Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП ја проширува својата мрежа на дестинации со воведување на уште две нови авиолинии до најголемите острови во Италија – Сицилија (Палермо) и Сардинија (Алгеро), на Виз ер најголемата авиокомпанија во Северна Македонија. Од 15 јули стартува линијата од Скопје до Палермо, со која Виз ер ќе сообраќа три пати неделно, секој ...
Министерството за одбрана се подготвува за нов бран вработувања во Армијата. Наскоро ќе биде објавен конкурс за прием на 300 нови војници, најави министерот за одбрана Владо Мисајловски. Во гостување во емисијата „Тема на денот“ на Сител телевизија, министерот појасни дека огласот ќе биде распишан веднаш по добивањето на потребната документација од Министерство за финансии, со цел постапката за прием да започне во пролетниот рок. – Кога ќе ...
Состојбата со поплавите во земјава до 08:30 часот останува под контрола, без нови пријави за излевање во дел од погодените региони, информира Центар за управување со кризи. Тетовски регион Во Тетовскиот регион нема нови пријави за излевање на реката Вардар кај село Форино, ниту на другите водотеци каде вчера беше евидентирано излевање и поплавување. На патниот правец Тетово–Попова Шапка во сила е забрана за движење на автобуси, додека за ...
Студено утро со температури под нулата во дел од повисоките места, значителни врнежи во западните делови и над еден метар снег на планините – ваква е утринската временска слика низ земјава. Најниска минимална температура од -3 степени е измерена на Попова Шапка. Нула степени се регистрирани во Берово, Маврови Анови, Лазарополе и Крушево. Два степени се измерени во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Демир Капија и Велес, додека 3 степени се ...
Демографската слика на земјава покажува јасен тренд на стареење на населението. Најновите податоци на Еуростат за 2025 година откриваат дека средната возраст на населението во Македонија изнесува 42,21 година, што е нешто под просекот на Европската Унија, каде средната возраст достигнува 44,9 години. Во изминатата деценија разликата е особено забележлива. Во 2015 година средната возраст во земјава изнесувала 37,4 години, што значи дека за ...
Овен Фокусот е на идните планови и кругот на луѓе со кои сакате да одите напред. Денес можете јасно да видите каде сте се заглавиле од навика, а не од избор. Соларната еклипса ве повикува да се ослободите од старите социјални улоги и да започнете нешто што повеќе одговара на тоа кои сте сега. Промената бара храброст, но ви носи чувство на припадност. Бик Кариерата и животната насока се под силен притисок за промена. Можеби чувствувате отпор, ...
Родум Египќанец, син на угледни родители и роднина на александриските патријарси Теофил и Кирил. Откако ги изучи сите светски науки, се одрече од богатството и светската слава и сиот му се предаде на духовниот живот заради љубовта Христова. Беше голем и усрден бранител и толкувач на православната вера. Според тврдењето на историчарот Никифор, свети Исидор им напиша над десет илјади писма на разни лица, во кои едни ги укорува, други ги ...
Ќе има врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен повремено силен северен ветер. Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен повремено силен ветер од северен правец. Ќе има врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од ...
Јутјуберот Бака Прасе повторно се огласи преку својот профил на Инстаграм и покажа како прославува откако утрово му го запалија автомобилот. Додека многумина очекуваа дека ќе биде видно потресен поради тоа што денес му беше запален автомобилот, Бака Прасе ги изненади сите со својата реакција. На социјалните мрежи објави фотографија од ресторан на која наздравува со ракија и не ја симнува насмевката од лицето. „Ја прославуваме првата запалена ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот изјави дека разузнавачките податоци покажуваат оти Русија подготвува нови напади врз енергетски цели, предупредувајќи дека таквите удари го отежнуваат постигнувањето договор за завршување на војната што трае речиси четири години. Предупредувањето доаѓа во пресрет на третиот круг мировни преговори во Женева, кои започнуваат во вторник со посредство на Соединетите Американски Држави, ...
По излевањето на Зајаска Река, Кичево ги санира штетите од новите поплави што настанаа поради обилните врнежи од дожд. Над 60 семејства повторно останаа без покрив над главата вторпат овој месец откако водата ги поплави нивните домови. Околу 250 лица, односно 63 семејства, се сместени во спортската сала „Христо Узунов“. Станува збор за граѓани чии куќи беа зафатени од поплавите во текот на вчерашниот ден, кога силните дождови го погодија не ...
Израел денес соопшти дека палестинската група Хамас ќе добие ултиматум од 60 дена за разоружување. „Хамас ќе мора да го предаде целото своето оружје, вклучувајќи и пушки“, изјави израелскиот секретар на кабинетот Јоси Фус на конференција во Ерусалим, пренесува Анадолија. Фус додаде дека периодот од 60 дена го побарала американската администрација. „Ние тоа многу го почитуваме“, рече тој. Не потврдувајќи точно кога ќе започне ултиматумот, Фус ...
СВР Охрид ја известува јавноста дека, утре (17.02.2026 година) од 04 до 09 часот, на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро кај караулата во струшкото село Радожда, воена вежба ќе реализираат припадниците на македонската и белгиската армијата. При извршување на вежбовните активности, ќе биде употребена маневарска муниција поради што, апелираме до месното население на адаптирање на своите обврски и внимателност при нивното извршување ...
Првото затемнување на Сонцето во 2026 година ќе се случи на 17 февруари во знакот Водолија, совпаднувајќи со младата Месечина и носи можност за драматични нови почетоци за сите. Според хороскопот, ова затемнување ќе биде прстенесто и е познато како „огнен прстен“. Сончевите затемнувања се интензивни астрономски и астролошки настани, кои се случуваат за време на младата Месечина и често носат моќни нови можности, патувања и искуства во ...
Црногорската полиција денеска ја уапси поранешната црногорска министерка за образование, наука и култура, Весна Братиќ, поради сомнение за злоупотреба на положбата. Братиќ ја извршуваше функцијата министерка во владата на Здравко Кривокапиќ од 2020 до 2023 година, првата по смената на власта на ДПС на Мило Ѓукановиќ. Според пренесеното од црногорските медиуми, Братиќ одговарала пред специјалното јавно обвинителство на прашања за смената на ...
Биткоин е на пат да забележи петти последователен месец пад ако февруари заврши во минус, што ќе биде најдолг негативен низ од 2018 година. Истовремено, одливите од спот ETF-ови се постојано негативни, што ја нагласува новата реалност: по воведувањето на ETF-овите, биткоинот се тргува како инструмент чувствителен на каматни стапки и ризик, а не како независно пазарно средство, пишува CryptoSlate. Тест на издржливост Биткоин заврши во минус ...
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави дека утре во 11 часот ќе ја блокира Владата со 21 синдикален претставник. Ова е третата активност од втората фаза синдикални притисоци за зголемување на работничките плати. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, истакна дека бројот од 21 учесник е законски минимум според Законот за јавни собири за блокирање институција или сообраќајница. „Ќе бидеме 21 човек. Не се откажуваме додека ...
Без разлика дали ја носите храната од дома или ја купувате на аеродромот, голема е веројатноста дека барем еднаш сте нешто јаделе за време на летот. За да се избегнат скапи грицки што се нудат во авионот, многу патници планираат однапред и носат неколку основни намирници. Но, пред да ја затворите рачната торба, кабинското особје советува да размислите уште еднаш за изборот на храна. Од стомачни проблеми до непријатности за соучесниците, ...
Роднини и пријатели на социјалните мрежи се збогуваат од Виктор Илиоски (39) од Прилеп, кој исчезна во саботата попладне. „Син ми почина“, напиша мајката Роза во еден од коментарите на Фејсбук објавени во текот на вчерашниот ден, пренесувајќи ја големата болка и тага на семејството. Виктор Илиоски последен пат бил виден на 14 февруари околу 14 часот, облечен во тегет јакна (вентијага), црни тренерки и сиви патики. Семејството веднаш апелираше ...
Двајца тинејџери во Велика Британија беа прогласени за виновни за убиство без предумишленост по убиството на 49-годишниот Александер Кашфорд. Жртвата била измамена да оди на плажа, каде што била претепана со камења и шише и пронајдена како лежи со лице во кал, објави Sky News. Судот го разгледуваше случајот на 16-годишна девојка и двајца момчиња на возраст од 15 и 16 години. Девојката и 15-годишникот негирале вина, но поротата ги прогласила ...
Времињата кога помалите оштетувања на паркинг не беа причина за грижа одамна се минато. Денес и најблагите судири при мали брзини можат да резултираат со вртоглави трошоци, а една европска студија детално ги истражи тие износи. Според германскиот автоклуб ADAC, најголемата европска асоцијација на возачи, наглиот раст на цените на поправките не е само последица на инфлацијата и повисоките трошоци за работна рака. Главната причина лежи во ...
На 15.02.2026 во 13:23 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„14 Јуни“ во Македонска Каменица настанал пожар во куќа, сопственост на Љ.Ѓ.(80). Полициски службеници од СВР Штип – Полициско одделение Македонска Каменица излегле на местото и го затекнале сопственикот заглавен на тераса на вториот кат, по што се преземени мерки и со помош на скали безбедно го спуштиле. Нему му е укажана помош во Клиничка болница Штип поради вдишување чад, по ...
Владејачката Социјалдемократска партија на Германија (СПД) денеска предложи забрана за користење на социјалните мрежи за деца помлади од 14 години. „Социјалните мрежи би биле целосно забранети за лицата под 14 години, а за возраст од 14 до 16 години бараме користење верзија без системи за наградување и без препораки базирани на алгоритми“, стои во документ на пратеничката група на СПД, пренесуваат медиумите. „Повеќе не можеме да го игнорираме ...
Неколку дена по тешката несреќа на трамвајска станица во Сараево, лекарите и понатаму водат интензивна битка за закрепнување на 17-годишната Ела Јовановиќ. Таа беше сериозно повредена кога на 12 февруари стар трамвај излета од шините, настан што го одзеде животот на младиот студент Ердоан Моранкиќ. Од Општата болница „Абдулах Накаш“ информираат дека пациентката е разбудена од индуцирана кома, но нејзината општа здравствена состојба и понатаму ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски им нареди на раководството на украинските воздухопловни сили, Министерството за одбрана и државниот оператор на електропреносниот систем „Укренерга“ да подготват дополнителни заштитни мерки по разузнавачките извештаи за можен нов руски напад од големи размери. Наредени се дополнителни заштитни мерки Зеленски рече дека им наложил на командантот на воздухопловните сили Анатолиј Кривоножко, министерот ...
Швајцарската економија се стабилизираше во четвртиот квартал, поддржана од услужниот сектор, и за малку избегна рецесија, според првата проценка на Министерството за економија (SECO). Бруто домашниот производ (БДП) порасна за 0,2 проценти во споредба со третиот квартал, кога падна за 0,5 проценти. Техничка рецесија се јавува кога економската активност паѓа два последователни квартали. Министерството објави дека услужниот сектор забележал мал ...
НАЈМАЛКУ шест лица загинаа, а 46 се повредени во сериозна автобуска несреќа на федерален автопат во југоисточен Бразил во понеделник. Повредените се однесени во локалните болници, соопштија пожарникарите во државата Сао Паоло, пренесува Ројтерс. Пожарникарите објавија на социјалните мрежи дека несреќата на автопатот BR-153 се случила во раните утрински часови во близина на градот Марилија. Засега нема информации за сериозноста на повредите на ...
УБЕР планира да го прошири својот бизнис за достава на храна на уште седум европски пазари до крајот на годината, вклучувајќи ги Чешка, Грција и Романија, изјави портпаролот на компанијата во неделата. Проширувањето ќе го донесе Убер и во Австрија, Данска, Финска и Норвешка. Американската компанија очекува овој потег да генерира дополнителни 1 милијарда долари бруто резервации во текот на следните три години. Стратегија за раст „Гледаме силна ...
Снаодлив корморан во северозападна Германија се појавил во одделот за итни случаи во болница со јадица заглавена во клунот и удирал по стаклото сè додека некој не го забележал. Дивата птица тропала на влезната врата од одделот за итни случаи во градот Бремен, што го натерало болничкиот персонал да ја повика противпожарната служба, се вели во соопштението. Пожарникарите пристигнале на местото на настанот и, во она што го опишале како „одлична ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Затајување согласно член 239 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 35-годишник ја злоупотребил својата службена положба – менаџер на продавница во трговски центар во Чаир, како и дадената доверба и пристапот до касите и сефот, па во периодот од 18.12.2025 година до 04.02.2026 година, во повеќе наврати одземал ...