Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст денеска почина познатиот хирург, професор и доктор Владо Јаневски, сопруг на министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Јаневски важеше за истакнат медицински професионалец кој зад себе остави длабока трага во областа на хирургијата и медицинската едукација. Во текот на својата долгогодишна кариера, тој беше препознаен по својата посветеност кон пациентите, но и по ангажманот во ...
Уставниот суд информира дека почнува историски исчекор кон целосна институционална отвореност, отпочнувајќи ја најголемата реформа во областа на транспарентноста од своето постоење. Од 4 март, првпат во историјата, јавноста ќе може да ги следи седниците во живо, преку официјалната веб-страница и дигиталните канали на Судот на Јутјуб и Фејсбук. Седницата ќе биде достапна преку следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=vOjp-gcskNA. ...
Согласно последниот развој на безбедносната состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека во рамки на институцијата е формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата и е достапен 24 часа дневно за сите потреби поврзани со помош, поддршка и асистенција на македонските државјани. Министерството апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја ...
Сите повредени лица, блиски членови на семејствата на починатите, како и други лица кои биле присутни за време на настанот, се повикуваат во периодот од 2 март 2026 година (понеделник) до 6 март 2026 година (петок), во терминот од 09:00 до 18:00 часот, да се обратат во просториите на Одделението за внатрешни работи Кочани, на улица „Тодосија Паунов“ бр. 12. Целта на повикот е враќање на личните предмети кои биле пронајдени на местото на ...
Иранска ракета погоди воена база во Кувајт каде што се стационирани италијански војници. Официјалните лица пријавија „значителна штета“ на пистата, но беше потврдено дека нема повредени војници. талијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани го потврди нападот, велејќи дека во базата имало околу 300 италијански војници и дека целиот персонал е безбеден и неповреден. Според извештаите на новинската агенција АФП, ракетата ...
И Хутите ќе се вклучат во војната, планираат напади врз Израел откако двајца високи претставници на јеменското движење им изјавија на АП дека Хутите решиле повторно да почнат напади со ракети и дронови врз бродски рути во Црвеното Море и врз Израел, во поддршка на Иран. Засега, според истите извори, нема официјално јавно соопштение од врвот на движењето, но пораката е доволно јасна за да го засили стравот од уште поширока регионална ...
Меѓународниот аеродром во Дубаи, најпрометниот центар во светот, ги суспендираше сите летови на неодредено време по серијата ирански ракетни напади врз арапските земји од Персискиот Залив. Суспензијата на сообраќајот на меѓународните аеродроми во Дубаи (DXB) и Ал Мактум (DWC) беше објавена од страна на Управата за аеродроми во Дубаи, наведувајќи ја потребата да се даде приоритет на безбедноста во услови на ескалација на регионалните ...
Во израелскиот напад врз женското училиште во иранскиот град Минаб, најмалку 43 ученички беа убиени, а 63 беа ранети, објави иранската новинска агенција ИРНА. Гувернерот на покраината Минаб, Мохамед Радмер, потврди дека училиштето Шаџареја Тајабех било директно нападнато и дека неколку ученици биле убиени. Тој рече дека се во тек спасувачки и помошни операции, додавајќи дека безбедносната ситуација во градот е под контрола. Иранската ...
На 27.02.2026 околу 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош била пронајдена 16-годишна малолетничка во безсознание. Таа била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза” за укажување на лекарска помош, а кај неа биле пронајдени мало шише со бела прашкаста материја и бела грутчеста материја, а со неа бил и П.С.(18) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР. На 27.02.2026 околу ...
На 27.02.2026 околу 06:10 часот во СВР Битола е пријавено дека на локален пат за с.Обедник, демирхисарско, се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „хјундаи” со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од С.С.(45) од с.Обедник излетало од коловозот. По несреќата С.С. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничка болница Битола, каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната ...
Во врска со актуелната безбедносна состојба во регионот, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги информира македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Државата Катар, Обединетите Арапски Емирати, Државата Кувајт и Кралството Бахреин внимателно да ги следат официјалните информации и да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции на земјите домаќини. Ги потсетуваме нашите државјани дека во ...
Министерството за одбрана на Обединетите Арапски Емирати соопшти дека земјата била подложена на „очигледен напад од ирански балистички ракети“. Додадено е дека системите за воздушна одбрана на ОАЕ „работеле многу ефикасно“ и успешно пресретнале повеќе ракети. И покрај ова, остатоци паднаа врз станбена зона во Абу Даби, предизвикувајќи материјална штета и смрт на азиски цивил, чиј идентитет не е објавен. Министерството го осуди нападот ...
Велика Британија денес, по американско-израелските напади врз Иран, објави дека „не сака да види понатамошна ескалација во поширок регионален конфликт“. Тој додаде дека Велика Британија има низа одбранбени капацитети во регионот на Блискиот Исток и е подготвена да ги заштити своите интереси. Би-Би-Си објави дека Велика Британија не учествувала во нападите на САД и Израел врз Иран. Се очекува премиерот Кир Стармер денес да претседава со ...
Израелските напади врз Иран беа насочени кон врховниот лидер на Иран, ајатолахот Сејед Али Хамнеи, и претседателот Масуд Пезешкијан. АПА објави дека анонимен израелски функционер му кажал на „Тајмс оф Израел“ за нападот. Беше објавено дека во нападите биле цел на највисокото воено и политичко раководство на Иран. Сепак, резултатите од нападите сè уште не се познати. Треба да се напомене дека претходно, иранските медиуми ги негираа ...
На 27.02.2026 во 21:05 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиja од слобода Г.Ц.(38) од Кавадарци. По добиени оперативни сознанија и по претходно добиена судска наредба од Основен суд Кавадарци, бил извршен претрес во домот и помошни простории на Г.Ц., каде биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, марихуана, семки од канабис и дробилка со остатоци од марихуана. Тој бил задржан во полициска станица, ...
Еден од најважните органи за транспарентноста на институциите и на демократијата – Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, веќе три месеци не работи. Причина за тоа е што по завршувањето на мандатот на директорката во декември 2025 година, не е избран нов директор. Иако претходната директорка Пламенка Бојчева пред заминувањето на 25 декември дала овластувања на службите во Агенцијата таа ...
Изјава за медиуми на Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ: Почитувани, СДС беше сојузник на криминалот на Груби, затоа денеска толку силно го бранат. Откако се излетаа со различни тези, соопштенија и прес-конференции, од СДС не поставија ниту едно пратеничко прашање кон претставниците на Владата за Артан Груби. Дури имаат и страв кога ќе се спомне името на Артан Груби, па избегаа од собраниската сала. Филипче, Заев, Спасовски, Зечевиќ и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес ги повика припадниците на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, вооружените сили на Иран, да го положат оружјето, ветувајќи дека за возврат ќе им биде даден имунитет. Втората опција, според Трамп, е „сигурна смрт“. Трамп рече дека САД започнале „големи борбени операции“ во Иран, предупредувајќи дека може да има американски жртви. Нападите, за кои Трамп тврди дека имаат за цел уништување ...
Според бахреинската државна новинска агенција БНА, центарот на Петтата флота на американската морнарица „бил изложен на ракетен напад“ утрово. Петтата флота на американската морнарица управува со операциите на Блискиот Исток, вклучувајќи го Персискиот Залив, Црвеното Море, Арапското Море и делови од Индискиот Океан. Министерството за внатрешни работи на Бахреин објави на X дека се активирани сирените за предупредување и ги повика ...
Црногорската полиција во сабота го уапси бизнисменот Александар „Ацо” Ѓукановиќ, брат на поранешниот претседател и премиер на Црна Гора Мило Ѓукановиќ. Приведувањето дошло по повеќечасовен претрес на неговиот стан во центарот на Подгорица и на семејната куќа во никшиќкото населба Растоци, при кој биле пронајдени три пушки, полициска опрема и панцир. Акцијата е спроведена по налог на Основното државно обвинителство. Полицијата уште во ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчи и бeга од темата за Артан Груби. СДС пласира низа лаги и конструкции во јавноста а потоа на седницата за пратенички прашања молк, ниту пратеничко прашање ниту пак името да му го спомне на Груби. Секогаш кога станува збор за конкретна одговорност и соочување со фактите кај СДС владее тишина. Молкот од страна на СДС за Груби е индикативен и отвора сериозни сомнежи за причините за ваквото ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел внимателно да ги следат официјалните национални портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции. Ресорното министерство објави и СОС-контакти доколку граѓаните имаат потреба од помош, а посочи и дека воздушниот простор над Израел е затворен за цивилни летови. ...
Изјава за медиуми на Јон Фрчкоски член на ИО на СДСМ: Најновиот скандал е окупацијата на Развојната банка поради бизнис интересите на Мицкоски и ВМРО-ОКГ. АКТ откива, како шемите на Мицкоски од хидроцентралите се шират во институциите. Ефимија Димовска, сопруга на бизнис-партнертот на Мицкоски во хидроцентралите, е назначена за прв човек на Развојната банка. Нејзиниот сопруг, Димитар Димовски е долгогодишен бизнис-партнер на Христијан ...
Иран се подготвува да возврати по утринските напади на Израел и САД, изјави официјален претставник од Техеран за новинската агенција Ројтерс. Службеникот изјави за агенцијата дека „одговорот ќе биде катастрофален“. Не е јасно што конкретно значи ова или кои цели би можел да ги таргетира Иран. Израел во саботата објави дека започнал превентивен напад врз Иран, туркајќи го Блискиот Исток во нов воен конфликт и дополнително намалувајќи ги ...
Првото предупредување за претстојни ракети во Израел беше упатено утрово околу два часа откако САД и Израел почнаа да вршат напади врз Иран. Во известувањето од Командата за внатрешна одбрана, испратено директно на мобилни телефони, се предупредува дека се очекуваат предупредувања во областа „во следните неколку минути“ и дека граѓаните треба да се подготват за влез во заштитеното подрачје. Израелската војска соопшти дека идентификувала ...
На 28.02.2026 во 01:38 часот, кај месноста „Копачка”, во близина на Кичево, лишен од слобода е З.Р.(32) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел” со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршено алкотестирање, биле утврдени 2,19 промили алкохол во крвта. Возачот веднаш е исклучен од сообраќај, а по наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно ...
Пишува Мирослав Трлин, дипломиран економист во пензија Попреченоста не е најголемиот страв на родителите. Најголемиот страв е неизвесноста — што ќе се случи со нивното дете кога тие повеќе нема да бидат тука? Во Македонија нема единствен регистар на деца со попреченост. Податоците се фрагментирани, а многу деца остануваат недијагностицирани. Системот официјално обезбедува образование, здравство и социјални услуги, но во реалноста тие ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Под влијание на стабилна и сува воздушна маса од југ викендов времето во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Наутро во дел од котлините особено оние котлини во Повардарието ќе има појава на магла и на ниска облачност. Во Скопје и околината викендов времето ќе биде претежно сончево со слаб променлив ветер. Наутро во дел од котлината ...
Израел започна, како што го нарече, „превентивен напад“ врз Иран соопшти израелскиот министер за одбрана Кац Кац изјави дека операцијата има цел „елиминирање на непосредните закани“ за Израел по што прогласи „посебна и постојана вонредна состојба“ на територијата на целата земја. Експлозии во Техеран Иранските медиуми јавуваат дека во центарот на Техеран се слушнале најмалку три силни експлозии. Според агенцијата Фарс, повеќе проектили ...
Израел објави дека започнал превентивен напад врз Иран, туркајќи го Блискиот Исток во нов воен конфликт и дополнително намалувајќи ги надежите за дипломатско решение на долготрајниот нуклеарен спор на Техеран со Западот, јавуваат светските агенции. Нападот, кој се случи откако Израел и Иран влегоа во 12-дневна воздушна војна во јуни, доаѓа по повторените предупредувања од САД и Израел дека ќе нападнат повторно ако Иран продолжи со своите ...