Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Патници се обратија до редакцијата на 4NEWS.MK со сериозни поплаки за новиот возен ред на ЈСП Скопје, посочувајќи дека измените предизвикале хаос во функционирањето на одредени линии. Според нивните сведоштва, најпогодена е автобуската линија 66, каде што граѓаните се соочуваат со долги доцнења и нередовни поаѓања. „Еве, новиот возен ред направи хаос со автобусите на линија 66. После два часа чекање, доаѓа автобус преполн со патници“, ...
Еден човек почина попладнево во Двор Велики Табор во општина Десиниќ откако се случи несреќа со топ за време на традиционална манифестација. Според информациите објавени од Zagorje.com, трагедијата се случила на Велигденски понеделник за време на пукањето на топот. Сведоци тврдат дека топот не успеал да пука неколку пати по ред, по што сепак испукал еден истрел. „Кога отишле да го полнат следниот пат, топот одеднаш испукал“, рекле сведоците, ...
Бројот на граѓани со алергиски реакции и астматични симптоми во Куманово е во постојан пораст, опфаќајќи ги сите возрасни групи, вклучително и најмладите. Д-р Нора Господинова-Николовска, специјалист по интерни болести во Астма центарот при Општата болница Куманово, посочува дека амбулантата работи со полн капацитет, особено во периодите на висока концентрација на полен. „Дневно имаме по 20 закажани прегледи, но бројката често се зголемува за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп не го одобри предлогот за 45-дневно примирје во војната со Иран, изјави висок функционер на Белата куќа, објави NBC News. „Тоа е една од неколкуте опции што се дискутираат, а претседателот не ја одобрил“, рече функционерот, повикувајќи се на претпазливост при толкување на информациите за можен договор. Во последните часови се појавија бројни извештаи за можно примирје. Ројтерс, повикувајќи се на извор, ...
Во време на зголемени геополитички тензии, климатски кризи и потенцијални сајбер-напади, концептот на самоодржливост и подготовка на резерви за итни случаи повторно станува актуелен. Експертите советуваат дека секое домаќинство треба да биде подготвено за евентуални преκιни во снабдувањето со храна. Која храна треба да се избере? Основното правило при креирање на резерви е изборот на намирници со долг рок на траење кои не бараат готвење. ...
Трамп се откажа од идејата Канада да стане „51-та држава“ на САД Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се откажува од намерите за напад или анексија на Канада, откако во повеќе наврати се закануваше дека ќе ја претвори земјата во „51-ва држава“ на САД. Републиканецот ја преиспита својата претходна реторика, заклучувајќи дека преземањето на северниот сосед е премногу сложен процес за да се заврши до крајот на неговиот мандат. ...
Министерството за правда со реакција на протестите за правосудниот испит Министерството за правда денеска упати соопштение до јавноста во кое нагласува дека, иако го почитува правото на протест како фундаментално демократско право, смета дека денешниот собир на студентите е искористен за политички цели. Според Министерството, протестот на кој се бараше правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик, претставува обид за ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кичево до ОЈО Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(51) од Кичево заради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба“ (по чл. 353 став 5 во врска со став 1, во врска со чл. 45 од КЗ на РСМ), како и против лицето Б.К.(46) од Кичево а заради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“ ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив седуммина возеле без возачка дозвола, од кои двајца во Скопје и по еден во Кичево, Росоман, ГП Табановце, Чашка и Ранковце, а возачот во Ранковце возел и со поголема брзина од дозволената. За пречекорување на максимално дозволената брзина санкционирани се возачи во тетовско, кумановско и ...
На 05.04.2026 во 13:20 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Љ.Н.(63) од Скопје, по претходна пријава дека на 03.04.2026 преку социјална мрежа ѝ испраќал вознемирувачки пораки и експлицитни фотографии на 36-годишна жена од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 05.04.2026 во 13:20 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од ...
• Најголемиот кластер на фотоволтаични проекти во Европа, со просечно годишно производство од 3.150 GWh – способен да покрие речиси 6% од годишната побарувачка на грчкиот меѓусебно поврзан систем • Нивното работење ги задоволува годишните потреби на приближно 750.000 домаќинства и спречува повеќе од 1.500.000 тони емисии на CO₂ годишно • Складирање на енергија: Завршена е изградбата на две станици за складирање батерии во Мелити и Птолемаида, ...
На 05.04.2026 во 13:30 часот во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода О.С. (47) од Тетово. Претходно, во 12:40 часот во ПС Тетово, неговиот 76-годишен татко, пријавил дека подолг временски период тој и неговата сопруга се жртви на семејно насилство од страна на нивниот син. Според пријавата, О.С. во алкохолизирана состојба секојдневно кршел предмети во домот и упатувал сериозни закани по нивниот живот. По лишувањето од слобода, ...
Вчера (05.04.2026), во временскиот период од 13:00 до 19:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе зајакната акциска контрола во патниот сообраќај со посебен акцент на контрола на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. При контролата на автопатот Скопје-Штип со специјално возило пресретнувач сопственост на Министерството за внатрешни ...
На 05.04.2026 во 18:33 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во Гевгелија, на место викано „Подвозник“, 30-годишен мигрант од Алжир додека се обидувал да се качи во возот кој се движел, паднал и возот поминал преку неговата десна нога. Лицето било пренесено во Медицински центар Гевгелија, каде му се констатирано тешки телесни повреди. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото ...
Во центарот на Скопје денеска започна протестен марш како израз на незадоволство од непочитувањето на Законот за употреба на јазиците при полагањето на првосудниот испит. Студентите се собраа со албански и американски знамиња, како и со транспаренти на кои беа испишани пораки како „Стоп за институционалната дискриминација“. Учесниците изразија незадоволство и побараа правосудниот испит да може да се полага на албански јазик, согласно ...
Кризата не е само во Македонија, туку е глобален феномен, но премиерот Христијан Мицкоски денеска потенцира дека државата има јасен правец и стратегија како да се справи со економските предизвици, без избрзани одлуки кои би можеле да создадат дополнителни ризици. Тој ова го истакна одговарајќи на новинарски прашања, при посета на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде беа пуштени во употреба шест комплетно реновирани операциони сали. „Ние ...
Вработените во државната администрација, судовите и правосудните органи, како и дел од работниците во приватниот сектор каде што се потпишани колективни договори, овој месец добија значително зголемување на платите, соопштија синдикатите. Според податоците од Синдикатот на управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), околу 11 илјади вработени веќе добиле повисоки примања, по потпишувањето на 60 поединечни колективни договори ...
Царинската управа спречи обиди за криумчарење на над 16 илјади парчиња лекови, 116 парчиња забни импланти, опрема за тетовирање, над 12 тони овошје и зелечук и златен накит. Во три случаи против осомничените се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво по Кривичниот законик. Во продолжение детали за случаите: Вкупно 16.051 парчиња непријавени лекови, со вредност од 1,6 милиони денари, се пронајдени при ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против градоначалникот на општина Струга М.Ќ.(65) од с.Биџево, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. На 18.11.2025, во својство на градоначалник на општина Струга, спротивно од Законот за јавни претпријатија, донел одлука за именување на вршител на должност директор на ЈП „Водовод и канализација“ ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека денеска Регулаторната комисија ќе ја намали цената на бензините, како резултат на одлуката на Владата за намалување на акцизите. Мицкоски додаде дека не се очекуваат значителни промени во цената на дизелот. „Овозможивме Регулаторната комисија денеска да ги намали акцизите за дизел од 4 денари по литар, а за бензините од 2 денари по литар. Исто така, во разговор со ОКТА, успеавме да обезбедиме ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука за новите малопродажни цени на нафтените деривати, која вклучува намалување на акцизите и повластена стапка на ДДВ од 10% (освен за мазутот). Одлуката стапува на сила од 7 април 2026 година од 00:01 часот. Според новата одлука, максималните малопродажни цени на горивата ќе изнесуваат: Моторен бензин ...
Во судницата во затворот „Идризово“ денеска продолжи судењето за трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, при што пред судот се појави Наско Карадаковски, татко на починатиот Александар Карадаковски. Сведокот изнесе шокантни детали за работниот ангажман на неговиот син, укажувајќи дека Александар бил назначен за управител на фирмата „МММ кафе“ без негово знаење и без да има здравствено осигурување. „Ме изненади и го прашав дали знае ...
Станарите на станбениот комплекс „Џевахир Скај Сити“ во Скопје алармираат за сериозни пропусти и сомнежи во врска со контролите на противпожарниот систем во трите кули со коишто управува фирмата Хауз Мајстор Плус. Според изјавата на станарите, на 30 март 2026 година управителот објавил дека на 1 април ќе се спроведе тестирање на системот за противпожарна заштита, вклучувајќи проверка и мерење на притисокот на апаратите по катовите. Меѓутоа, ...
Шест хируршки сали на Одделот за хирургија на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентниот центар (ТОАРИЛУЦ) се комплетно реновирани, соопшти денеска министерот за здравство, Азир Алиу. Тој додаде дека во наредниот период ќе бидат обновени уште четири сали, со средства од Владата, со што вкупната инвестиција за обнова на 10 операциони сали изнесува 282 милиони денари, односно над ...
Иранската револуционерна гарда денес соопшти дека шефот на нивната разузнавачка служба, Маџид Хадеми, е убиен во напади изведени од САД и Израел. Портпаролот на иранскиот Генералштаб истакна дека како одговор на овие напади, Техеран таргетирал претежно енергетски објекти на Блискиот Исток поврзани со САД и Израел. Според соопштението на Иранската револуционерна гарда, Хадеми имал пет децении искуство и играл значајна улога во иранскиот ...
Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија, Одделот за криминал, Службата за сузбивање на економски криминал, во координација со полицијата од Врање и по налог на Основното јавно обвинителство во Врање, го уапсија Х. К. (1995) од Република Македонија. Тој се сомничи дека извршил кривично дело недозволен промет на акцизни производи. При контрола на патничко моторно возило кое го управувал осомничениот, во пртљажникот полицијата ...
Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 дo 25 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Претежно сончево и топло со слаб ветер од северен правец. T=25°C. P=987hPa. U=30%. V=2m/s. Утре ќе се задржи сончево и топло време. Од среда и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд. Пообилни врнежи ...
Односите меѓу САД и Иран влегуваат во нова фаза на заострување, откако американскиот претседател Доналд Трамп упати остри закани поврзани со Ормускиот теснец. Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп порача дека доколку Иран не дозволи отворање на теснецот, САД би можеле да извршат напади врз клучна инфраструктура, вклучително електрани и мостови. Тој дури најави и конкретен рок, нагласувајќи дека Техеран има ограничено време за ...
Како одговор на тековната меѓународна ценовна нестабилност, ОКТА го продолжува попустот што се нуди при продажба на дизел и бензини кон големопродажните и малопродажните трговци, до 30 април 2026 година. Попустот за дизел изнесува 3 денари по литар, додека попустот за бензин од 95 и 98 октани, останува 2 денари по литар. Иницијативата е доброволна, овозможувајќи им на трговците да ја пренесат придобивката кон крајните потрошувачи. Сепак, ...
Со цел унапредување на заштитата на природата и подобро следење на биодиверзитетот, Јавната установа Национален парк „Пелистер“-Битола постави 40 камери за мониторинг на повеќе локации низ паркот. Камерите, односно фото-замките, се инсталирани викендов во реоните на Нижо Поле, Цапари, Вртушка и Брајчино и претставуваат дел од современ систем за следење на состојбите во природата. Од установата информираат дека овој пристап овозможува ...