Преку производство на сопствена струја од пловечки фотоволтаици ќе се наводнуваат обработливите земјоделски површини преку акумулацијата Паљурци, но и повторно ќе се активираат пумпите за полнење на Дојранското Езеро од Хидросистемот во Ѓавато. Проектот за повторно активирање на Хидросистемот на Дојранското Езеро е веќе подготвен и чека финансирање за да почне да се реализира, вели Ромео Тренов, директорот на Управата за водостопанство, ...

Бројот на работници на автопатските делници кои ги гради конзорциумот “Бехтел и Енка” не само што не е намален, туку е и зголемен, имаме раст на градежните активности за 40% на автопатските делници, а реализацијата на капитални инвестиции на Министерството за транспорт е над 70%, што претставува рекорд во историјата на државата и на ниво на Влада, истакна во гостувањето во “Само Интервју”, заменик претседателот на Владата и министер за ...

Македонија и во 2026 година останува атрактивна дестинација за странски инвестиции, со конкретни најави за нови вложувања и интензивни преговори со голем број компании. Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ истакна дека државата ја менува стратегијата и сè повеќе се фокусира на квалитетни инвестиции кои носат повисока додадена вредност. Најголемото изненадување од неговото гостување е најавата за влез на ...

Велипеток е денот на Христовите страданија. Тие започнуваат уште ноќта, во Гетсиманија. Затоа гетсиманските настани ги вбројуваме во Велипеток. Тие се случувале доцна во ноќта – по полноќ. Според европското мерење на времето – во петок. Патем, од собата на Тајната вечера до Гетсиманија, Христос продолжил со Прошталната беседа и ги поучувал апостолите (Јован 15 и 16 глава). За да биде поуката разбрана и запаметена, го посочил примерот со ...

Денешниот ден- Велики Петок се смета за најтажниот ден во христијанството и на тој ден не се служи литургија во црквите, освен ако не се поклопи со Благовестие. Од Велики Четврток до Велигден не бијат црковните ѕвона зошто во православната црква тие се знак на радост. Православните христијани во недела го одбележуваат Велигден. Велики петок строго се празнува. Тој ден е со црвена боја во календарот и тоа значи дека не се работат ниту ...

Мрачни економски прогнози за Македонија во услови на глобални конфликти и растечка инфлација изнесе економистот Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ. Според неговите анализи, дури и во најоптимистичкото сценарио, граѓаните ќе се соочат со пад на животниот стандард, проследен со забавување на економскиот раст. Јовановиќ остро ја критикуваше ...

Системот за влез во Европската унија (EES – Entry/Exit System) од денеска треба да стане целосно оперативен и да ги регистрира сите странски државјани што ќе ги преминуваат надворешните граница на ЕУ преку кој било копнен премин, пристаниште или аеродром. Со системот што почна да се применува делумно од 12 октомври лани, на надворешните граници на Европската Унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на ...

Поранешниот премиер Димитар Ковачевски во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ упати серија остри критики кон актуелната власт, обвинувајќи ја за недостиг на сопствени проекти и за влошени економски резултати. Според него, државата мора да се води како континуитет, а не како арена за меѓусебни обвинувања помеѓу владите. Ковачевски истакна дека најголем дел од капиталните проекти со кои денес се фали власта, се всушност ...

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници во сообраќајот на зголемено внимание и одговорност особено во деновите од Велигденските празници кога се очекува зголемен интензитет на сообраќај особено кон туристичките места. Со пораката „Секој живот е важен“, РСБСП потсетува дека почитувањето на сообраќајните правила и прописи се најдобриот пријател на безбедноста во сообраќајот. – Безбедноста ...

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, изјави дека се пријавува како прв кандидат за член на анкетната комисија за Кочани во Собранието, реагирајќи на прашањата зошто неговата партија сè уште не предложила свои претставници. „Не знам кој што чека, но јас сум првиот што се пријавувам за член на анкетната комисија. Ако никој нема размислено, ете јас сум првиот – така што половина работа е завршена и имаат едно име помалку за дилема“, изјави ...

Албанската телевизиска водителка Ева Мурати повторно го привлече вниманието на јавноста и своите бројни обожаватели, откако објави ново видео на социјалните мрежи во пресрет на натпреварите од Лигата на шампионите. Триесетгодишната Мурати, која е едно од најпрепознатливите лица на спортските емисии на Tring Sport и Vizion Plus, на својот Инстаграм профил со околу 1,4 милиони следбеници објави видео во кое позира во елегантна црна ...

На бензинските пумпи во Германија веќе една недела е на сила ново правило: цените на горивата можат да се зголемат само еднаш дневно, напладне, а потоа можат да паднат само во текот на денот. Мерката требаше да го забави зголемувањето на цените предизвикано од војната во Иран – но досега не даде резултати. Голем знак на бензинска пумпа во близина на Штутгарт вели – 2,43 евра за литар дизел, објави 4news.mk Цената е висока, но станицата е ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц остро ги критикуваше израелските напади врз Либан. Тој смета дека тие го загрозуваат постигнатото примирје меѓу САД и Иран. Мерц изјави дека Берлин со голема загриженост ја следи ситуацијата на Блискиот Исток, откако САД и Иран претходно неделава се договорија за двонеделно примирје, јави ДПА. – Интензитетот со кој Израел ја води војната [во Либан] може да доведе до пропаѓање на целиот мировен процес. Тоа ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му наложи на својот кабинет да започне „директни преговори“ со Либан „што е можно поскоро“, велејќи дека разговорите ќе се фокусираат на разоружување на Хезболах и воспоставување мирни односи меѓу двете земји. „Со оглед на повторените барања на Либан за отворање директни преговори со Израел, вчера му наложив на кабинетот да започне директни преговори со Либан што е можно поскоро“, рече Нетанјаху во ...

Доналд Трамп побара од Северноатлантската алијанса да преземе конкретни и директни чекори за обезбедување на Ормускиот Теснец – една од најкритичните точки за глобалниот транспорт на нафта. Трамп смета дека САД предолго го носеле најголемиот товар за обезбедување на меѓународните водени патишта на Блискиот Исток. Според него, бидејќи многу европски и азиски земји зависат токму од енергенсите што минуваат низ овој теснец, време е НАТО да ...

Најмалку 303 лица беа убиени, а 1.150 ранети во израелските воздушни напади низ Либан во среда, соопшти либанското Министерство за здравство. Екипите за итни случаи сè уште се обидуваат да извлечат тела под урнатините на срушените згради на неколку места. Израел соопшти дека во среда нападнал повеќе од 100 командни центри на Хезболах и воени објекти во најголемиот бран напади во Либан од почетокот на војната. Бројот на убиени лица во ...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, во четвртокот оствари телефонски разговор со својот руски колега, Сергеј Лавров, во кој двајцата претставници разговараа за договорот за прекин на огнот меѓу Иран и САД и за моменталната состојба на Ормутскиот теснец. Во разговорот, Арагчи „ја нагласи одговорноста на Соединетите Американски Држави да ја исполнат својата обврска за прекин на војната во сите области, вклучително и во ...

Новиот Европски систем за патници (EES), кој од полноќ почнува со целосна примена за граѓаните надвор од ЕУ, денеска предизвика хаос на аеродромите и на граничните премини. На повеќе аеродроми редот за пасошка контрола денеска достигна и до 7 часа, а патниците се жалат на проблеми со биометриските скенери и недостаток на персонал. „Системот не ме евидентираше кога го напуштив Цирих, па официјално изгледаше како да сум во ЕУ целиот период. ...

Го намаливме ДДВ-то најмногу во целиот регион, а потоа интервениравме и со акцизата што позитивно влијаеше имајќи предвид дека целокупната инфлација во март оваа година споредена со март минатата година е само 0,7 %. Има одредени шпекулативни однесувања на пазарот со цените и во вторник на редовната седница на Влада ќе ги гледаме извештаите на Министертвото за економија и на таа основа ќе преземеме мерки, истакна вицепремиерот Александар ...

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија м-р Ненад Савески денеска оствари работен состанок со тим на Државниот завод за ревизија предводен од Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Заменик-главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми. На состанокот беше изразено задоволство од досегашната меѓуинституционална соработка, а се разговараше и за нејзино продолжување и продлабочување со посебен акцент на унапредување на ...

Дел од семејствата на жртвите од трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ денеска остварија средба со директорот на Институтот за судска медицина, д-р Александар Станков. Главна тема на разговор беа токсиколошките анализи од обдукцијата, за кои родителите веќе подолго време бараат одговори. Судска медицина: Доказите се предадени на Обвинителството По средбата, директорот Станков појасни дека Институтот ја завршил целата своја ...

Автопатот Кичево–Охрид, кој се гради повеќе од 12 години останува без поддршка од кинеската Ексим банка и со ново задолжување кај домашни банки. Долгогодишниот проект за изградба на автопатот Кичево–Охрид се соочува со нов пресврт, откако престана финансирањето од кинеската „Ексим“ банка, а државата најавува дека остатокот ќе го покрие со кредити од домашни банки. Премиерот Христијан Мицкоски призна дека процесот не поминал без проблеми. ...

Глобалните геополитички тензии, особено случувањата поврзани со Иран, имаат индиректно влијание врз економијата и работењето на компаниите, но фирмите во технолошко-индустриските зони сепак покажуваат стабилност и раст. Ова го истакна директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ. Според него, најголемиот притисок доаѓа преку растот на цените на енергенсите, особено гасот, кој значително поскапел во изминатиот ...

Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, во гостувањето на „Ноќно студио“ на 4ТВ, истакна дека целата светска економија се соочува со сериозни притисоци поради актуелните глобални тензии. Според него, секоја одговорна компанија во овој период веќе подготвува детални планови и стратегии. Целта на овие чекори е навремено позиционирање и создавање механизми кои ќе помогнат максимално да се ублажат негативните последици и ризици што произлегуваат ...

Добро е што ние водиме достоинствена политика, не правиме понижување ниту на себе, ниту на сопствената нација и држава и не коленичиме, туку достоинствено ја водиме политиката и ставот за ЕУ ни е јасен, рече вицепремиерот Николоски во емисијата Само Интервју, одговарајќи на прашањата за влезот на Македонија во ЕУ. ” Тоа што е до нас, го правиме. Еве во Планот за раст сме далеко пред земјите во регионот и тоа може да се види во новиот ...

Во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, направи детална демистификација на бројките поврзани со странските директни инвестиции (СДИ) и најави нов инвестициски бран кој ќе донесе високоплатени работни места. Димовски појасни дека според меѓународната методологија (Balance of Payment, издание 6), приливот на инвестиции се состои од две клучни варијабли: сопственички капитал (со реинвестирана ...

Поранешниот премиер и екс-лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, во емисијата Ноќно студио на 4ТВ откри дека постои комуникациски јаз во партиските редови кога станува збор за јавните настапи на пратениците. На прашањето дали има одобрение од Извршниот одбор на СДСМ за неговото гостување, Ковачевски низ шега појасни дека ги испочитувал процедурите за информирање, но повратна реакција изостанала, објави 4news.mk „Па ги информирав, но никој не ...

Поранешниот премиер и екс-лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, во гостувањето во „Ноќно студио“ на 4ТВ, упати остра критика до актуелната власт во однос на справувањето со ценовните шокови. Според него, граѓаните веќе се соочуваат со „европски цени“ на велигденската трпеза, додека инфлацијата директно го јаде семејниот буџет. Како што вели мерките донесени од Владата се задоцнети и недоволни за да го спречат растот на цените, објави ...

Поранешниот премиер и екс-лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, во гостувањето на „Ноќно студио“ на 4ТВ, предупреди дека македонската економија се наоѓа во исклучително тешка позиција поради глобалниот пад на бруто-домашниот производ (БДП) и високата инфлација. Според него, овие фактори вршат огромен притисок врз буџетскиот дефицит, што ќе наложи итни кратења на трошоците, објави 4news.mk Ковачевски посочи дека Владата е исправена пред тежок ...

Поранешниот премиер Димитар Ковачевски вечерва во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ упати остри критики кон актуелната власт, обвинувајќи ја дека преку политички ПР ја прикрива реалната економска состојба во државата. Според Ковачевски, наративот дека Македонија е регионален лидер кој им помага на соседите не се темели на факти, туку претставува обид за создавање погрешна перцепција кај јавноста. „Ние ништо немаме добиено бесплатно. Сето ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
72%
1016
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
3.6
43%
1014
weather icon

Загреб

17ᴼ / 16ᴼ
2.57
81%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 19ᴼ
1.03
41%
1016
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.75
55%
1015
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 19ᴼ
1.34
46%
1012
weather icon

Атина

25ᴼ / 21ᴼ
4.63
46%
1018
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
2.57
31%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
52%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 24ᴼ
4.12
41%
1015
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
8.75
56%
1013
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
46%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9791

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Платина

66744.95

Алуминиум

3.53

Иридиум

253540.09

Сребро

2534.46

Злато

152465.86

Бакар

12.46

Рутениум

51376.89

Паладиум

49351.40

Калај

52.70

Родиум

319899.93

Цинк

0.00

Кобалт

45.39