Американската мултинационална компанија Амазон блокира повеќе од 1.800 пријави за работа под сомнение дека се поднесени од севернокорејски агенти. Главниот директор за безбедност на Амазон, Стивен Шмит изјави дека државјани на Северна Кореја се обиделе да аплицираат за ИТ работни места од далечина користејќи се со украдени или лажни идентитети. – Нивната цел е обично едноставна: да добијат работа, да бидат платени, а потоа да ги ...

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска изјави дека руските и американските воделе разговори за решавање на прашањата што предизвикуваат тензии помеѓу двете земји, но оти главните проблеми остануваат нерешени. – Се очекува следната рунда вакви контакти да се одржи на почетокот на пролетта, најави Рјабков. Претставници на Русија и на САД разговараа за начините за решавање на голем број спорни прашања што ...

Албанската полиција објави дека на синоќешниот протест на опозицијата во Тирана полесно се повредени тројца полицајци и еден фоторепортер. – Досега идентификувани се 11 граѓани, кои фрлаа молотови коктели кон полицијата и зградата на Владата, при што четворица се уапсени, а против другите седум, меѓу кои и едно малолетно лице, се води постапка. Кривична пријава е поднесена против лицето Е.М. организациски секретар на политичкиот субјект ...

На 22.12.2025 во 10:00 часот во с.Добридол, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате ја лишија од слобода М.С.(45) од с.Калиште, гостиварско. Таа се сомничи дека претходно истиот ден извршила кражба во куќа во с.Градец, сопственост на Х.А.(49) од с.Градец, при што одзела златен накит во вредност од околу 9.000 евра. Oдземеното е пронајдено и вратено на сопственичката, а М.С. е задржана во полициска станица и по ...

На 22.12.2025 во 16:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Индира Ганди“ и сервисна улица која ја поврзува со ул.„Вашингтонска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А(21) од Скопје. Во незгодата со телесни повреди се здобил Р.А., констатирани во ...

Граѓаните нема да се соочат со прекини во снабдувањето со топлинска енергија, и покрај тоа што Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) побара прогласување кризна состојба. Ова го соопшти министерката за енергетика, Сања Божиновска, на вчерашниот брифинг со новинарите, нагласувајќи дека државата располага со доволни резерви на мазут за да се обезбеди непречено греење. Барањето на ЕСМ за прогласување кризна состојба ќе биде разгледано на ...

Прес конференција на СДСМ, Симона Цветановски – членка на Извршниот одбор Сега на сите им е јасно дека поголема минимална плата нема да има. Владата на Мицкоски нема пари за минимална плата, нема пари ниту за земјоделците, ниту за пензионерите. Очигледно, сите ќе мора да се навикнат на тоа дека повисоки плати нема да има. Доаѓаат таканаречени „економски работници”. Според договорот што го објавија британски медиуми, државата има обврска ...

Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата, по доставено барање од ЕВН Хоум. Како што информира претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, на денешната прес-конференција, цената на електричната енергија ќе се зголеми по блокови: За евтината тарифа, РКЕ одлучи зголемување од 2,50%. Бислимовски појасни дека ЕВН Хоум побарал значително повисоко поскапување, од околу ...

Прес конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ ЕСМ Снабдување со топлина, било третирано како партиски плен на СДС и ДУИ, затоа ќерката на Талат Џафери била дел од Надзорниот одбор. Истиот оној Талат Џафери, кој СДС и ДУИ со две раце го гласаа, за да стане незаконски претседател на Собрание и неговата ќерка да биде изгласана да биде дел од Надзорниот одбор на ЕСМ. Затоа на СДС и ДУИ не им се допаѓа темата, затоа што во ...

Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 40 метри на патниот правец од Тетово до село Гајре, а сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Како што информира АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...

Вчера се одржа новогодишниот коктел на Клубот на почесни конзули, на кој присуствуваа членовите на клубот – почесните конзули на странски држави во Македонија, како и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Министерот Муцунски ја истакна значајната улога на почесните конзули во одржувањето и развојот на односите помеѓу земјите кои ги претставуваат и Република Северна Македонија. Тој уште еднаш реафирмираше ...

Денеска во Министерството за внатрешни работи беше отворено ново стрелиште кое што ќе осигура сите форензички испитувања на балистички докази поврзани со мало и лесно оружје да се спроведуваат во безбедна и сигурна средина, во согласност со меѓународните стандарди. „Потребата од вакво стрелиште е повеќе од јасна, бидејќи секоја полициска организација значително ја зголемува својата ефикасност кога располага со стрелиште оформено како ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски во својство на претседател на Националниот совет за развој, денеска да ја отвори четвртата седница на Советот, кој според него, како постојано советодавно тело на Владата, има исклучително значајна улога во обликувањето на долгорочната визија и развојниот пат на државата. „Со особено задоволство го поздравувам вашето присуство и ви се заблагодарувам за ...

Учениците ќе следат настава до крајот на месецов и потоа заминуваат на зимски распуст. Ќе нема порано распуштање поради загадувањето. Прашана дали поради загадениот воздух МОН размислува за предвремено завршување на првото полугодие од учебната 2025/2026, министерката Весна Јаневска денеска изјави дека остануваат уште малку денови до распустот. Како што рече, во овој момент немаат информации дека нивното здравје е загрозено и дека не е ...

Овен Денот носи зголемена енергија и силна потреба да преземете иницијатива. На професионален план можно е да се појави нова задача која ќе бара брза одлука, но внимавајте на импулсивните реакции. Подобро е да застанете чекор назад и да ја согледате целата слика. Во љубовта, слободните Овни може да влезат во интересно познанство, додека зафатените треба да вложат повеќе трпение и разбирање. Здравјето е стабилно, но избегнувајте ...

Винс Зампела, визионерски развивач на видео игри и еден од клучните луѓе зад глобално популарната франшиза „Call of Duty“, загина во тешка сообраќајна несреќа во недела попладне. Несреќата се случи на автопатот Анџелес Крест во Јужна Калифорнија кога Зампела ја изгуби контролата врз своето Ферари, пишува NBC Los Angeles. Според извештајот на Калифорниската сообраќајна полиција (CHP), несреќата се случила околу 12:45 часот. Зампела возел ...

Љубителите на класичната музика на 26 декември ќе имаат можност да уживаат во вечер исполнета со емоции, виртуозност и уметничка инспирација. Младиот и исклучително талентиран пијанист Арда Мустафаоглу ќе одржи пијано концерт во Cevahir Mall Skopje, со почеток во 18:00 часот. Публиката ќе биде поведена на музичко патување каде секој тон носи приказна, а пијаното станува глас на емоциите. Настапот ветува длабоко доживување на класичната ...

Општина Аеродром воведува нов, транспарентен и целосно анонимен начин преку кој граѓаните ќе можат да дадат оцена и мислење за квалитетот на работењето на Општината, како и за работата на секој вработен поединечно. Целта на оваа иницијатива е директно вклучување на граѓаните во процесот на унапредување на локалната самоуправа, преку идентификување на позитивните практики, како и на областите во кои постои простор за подобрување. На тој ...

ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 15.12. до 21.12.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 123 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и ...

Од 24 до 28 декември, просторот пред СЦ „Борис Трајковски“ ќе се претвори во вистинска празнична сцена исполнета со вкусна улична храна, богата музичка програма и зимска атмосфера за сите генерации. WINTERFESTIVAL носи градска предновогодишна дружба каква што Скопје одамна посакува. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во внимателно одбрани street food брендови, меѓу кои: Jojo’s, Sorelle, Destan, Milkey, Oljo’s, La Pizza, Smash ...

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун заедно со неговата ќерка Џу Ае присуствуваше на отворање на хотели и го пофали економскиот напредок на земјата, објавија денеска севернокорејските државни медиуми. За време на викендот беа отворени пет хотели во туристичката зона Самџијон, во близина на границата со Кина. Ким истакна дека хотелите се „јасен доказ за растечкиот статус на нашиот народ и потенцијалот за развој на нашата земја“. Тој само ...

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата на две нови транши кон Развојната банка за поддршка на домашните компании. Имено, исплатени се транша во вредност од 305 милиони денари и транша од 568 милиони денари, односно вкупно 873 милиони денари или 14,2 милиони евра. Со исплатата на овие транши вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 217,5 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на ...

Управата за Јавни приходи Ве потсетува дека како организатор на зелен пазар, имате обврска до Управата за јавни приходи да поднесете Извештај за корисниците на продажните места на зелените пазари (образец ПДД-И/ЗП), преку системот https://e-ujp.ujp.gov.mk./ureg/login.seam Извештајот ПДД-И/ЗП се поднесува посебно за секој одделен зелен пазар. Доколку во текот на годината настане промена на бројот на корисници на зелениот пазар трговецот е ...

И покрај вложените над 143 милиони евра за изградба на трите магистрални гасоводи, тие се уште не се ставени во употреба, утврди Државниот завод за ревизија (ДЗР) во ревизијата на усогласеност на АД за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост за 2024 година во која изрази неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година и за усогласеност со законската ...

Денеска во Кино Фросина – МКЦ ќе се одржи хуманитарен настан по повод одбележување на јубилеј – 15 години од формирањето на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство. Настанот ќе започне во 18:30 часот и е од хуманитарен карактер, а прибраните донации од истиот се предвидени за Интервентниот женски фонд наменет за помош на жени кои се жртви на насилство и кои сакаат да ја напуштат насилната средина. Националната ...

Во текот на претстојниот празничен период, ризикот од пожари во објектите се зголемува поради невнимателната употреба на празничните украси, од светла до свеќи и прскалки. Особено е важно да се нагласи дека новогодишните елки и разните пластични украси лесно горат, а огнот може брзо да се прошири на околниот мебел, соопштија денеска од ТППЕ Струмица. Според пожарникарите, важно е да се следат нивните совети и препораки и да не се оставаат ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против В.Б., во својство на извршен член на Одборот на директори на Друштвото за спортски дејности Кошаркарски клуб Куманово 2009 АД Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 4 и 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Според пријавата, В.Б., ...

Сообраќајот на граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја за влез и излез од Грција, во следните денови, до петок ќе се одвива непречено, со оглед на тоа што грчките земјоделци одлучиле привремено, поради Божиќ, да ги стават во мирување блокадите, според грчката новинска агенција АНА-МПА, но тракторите ќе останат паркирани на границите, јави дописничката на МИА од Атина. На граничниот премин Евзони (Богородица) земјоделскиот блок ...

„Инфлацијата во земјава е стабилизирана и инфлациските очекувања се закотвени, додека девизните резерви се на високо ниво и обезбедуваат силна гаранција за стабилноста на девизниот курс”, порача гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во гостување во емисијата „24 анализа”. Гувернерот истакна дека трендовите кај инфлацијата во изминатите месеци укажуваат на јасна стабилизација, при што во два наврата е забележано и месечно ...

Македонската машка ракометна репрезентација ги почна денеска подготовките за настап на јануарското Европско првенство на кое во групната фаза за противници ќе ги имаат Данска, Португалија и Романија. Селекторот Кирил Лазаров истакна дека репрезентацијата максимално квалитетно ќе се подготви за противниците во групата која ја оцени како исклучително тешка. Македонскиот национален тим првите денови од подготовките ќе ги мине во Скопје, по ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
100%
1002
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
81%
1001
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
90%
1002
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
100%
1001
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.32
98%
1002
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
1002
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.57
75%
1004
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
82%
1004
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
100%
1003
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
2.57
100%
1001
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
95%
1001
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
4.12
88%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Рутениум

45750.51

Платина

67162.91

Калај

46.91

Паладиум

546.56

Кобалт

64.04

Родиум

336779.07

Злато

159231.39

Цинк

3.25

Сребро

2460.50

Бакар

11.69

Алуминиум

3.03

Иридиум

221848.72