Во првите три месеци од 2026 година, Буџетот бележи стабилна реализација и раст на приходната страна, што укажуваподобрена наплата. Вкупните приходи во Буџетот достигнаа 81,2 милијарди денари, што претставува раст од 5,7% во однос на истиот период во 2025 година. Вкупните приходи од даноци се зголемни за 4,7%, при што највисок пораст се забележува кај Данокот на добивка од 23,6% и Данокот на личен доход од 12,3%. Повратот на ДДВ е зголемен за ...

На денешната промоција на новите електронски услуги за студентите на порталот uslugi.gov.mk, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, најави потпишување договор за меѓусебно признавање на електронските потписи меѓу Македонија и Црна Гора. „Имавме два дена квалитетни разговори со претседателот на Црна Гора. Нешто што веќе го подготвуваме е потпишувањето на договорот за меѓусебно прифаќање на електронските потписи, што ќе го ...

Поранешниот државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски, официјално ја продолжува својата кариера во адвокатурата. Тој е регистриран како адвокат со седиште во Тетово. Промената доаѓа по донесеното решение од Адвокатската комора, со кое Коцевски е запишан во Именикот на адвокати под реден број 754. Со овој чекор, поранешниот прв човек на Јавното обвинителство се враќа во правната пракса, но овојпат од страната на одбраната и застапувањето на ...

Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија (МРТ) реагираше поради емитувањето на песната „Билбилите на Кораб“ на МРТ2, која, според нив, поттикнува меѓуетничка нетрпеливост и содржи територијални претензии кон Македонија и соседните држави. Советот наложи дисциплинска постапка за да се утврди одговорноста за ваквата содржина. „Со емитувањето на оваа содржина, МРТ го прекрши членот 48 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски ...

Четириесеттиот по ред „Марш на ангелите“ ќе се одржи на 4 април 2026 година во Паркот на Револуцијата во Кочани, најави Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“. Настанот е закажан за 16:05 часот, а целта е повторно да се потсети на семејствата кои изгубиле најмили и да се бара вистина и одговорност од надлежните институции. „Четириесетти пат чекориме заедно. Четириесетти пат со болка, со љубов и со непоколеблива решеност нашите ангели ...

Грција се соочува со значајни промени во владата по оставките на тројца високи министри поврзани со истрагата за земјоделски субвенции. Грчкиот министер за рурален развој Костас Цијарас, министерот за цивилна заштита Јоанис Кефалојианис и заменик-министерот за здравство Димитрис Варцопулос поднеле оставки, соопштија властите. Премиерот Киријакос Мицотакис веднаш реагираше со реконструкција на кабинетот. Нов министер за цивилна заштита ќе биде ...

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик. Осомничениот 31-годишник, кој бил инаку вработен во образовна установа, во периодот од април 2024 година до 01.04.2026 година на компјутерските уреди и опрема кои ги користел дома, набавувал за себе и поседувал ...

Полициски службеници од Тетово вчера вечер привеле малолетник за поседување дрога. Инцидентот се случил околу 22:15 часот на улицата „155“ во населбата Дреновец, кога кај 17-годишник биле пронајдени пет паковки со зелена тревкаста материја. Малолетникот веднаш бил однесен во полициска станица за понатамошна постапка. Оттаму соопштуваат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава согласно член 215 ...

Италијанската влада денес го одобри продолжувањето на намалувањето на акцизата на горивата до 1 мај, со цел да се ублажи зголемувањето на цените на енергијата. Мерката, која првично беше воведена на 18 март, требаше да истече на 7 април, но сега е продолжена, па намалувањето на данокот од речиси 0,25 евра по литар сè уште ќе биде на сила. Вкупната вредност на пакетот се проценува на најмалку 500 милиони евра, при што околу 30 милиони евра се ...

Нови информации од истрагата за убиството на 79-годишната Борјанка Николова од Штип ја потресуваат јавноста. 74-годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиството, бил пронајден во својот дом со необичен и шокантен предмет – облечена женска кукла со човечки димензии, со која, според извори спиел во кревет. Според полицијата, кога истражителите влегле во домот на Асанов на 10 ноември 2025 година за да извршат претрес по судска наредба, таму ...

Светските берзи забележаа нагло поскапување на нафтата, при што цените достигнаа највисоки нивоа во последните неколку години, соопштуваат финансиските аналитичари. Според последните податоци, северноморската нафта „Брент“ се тргува по цена од 109 до 111 долари за барел, додека американската „WTI“ достигна околу 111 долари за барел. Во само еден ден цените се зголемија меѓу 8 и 11 проценти, што укажува на значителна нестабилност на глобалниот ...

На 02.04.2026 во 09:00 часот, во с. Скудриње, општина Маврово и Ростуше, полициски службеници од ПО Ростуше ја лишија од слобода А.А.(45) од с.Скудриње, врз основа на потерница по судска наредба за издржување казна затвор во траење од пет години и шест месеци, за сторено кривично дело по член 190 и член 45 од Кривичниот законик. Таа е спроведена во казнено – поправна установа за издржување на казната. На 02.04.2026 во 09:00 часот, во с. ...

По успешното полетување и иницијалните проверки во орбита, мисијата Artemis II влезе во клучна фаза – напуштање на Земјината орбита и започнување на патувањето кон Месечината, што претставува историски момент за современата вселенска програма. Вселенското летало Orion успешно го активираше главниот мотор во таканаречената транслунарна инјекција – маневар кој траеше пет минути и 55 секунди и, според NASA, поминал без никакви проблеми. Од ...

Инцидент со физичка пресметка меѓу затвореници е регистриран во Казнено-поправната установа „Идризово“, при што едно лице завршило со повреди и било пренесено на лекување, информираат од Министерство за внатрешни работи. Според полицискиот билтен, на 1 април околу 13:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека инцидентот се случил околу 12:40 часот за време на редовната прошетка во затворот. Во тепачката учествувале осудениците Е.А. (32) и ...

На 05.04.2026 со почеток во 10:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи улична трка со траса на движење од бул.„Илинден“ пред фонтана Лотус (старт и цел) право долж бул.„Илинден“ до крстосница со бул.„8-ми Септември“ каде се врти полукружно назад по бул.„Илинден“ до целта фонтана Лотус. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ...

Граѓаните на Македонија наскоро би можеле да користат мобилни услуги во Европската Унија без дополнителни трошоци, доколку се реализираат најавените планови на Владата. Ова го соопшти министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, посочувајќи дека земјата е на чекор до финализирање на процесот. Во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, Андоновски изјави дека Македонија има амбиција да стане првата држава во регионот што ќе ги ...

Бројот на граѓани и компании кои поднесуваат приговори за прекршоци регистрирани преку системот „Safe City“ бележи значително намалување, покажуваат најновите податоци од Основен кривичен суд Скопје. Според информациите од Судот, во март 2026 година се поднесени вкупно 65 приговори, односно барања за поведување прекршочна постапка. Од нив, 22 се од правни лица, а 43 од физички лица. Во споредба со февруари, кога биле поднесени дури 476 ...

Утринава најстудено во земјава е на Попова Шапка, каде се измерени -4 степени, додека нула степени се регистрирани во Крушево, Маврови Анови и Лазарополе. Температура од 2 степени е измерена во Претор, а 4 степени во Крива Паланка, Битола, Охрид и Берово. Во Прилеп се измерени 5 степени, додека во Тетово, Штип и Виница 6 степени. Најтопло утринава било во Скопје, Куманово, Велес, Кавадарци, Демир Капија, Струмица и Гевгелија, каде ...

Обилните врнежи што ја зафатија земјава деновиве предизвикаа проблеми со квалитетот на водата за пиење во Кавадарци и Неготино, поради што надлежните препорачуваат претпазливост кај граѓаните. Од јавните комунални претпријатија информираат дека водата во двата града е заматена и не е препорачлива за директна консумација без претходна обработка. Од ЈП „Комуналец“ Кавадарци соопштија дека причината за состојбата се обилните дождови на изворите ...

Овен Денот носи големи идеи поврзани со работата или иднината. Меркур и Јупитер ви помагаат да размислувате оптимистички, но квадратот на Венера може да донесе мала тензија во пријателство или група. Не реагирајте импулсивно. Бик Венера во вашиот знак е во напнат аспект со Плутон, што може да донесе тензија во љубовта или во однос со авторитетна личност. Обидете се да не влегувате во борба за контрола. Фокусирајте се на нешто што ве прави ...

Не се знае ни местото на неговото раѓање, ни местото на неговото епископство. Се знае само дека ги исполни Христовите заповеди, подвизувајќи се многу во пост и во молитва и дека во времето на Копроним претрпе големи беди од иконоборците: глад, затвор и секакво подбивање. Најпосле Му ја предаде својата света душа на Бога, Кому верно Му послужи во овој живот. Живееше и пострада во 7 век. Не се знае ни местото на неговото раѓање, ни местото на ...

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од дожд и снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Во Скопје, променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од дожд и снег со послаб ...

Безалкохолното пиво сè повеќе добива на популарност, особено кај оние кои сакаат да уживаат во вкусот без последиците од алкохолот. Благодарение на напредокот во технологијата и хемијата, денес овие пијалаци се значително поквалитетни отколку пред една деценија. Процесот на производство на безалкохолно пиво може да започне на класичен начин – преку ферментација, при што квасецот ги разградува шеќерите од јачменот и создава алкохол и јаглерод ...

Во Грција започнаа со работа камери со вештачка интелигенција, па затоа внимавајте доколку ова лето тргнете на одмор кон морето, бидејќи ќе бележат секој сообраќаен прекршок. Камерите се поставени на осум локации, а до крајот на годината ќе бидат воведени и во Солун и на Крит, со дополнителни 2.000 камери. Според информациите објавени на сајтот „Никана“, контролата сега е автоматизирана, а AI камерите веќе испратиле и првите 150 казни ...

Исламската Република Иран денеска соопшти дека е изведен напад врз американски борбени авиони во воена база во Јордан, додека размерите на штетата засега не се познати, јавува агенцијата Мехр. Според наводите на иранските медиуми, цел на нападот била воздухопловната база Ал Азрак, која се смета за еден од најважните стратешки командни и оперативни центри на американските сили во Западна Азија. Иранската армија воедно ја повтори подготвеноста ...

Професорот Миодраг Лабовиќ оцени дека актуелните случувања во јавното обвинителство се одраз на подлабоки системски слабости и дисфункционалности, а не само на поединечни одлуки. Во гостување во емисијата Ноќно Студио на 4ТВ.мк, коментирајќи ги состојбите поврзани со оставката на обвинителката Ленче Ристоска, Лабовиќ посочи дека не би навлегувал во лични одлуки, бидејќи, како што рече, системот не треба да се потпира на индивидуални потези. ...

Професорот Миодраг Лабовиќ смета дека вистинските реформи во државата зависат од воспоставување на систем кој ќе биде заснован на научни анализи, но и од начинот на кој луѓето функционираат во него. Во гостување во емисијата Ноќно Студио на 4ТВ.мк, одговарајќи на прашањето каков систем би донел промени, Лабовиќ посочи дека станува збор за сложен модел кој бара долгорочен пристап. „Видете вака, тоа е еден посложен систем којшто е базиран на ...

Поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, изјави дека лицата кои се наоѓаат на т.н. „црна листа“ се ставени врз основа на докази прибрани од домашните институции. Во гостување во емисијата Ноќно Студио на 4ТВ.мк, Ивановска посочи дека дел од тие лица веќе биле предмет на постапки пред Антикорупциската комисија. „Неколку пати амбасадорката потенцираше дека сите кои се наоѓаат на црната листа се врз база на ...

Вечерва во емисијата Ноќно Студио на 4ТВ.мк, поранешната претседателка на Антикорупциска, Билјана Ивановска, ја коментираше оставката на обвинителката Ленче Ристоска, истакнувајќи дека според нејзиното мислење, ова е израз на висок интегритет. „Оваа оставка за мене е одлика на висок интегритет. Се согласувам дека секој има шанса да напредува, како што вчера изјави обвинителот дека ќе ги земе овластувањата и дека напредокот е достапен за ...

Цените на дизелот во Европа достигнаа највисоко ниво од 2022 година, а фјучерсите за дизел се искачија над 200 долари по барел, односно 1.498 долари по тон, со дневен скок од речиси десет проценти на лондонската берза. Според „Блумберг“, зголемувањето на цените е предизвикано од нарушувања во снабдувањето поради војната во Иран и затворањето на Ормускиот теснец, а од почетокот на конфликтот на 28 февруари, цените речиси се удвоиле. ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
68%
1016
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
5.14
45%
1015
weather icon

Загреб

16ᴼ / 15ᴼ
2.57
85%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 18ᴼ
1.03
40%
1017
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
4.28
56%
1015
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 18ᴼ
1.34
54%
1012
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
4.63
56%
1018
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
37%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
59%
1018
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
3.6
39%
1016
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
5.66
54%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
48%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

38.0157

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Калај

52.70

Паладиум

49351.40

Рутениум

51376.89

Бакар

12.46

Родиум

319899.93

Алуминиум

3.53

Сребро

2534.46

Платина

66744.95

Кобалт

45.39

Злато

152465.86

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00