Белград
9ᴼ /
7ᴼ
Албанската национална агенција за храна (АКУ) во Скадар повторно блокираше значителна количина пченка увезена од Србија. Овој пат станува збор за околу 75 тони пченка, блокирана на граничниот премин Хан Хоти, на албанско-црногорската граница, со цел да се спроведат лабораториски анализи. Само пред неколку дена, од истиот извозник, блокирани беа 25 тони пченка, со што вкупната блокирана количина досега достигна 100 тони, објавија медиумите ...
Дијана Хрка го напушти шаторот од пред српското Собрание каде што штрајкуваше 11 денови со глад. Како што ветераните изјавија за ТВ Н1, таа заминала по приватна работа и веруваат дека наскоро ќе се врати. Нејзиното заминување ги вознемирило насобраните кои и даваа сите 11 денови поддршка. Попладнево таа изјави дека нејзината здравствена состојба се влошила – рече дека е малаксана, но дека се уште нема да прими инфузија и ќе продолжи со ...
Опозицијата да не шпекулира, само 50-тина договори кои што се во фаза на реализација, се стопирани „Стопирањето на процедурите е од наша страна, по проверката на целиот процес во Агенцијата со ИПАРД средствата ќе продолжи да се реализира”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во „Тема на денот” на Сител телевизија. Трипуновски ги отфрли обвинувањата од страна на опозициската СДСМ дека ЕУ ги ...
Месец октомври годинава бил постуден и надпросечно врнежлив, покажува анализата на УХМР врз основа на многугодишните просечни вредности. Средномесечната температура се движела од 6,7 степени во Маврово до 14 во Гевгелија. Споредено со просечните октомвриски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овој октомври бил постуден за 1,8 степени, на ниво на држава. Највисоката максимална температура, пак, е измерена на 24 ...
Фудбалската федерација на ДР Конго им гарантира на секој играч бонус од еден милион долари ако се квалификуваат на Светското првенство во 2026 година, објави „Sport News Africa“. ДР Конго ќе се соочи со Камерун во полуфиналето од плејофот во квалификациите за Мундијалот во 2026 година. Натпреварот ќе се одржи на 13 ноември и ќе започне во 20 часот. Доколку победи, ДР Конго ќе се соочи со поуспешниот од натпреварот Нигерија – Габон за место ...
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски ги искажа очекувањата за пријателски натпревар против Летонија. „Црвено-жолтите“ утревечер од 18 часот ќе ја пречекаат летонската селекција во пресрет на завршницата од мундијалските квалификации и дуелот против Велс во Кардиф. -Нема потреба да калкулираме или да се штедиме, затоа што имаме доволно време за одмор пред натпреварот против Велс во Кардиф. Ќе се обидеме да ...
Минимална победа постигнаа македонските кошаркарки во првиот натпревар од квалификациите за Евробаскет. Во Скопје попладнево совладана беше Данска со 79:78 (18:21; 21:19; 19:18 и 21:20). Во изедначен натпревар македонските кошаркарки постигнаа важна победа на стартот од новата рунда квалификации. Избраничките на селекторот Александар Ашаданов во првата четвртина водеа со 18:13, но противникот направи серија од 8-0 за водство на крајот на ...
Транспортот во Скопје ќе го решиме единствено ако ги комбинираме проектите за Градски воз, набавка на нови еколошки автобуси и проектот за БРТ, истакна вицепремиерот Николоски во гостувањето на Топ Тема. ” За да го решиме транспортот треба да се направат трите работи паралелно. Едно е возобновувањето на возниот парк на ЈСП со електрични автобуси за што веќе работиме. Второто е решавање на приградските населби со центарот, а тоа е градски воз ...
Глобалната побарувачка за нафта и гас може да расте до 2050 година, соопшти денеска Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), отстапувајќи од своите претходни очекувања за брз премин кон почисти горива и предвидувајќи дека светот веројатно нема да ги исполни климатските цели. ИЕА, западната агенција за надзор на енергетската безбедност, во последните години е под притисок од САД поради нејзиниот фокус на политиките за чиста енергија, бидејќи ...
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, денеска изјави дека земјата нема да го спроведе пактот за миграција на Европската Унија „сè додека има национална, патриотска Влада“ во таа земја. „Брисел издаде наредба. Миграцискиот пакт се активира. Би сакал еднаш засекогаш да бидам јасен: сè додека Унгарија има патриотска Влада, нема да го примениме пактот за миграција“, рече Орбан во видео порака објавена на Фејсбук, пренесе унгарската новинска ...
Американските демократи од Претставничкиот дом денеска објавија три електронски пораки на Џефри Епштајн, во кои се споменува американскиот претседател Доналд Трамп. Осудениот сексуален престапник Епштајн го споменал Трамп неколку пати за време на преписката со долгогодишната соработничка Гилејн Максвел и новинарот Мајкл Волф. Демократите наведуваат дека Трамп знаел дека покојниот Епштајн експлоатирал малолетни девојки. Демократите цитираа ...
Косовската министерка за трговија Розета Хајдари и двајца високи функционери се обвинети за злоупотреба на службена должност во корист на трето лице и откривање државни тајни, објави денеска Обвинителството. Тројцата се осомничени за олеснување на склучувањето договори за купување нафта од Полска и пченица од Турција, за време на пандемијата Ковид-19, во вредност од неколку милиони евра и по цени далеку над пазарните цени, во корист на ...
Со изземањето на службеното лице ќе се избегне било какво влијание директно или индиректно врз носењето на одлуката на Комисијата за избор на кандидати на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права во согласност со принципите на транспарентност, еднаков третман и јавен интерес. Вака одлучија на денешната 25. седница членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) по пристигнатата пријава ...
Заменик-претседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ, денеска во Белград оствари работна средба со потпретседателката на Владата и министерка за економија на Р Србија, г-ѓа Адријана Месаровиќ. На средбата се разговараше за повеќе теми, имајќи го предвид заедничкиот интерес на двете земји за натамошно унапредување и продлабочување на економската соработка, поттикнување на заеднички ...
Министерството за внатрешни работи информира дека во петок ќе уништува гранати во Полицискиот центар во Ѓорче Петров. -Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 14.11.2025 во 07:00 часот во кругот на Полицискиот центар во Ѓорче Петров во Скопје ќе бидат уништени гранати, за кои според стручна анализа е утврдено дека не може да се транспортираат надвор од полицискиот центар, соопштуваат од Минитертвото. Од МВР ...
Не успеа намерата на поедини сили во Бугарија, од инженерски да направат политички проблем, сега имаме конкретен и цврст договор за изградба на заедничкиот тунел од пругата, а гарант за тоа се Европската Унија и САД, истакна во вечерашното гостување во “Топ Тема”, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. -Ова не беше лесна задача и за бугарскиот вицепремиер и министер Караџов и треба да му се оддаде ...
Повеќе од 8.300 луѓе се евакуирани од крајбрежните и планинските области на Тајван поради тропската бура Фунг-вонг. Фунг-вонг имаше сила на супертајфун кога на 9 ноември ги погоди Филипини, предизвикувајќи поплави, лизгање на земјиштето, прекин на електричната енергија и усмрти 27 луѓе. Фунг-вонг сега е со сила на тропска бура и се очекува ветерот да губи брзина и сила како се приближува до Тајван. Во централните и јужните делови на Тајван ...
Венецуела распоредува оружје, вклучувајќи застарена руска воена опрема, и планира герилски отпор во случај на американски воздушен или копнен напад, покажуваат документите за планирање до кои увид имаа британските медиуми. Американскиот претседател, Доналд Трамп, претходно ја покрена можноста за копнени операции во Венецуела, велејќи дека „копното ќе биде следно“ по нападите врз бродовите за кои Вашингтон тврди дека се користат за трговија ...
Во рамките на прославата на јубилејот на Римокатоличката црква, кој се одржува на секои 25 години, папата Лав Четиринаесетти в сабота ќе пречека десетици актери и режисери на собир под назив „Светот на филмот“ во својата официјална резиденција, соопшти Ватикан. Меѓу актерите чие присуство се очекува се Кејт Бланшет, Адам Скот, Крис Пајн, Виго Мортенсен, Елисон Бри и Дејв Франко, како и режисерите Џад Апатоу, Спајк Ли, Џорџ Милер и Гас Ван ...
Израелскиот претседател Исак Херцог доби писмо од американскиот претседател Доналд Трамп во кое го повикува да ја разгледа идејата за помилување на премиерот Бенјамин Нетанјаху, објави денеска неговиот кабинет. Против Нетанјаху веќе неколку години се водат три одделни судски предмети поради наводна корупција, а Трамп постојано бара негово помилување. „Иако апсолутно ја почитувам независноста на израелскиот судски систем и неговите барања, ...
Незаконското одлагање отпад е исклучително профитабилен криминален бизнис каде се вртат милиони евра, а добивките веќе ги достигнуваат оние од трговијата со дрога, наведува словенечкиот портал 24.ур. Од овие причини, словенечката полиција формира посебен оддел кој ќе се посвети исклучиво на решавање на еколошкиот криминал, откако минатата година на ова поле беа поднесени 170 кривични пријави. Полицијата формира оддел со специјализирани ...
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа работен состанок со регионалната директорка на Светска банка за Западен Балкан, Шаошинг Ју, на која беа потенцирани приоритетите на Министерството за унапредување на јавното здравство. -Министерството за здравство е институционално мобилизирано и посветено на темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита, вклучувајќи и интеграција на моделот на долготрајна нега. Овие два сегментa ...
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 157-ма седница ги прогласи Локалните избори 2025 за официјално и конечно завршени. Членовите на ДИК го донесоа и дополнувањето на заклучокот за конечност на резултати од гласањето на вториот круг за избор на градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје и Заклучокот за завршување на локалните избори 2025 за избор на членови на советите на општините, совет на Град Скопје и ...
Територијалната противпожарна единица од Куманово доби современо противпожарно возило со корпа и хидраулична скала висока 32 метри преку донација од Тирол, Австрија. Возилото ќе се користи за интервенции, за спасување од висококатници и вонредни состојби. Претставниците на локалната власт и на ТППЕ Куманово, денеска ги примија претставниците од австриската амбасада и од Тирол. Возилото, значително ги зголемува капацитетите на кумановската ...
На свечена церемонија во „СЦ „Јане Сандански“ денес Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 ноември“ за 2025 година. За најдобар тренер во 2025 година наградата 13 Ноември му се доделува на Кире Лазаров – Тренер на РК Алкалоид, освојувач на титулата ЕХФ Европски куп за мажи 24/25. Од спортските екипи награден е РК Алкалоид – Победник на ЕХФ Европскиот куп за мажи за сезоната 2024/25. Наградата „13 Ноември“ за најдобар спортист ...
МКЦ со задоволство го најавува новото, 50-то издание на Млад отворен театар – МОТ од 19 до 25 ноември. Со внимателно селектирани претстави, концерти и изложба, МОТ оваа година го насочува своето внимание кон македонските автори кои успешно создаваат надвор од границите на државата и во низа половина век постојано отвораат на нови сценски хоризонти. Под насловот „Нашите во светот“, јубилејното издание ја слави интернационалната видливост на ...
Мега парк со богати зелени површини, плоштад, детски катчиња, пешачки патеки и фитнес зони, со содржини наменети за сите возрасти, кој ќе се простира на површина од 8000 метри квадратни, вака го најави новиот проект градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Изградбата на паркот, кој е прв проект ветен во програмата на Ѓорѓиевски, почна денеска. „Денес, заедно со градоначалникот на Бутел Дарко Костовски, го означивме стартот на ...
Турски воен авион Ц-130 што се урна вчера во Грузија веројатно се распаднал во воздух, а екипажот се обидел да го подготви авионот за итно слетување, соопштија турски и меѓународни експерти за авијација. Турскиот воен авион што патувал од Азербејџан до Турција се урна на грузиска територија вчера, при што загинаа 20 турски војници. Нивните имиња беа објавени од страна на турското Министерство за одбрана денеска. Турските, грузиските и ...
Во Црна Гора од почетокот на 2025 година се поднесени вкупно 66 обвиненија поради сомнежи за фалсификувани дипломи за завршено образование, што претставува речиси двојно зголемување во споредба со минатата година – oбјави црногорската национална телевизија РТЦГ. Лани во земјата беше поставен рекорд со 38 обвиненија за фалсификувани дипломи, додека во 2023 година беа поднесени 28 обвиненија. – Фалсификуваните дипломи се еден од најопасните ...
Основниот кривичен суд Скопје го одложи денешното судско рочиште против 25-годишниот скопјанец Фатон Љури, обвинет дека на 1 јули, годинава управувајќи мотор „Кавасаки“ без возачка дозвола, на пешачката патека на кејот на Вардар, во близина на Паркот на Франкофонијата, го прегазил 68-годишниот Југослав Николовски и потоа избегал од местото на настанот. Според одбраната, обвинетиот непосредно пред почетокот на рочиштето се пожалил на болки во ...