Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, денеска, за време на телефонскиот разговор со неговиот француски колега Жан-Ноел Баро, изјави дека неуспехот да се постигне договор во преговорите меѓу Иран и САД, со посредство на Пакистан, се должи на прекумерните барања и промените во позициите на Вашингтон. „Исламската Република Иран, и покрај апсолутната недоверба кон американската страна, влезе во преговорите со одговорен пристап ...

На 13.04.2026 во 16:05 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Кленоец“ во Охрид, патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(52) од с.Горно Лакочереј, охридско, удрило во пешакот А.Н.(55) од с.Свиништа, охридско и го напуштило местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. По преземени мерки од страна на полициски ...

Остатоците од традиционалната велигденска трпеза, воглавно може да се чуваат во фрижидер најмногу три до четири дена. На пример, варените јајца треба да се искористат во рок од една недела, но само ако цело време биле чувани во фрижидер и не се оштетени. Печеното месо може да се консумира до четвртиот ден, под услов веднаш по оброкот правилно да се олади и да се чува во затворен сад. Доколку храната не се искористи во овој рок, се ...

Со цел да се одбележи Меѓународниот ден на растенијата, здружението “Полимат 13” од Богданци овој месец повторно спроведува организирани посети на живеалиштето на ендемичната билка астрагалус која во Македонија расте токму на подрачјето на Општината Богданци. Важноста на растението со латинското име Astragalus physocalyx, како што велат во здружението е во тоа што претставува балкански ендемит, кој се наоѓа на Глобалната црвена листа на ...

Овен Денес сте исполнети со силна енергија и желба за акција. Чувствувате дека мора да се движите напред и дека не сакате да чекате другите да донесуваат одлуки. На работа ќе се појави можност да покажете иницијатива и лидерство, но важно е да не брзате премногу и да ги сослушате и другите. Може да дојде до мала напнатост со колеги ако се обидете да наметнете свое мислење. Во љубовта, страстите се засилени и денот носи динамика. Ако сте ...

Американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“ и два разорувачи се забележани во близина на Оманскиот Залив пред почетокот на американската поморска блокада поврзана со Иран, објави Би-Би-Си. Според анализата на сателитските снимки од BBC Verify, носачот на нуклеарен погон се наоѓа на источниот крај на Оманскиот Залив, околу 200 километри јужно од брегот на Иран. Ова е најблиската позиција на тој брод до иранска територија од ...

Цените на нафтата скокнаа денес на меѓународните пазари кон 102 долари, а инвеститорите се загрижени дека поморската блокада на Иран од страна на САД ќе ги направи испораките од регионот на Персискиот Залив уште поретки. На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше за 6,65 долари поскапо попладне отколку на затворањето на трговијата на крајот од минатата недела, на 101,85 долари. На американскиот пазар, беше поскап за 6,07 долари, на 102,64 ...

Кина денес изјави дека меѓународната заедница треба да заземе „јасен став“ против дејствијата што го поткопуваат сегашното примирје меѓу САД и Иран, дури и кога стапи на сила американската блокада на критичниот Ормутски Теснец. „Меѓународната заедница треба да продолжи да ги засилува напорите за промовирање на мировните преговори и да заземе јасен став против какви било дејствија што го поткопуваат прекинот на огнот или го ескалираат ...

Виктор Орбан вечерва повторно се огласи по поразот на изборите. Лидерот на Фидес испрати порака на својот профил на социјалните мрежи до гласачите кои гласаа за неговата партија на парламентарните избори одржани на 12 април, пишува унгарскиот весник Индекс . „Драги сонародници, денес е јасно дека на вчерашните избори повеќе од 2,25 милиони гласачи ја поддржаа листата и кандидатите на Фидес-КДНП. Националната опција, нашата политичка ...

Европската унија ќе ги заостри правилата за увоз на челик, со цел заштита на домашните производители од зголемената конкуренција на светскиот пазар. Претставници на земјите-членки и на Европскиот парламент доцна синоќа се согласија годишната квота за бесцарински увоз на челик да биде ограничена на 18,3 милиони тони, што претставува намалување од околу 47 проценти во однос на досегашното ниво. Дополнителниот увоз над утврдената квота ќе ...

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека е „тажен“ поради поразот на унгарскиот премиер Виктор Орбан на изборите, притоа нагласувајќи дека САД се подготвени да соработуваат со неговиот наследник, конзервативецот Петер Маѓар. – Ме растажува што изгуби, но сигурен сум дека ќе соработуваме многу добро со следниот унгарски премиер – рече Венс во интервју за Фокс њуз. – Многу добро знаевме дека постои голема веројатност Виктор да ...

Северна Кореја спроведе уште една серија ракетни тестови, објавија државните медиуми денеска, вклучувајќи лансирање на стратешки крстосувачки ракети и противбродски ракети. Проектилите беа испукани од поморскиот разорувач Чое Хјон, кој беше претставен минатата година, соопштија медиумите, додавајќи дека лидерот Ким Џонг Ун лично ги надгледувал тестовите. Северна Кореја го засили ракетниот развој овој месец, вклучително и лансирање на ...

Властите во Хаити уапсија седум службеници по смртоносното стампедо во кое загинаа 25 лица во историска тврдина на северот од земјата, соопшти вчера полицијата. Меѓу приведените се пет полицајци од северната општина Милот и двајца вработени во Националниот институт за заштита на наследството. Тие се приведени и испрашувани, соопшти националната полиција, без да ги прецизира обвинувањата. Инцидентот се случил во саботата во Цитадел ...

Милорад Додик изрази жалење за изборниот пораз на Виктор Орбан во Унгарија, нагласувајќи дека Орбан бил и останува негов пријател. Додик најави дека сака што поскоро да се сретне со поранешниот унгарски премиер за да разговара за понатамошните чекори, пишува Klix.ba. Пофалби за транзицијата на власта Додик смета дека потегот на Орбан по изборите ги побива обвинувањата упатени против него. „Тој веќе покажа уште првиот ден дека бројните ...

На 12.04.2026 во 17:50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Ѓ.(41) од Скопје, поради тоа што на 11.04.2026 во домот физички ја нападнал неговата 43-годишна сопруга и и упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 13.04.2026 во 00:40 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.Д.(45) од Скопје, поради ...

На 12.04.2026 околу 22:00 часот во близина на Граничниот премин Долно Блаце полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Блаце го лишија од слобода В.А.(72) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по чл.418-б од КЗ на РСМ. Имено во неговото возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, пронајдени се четири лица-мигранти од Индија. По целосно документирање ...

Продолжениот празничен викенд традиционално измами многу Македонци да заминат во Грција. Истото го прават и граѓаните на Србија, па тоа попладнево резултира со колони за излез од Грција и велз во Македонија. Но како што се чекаше за влез во четвртокот и петокот, така попладнево се чека за излез од Грција. Како што свеодчат граѓани на социјалните мрежи во влез во Македонија на Евзони се чека и до два часа. Дополнително, туристи ...

Петер Маѓар на денешната тричасовна конференција ги спомена поранашениот полски министер за правда, Збигњев Зиобро, неговиот заменик Марчин Романовски, и екс македонскиот премиер Никола Груевски. Зборувајќи за Зиобро и Романовски Маѓар направи директна паралела со случајот со Груевски. „Мислам дека зборував многу јасно за ова претходно, дека предложив да не купуваат никаков мебел во Унгарија од ‘Икеа’, бидејќи нема да останат долго. ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта во јужните и во западните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степени. Во Скопје, претпладне сончево, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до ...

Началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски и директорот на националната вежба „Блесок 26“, полковник Игор Арсовски, денеска во Генералштабот на Армијата ќе информираат за отпочнувањето на активностите за вежбата. Вежбата ќе се одржи од 19 до 27 април и ќе се спроведе на повеќе локации, вклучувајќи ги: армискиот полигон „Криволак“, касарните „Јане ...

Утрово најстудено беше на Попова Шапка, каде беа измерени 2 степени Целзиусови. Како што соопшти УХМР, 5 Kрушево, 6 Mаврови Анови, Крива Паланка, 7 Прилеп, Скопје-Петровец, Кавадарци, Берово, Лазарополе, 8 Куманово, Виница, 9 Скопје-Зајчев Рид, Претор, Охрид, Струмица, Демир Капија, 10 Тетово, Битола, Велес, Гевгелија, 11 Штип. На Попова Шапка има и снежна покривка од 15 см. Во текот на денот низ целата држава ќе биде променливо облачно ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, осуммина управувале возило без возачка дозвола и тоа по двајца во Скопје, Прилеп и Гостивар, еден во Тетово и еден малолетник во Чашка. Еден возач во Неготино управувал возило под дејство на алкохол, а еден возач во неготинско предизвикал сообраќајна незгода возејќи под дејство на ...

На 12.04.2026 во 16:45 и 18:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Б.М.(37) и Ќ.С.(30), двајцата од село Корешница, демиркаписко, постапувајќи по претходна пријава дека тие со патничко возило „мерцедес” со демиркаписки регистарски ознаки, противправно лишиле од слобода 21-годишник од Неготино, му се заканувале со пиштол и остар предмет, по што го однеле на непозната локација и физички го нападнале. Пиштолот и ...

На 12.04.2026 во 12:35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово- с. Јажинце, во с. Одри, четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од М.Ќ. (19) од с. Теарце, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.А. (20) од с. Слатино, кој бил пренесен за укажување лекарска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Со тешки телесни повреди се здобил и возачот М.Ќ., ...

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче, верен чувар на фотелјата на Зоран Заев во СДС заедно неговото ново раководство време е да почнат да живеат тука и сега. Да му објасниме што значи тоа. Прво, нема никакви тајни бизнис врски со Виктор Орбан и неговата партија. Второ, има официјални државни договори и соработка. Тоа значи договори меѓу Македонија и Унгарија има соработка како две држави од ист континент Европа кои ...

МВР излезе со детали за обидот да се опожари синагогата во Скопје. Како што информираат од МВР, вчера, 12.04.2026 во 07:22 часот во СВР Скопје Ј.Ј. пријавил дека на ул.„Апостол Гусларот” во двор од верски објект во Скопје забележал канистер за гориво и траги од горење. Оттаму додаваат дека веднаш по добиената пријава од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Две ...

Интересот за електрични возила нагло порасна низ цела Европа од почетокот на конфликтот во Иран, бидејќи зголемените цени на горивата ги натераа купувачите да се свртат кон поевтина енергија од електричната мрежа. Онлајн платформите за продажба на автомобили во Велика Британија, Германија, Франција и Шпанија бележат значителен скок во пребарувањата за електрични возила уште од почетокот на кризата, пишува The Guardian. Конфликтот, кој ...

Вештачката интелигенција би можела да доведе до свет каде што работата повеќе нема да биде неопходност, вели милијардерот Илон Маск. Во својот пост на „Х“, тој напиша дека „сите работни места ќе станат избори“ и дека луѓето ќе добиваат „универзално високи приходи“. Неговиот коментар е одговор на анализата на поранешниот ко-основач на OpenAI, Андреј Карпати, кој ги рангираше професиите според тоа колку се загрозени од појавата на ...

Според пребројани над 50% од гласовите опозициската Тиса на Петер Маѓар би освоила 136 пратенички места, додека Фидес на Орбан би имала двојно помалку, односно 56 пратеника. Седум пратенички места би ѝ припаднале на десничарската опција Ми Хазанк. Иако процентот на пребројани гласови е се уште мал, сепак ова ги потврдува претходните проекции дека Тиса ќе освои убедливо мнозинство во унгарскиот парламент кој има 199 пратенички места. ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се обрати на изборната ноќ на Фидес и го призна поразот на изборите. Тој рече дека „резултатот е јасен“ и дека веќе ѝ честитал на победничката партија. Додаде дека исходот од изборите бил болен за Фидес. На над 50 проценти пребројани гласови Тиса на Петер Маѓар води убедливо пред Фидес на Орбан. Унгарскиот премиер Виктор Орбан се обрати на изборната ноќ на Фидес и го призна поразот на изборите. Тој ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
68%
1016
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
5.14
45%
1015
weather icon

Загреб

16ᴼ / 15ᴼ
2.57
85%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 18ᴼ
1.03
40%
1017
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
4.28
56%
1015
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 18ᴼ
1.34
54%
1012
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
4.63
56%
1018
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
37%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
59%
1018
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
3.6
39%
1016
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
5.66
54%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
48%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

38.0157

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Алуминиум

3.53

Цинк

0.00

Злато

152465.86

Кобалт

45.39

Родиум

319899.93

Сребро

2534.46

Платина

66744.95

Паладиум

49351.40

Иридиум

253540.09

Рутениум

51376.89

Бакар

12.46

Калај

52.70