Граѓаните на скопската општина Чаир реагираат дека проблемот со непрописното паркирање излегол од контрола. Досега на тротоарите најчесто се паркираа патнички возила, но според најновите фотографии кои пристигнаа вечерва до редакцијата на 24 Инфо, веќе и шлепери се паркираат на пешачките површини. Фотографијата е направена на булеварот Христјан Тодоровски Карпош, каде што огромен камион е паркиран покрај дрворедот, зафаќајќи дел од тротоарот ...

Вечерва се случи тешка сообраќајна несреќа кај кулите „Џевахир“ во скопската населба Аеродром. Според првичните информации и сведоштва на очевидци, возило со голема брзина удрило во неколку контејнери и две паркирани возила. Очевидци за 24 Инфо изјавија дека возачот, кој наводно бил во алкохолизирана состојба, изгубил контрола врз возилото и предизвикал значителна материјална штета. Според нив, се работи за турски државјанин, а ова е втора ...

Додека некои луѓе напорно работат за секој денар, постојат и такви на кои парите едноставно им доаѓаат сами од себе. Нивниот став кон животот, интуицијата и самодовербата создаваат впечаток дека имаат природен талент за привлекување богатство. Астрологијата открива дека токму овие три знаци речиси никогаш не се грижат за финансии — затоа што секогаш наоѓаат начин да ги претворат можностите во добивка. Бик Биковите имаат вродено чувство за ...

Филипините се подготвуваат за уште еден потенцијално разорен тајфун, помалку од една недела откако претходниот уби најмалку 200 луѓе и остави зад себе широко распространети штети. Се предвидува дека тајфунот Фунг-вонг, локално познат како Уван, ќе се зајакне до супертајфунска сила, со ветрови до 185 километри на час, пред да го погоди островот Лузон уште во недела навечер по локално време. Филипинската метеоролошка служба Пагас предупреди ...

Премиерот на Косово во технички мандат, Албин Курти, изјави дека движењето Самоопределување направило доволно отстапки и дека сега одлуката за иднината на владата е во рацете на опозициските партии. Курти рече дека опозицијата има две опции – формирање преодна влада што ја нарече „Курти 2.5“, која би организирала избори во декември, или влада „Глаук Коњуфца 1.0“, што би функционирала до април наредната година. – Бидејќи не го добив ...

Илјадници граѓани, меѓу кои и поддржувачи од други градови на Босна и Херцеговина, протестираа денеска во Тузла по двојниот шок за кантонoт: смртоносниот пожар во Домот за пензионери, во кој загинаа 13 лица, и случајот со подведување малолетнички, за кој се осомничени полициски службеник и професор. Барањето беше едноставно и гласно — одговорност и оставки на надлежните. Пожарот што избувна во вторникот заврши во трагедија: според првичните ...

Министерството за здравство сè уште пребројува колку кадар недостасува во болниците во јавносто здравство за да се има реална слика како да се респределува медицинскиот кадар. Министерот за здравство Азир Алиу признава дека има сериозен недостатот на здравствени работници во земјава. Колку вкупно лекари, сестри и техничари фалат низ болниците во Македонија, засега не се знае. Алиу вели дека сè уште се пребројуваат, а пресметката ќе се објави ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ забележа победа во финалето на АТП 250 турнирот во Атина откако го совлада Лоренцо Мусети од Италија со 2:1 во сетови по три часа игра. Ова за Ѓоковиќ е 101-турнирска победа и сега е на чекор зад Рожер Федерер со 103 и Џими Конорс, кој има 109. Финалето на почна како што посакуваше Ѓоковиќ, откако ривалот го доби првиот сет со 6:4 во гемови. Но, српскиот тенисер го освои вториот сет со 6:3. Во решавачкиот сет ...

Апликацијата WhatsApp за Apple Watch е официјално лансирана и со себе носи мноштво нови функции. Претходно, WhatsApp за Apple Watch беше ограничен само на известувања, но сега апликацијата носи многу повеќе функционалности. Еве ги главните иновации што ги објави Мета: Мета нагласува дека „вашите пораки и повици остануваат приватни благодарение на енкрипцијата од крај до крај“, дури и на Apple Watch. Дополнителни функции се планирани во ...

Американскиот сенатор од Луизијана Џон Кенеди јавно му се заблагодари на претседателот Доналд Трамп за неговата поддршка на законите што ги предложи, а кои имаат за цел да им го запрат примањето плата на членовите на Конгресот за време на тековното затворање на Владата. Трамп претходно се огласи на својата социјална мрежа „Трут Соушл“ (Truth Social), каде што го пофали Кенеди и истовремено го критикуваше сенаторот Ранд Пол (Републиканец, ...

Рускиот крипто милионер Роман Новак, претходно осуден за измама од повеќе милиони долари, бил киднапиран и убиен во Обединетите Арапски Емирати заедно со неговата сопруга Ана по неуспешен обид за изнуда. Двојката била намамена на лажен деловен состанок што се претворил во смртоносно киднапирање со цел да се преземе контролата врз неговите дигитални средства, пишува CryptoSlate . Роман Новак бил познато име во Санкт Петербург, каде што ги ...

Речиси половина од албанските граѓани сметаат дека феноменот што ја поткопува националната безбедност е корупцијата и организираниот криминал. – Податоците од анкетата „Барометар за безбедност“ покажуваат дека 47 отсто од граѓаните ја сметаат корупцијата за најголема закана, додека 21 отсто ја наведуваат како втора најголема закана. Овој резултат ја одразува континуираната загриженост за влијанието на корупцијата врз јавните институции и ...

Членот на Централното претседателство на ДПА, Имер Алиу одговарајќи на новинарско прашање дали ќе станат дел од Владата, рече дека сè уште не добиле покана, но и дека нема да ја одбијат доколку добијат. Имери нагласи дека ќе почекаат да видат како ќе се развива ситуацијата во наредните денови. -Не, немаме добиено, но всушност нема да ја одбиеме поканата. Ќе имаме дијалог или дебата, поточно, со сите од сега па натаму, вклучително и со ...

Нашиот европски првак Марко Трајановски денес, 8 ноември, ќе влезе во кафезот во Стефл Арена, Виена – Австрија, каде што ќе се соочи со домашниот борец Мохади Назиров во рамки на middleweight категоријата, во организацијата XCC 3 (Xtreme Combat Championship) – нова, брзо растечка професионална ММА организација со седиште во Виена. По својата прва семипрофесионална победа на најголемиот ММА настан во Македонија – Арммада 14, Марко е подготвен ...

Американската армија им препорача на своите припадници стационирани во Германија да побараат помош од германските народни кујни и институции што дистрибуираат храна на сиромашните поради неисплатени плати заради блокадата на буџетот, објавија денеска германските медиуми. Администрацијата на американската армија стационирана на четири локации во Баварија им даде упатства на својата веб-страница на војниците за тоа како да се справат со ...

Ова се чудни, оловни времиња, ова се зборовите со кои хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денес ја опиша актуелната состојба во Хрватска, Европската унија и светот, предупредувајќи во исто време дека, како што изјави, „Европската унија одамна престана да биде мировен проект, а НАТО одамна престана да биде одбранбен сојуз“. – Како држава, сериозно бараме агенда, програма или тек на дејствување. Што е следното нешто со кое треба да се ...

Здравствениот систем на 21-от век не се гради само со ѕидови, апарати и процедури, туку се гради со податоци, со интеграција, предвидување и дигитална инфраструктура во здравството “, порача министерот за здравство, Азир Алиу во обраќањето на отворањето на Саемот за медицина, стоматологија и фармација – Health Innovation Expo 202, кој денес и утре се одржува во Скопје во организација на Комората на приватно здравство на Македонија. ...

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за ангелите“, упатувајќи порака до правосудните институции дека очекуваат вистинска правда за настраданите. -Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми, затоа што ако институциите продолжат да молчат, луѓето ќе ја изгубат вербата во системот. Исполнете ја вашата должност — не за нас, туку за нашите деца и за иднината на сите други што ...

Три жени, на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи. Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ. Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред ...

Прашкаста супстанца, која може да се покаже како експлозивна, е откриена за време на истрагата на експлозиите во џамија сместена во училишен комплекс во Џакарта, соопшти денеска началникот на индонезиската полиција, Листио Стиг Прабово. Осомничениот за инцидентот, 17-годишен ученик, се уште закрепнува по операцијата, а истражителите не ја исклучуваат верзијата за намерен напад. – Пронајдени се неколку докази кои ја поддржуваат оваа верзија – ...

Победата на Азербејџан во Нагорно Карабах ќе доведе до траен мир со конструктивен став на азербејџанските и ерменските лидери, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додавајќи дека Турција ќе стори сè што е потребно, јави Анадолија. Анкара ја гледа победата на Баку не како крај, туку како пресвртна точка на патот кон траен мир на Кавказот, рече Ердоган во своето обраќање за време на церемонијата во Баку по повод ...

Комбе во кое се превезувале австриски и шпански новинари било нападнато со дрон во близина на фронтот во источна Украина, соопшти денеска Австриската радиодифузна корпорација (ОРФ). Во возилото се наоѓал и дописникот на ОРФ, Кристијан Вершиц. „Дрон нè погоди, но за среќа сите сме добро“, напиша Вершиц на Инстаграм, каде што објави видео снимка од инцидентот направена со неговиот мобилен телефон. Според ОРФ, нападот се случил во областа ...

Зохран Мамдани е новиот градоначалник на Њујорк. Првиот муслиман и најмлад градоначалник на Њујорк во последните 100 години. Тој има 34 години, син на професор на Универзитетот Колумбија и филмски режисер решен да го прераспредели богатството на Њујорк, пишува Форбс . И покрај најдобрите напори на претседателот Доналд Трамп, старата гарда на Демократската партија и повеќе од дваесетина милијардери од целата земја, Зохран Мамдани, 34-годишен ...

Во Сплит се одржа протест од страна на навивачите на ФК Хајдук, таканаречената Торцида, поради апсењето на девет лица кои учествуваа во инцидентот во понеделник вечерта, кога група маскирани мажи го забранија настанот „Денови на српската култура“. Собирот се одржа со поддршка на градоначалникот на ХДЗ, Томислав Шут, кој им даде дозвола да го користат сплитскиот „Рива“, а собирот се одржа и покрај тоа што не беше пријавен во полиција. Според ...

Сите четири одреди на српската жандармерија добиле порака од врвот на МВР на Србија, во која се наведува дека студентите во блокадата наводно имаат план да стапат во приватни контакти со жандармеријата, со цел подоцна да го искористат за компромитирање на членовите на оваа единица, објави весникот „Данас“ кои имале увид во пораката. Содржината на таа порака ја испратиле раководителите на организациските единици на жандармеријата преку Вибер ...

Метео анализа на Славчо Попоски: Обилните врнежи кои ја зафатија нашата Македонија изминатата ноќ ќе продолжат се до вторник (11 ноември) и повремено тие ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи и со засилен до повремено силен ветер од јужен и од југоисточен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина до околу 60 км/час. Локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 35 литри на метар квадратен дожд). И во ...

До почетокот на Светскиот куп во ски скокови има помалку од две недели. Првите натпревари се планирани да се одржат во норвешкиот центар Лилехамер. Но, љубителите на овој спорт има и една „помалку“ убава вест. Зимскиот центар од Финска, Куопио ќе остане без комплексот скокалници. Таму има три скокалници: К120 на која се одржуваат натпревари од Светскиот куп, како и две помали К90 и К65. Проблем претставува скокалницата К90, а бидејќи сите ...

Европската унија ги осуди последните израелски воздушни напади во Јужен Либан и повика на почитување на примирјето постигнато со либанското шиитско движење Хезболах пред една година. – ЕУ го повикува Израел да ги прекине сите дејства што ги прекршуваат резолуциите на ОН и договорот за прекин на огнот постигнат во ноември 2024 година, изјави денеска портпарол на ЕУ за надворешна политика. – Во исто време, ги повикуваме либанската страна, ...

На 08.11.2025 во 02:53 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишија од слобода В.М.(49) од Валандово. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген“ со гевгелиски регистарски ознаки и по преземените мерки било утврдено дека В.М. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека има 1.82 промили алкохол во крвта. На 08.11.2025 во 03:05 часот на бул. ...

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Л.(26) од дебарското село Џепиште, поради постоење основи на сомнение дека ги сторил кривичните дела „грабнување“ и „полов напад и силување“, како и против Е.В.(18) од дебарското село Отишани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „грабнување“. Тие на 06.11.2025 околу 19 часот, во село во дебарско, од куќниот двор насилно внеле 30-годишна жена во патничко возило „ауди“, кое ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
6.17
70%
1014
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
91%
1014
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
71%
1015
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
3.86
91%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
90%
1015
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
3.13
67%
1006
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
67%
1007
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
67%
1009
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
9.77
86%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
1.54
79%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
6.69
48%
1008
weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
76%
1011
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Бакар

10.95

Паладиум

46425.68

Сребро

1878.05

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Цинк

3.23

Платина

52952.77

Кобалт

58.42

Злато

135056.24

Родиум

255598.44

Алуминиум

2.91

Никел

473339.37