Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Во Палијара деи Марси, село на падините на планината Гирифалко во италијанскиот регион Абруцо, мачките долго време беа побројни од луѓето. Но, тишината што со децении одекнуваше низ тесните улички беше прекината во март од плачот на бебе. Се роди Лара Буси Трабуко, првото бебе во селото по речиси 30 години, нејзиното раѓање ја прослави целата заедница, но исто така го истакна и итниот национален проблем на „демографската зима“ на Италија, ...
Снимка објавена од „Скај њуз“ го прикажува моментот кога руски напад ја погоди украинската престолнина Киев. Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека за време на нападот биле употребени речиси 500 беспилотни летала и околу 40 ракети. Според неговите зборови, станува збор за еден од поинтензивните воздушни напади врз Украина во последниот период. Засега нема официјални информации за бројот на жртви, додека надлежните служби ...
Силен земјотрес со магнитуда од 6,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот на Тајван, соопштија сеизмолошките служби. Потресот е регистриран во 15:05 часот по светско време (23:05 часот по локално време), со епицентар на околу 60 километри југоисточно од градот Килунг и 31 километар источно од Јилан. Хипоцентарот на земјотресот бил на длабочина од 68 километри. Според првичните информации, земјотресот бил силно ...
Четворица планинари загинаа откако беа однесени од лавина во централна Грција, соопштија спасувачките служби. Несреќата се случила во планините Вардусија во регионот Фокис, објави весникот „Катимерини“, повикувајќи се на спасувачките служби. Тројцата мажи првично беа пријавени како исчезнати во четврток вечерта откако тргнале од селото Атанасиос Дијакос за да се искачат на планината Коракас, која се наоѓа на околу 2.500 метри надморска ...
Откако денеска СДСМ преку сооопштение најави дека ќе бара исклучување на Јован Деспотовски од партијата затоа што, според нив, „ја продал партијата за пари“ и „бил петтоколонаш“ со своја реакција се јави и самиот Деспотовски. Тој, вели дека по 30 години политички стаж не очекувал неговата матична партија да го остави целосно без зборови и коментар. „Во сите јавни настапи сум бил максимално умерен дури и во ситуации и за луѓе кои апсолутно ...
Претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска (27 декември), во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, преку видеоконференциска врска им ги честитаа претстојните празници на припадниците на Армијата ангажирани во мировни мисии и операции во странство, упатувајќи им желби за добро ...
Во пресрет на новогодишните празници, кога градовите се китат со светилки и радост, болката на семејствата кои ги изгубија своите најмили во трагичната несреќа во „Пулс“ останува посилно да одекнува од празничната врева. Мајка на едно од загинатите момчиња објави потресно писмо, посветено на својот син и неговите пријатели, кои својата прва Нова година ја „прославуваат“ на небото. Во пораката која го крши срцето, мајката се присетува дека ...
На 26.12.2025 во 10:15 часoт во ОВР Виница, 58-годишен маж од Виница пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 4.400 евра. Според пријавеното, тој во текот на октомври 2025 година на лицето Г.З., кој се претставил дека е од Чаир – Скопје, во три наврати му ја дал сумата, а за возврат тој требал да му увезе возило од Швајцарија. Како што е пријавено, откако не го добил возилото, сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за ...
Со многу насмевки, детска радост и празнични изненадувања, денеска на плоштадот „Македонија“ започна новогодишната бајка организирана за најмладите. Главна ѕвезда на настанот беше Дедо Мраз, кој со полни раце подароци внесе топлина и празнична магија меѓу дечињата. На настанот присуствуваше и Орце Ѓорѓиевски, кој истакна дека ваквите моменти се клучни за создавање спомени кои траат цел живот. „Денес ја почувствувавме вистинската празнична ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши во интервју за МИА најави суштински промени во начинот на работа на законодавниот дом, со цел да се стави крај на практиката на носење закони по скратена постапка и да се врати дигнитетот на институцијата. Гаши истакна дека по цела деценија, анкетите за јавното мислење за првпат покажуваат подобрена перцепција на граѓаните за работата на Собранието. Сепак, тој нагласи дека остануваат многу предизвици, ...
Зимската бура што донесе обилни снежни врнежи откажа стотици летови во Њујорк и низ североисточниот дел на САД. Според FlightAware, кој го следи воздушниот сообраќај во воздушниот простор на САД, во петокот беа откажани 1.659 летови низ целата земја – речиси 10 пати повеќе од претходниот ден. Предупредувањето за зимска бура остана на сила за регионот до сабота попладне. На некои локации се предвидуваше и замрзнат дожд. Бурата го погоди Њујорк ...
Тешка несреќа при лов заврши фатално за жител на Кавадарци, кој го загубил животот откако паднал во бездна длабока 150 метри. По неколкучасовна екстремно тешка акција, припадниците на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Кавадарци успеаја да го извлечат телото на починатиот. По добиената пријава за несреќата, на терен излегле петмина пожарникари обучени за работа на височини, придружувани од четворица полициски службеници и членови на ...
Од СДСМ попладнево преку соопштение истакнуваат дека ќе побараат итно исклучување на Јован Деспотовски од партијата. Како што велат, тој дејствувал како петтоколонаш, и предавник одвнатре. „Како верни наследници на антифашистичката борба, СДСМ никогаш не соработувал, ниту ќе соработува со сили што имаат корени во фашизмот. ВМРО-ДПМНЕ има длабока историска поврзаност со фашистичките режими – за време на Втората светска војна, ВМРО под водство ...
Претседателката Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, ја врачи Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025 година. Лауреати на Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025 година се авторите Искра Лековска и Владимир Лековски од архитектонското студио „Лелелеле“, за проектот Православен храм – црква „Св. Рамноапостоли цар Константин и царица Елена“ во Скопје. Таа ...
По божиќната пауза, грчките земјоделци денеска ги обновија блокадите низ земјата. Граничниот премин Евзони е целосно затворен за сообраќај во два термини: Истиот распоред на прекини се очекува и во текот на утрешниот ден. Состојба на другите премини: Ники (Меџитлија): Отворен, но можни се ненадејни блокади поради присутната механизација. Дојран: Сообраќајот се одвива непречено и без најавени протести. Причина за протестите Земјоделците ...
Пациентките во Македонија со години биле жртви на незаконска наплата кај своите матични гинеколози. Иако прегледите, ехо-дијагностиката и ПАП-тестовите се бесплатни, многу ординации наплаќале од 500 до неколку илјади денари под изговор за „издавање ЦД“, лекарски извештаи или транспорт на брисеви до лабораторија. Заедничката контрола на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и Управата за јавни приходи (УЈП) откри поразителни резултати. Од 49 ...
Војната си го прави своето, но и економските услови. Украина се искачи на неславното прво место во Европа според стапката на „одлив на мозоци“ (brain drain), покажуваат најновите податоци на индексот „The Global Economy“ за 2024 година. Масовното иселување на висококвалификувани професионалци во потрага по подобри услови за работа и живот ја смести Украина на седмото место во светот според овој загрижувачки показател. Друштво им прават ...
Европската централна банка (ЕЦБ) донесе очекувана одлука – каматните стапки остануваат на исто ниво. Ова е четврти по ред состанок на кој банкарите од Франкфурт одлучуваат да го задржат „статус квото“, бидејќи преовладува ставот дека каматите во моментов се на „добра позиција“ за да ја контролираат инфлацијата без да ја задушат економијата. Ова затишје доаѓа откако циклусот на намалување започна во јуни 2024 година, кога за првпат беше ...
Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ упати јавен повик до граѓаните да се приклучат на следниот „Марш на ангелите“, кој ќе се одржи денеска, на 27 декември 2025 година, со почеток во 14:05 часот, од Паркот на револуцијата. Од здружението порачуваат дека маршот е мирен, достоинствен и јасен израз на солидарност, насочен кон оние кои ги загубија животите, но и кон сите повредени кои преживеаја и, како што наведуваат, ќе го носат товарот од ...
Колку и да звучи неверојатно, еден возач во Кина бил осомничен дека возел под дејство на алкохол – иако не испил ниту капка. За време на рутински алкотест, нивото на алкохол во неговата крв било над дозволената граница. Возачот инсистирал дека е трезен, а последователниот тест на крвта потврдил дека ја кажува вистината. Причината за лажно позитивниот резултат се покажала како исклучително необична: неколку минути пред тестот, тој консумирал ...
Празничната треска започна, но наместо само еуфорија, таа со себе носи и математика. Граѓаните веќе ги прават пресметките колку ќе чини „најлудата ноќ“, а првичните калкулации покажуваат дека без неколку илјади денари, дури и најскромната домашна трпеза е невозможна мисија. Истражувањето на терен покажува јасна дистинкција: цените во големите маркети остануваат „солени“, додека спасот за домашниот буџет се бара на зелените пазари. Руска, ...
Шпанската сообраќајна управа (DGT) воведе строга мерка која предизвика бројни дебати меѓу возачите. Отсега, дури и краткото користење на огледалото вградено во визирот за сонце додека сте зад воланот се казнува со 200 евра и два казнени поени. Она што за многумина е несвесна навика – поправање на фризурата или шминката додека се чека на семафор – шпанските власти го класифицираат како опасна деконцентрација. Според новите правила, употребата ...
До истекот на новогодишната промотивна кампања на Energy Delivery Solutions (ЕДС) остануваат уште две недели. Кампањата, која е активна до 15 јануари, нуди можност за склучување или обновување на договор за снабдување со електрична енергија по тарифата FIX ++, со стабилни и пониски трошоци, едноставна процедура и дополнителни бенефити за компаниите. Како дел од понудата, деловните корисници добиваат и премиум подарок. Со пораката „Време е за ...
Хуманиот гест на Бранкица Миновска од Пробиштип е доказ дека секое дете заслужува роденденска магија со торта, свеќичка и искрена насмевка. Веќе половина година, таа со голема посветеност го реализира својот долгогодишен сон насловен како проект среќа, преку кој изработува торти за децата од социјално ранливите категории. Оваа благородна иницијатива, зачната како идеја уште во 2011 година, денес обединува многу добри луѓе, вклучувајќи и наши ...
Новиот систем за контрола на сообраќајот „Безбеден град“ веќе почна да предизвикува сериозен револт и несигурност кај возачите во Скопје. Иако целта на системот е зголемување на безбедноста, на социјалните мрежи и во затворените групи за комуникација масовно се шират сведоштва за наводни фрапантни технички грешки на радарите. Во една од популарните Вибер групи за информирање на возачите, неколку граѓани споделија речиси идентични искуства на ...
По смрзната ноќ, можеби нема да можете ниту да влезете во автомобилот наутро, а камоли безбедно да го запалите. Затоа не би наштетило да се сетите на некои трикови. Зимските температури можат сериозно да го комплицираат секојдневниот живот на возачите, особено на оние кои паркираат на отворено. По смрзната ноќ, често се случува вратите да бидат замрзнати, ретровизорите да бидат неупотребливи, а шофершајбната целосно покриена со мраз. Во ...
Дали купувате подароци за Нова Година? Низ цела Европа владее треска за празнично купување, некои земји особено се издвојуваат, а истражувањето покажува и што се купува најмногу за време на празничниот период. Германија ќе стане најголем потрошувач во Европската Унија за време на празничната сезона, според податоците од платформата Statista. Во 2025 година, се очекува потрошувачката на мало за време на празничниот период во Германија да ...
Филмска потера, напад врз службено лице и брза правда во Кавадарци. 46-годишен кавадарчанец доби една година затворска казна откако призна дека со својот автомобил удрил полицаец во обид да избегне легитимирање. Настанот кој ја вознемири јавноста доби судска разрешница за помалку од една недела. Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение, а Судот веднаш пресуди. Драмата на кавадаречките улици Инцидентот се случил на 21 ...
Oвeн – Moжeби чyвcтвyвaтe мaл пpитиcoĸ oĸoлy вac, нo дeнec e дoбpo дa ce пpeпyштитe нa peлaĸcaциja и мaли paдocти. Moжe дa ce пojaвaт cитyaции ĸoи бapaaт тpпeниe, нo пpиcтaпoт „чeĸop пo чeĸop“ ќe бидe нajeфиĸaceн. Kpaтĸитe пpoшeтĸи, paзгoвopитe co нajблиcĸитe или читaњeтo ќe дoнecaт зaдoвoлcтвo. Биĸ – Дeнec e вpeмe зa зaĸpeпнyвaњe и гpижa зa ceбe. Moжeби ќe пoчyвcтвyвaтe oдpeдeнa внaтpeшнa нaпнaтocт, нo вaжнo e дa нe ja чyвaтe вo шишe. ...
Светите Тирс и Левкиј беа чесни граѓани на Кесарија Витиниска, првиот беше крстен, а вториот огласен христијанин. А Калиник беше идолски жрец. Кога наследникот на царот Декиј, Кумврикиј, почна беспоштедно да ги мачи и убива христијаните, истапи пред него храбриот Левкиј и разобличувајќи го му рече: „Зошто си се кренал сам против својата душа, Кумврикиј?“ Разјарениот судија нареди веднаш да го бијат и да го мачат и најпосле да го убијат со ...