Белград
6ᴼ /
6ᴼ
Пратеничката и членка на СДСМ, Славјанка Петровска, вечерва изјави дека по резултатите од локалните избори, во партијата мора да има одговорност, но дека е важно процесот да биде внимателен и насочен кон заздравување на организацијата. „Одговорност, се разбира, дека мора да има, и истата треба да се посочи. Е сега, како натаму таа ќе се рефлектира – дали тоа ќе бидат оставки, разрешувања и така натаму – тоа е следен чекор,“ изјави Петровска ...
Кандидатот на коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓи Крстевски, е новиот градоначалник на општина Росоман. Според резултатите од вториот круг на локалните избори, Крстевски освои 1.305 гласови, односно 49,68%, додека неговиот противкандидат Стојан Николов од коалицијата предводена од СДСМ доби 1.231 глас или 46,86% од поддршката на граѓаните. Изборната трка во Росоман беше исклучително тесна, но резултатите покажуваат ...
Кандидатот на коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Грозданов, е новиот градоначалник на Кочани. Според официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, Грозданов освои 7.368 гласа, односно 52,71% од излезените избирачи. Неговиот противкандидат, Венко Крстевски, кој настапи како независен кандидат, доби 5.914 гласа или 42,31%. Со оваа победа, ВМРО-ДПМНЕ ја презема локалната власт во Кочани, а резултатот ...
Според преборјаните над 99% од гласовите во вториот круг од локалните избори СДСМ доби уште три градоначалнички места. Вечерва СДСМ победи во скопски Центар, како и во општините Македонска Каменица и Зрновци. Малку фалеше СДСМ да ги задржи Крушево и Пробиштип но ги изгуби овие општини за само десетици гласови. Во првиот круг СДСМ пибеди во Кривогаштани, Богданци и Крива Паланка, со што партијата има под владение само шест општини, што е ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на вечерашната прес-конференција, изјави дека во вториот круг од локалните избори, според обработените податоци СДСМ победи во општините Центар, Македонска Каменица и Зрновци односно досега вкупно шест. „Им честитам на граѓаните за достоинственото гласање во вториот круг на локалните избори. Според досега обработените податоци, покрај ...
Кинеската влада ќе ги укине ограничувањата за извоз на критични минерали, ќе го запре извозот на хемикалии во Северна Америка потребни за производство на фентанил и ќе го продолжи протокот на полупроводници за автомобили, објави Белата куќа, детално опишувајќи го договорот постигнат од кинеските и американските преговарачи во четврток во Јужна Кореја, објавува Политико денес. Како што изјави американскиот министер за финансии Скот Бесант, ...
Украински дронови погодија нафтен терминал и танкер во рускиот регион Краснодар доцна во ноќта на 1 ноември, предизвикувајќи голем пожар, потврди извор од Службата за безбедност на Украина (SBU) за „Киев Индепендент“ . Според СБУ, регистрирани се пет напади со беспилотни летала. По нападот, танкер се запалил, а најмалку четири докови што се користеле за товарење и истовар станале неупотребливи. Оштетени се и пристанишните згради. ...
До 18.30 (половина час пред затворање на гласачките места) во вториот круг на локалните избори, во Македонија гласале 40,45% од запишаните избирачи. Убедливо најголема излезеност има во општина Росоман каде гласале 77,51 процент од гласачите, а најмала излезеност има во скопски Сарај, само 11,45%. Во скопските општини најголема излезеност има во Карпош каде до 18.30 гласале 48,09%, потоа следи Центар со 46,16%, па Аеродром 42,72 проценти. ...
Прес-конференција на портпаролот на ВРЕДИ, Дритон Сулејмани: Процесот на гласање во вториот круг од локалните избори во целина се одвиваше во мирна и демократска атмосфера во сите општини во кои денес се одржа гласањето, вклучително и во општините каде што учествуваше коалицијата ВЛЕН. Според информациите од теренот, процесот на гласање се одвиваше без некои неправилности и во духот на граѓанска одговорност. ВЛЕН изразува благодарност до ...
ВМРО-ДПМНЕ ги соопштува првичните информации околу резултатите во вториот круг на локалните избори за Град Скопје. Според податоците од аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, нивниот кандидат Орце Ѓорѓиевски води двојно пред противкандидатот од Левица, Амар Мециновиќ. Од досега преброените гласови ВМРО-ДПМНЕ со Орце Ѓорѓиевски во Скопје има освено 34.734 гласа додека кандидатот на Левица Мециновиќ има 16.835 гласа. Покрај Скопје од ВМРО-ДПМНЕ ...
Привремената Комисија на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела поврзани со изборниот процес во текот на денешниот ден го следеше вториот круг од гласањето на локалните избори, а во јавните обвинителства беа организирани вонредни дежурства со цел навремена координација и давање насоки за постапување на надлежните органи. Изборниот ден помина без поголеми нарушувања на изборниот процес, а до јавното обвинителство во ...
Според најновите неофицијални податоци објавени од ВМРО-ДПМНЕ бележи значајно водство во повеќе општини и градови низ државата во вториот круг од локалните избори. Во Град Скопје, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 58.820 гласа, додека кандидатот на Левица 33.714 гласа, со што партијата ја задржува доминантната позиција во главниот град. Во скопските општини, резултатите се следни: Во источниот дел на земјата, ВМРО-ДПМНЕ убедливо води во: ...
На чес и половина по затворањето на гласачките места, политичките партии излегоа со првични оценки за изборниот ден, а некои од нив веќе и соопштија првични резултати од дел од општините. Единствено од СДСМ има целосен молк. До овој момент (20:30 часот) од партијата нема никајва најава за прес-конференцијата, ниту пак партијата излезе со некакво соопштение. Во меѓувреме, најава за прес-конференција дојде само од кандидатот за градоначалник ...
Вториот круг од локалните избори во Куманово донесе тесна и неизвесна трка меѓу актуелниот градоначалник и лидер на партијата ЗНАМ, Максим Димитриевски, и независниот кандидат Горан Стојковски – Диро. Според најновите податоци од обработени 145 од вкупно 167 избирачки места, Димитриевски има освоено 14.416 гласа, додека Стојковски е веднаш зад него со 12.759 гласа. Разликата од нешто повеќе од 1.600 гласа остава отворена можност за пресврт ...
Три жртви – двајца мажи и една жена – биле пронајдени мртви во саботата, додека телата на уште две исчезнати лица, еден маж и неговата 17-годишна ќерка, биле пронајдени утрово. – Лавината ги однесе во долниот дел од клисурата каде што се случи несреќата. Спасувачите сега се враќаат во долината поради влошување на временските услови на голема надморска височина – изјави портпаролот на планинската спасувачка служба, Федерико Катанија. ...
Нигерија денеска изјави дека ќе прифати помош од САД за борба против исламистичките бунтовници сè додека се почитува нејзиниот територијален интегритет, како одговор на заканите на претседателот Доналд Трамп за воена акција поради, како што рече, злоставувањата на христијаните во африканската земја. Трамп вчера изјави дека побарал од Министерството за одбрана да се подготви за можна „брза“ воена акција во Нигерија доколку најнаселената земја ...
Кремљ соопшти дека Москва внимателно ги следи настаните во Венецуела, по извештаите дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро побарал радари, авиони и евентуално ракети од својот руски колега Владимир Путин. Во петокот, „Вашингтон пост“, повикувајќи се на интерни документи на американската влада до кои дојде весникот, објави дека Мадуро му упатил писмо на Путин „во кое бара одбранбени радари, поправки на авиони и потенцијално ракети“, ...
Припадници на полицијата за немири во полна опрема интервенираа денес на улицата „Кнез Милош“ во Белград, на местото каде што Дијана Хрка го започна штрајкот со глад. Полицијата ги потисна собраните граѓани кои дојдоа да им дадат поддршка, го уапси возачот на камион Миломир Јаќимовиќ и го заплени автобусот што превезуваше студенти од Ниш од комеморативниот собир во Нови Сад, пишува Н1 . Студентите кои пристигнале во Белград раскажале како ...
МВР информира дека вчера попладне во 16:35 часот во СВР Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Радовиш – Струмица, на место викано „Слобода“, патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.В.(46) од с. Сушево, струмичко, се превртело на коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа ...
На 151. седница, Државната изборна комисија расправаше по два приговора за остварување на правото на глас и утврди дека подносителите се запишани во Избирачкиот список и можат да гласаат до затворање на избирачките места во 19:00 часот. Истовремено, Комисијата донесе одлука за одземање на акредитациите на осум домашни набљудувачи поради постапување спротивно на Изборниот законик и Кодексот за набљудување. Првиот приговор го поднесе Трајче ...
Според најновите податоци од Државната изборна комисија, до 17:00 часот во вториот круг од локалните избори на ниво на државата гласале 34,62% од запишаните избирачи. Најголема излезност е забележана во три општини каде што интересот за гласање е над 60%. Во Општина Конче излезноста изнесува 64,44%, во Росоман 63,58%, а во Дојран 62,9%. На спротивниот крај од табелата се наоѓаат општините со најмала заинтересираност за гласање. Во Сарај до ...
Правната битка меѓу ѕвездите од „Тоа завршува со нас“ има нов епилог. Актерот и режисер Џастин Балдони ја повлече својата контратужба за клевета од 400 милиони долари против колешката Блејк Лајвли откако го пропушти клучниот рок за повторно поднесување. Според Ролинг Стоун, федерален судија официјално ја заврши тужбата на Балдони. Неговиот случај првично беше отфрлен во јуни, но му беше дадена можност да ја измени и повторно да ја поднесе. ...
Двете лица уапсени во врска со нападот со нож врз возот се родени во Велика Британија, соопшти Британската полиција, цитирана од ДПА. Тие се на возраст од 32 и 35 години. Тие беа приведени откако возот од Донкастер до лондонската станица „Кингс Крос“ беше запрен на станицата Хантингдон. Полицијата смета дека нападот не бил мотивиран од терористички побуди. Две лица остануваат во опасност по нивните животи по крвопролевањето во брзиот воз. Во ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска на почетокот на неделниот состанок на израелската Влада изјави дека ќе бидат уништени и двете преостанати упоришта на Хамас во Газа, едното во Рафа и другото во Кан Јунис. „Тие ќе бидат елиминирани“, рече Нетанјаху, нагласувајќи дека обидите на Хамас да ги измами Израел, САД и светот не биле успешни, објави „Тајмс оф Израел“. Нетанјаху, исто така, нагласи дека заштитата на израелските сили во ...
На плоштадот во сараевската општина Нови Град ноќеска околу 23:15 часот се случила експлозија, вознемирувајќи ги жителите на населбата Алипашино Поље, објави Ослободување. Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон потврди дека е активирана непозната експлозивна направа. „Дежурниот обвинител во Обвинителството на Сараевскиот кантон го оквалификува настанот како кривично дело предизвикување општа опасност и оштетување туѓ имот. ...
Полициски службеници од СВР Битола синоќа пред полноќ во битолското село Црнеец од слобода лишиле девет лица од Македонија и Косово кои организирале нелегални борби со кучиња. Против нив ќе биде поднесена кривична пријава за мачење животни. Четворица се од Косово, на возраст од 49, 43, 48 и 53 години, четворица од Битола, на возраст од 51, 41, 43 и 43 години, и еден 59-годишник од Штип. Од секторот за односи со јавност при СВР Битола за МИА ...
МВР информира дека денеска се одбележува 2 Ноември – Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторства против новинарите. Преку кампањата „Новинарите се важни“, Советот на Европа и државите-фокусни точки ја потврдуваат заедничката заложба за заштита на новинарите и за обезбедување на правда за сторителите на злосторства против нив. – Секој напад врз новинар е напад врз слободата на изразување и пристапот на луѓето до ...
До 13 часот излезеноста за локалните избори во земјава е 19,96 проценти, а за Скопје 15,28 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Како што информира портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, на ниво на државата гласале 134.124 лица според податоците од 1.279 избиралки места или 93,15 отсто, додека за Скопје гласале 71.849 лица, а податоци се пристигнати од 678 избирачки места или 98,98 отсто. Досега не се пристигнати ...
По повод Меѓународниот ден за борба против неказнивоста за злосторства врз новинари, кој се одбележува денес, 2-ри ноември, мрежата SafeJournalists предупредува на загрижувачки регионален тренд: многу пријавени и непријавени инциденти, мал број изречени пресуди и голем број случаи кои сè уште се во постапка. Овие наоди го нагласуваат клучното предупредување — борбата против неказнивоста е заедничка одговорност на институциите, судството и ...
Излезеноста до 15.00 часот во вториот круг на локалните избори на целата територија на државата е 27,19 проценти, одбјави Државната изборна комисија. Најголема излезеност има во Крушево каде до 15.00 часот гласале 50,22%, а потоа следат Пробиштип со 49.04 и Росоман со 48,13 проценти. Најмала излезеност има во скопските општините Сарај 6% и Чаир 8,83% и тоа воедно се општините кои во првиот круг имаа една од најголемите излезности. Во ...