица -загадувачи во изминативе денови. Според него , состојбата со квалитетот на воздухот наложила итна и решителна реакција од страна на градските институции. Во последните два дена биле спроведени засилени и координирани инспекциски контроли на терен, при што Инспекторатот за животна средина изрекол санкции за загадувачите. „Законот важи за сите и нема ...
Климатската активистка Грета Тунберг беше уапсена во центарот на Лондон додека учествуваше на демонстрации во поддршка на штрајкувачите со глад од Палестинската акција. Лондонската полиција соопшти дека 22-годишната Тунберг е приведена поради истакнување транспарент во поддршка на забранета организација, што е спротивно на член 13 од Законот за тероризам од 2000 година. Според сведоци и видео од протестната група „Затвореници за ...
По неколкудневните интензивни преговори во Мајами со тимот на американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот претседател Зеленски истакна веќе се подготвени клучните нацрт-документи кои треба да стават крај на војната со Русија. „Работата беше продуктивна и неколку нацрт-документи сега се подготвени. Тие вклучуваат документи за безбедносни гаранции за Украина, за нејзината обнова и основна рамка за завршување на оваа војна“, објави ...
Бугарски новинари и граѓани денеска протестираа пред канцелариите на телевизијата бТВ поради отпуштањето на водителката Марија Цанцарова. Телевизијата ја отпушти наводно поради политичка пристрасност и прекршување на уредничките правила, што предизвика реакции за загрозување на слободата на говорот. Здружението на европски новинари Бугарија и Европската федерација на новинари ја осудија одлуката, истакнувајќи дека Цанцарова била цел на ...
Германскиот министер за надворешни работи Вадефул предупреди дека безбедноста на Европа ќе зависи од Русија уште долго време и дека Германија и НАТО мора да бидат подготвени за евентуален напад. Тој истакна дека проширувањето на НАТО и реорганизацијата на германските вооружени сили се дел од подготовките за одбрана, а слабеењето на поддршката за Украина би било сериозна закана за Алијансата. Вадефул додаде дека Киев може да размислува за ...
Украинските одбранбени сили се повлекоа од населбата Северск во регионот Донецк за да ги зачуваат животите и борбената способност на единиците, но градот сè уште останува под нивна контрола, соопшти Генералштабот на Украина. „Тешките борби продолжуваат, а руските сили имаат значителна предност во бројност и опрема“, се наведува во соопштението. Украинските единици, и покрај големите загуби, успеале да го исцрпат непријателот и да ја ...
Вооружени лица во Нигерија киднапирале патници од автобус на пат меѓу две села, соопшти полицијата. Безбедносните служби се распоредени на терен за пронаоѓање и ослободување на жртвите, а семејствата веќе добиваат барања за откуп. Овој инцидент се случува само еден ден по ослободувањето на 130 ученици и наставници од католички интернат во сојузната држава Нигер. Киднапирањата за откуп се сè почести во северна и централна Нигерија и ги ...
Анкетата на Politico–Public First покажува намалена доверба во САД меѓу сојузниците, особено во Германија, Франција и Канада. Повеќето испитаници сметаат дека Америка почесто создава проблеми отколку што ги решава и дека ја доведува во непријатна положба својата меѓународна мрежа на партнери. Причина за ова е новата надворешна политика под водство на Трамп, со агресивна трговска агенда, промени во воената стратегија и остра реторика кон ...
Во Монтреал, група облечена како Дедо Мраз и маскирани џуџиња украле храна од супермаркет во вредност од илјадници долари. Групата „Робин де Руелс“ го нарече грабежот акција во стилот на Робин Худ, со цел да ја привлече вниманието кон високите цени и недостапноста на основните продукти. Тие објавија дека храната ќе ја поделат на оние кои најмногу имаат потреба. Супермаркетот „Метро“ го осуди грабежот како кривично дело, а полицијата ја ...
Воениот заем од Европската Унија за Украина никогаш нема да биде вратен и ќе ја продолжи војната наместо да донесе мир, изјави денеска шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Гергели Гуљас. Според него, Унгарија ја постигнала својата цел, имено да спречи „целосно уништување на европскиот пазар на капитал“, и покрај првичниот предлог на Европската комисија и силната поддршка на тој предлог од Германија, која процени дека ...
Уапсен е лидерот на ИСИС – Хорасан , Мехмет Горен. Според информациите, со ова апсење се спречени плановите на терористичката организација за напади за време на новогодишните прослави. Горен, е познат под името Јахја, и се смета за главен организатор на самоубиствени напади насочени против цивили во Турција, Европа, Пакистан и Авганистан. „Герен беше уапсен во граничната област меѓу Авганистан и Пакистан и префрлен во Турција по сложена ...
Остатоците од приватниот авион кој летал од Анкара кон Триполи, а во кој се наоѓал началникот на Генералштабот на либиската армија, се пронајдени јужно од турската престолнина, соопшти во вторник турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја. Како што изјави Јерликаја, остатоците од деловниот авион „Фалкон 50“, кој полетал од аеродромот Есенбога во Анкара на пат кон Триполи, биле лоцирани од жандармериски екипи на околу два ...
Папата Лав XIV синоќа повика на еднодневно божиќно примирје низ целиот свет, не споменувајќи никаков конкретен конфликт, но изразувајќи жалење што „Русија се чини дека го отфрли барањето за примирје. „Ја повторувам оваа молба до сите луѓе со добра волја да одбележат барем еден ден мир на овој празник на раѓањето на Спасителот“, рече папата додека ја напушташе својата резиденција во Кастел Гандолфо, во близина на Рим, пред да се врати во ...
Почина Васил Рингов, еден од најдобрите македонски фудбалери. Оваа вест ја потврди фудбалската репрезентација на Македонија на својот фејсбук профил. „Денес не жалиме само за човек, туку за едно време на мерка, чест и достоинство. Има луѓе што не си заминуваат. Само се повлекуваат чекор наназад, за да нè гледаат од тишината. Васил Рингов беше од тие. Тивок, исправен, свој. Фудбалот за него не беше сцена, туку одговорност. Не зборуваше ...
Германија се соочува со ризик од долгорочен економски пад доколку брзо не се спроведат структурни реформи, предупреди претседателот на Германската индустриска и трговска комора (DIHK), Петер Адријан, укажувајќи на слабиот раст, падот на инвестициите и загубата на работни места. – Доколку не се справиме со структурните предизвици и не спроведеме вистински реформи, имаме мали шанси повторно да постигнеме одржлив и силен раст во Германија, ...
Министерството за финансии (МФ) изврши исплата на две нови транши кон Развојната банка, вкупно 873 милиони денари (14,2 милиони евра). Првата транша изнесува 305 милиони, а втората 568 милиони денари. Со овие средства, државната поддршка за домашната економија достигнува 217,5 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра. Средствата се обезбедени преку кредитна линија од унгарската Експорт-импорт банка и се пласираат преку ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандарод на граѓаните. Криминалните тендери и неспособноста на Сања Божиновска во секторот енергетиката ја турнаа државата во енергетска криза и повторно ги удрија граѓаните по џеб. За само година и половина, владата на Мицкоски и Сања Божиновска која го води овој сектор ја доведе државната ЕСМ до колапс. Производството е на историски најниско ниво, од ...
Соопштение за јавност на Левица: Наместо покачување на платите и животниот стандард, граѓаните од јануари ќе плаќаат повисоки сметки за струја, благодарение на немањето визија од владата предводена од премиер „енергетичар”. Македонија е држава каде енергетскиот сектор е во колапс, откако вчера владата прогласи кризна состојба, а РКЕ донеси одлука за покачување на цената на струјата под диктат на приватниот монопол ЕВН ХОУМ. Иако владата ...
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, на денешната прес-конференција по годишното обраќање на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека во нејзиниот говор изостана визија за реалната состојба во државата. Тој истакна дека наместо анализа на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните, обраќањето беше сведено на флоскули и претставување на владината агенда на ДПМНЕ, а не на политичка слика што ги опфаќа сите граѓани во ...
Екс министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, објави дека Европската комисија го потврдила прекинувањето на исплатата за ИПАРД програмата за Македонија, на неопределено време. Тој приложи и линк кој води до информацијата. „Помина повеќе од еден месец откако понудив помош, конкретни идеи и решенија за да се избегне ова сценарио. Не слушаа, не работеа и еве ја цената. Наместо работа добивме криење, лаги и дефокус. И ете ја последицата ...
67-годишник од тетовско село вчера пријавил дека бил измамен за сума од 3000 евра од женско лице. Лицето се претставило дека е од Бугарија, а со неа контактирал на социјални мрежи. Според пријавеното, на 20.12.2025 таа го известила дека сака да купи стан во Тетово, а неколку часа подоцна му се јавила и му кажала дека на граничен прамин и заплениле 10.000 евра. Како што е пријавено, подоцна му се јавило лице кое се претставило како ...
На првата седница на Претседателството на ДУИ по конгресот одржан викендов, вечерва беа донесени одлуки за понатамошното структурирање на партијата, вклучително и избор на нови претседатели на локалните ограноци и партиски функции. Усвоен е Правилникот за работа на Претседателството на Централниот одбор. За шеф на кабинетот на претседателот на ДУИ е именуван Фатон Ахмети, додека за портпарол на партијата Арта Биљали Зендели. Како советник ...
Забавниот парк „Зимзоленд“ вечерва е затворен за посетители, дознава 24 Инфо од свои извори. Според информациите, во текот на денот објектот бил затворен по интервенција на Министерството за внатрешни работи, во координација со Општина Аеродром. По извршениот увид на терен од страна на МВР и општинските служби, биле повикани и екипи од Управата за јавни приходи (УЈП), Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Државниот пазарен ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Викендов (27 и 28 декември) од североисток во Македонија ќе ни пристигне многу ладен воздух и ќе предизвика локално да првејува слаб снег особено што е важно е тоа дека ќе дува силен ветер од северен правец кој повремено и локално ќе биде доста силен и ќе достигнува брзина од над 80 км/час. Токму поради очекуваниот силен ветер кончено очекувам расчистување на воздухот во котлините во Македонија. Во Скопје ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: СДС може колку сака да го претставува новоформираното партиски раководство, како кадровска реформа и „нова“ сила, тоа не поминува. Реформа во СДС нема со самиот факт што претседател на партијата е Венко Филипче, а во раководството го има другар му Андреј Жерновски, симбол на неуспех, предавства и скандали. Жерновски, исто како и Филипче, не е нов лик на македонската политичка сцена. Јавноста многу ...