Белград
9ᴼ /
8ᴼ
Синоќа, во доцните часови, со спреј е вандализирана канцеларијата на Левица во Аеродром, соопшти партијата. Оттаму обвинуваат дека тоа е дело на вандали поддржани од власта на ВМРО-ДПМНЕ. „Вандалите поддржани од власта на ДПМНЕ повторно се обидоа да покажат моќ, односно со спреј ја вандализираа канцеларијата на Левица – ЛО Аеродром. Очигледно е: кога немаат аргументи, се служат со вандализам и заплашување. Но, ако мислат дека со тоа ќе не ...
Последниот месец од есента носи бројни астролошки случувања. Ноќта на 5 ноември веќе бевме сведоци на најголемата супермесечина во годината, која влијаеше врз секој хороскопски знак. Од 9 ноември започна ретрограден Меркур, кој ќе трае до 29 ноември. Оваа планета, одговорна за патувањата, технологијата и сите видови логистика, ќе се движи ретроградно, означувајќи го својот конечен пресврт во годината. Јупитер исто така ќе тргне по стапките ...
Случајот со смртоносното труење на германското семејство во Истанбул станува сè помистериозен. Во саботата во болница биле примени уште двајца туристи од истиот хотел, а полицијата уапсила уште тројца осомничени поврзани со употреба на хемикалии во објектот. Според информациите од обвинителството, уапсени се сопственикот на хотелот, синот на сопственикот на фирмата за дератизација и вработениот кој бил задолжен за прскање со хемикалии. ...
Владите на европските и блискоисточните земји преземаат активни чекори за зачувување на имотот на рускиот енергетски гигант „Лукоил“ откако САД не дозволи тој да биде продаден на компанијата „Гунвор“. Во Русија, пак, се води дебата дали треба да се брза со продажбата и тоа да се направи на еден купувал или имотот да се нуди во парчиња. Проблемот со имотот на компанијата во странство настана откако САД воведоа санкции врз руската компанија. ...
Во раните утрински часови денеска, во дом на подрачјето на општина Карпош, бил пронајден починат 55-годишен маж, информира Министерството за внатрешни работи. Според пријавата, случајот бил пријавен во СВР Скопје околу 01:10 часот, а станува збор за лицето З.С. (55) од Скопје. Екипа на Итната медицинска помош излегла на местото и констатирала смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено ...
Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа околу 23:10 часот на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, при што животот го загубил 56-годишниот С.Х. од Скопје, соопшти МВР. Според првичните информации, во незгодата учествувале патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од починатиот, и патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 28-годишниот Ф.П. од Скопје. „Од здобиените повреди на ...
Тешка сообраќајна несреќа се случила на периферијата на Равена, во близина на каменолом, каде при судир на два камиона загина 60-годишен маж, а едно лице е повредено. Загинатиот е државјанин на Македонија кој живеел во Луго повеќе од две децении, пренесува Скопје инфо. Според првичните информации, несреќата се случила кога два камиона кои се движеле во спротивни насоки — едниот влегувал, а другиот излегувал од каменоломот — се судриле со ...
Украина работи на продолжување на размената на воени заробеници со Русија, а планот е да се вратат околу 1.200 од нив, објави денес претседателот на таа земја, Володимир Зеленски, откако шефот на националната безбедност, Рустем Умеров, потврди напредок во преговорите. „Сметаме на обновување на размената на воени заробеници“, напиша Зеленски на X и додаде дека состаноците за да се осигури дека постапката е во тек. Секретарот на Советот за ...
СВР Штип во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава против Д.А (74) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство” по член 123 и “противправно лишување од слобода” по член 140 од Кривичниот законик. Toj се сомничи дека во домот во кој живее во Штип без нејзина волја ја држел Б.Н.(79) од Штип, а потоа со остар предмет и нанел убодни рани од кои починала, по што телото го ...
Интегрален текст од прес-конференција на Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ: Почитувани сограѓани, почитувани претставници на медиумите, Реформите и напредокот во СДС, не се во прв план на Филипче. На него во прв план му е реализацијата на зацртаните планови кои му ги наредува менторот Заев. Криминалното дуо Филипче-Заев, не се откажува од претседателската фотелја во СДС, па макар тоа и ги довело до уништување на партијата. Заев се уште му ...
Од 17 до 19 ноември 2025 година, на покана на командантот на Командата на здружени сили – Неапол (Joint Force Command Naples – JFC Naples), делегација на Армијата предводена од Началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски, ќе учествува на дводневната Координативна конференција на Командантите на јужното крило на НАТО, која ќе се одржи во Неапол, Република Италија. На конференцијата на која ќе учествуваат началниците на ...
Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ направи историски подвиг: за само два дена филмот освои шест престижни награди на три различни филмски фестивали ширум Европа. На Босфорскиот филмски фестивал (@bogaziciff) филмот доби Специјална награда на жирито и награда за најдобар актер за Ариф Јакуп. На Севилскиот европски филмски фестивал (SEFF) (@festivalsevilla), Ahmet повторно ги воодушеви жирито и публиката, освојувајќи Гран При на жирито и награда ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свечената академија по повод 100-годишинината од основањето на Планинарскиот клуб „Љуботен”, одржана под нејзино покровителство во Домот на културата „Иљо Антески – Смок” во Тетово. На настанот се обратија и претседателот на ПК „Љуботен”, Јован Божиноски и претседателот на ФПСМ, Зоран Читкушев. Честитајќи го овој значаен јубилеј, таа им изрази особена благодарност на многуте генерации ...
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, најави ново правило со кое секој нов проект за изградба ќе придонесува за зголемување на зеленилото во општината. Според новото правило, за секои 10 м² новоградба, на јавните површини ќе мора да се засади по една нова садница дрво. „Секоја нова градба ќе носи дел од природата назад во нашиот град“, истакна Митески, нагласувајќи дека Аеродром започнува нов мандат со цел повеќе зеленило и ...
Соопшштение за јавност на Левица: Синоќа, во доцните часови, вандалите поддржани од власта на ДПМНЕ повторно се обидоа да покажат моќ, односно со спреј ја вандализираа канцеларијата на Левица – ЛО Аеродром. Очигледно е: кога немаат аргументи, се служат со вандализам и заплашување. Но ако мислат дека со тоа ќе не заќутат, тропнале на погрешна врата. Членовите на Левица се цврсто убедени во своите ставови и нема сила што може да нѐ натера да ...
Португалија е погодена од разорен налет на торнадото „Клаудија“, по кое, според официјалните информации, три лица загинаа, а најмалку 28 се повредени, додека стотици домови и објекти се оштетени или уништени. Олујата што деновиве ја зафати Португалија, Шпанија, Британија и Ирска предизвика екстремни временски неприлики, поплави, силни ветрови и сериозни материјални штети. Спасувачките тимови пронашле тела на постар брачен пар во нивната ...
Руските напади со беспилотни летала во текот на ноќта оштетија станбени згради и цивилна инфраструктура во Украина, вклучително и соларна електрана во регионот Одеса, соопштија властите денес. Русија испали ракета „Искандер“ и 176 дронови, соопштија украинските воздухопловни сили, истакнувајќи дека собориле или онеспособиле 139 дронови со електронско блокирање. Останатите 37 погодиле 14 различни локации, се вели во соопштението. ...
Словенечката влада одобри закон со кој ќе се воведе задолжителен божиќен бонус за сите вработени, објавија локалните медиуми. Бонусот за зимски празници ќе биде половина од минималната плата, што значи дека оваа година ќе изнесува 639 евра. Според вчера усвоената регулатива, рокот за исплата на бонусот е најдоцна 18 дена по истекот на рокот за исплата на плати во ноември. Доколку компанијата има тешкотии со ликвидноста, парите може да се ...
На 16.11.2025 во 06:45 часот на улица „Вардарска“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Т.М.(40) од Велес. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „форд галакси“ со велешки регистарски ознаки со брзина од 94 километри на час во населено место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 40 километри на час. На 16.11.2025 во 04:15 часот на ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги ...
Прес конференција на Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ: Почитувани граѓани, Поминуваат денови од откривањето на еден од најстрашните скандали во македонското здравство со непотребни операции на срце направени во приватни клиники. Наместо експресна реакција, наместо објавување на сите информации, наместо одговорност власта со денови молчи. Сè уште нема изнесено целосни информации пред граѓаните, не е објавен извештајот, ...
Јас прашањето за опстанокот, функционирањето на СДСМ не би го врзувала само со една личност, рече пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска во интервју за РСЕ. Осврнувајќи се на состојбите во партијата, Петровска порача дека на СДСМ му е потребен тим на докажани луѓе кои ќе ја вратат партијата на победничките патеки. „Мислам дека е многу важно после овој изборен пораз и после сите анализи, дискусии, дебати коишто ќе се направат, СДСМ да ...
Градскиот мешан хор „Вардар“ вечер ќе одржи концерт во Музејот на македонската борба за самостојност. Се работи за завршен концерт од проектот „Од Вардар за Вардар“ по повод 25-годишниот јубилеј. Како гости на концертот ќе настапат: Градскиот камерен хор „Астибо“ –Штип и Градскиот мешан хор „Балтепе“ –Тетово. Диригенти на концертот ќе бидат Јасмина Ѓорѓеска – Каро и Ивана Јанков, а како пијано придружба ќе настапи Андреј Наунов. Градскиот ...
Тринаесет лица се повредени, од кои двајца потешко, откако автомобил се заби во гледачите на демолиционо дерби во југоисточна Австралија. Несреќата се случила вчера вечерта во градот Валча, соопшти полицијата, според Би-Би-Си . Инцидентот се случил кога возило вклучено во трката се пробило низ заштитна ограда и на трибините, соопшти полицијата на Нов Јужен Велс во соопштението. Трката била дел од годишното рели за мотоцикли „Волча“, дерби за ...
Седницата на Комисијата за финансирање и буџет каде се разгледува Предлог Буџетот за 2026 година, ќе продолжи утре, понеделник во 12 часот. На вчерашната седница, пратениците од власта го бранеа Буџетот како одржлив и развоен. Според Емил Спасовски од ВМРО-ДПМНЕ, се работи за исклучително развоен буџет со вклучена социјална компонента. „За 2026 година се предвидува 3,8 отсто раст на БДП, што не е случајно, туку следува по трите квартали ...
Изминативе денови, во речиси сите маркети дојде до значително зголемување на цената на јајцата. Според она што се гледа од терен, но и сведоштва на купувачите, цената на јајцата е зголемена за нaд 10 проценти. Тоа значи дека ако една табла со 30 јајца (Л класа) се продавала по цена од 280 денари, сега се продава по цена од 310 денари, односно мала табла од 10 јајаца (М класа) која се продавала по цена од 90 денари, сега чини 105 денари. Ова, ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Од вторник (18 Ноември) па се до крајот на следната седмица нашата Република Македонија и целиот регион ќе бидеме под влијание на низок воздушен притисок односно циклонски систем со центар над Џенова. Токму поради ова од запад во нашата Македонија во вторник ќе се прошируваат обилни врнежи од дожд кои ќе бидат проследени со засилен повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 ...
Секогаш има кадри, има и млади генерации има луѓе кои се пасивизирани кои можат да се вклучат, треба со нив да се разговара, порача во интервју за ТВ Сител, поранешниот генерален секретар на СДСМ, Андреј Петров. „Треба да има ентузијазам во раководството на СДСМ, треба да има храброст без храброст ништо не се прави. Треба да има доволно политичко искуство, доволжно желба за соработка, да нема конфликтвни ситуации внатре.“ вели Петров. Според ...
Петнаесет забрани за вршење на дејност изрече Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамки на 445 инспекциски контроли кои ги спроведе во изминативе десеттина дена. Како небезбедни, АХВ заплени и нештетно уништи 696 килограми небезбедна и храна од непознати добавувачи. Акцент со контролите беше ставен на објектите и операторите со храна кои се наоѓаат во непосредна близина на училиштата ( основни и средни) од каде ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Најавите на Венко Филипче за промени во партијата засега почнаа и завршија со неговиот партиски другар, Александар Трајановски. Само неговиот партиски другар Трајановски кој влезе во изборите знаејќи на самиот старт дека е губитник, прифати да биде потпретседател на СДС. Од најавите за нови кадри и реформи на Филипче не бидна ништо, тешко и дека ќе бидне, бидејќи следејќи ги настаните во партијата сè се ...