Белград
8ᴼ /
7ᴼ
Големото книжевно наследство на Оливера Николова продолжува да живее преку наградата за најдобар необјавен роман за деца и млади, која го носи нејзиното име, а е востановена од издавачката куќа „Арс Ламина”. Со многу емоции, сеќавања, но и со доза на оптимизам и хумор, вчеравечер (5 ноември) во книжарницата „Литература.мк” во „Дајмонд мол”, само неколку дена по одбележувањето на една година од заминувањето на „мајката на сите македонски ...
Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, денес изврши увид во изградбата на потпорниот ѕид на улица 50 во населбата Радишани. Проектот се реализира поради појавата на одрони и пропаѓање на дел од улицата, што го наметна итниот почеток на санацијата. Новиот потпорен ѕид ќе обезбеди поголема сигурност за домовите на граѓаните и ќе спречи можни лизгања на земјиштето. Од Општина Бутел информираат дека станува збор за едно од најчестите барања ...
Со куса средба и букет свежо цвеќе заврши примопредавањето на должноста градоначалник на Град Скопје меѓу досегашната градоначалничка Данела Арсовска и новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски и подари букет со свежо цвеќе на Арсовска. Претходно, тој од Градската изборна комисија на Скопје го доби уверението дека е избран за прв човек на македонската метропола. Данела Арсовска денеска го заврши својот четиригодишен мандат за кој беше ...
Турската рударска компанија „Ермаден“ соопшти дека открила наоѓалиште на злато со резерви над 420.000 унции во близина на градот Сивас, во централниот дел на Турција. „Како резултат на интензивните и континуирани истражувања во наоѓалиштето Алаџахан кај Сивас, ‘Ермаден’ откри значителен потенцијален ресурс од 424.000 унции злато. Ова го сметаме за прв и важен плод на нашата стратегија и посветена работа,“ се наведува во изјавата на ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Т.(57) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Пријавената, во текот на 2024 година во својство на директор на средно училиште во Куманово, присвоила два мобилни телефони сопственост на училиштето, кои и биле доверени за користење, односно по завршување на нејзиниот мандат не ги вратила, со што се стекнала со противправна имотна корист од ...
Над шеесет компании од Северна Македонија и Грција учествуваа на Бизнис-форумот што денес се одржа во Стопанската комора на Северна Македонија, организиран во соработка со Амбасадата на Република Грција во Скопје. Настанот имаше за цел да ги продлабочи економските односи меѓу двете земји и да отвори нови можности за деловна соработка и инвестициски партнерства меѓу компаниите. На Форумот учествуваа претставници на Атинската комора за ...
Министерот за правда Игор Филков денес учествуваше на одбележувањето на значајниот јубилеј по повод 90-тата средба на правниците, организирана од Македонското здружение на правници. Обраќајќи се пред присутните правни експерти, професори, судии, обвинители, адвокати и млади правници, министерот Филков истакна дека оваа традиција претставува мост меѓу правната наука и практиката, меѓу различните правни професии и генерации кои веруваат во ...
Со сослушување на сведоци во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Онкологија 2“, во кој се обвинети поранешниот медицински директор Нино Васев и економскиот директор Нехад Нухи. Случајот е во доказна постапка, а обвинението го застапува јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска. На рочиштето беа сослушани тројца сведоци, доктор Ненад Митревски, членката на управниот одбор Биљана Гроздановска и Гоце Кузев, ...
“Историјата нè учи дека апсолутната власт неизбежно носи искушенија и можност за злоупотреби. Добар пример за тоа е филипинскиот претседател Фердинанд Маркос, кој дојде на власт во 1965 година како реформатор, ветувајќи ред, развој и модернизација на земјата. Во почетокот тој навистина спроведе видливи проекти – патишта, мостови, училишта и болници, започнал аграрна реформа и поттикнал индустриски раст. Но со текот на времето, власта се ...
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши денеска остварил работна средба со претставници на Државната изборна комисија – Борис Кондарко, претседател на ДИК, Абдуш Демири, потпретседател на Комисијата и Александар Даштевски, член на Комисијата. Од собраниската прес-служба информираат дека средбата поминала во конструктивна атмосфера и била оценета како позитивен пристап на институциите кога станува збор за ...
Соопштение на Кренар Лога, Потпретседател на АА: Северна Македонија е единствената земја во Европа која сѐ уште нема биометриски лични карти (ID card). Овие документи лесно се фалсификуваат и можат да се злоупотребат, особено во изборните процеси (процесот на прислушувањето докажа такво нешто), со што се загрозува изборниот резултат, чесноста на процесот, но и безбедноста на државата, вклучително и на регионот (имајќи ја предвид слободата на ...
Во организација на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ денес и утре во Скопје се одржува меѓународен студентски симпозиум посветен на предизвиците во новиот свет на дигиталната ера. Студенти од Македонија и повеќе други земји презентираат свои трудови и дебатираат за најновите трендови во технолошкиот развој, а собирот го отвори министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, која посочи ...
Обвинителката Ана Гоговска Јакимовска тврди дека сведочењата за случајот „Онкологија 2“ потврдуваат финансиски малверзации и незаконско постапување со терапијата на Клиниката, која, наместо во аптека, завршувала кај директорот и се давала по личен избор. Додека, адвокатот Боби Спирковски, бранител на обвинетиот Никола Васев, го нарече обвинителниот акт „нејасен, незаконит и непрофесионален“, предупредувајќи дека со вакви постапки се кршат ...
Независен синдикат на професионалните војници СО Скопје реагира: Се замолуваат ” службите ” и најблиските соработници на министерот да го известат дека во МО и Армијата НЕ ПОСТОИ родова еднаквост ! ПОСТОИ само родова НЕеднаквост!!! На хартија може да славите резолуции уште 125 години, но во реалноста има само НЕЕДНАКВОСТ, впишана и потврдена на хартија!! Жените во Армијата се се уште жртви на нееднакви права во сите категории и меѓу ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец октомври 2025 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 06 Ноември 2025 ...
Во првите четири дена од месец ноември во сообраќајни несреќи на територија на државата животот го загубија шест лица. Од почетокот на оваа година заклучно со октомври регистрирани се 115 жртви. Во текот на минатата година регистрирани се 142 жртви во сообраќајни несреќи. Тоа не се само бројки – тоа се нечиј син, нечија мајка, сопруг, дете. Нечиј деца остануваат без родители и обратно родители остануваат без своите деца. Овој, без дилема, ...
Од Здружението на граѓани 16ти Март, повикуваат на 29-ти ,,Марш на ангелите”. -На 19 ноември 2025 година започнува судскиот процес за трагедијата што засекогаш ги промени нашите животи. Ние, родителите на загинатите деца, ќе бидеме таму – мирно, достоинствено и со вера во вистината, за да го следиме судењето и потсетиме дека секоја пресуда мора да се темели на вистината, а не на заборавот. Во пресрет на почетокот на процесот, Ве повикуваме ...
Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението за функцијата и веднаш најави дека од вечерва започнува првата голема акција за чистење на главниот град. „Скопје го менуваме од корен! Уште вечерва, во 20:30 часот, започнуваме со првата голема акција – во следните 72 часа ќе го исчистиме Скопје, токму како што ветив. А веќе утре почнуваме со темелна реорганизација на јавните претпријатија и нормализирање на ...
Изборите завршија, да продолжиме со реализација на проектите тоа што сме го ветиле и земале обврска пред граѓаните да го реализираме. Јас му честитам на градоначалникот, навистина многу посветено работи што впрочем го покажува изминативе години и не случајно е и по 5 пат избран за градоначалник на Општина Петровец, уште поубедливо него ли во минатите неколку пати. Навистина благодарен сум за сето тоа што го прави за жителите на Општина ...
Новиот скопски градоначалник Орце Ѓорѓиевски најави дека очекува околу 60 автобуси на ЈСП деновиве да се вратат на скопските улици. – Веќе разговараме со дел од стручните служби на ЈСП Скопје, што не го опфаќа директорот и раководството за кои во изминатиов период видовме дека нивниот капацитет како да не постои односно, дека е деструктивен за претпријатието и за јавноста. Ќе бидат итно преземени чекори во насока на адаптирање на сите ...
Денеска (06.11.2025) во 02:41 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 01:00 часот, едно лице влегло во гаража од семејната куќа на Е.Р. на подрачјето на Бит Пазар, кој моментално е во Италија, а набргу потоа сопственикот добил порака со закана и со известување дека во неговото возило е поставена бомба. Полициски службеници излегоа на местото и по преземени мерки кај неговото возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки е пронајдена бомба ...
На 05.11.2025 во 15:40 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на ул.„Моински Пат“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ланд ровер“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.П.(62) од Гевгелија и велосипед управуван од Г.Б.(51) од Гевгелија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општата болница Гевгелија. По извршените проверки констатирано е дека Г.Б. бил под ...
Скопјанец на 78 години е тешко повреден откако излетал со возило на обиколницата кај Хиподром. На 05.11.2025 во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на град Скопје, на клучка Хиподром, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.В.(78) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од ...
Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб плус” гостин на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески е Мило Ѓукановиќ, поранешен премиер и претседател на Црна Гора, стопанственик и клучна фигура во процесот на државно осамостојување и на европска интеграција на државата. Разговорот беше посветен на економските и на политичките предизвици со кои се соочи Црна Гора по распадот на поранешна Југославија, како и на патот кон стабилна ...
ВМРО-ДПМНЕ покажува ароганција зад која се крие неуспешен обид да го омаловажи Извештајот на ЕК затоа што е најреалниот доказ за неспособноста на владата на Мицкоски. ЕК дава јасни, детални и објективни оценки во кои е содржана најреалната слика за тоа каде ја доведе Македонија власта на Христијан Мицкоски: во застој, назадување и целосна институционална парализа. Ова е најлошиот извештај за Македонија во последните десет години. Македонија ...
Претставнички од иницијативата „Сите за Палестина” денес остварија средба со Претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова, во нејзиниот кабинет. На средбата директно ѝ ги пренесоа барањата на иницијативата и повикаа државното раководство да покаже јасна солидарност со палестинскиот народ. За време на разговорот, се повикаа на изјавите на Претседателката по повод 80-годишнината од основањето на Обединетите нации, кога ...
(Бајрам Цури, Албанија, 6 ноември 2025) – Иницијативата за Северни шуми го одбележа својот успешен завршеток со регионален настан посветен на обновувањето на шумите во Албанија и Северна Македонија. Овој значаен собир ги прослави постигнувањата на проектот во намалување на деградацијата на шумите и зајакнување на одржливото управување со шумите низ Западен Балкан. Настанот собра над 40 засегнати страни – меѓу кои владини претставници, ...
Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам) ја одржа Четвртата годишна конференција за здравство, под мотото „Моќта на навремената акција за здравствен систем што испорачува”, која оваа година беше посветена на потребата од конкретни и навремени чекори за поефикасно и подготвено здравство. „Од самиот почеток, нашата цел беше да создадеме платформа за континуиран дијалог меѓу институциите, индустријата, академијата и ...
Во Атина денес официјално започна Шестото партнерство за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC)– глобален форум што ги обединува енергетските министри од 25 земји од Европа и Северна Америка, посветен на унапредување на енергетската безбедност и стратешките инфраструктурни проекти. По покана од американскиот секретар за енергетика Крис Рајт и грчкиот министер за енергетика Ставрос Папастравру, министерката Божиновска присуствуваше на ...
Припадници на белградската полиција ги уапсија С.Р. (40) и В.С. (46) под сомнение за сторено тешко убиство, додека интензивно се бара уште едно лице. Тие се осомничени дека претепале до смрт 38-годишен маж во напуштена зграда во Белград. Телото беше пронајдено вчера наутро, објавува Нова.рс. Според првичните информации, мажот починал од повеќекратни удари нанесени со тапи предмети по целото тело. Се сомнева дека жртвата била претепана со ...