Белград
7ᴼ /
6ᴼ
Граѓаните и превозниците кои возат низ Хрватска треба да бидат особено внимателни кога станува збор за регистарските таблички на нивните возила за да избегнат високи казни и непријатности на границата или во сообраќајот. Хрватскиот автомобилски клуб (ХАК) и судската пракса укажуваат дека табличките мора да бидат поставени на пропишаното место и да бидат јасно видливи и читливи, а кршењето на ова правило може да доведе до сериозни казни. ...
Мајката на Стефан Хрка кој загина при уривање на настрешница, Дијана Хрка, штрајкува со глад веќе петти ден. Иако нејзиниот имунитет опаднал, таа ја продолжува борбата и ѝ се заблагодарува на групата „Својата Србија“ за поддршката што ја добила и синоќа, но и изминатите денови, објави „Н1“. Хрка е настината, изгубила глас, ѝ паднал имунитетот, но не се откажува. Им се извинила на сите кои, како што вели, поради настинката не можела да ги ...
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги објави конечните резултати од вториот круг на Локалните избори 2025 година за избор на градоначалници во 29 општини и во Град Скопје. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, соопшти дека во овие општини изборниот процес е завршен и се потврдени конечните резултати, со што е избран и новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ...
На секои избори некој мора да победи, некој да загуби. Коректно е на победникот да му се честита и да се признае поразот. Ниту признав! Ниту му честитав на новиот! Зошто? Затоа што борбата не беше витешка, туку кукавичка. Граѓаните на општина Карпош не заслужуваат не фер игра. Од 2000 година, па наваму, сите избори биле кристално чисти. Еден глас немам уценето, купено или на некого да сум му се заканил. Победите биле чесни и израз на вољата ...
Железничкиот Коридор 8 е еден од најважните трансевропски транспортни коридори, кој има стратешко, економско и геополитичко значење за целиот Балкан и за цела Европа. Овој Договор за изградба на заедничкиот тунел е сон на многу генерации, историјата сакаше јас и вицепремиерот Караџов да го потпишеме, истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, на потпишувањето на Договорот за подготовка, изградба и ...
На 8 ноември се одбележува Митровден, празник посветен на Свети Димитриј Солунски, маченик и командант од 3 век. Според преданието, Димитриј одбил да ја изврши наредбата на царот Максимилијан за прогонство на христијаните, јавно проповедајќи ја христијанската вера. Поради ова, царот наредил тој да биде фрлен во затвор, мачен и погубен. Христијаните од Солун тајно го погребале. Подоцна, на местото на неговиот гроб била изградена црква. ...
Директорот на „Гунвор груп“, Торбјорн Торнквист, изјави дека нема да има враќање на средствата на „Лукоил“ што неговата компанија треба да ги купи, во случај да се укинат западните санкции против руската нафта. „Лукоил“ минатата недела објави дека ќе ги продаде своите средства во странство на „Гунвор“. Ова вклучува бунари, рафинерии, бензински пумпи и портфолија на акции. Условите на договорот не се откриени. – Ова е јасен прекин, кога ...
Вчера во 12:05 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе ги лишија од слобода 30-годишниот Д.Т. од Свети Николе и 25-годишната А.П. од село Горобинци, светиниколско. При претрес во домот на Д.Т., извршен со судска наредба, затекната е А.П. како заедно со него користи дрога, пронајдени и одземени се неколку пакувања со прашкаста материја и предмети со остатоци од прашкаста материја. По целосно расчистување и документирање на случајот, ...
Албанците не паднаа во замката на „референдумот” што ДУИ/НАИ, со Ахмети, Таравари и Села, се обидоа да го продават како некакo политички спас. Таа манипулативна кампања, изградена врз лаги и лажен патриотизам, се урна пред волјата на Албанците кои јасно го кажаа својот збор. Со освоени десет општини, ВЛЕН им го одзеде алибито и им ја симна маската на оние што со години го сметаа албанскиот глас за своја лична сопственост. Сега бараат ...
Во вчерашното гостување во емисијата „Тема на денот” на Сител телевизија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, говореше за постигнувањата во областа на надворешната политика – позитивно оценети во последниот извештај на Европската комисија, за неодамнешната средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, како и за Самитот за проширување на Европската унија. Коментирајќи го извештајот за ...
Високо ниво на напредок во областа Царинска унија со која раководи Царинска управа, е нотирано во извештајот на Европската комисија за напредокот на државата. „Високото ниво на напредок, нотирано од Европската комисија, е уште еден цврст доказ дека Царинската управа спроведува значителни реформски мерки и политики коишто треба да овозможат забрзување на интеграцијата на нашата држава во единствениот пазар на ЕУ”, вели директорот на Царинска ...
По добиена пријава, со интервенција од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонреден инспекциски надзор на возило во кое се превезувало храна со непознато потекло, на подрачјето во општина Чучер-Сандево. При извршениот надзор пронајдени се 1.060 килограми кршени ореви и 581 килограми кикирики во зачинета обвивка, во рефус состојба, без идентификација и без потребни ...
Мислам дека не е фер Северна Македонија да се става во истиот кош со Србија и Босна и Херцеговина, кога станува збор за напредокот на европскиот пат, изјави за МИА словенечката европратеничка Ирена Јовева. Морам да кажам дека Црна Гора и Албанија, а посебно Црна Гора, реално или најреално навистина е најнапред од регионот во однос на реформите и напредокот. Иако не би сакала да излезе дека ја критикувам еврокомесарката Марта Кос или ...
Пред нас е нова поголема промена на временската состојба. Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот, од оваа ноќ па се до вторник (11 ноември) во нашата Република Македонија ќе имаме нови повремени локални врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат обилни и поројни и проследени со појава на грмежи и со засилен ветер од јужен правец. И во Скопје и околината со оваа серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот ...
Овој свет маченик пострада за Христовата вера заедно со уште над четири илјади христијани, свештеници, монаси и монахињи, мирјани, жени и деца. Арета беше управител на градот Негран, во земјата Омиритска (јужна Арабија) и имаше деведесет и пет години кога пострада. Со Омиритската земја тогаш владееше еден Евреин, Дунаан, свиреп гонител на христијаните. Решен наполно да ги истреби христијаните од својата земја, тој го опколи христијанскиот ...
Овен Емоциите денес ви се подлабоки од вообичаено. Може да почувствувате силна поврзаност со некој или желба да расчистите недоречен разговор. Марс ви дава желба за напредок и јасни чекори, но не брзајте — најдобро е кога одлучувате со смирена глава. Месечината во Близнаци носи брзи идеи и продуктивни разговори. Балансирајте акција и размислување. Бик Љубовните теми и односите се во фокус. Венера во спротивниот знак ве поттикнува да се ...
Без струја денеска од 8 до 14 часот ќе останат корисниците на делови од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, во општина Кисела Вода. Без вода пак од 9 до ноќеска до полноќ ќе останат дел од корисниците на улицата „Ацо Караманов“, како и објектот на Американската Резиденција, во општина Центар. Како што соопшти Центарот за управување со кризи на Град Скопје, прекинот со електрична енергија и водоснабдување ...
Денешното утро насекаде во регионот донесе исклучително ладно време и без врнежи, а особено ладно беше во повисоките населени места и на планините каде температурите се спуштија под нулата на повеќе места. Во повисоките населени места во Босна ова утро температурите се спуштија дури и до -7 степени. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени ова утро во регионот. Може да се види дека тие се навистина зимски и ...
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно тело на млада жена, како и во изнајмениот стан во кој таа престојувала, информираа од Обвинителството. -Се преземаат сите дејствија за испитување на причините за смртта со детални проверки и вештачења на местото, иако првичните сознанија и траги на лице место не упатуваат дека смртта е резултат на ...
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение оцени дека Социјалдемократскиот сојуз доживеал изборно цунами на локалните избори и дека партијата, под водство на Венко Филипче и под, како што велат, менторство на Зоран Заев, е на праг да биде избришана од политичката сцена во државата. Според соопштението, СДСМ – партијата кога важела за најголем политички опонент на ВМРО-ДПМНЕ, сега е трета партија на државно ниво, а во рамки на градот Скопје – петта. „Овој ...
Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд и ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. Во Скопје, слично време со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до ...
Турската полиција уапси 62 лица осомничени за поврзаност со организирана мрежа на измамници кои се претставувале како гатачи и медиуми, јавија локалните медиуми. Групата е обвинета за измама и изнуда на клиенти преку интернет, искористувајќи ја довербата и религиозните чувства на граѓаните. Според весникот „Хуриет тудеј“, во координирана акција спроведена во 29 окрузи низ земјата, полицијата извршила претреси на повеќе адреси и привела ...
Веќе неколку месеци на Клиниката за онкологија недостасуваат тумор-маркери, како и лековите „цисплатин“ и „таксол“, кои се користат во редовната терапија на онколошките пациенти. Наместо таму, пациентите се праќаат во други лаборатории, како што е Клиничка биохемија, за да ги направат потребните крвни тестови. Дел од нив велат дека биле принудени да платат, бидејќи во упатот не им била внесена соодветната шифра што овозможува бесплатна ...
Резултатот од локалните избори е најлошиот во историјата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, вели пратеникот и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој во интервју за телевизија Алсат истакна дека партијата се соочува со сериозна криза што бара темелна анализа и редефинирање на нејзините политики. „Резултатот од 126 илјади гласа претставува дно и јас би сакал тоа да биде дното на кое сите ќе застанеме. Тоа ме ...
На прв поглед, тие делуваат собрано, силно и непоколебливо. Луѓето околу нив веруваат дека секогаш имаат контрола над сè и се потпираат на нивната стабилност. Но зад таа смирена надворешност често се крие внатрешен немир, борба со анксиозност, стравови или замор што ретко го признаваат. Некои хороскопски знаци природно умеат да ја задржат својата надворешна сила но тоа не значи дека се поштедени од внатрешни кризи. Јарец Јарците се познати ...
Во автобус што превезувал навивачи на шпанскиот фудбалски клуб „Барселона“ во Бриж вечерва избувна пожар, но при инцидентот нема повредни, јави белгискиот јавен радиодифузен сервис ВРТ. Пожарот избувнал додека автобусот со навивачите се движел кон стадионот „Јан Брејдел“, каде што вечерва се игра фудбалски натпревар рамките на Лигата на шампионите меѓу домашниот „Бриж“ и „Барселона“. Според полицијата, пожарот го предизвикал еден од ...
Службеник на Канцеларијата на Европската Унија во Косово е тешко повреден од остар предмет, објави порталот „Синџали“, повикувајќи се на добро информирани извори. Изворите наведоа дека инцидентот се случил во вторник и дека повредениот е префрлен во Универзитетскиот клинички центар. Извори блиски до истрагата изјавија дека повредениот е функционер на Канцеларијата на ЕУ, Стефан Илијанов Шејнов, на возраст од околу 49 години, кој ужива ...
По повод 5 Ноември, Светскиот ден на ромскиот јазик, претседателката Сиљановска-Давкова, денеска прими претставници на Ромите: средношколци од Скопје, медиумски и просветни работници, како и поети. Соговорниците постигнаа консензус за потребата од кодификација на ромскиот јазик, отворање катедра за ромски јазик и овозможување на учениците Роми, да го изучуваат ромскиот јазик не само во училиштата во Скопје, туку и ширум републиката. На ...
Светската здравствена организација планира в недела да почне обемна кампања за вакцинација во Појасот Газа. Околу 44.000 деца, кои не можеле да бидат опфатени со процесот на имунизација за време на двегодишната израелска војна против милитантната палестинска организација Хамас, ќе бидат вакцинирани во рок од 10 дена против, меѓу другото, морбили (мали сипаници), заушки, рубеола и полио (детска парализа). Следните дози треба да бидат ...
Се верува дека повеќе од 30 ученици и наставници се повредени од иритирачки гас испуштен во училиште во југозападна Германија, соопшти денеска локалната полиција. Како што пренесе ДПА, 29 ученици и тројца наставници претрпеле иритација на респираторниот тракт и очите. Некои од нив биле однесени во болница, додека други биле згрижени на лице место во градот Шпизен-Елверсберг, кој се наоѓа во близина на француската граница југозападно од ...