Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Под влијание на циклонска активност, во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места , а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови каде се очекува да наврнат над 15 l/m² воден талог. На планините висината на снежната покривка ќе се зголеми од 10 до 15 см. Потоа во следните денови времето ќе биде претежно стабилно со ниски утрински температури. За време на викендот ќе дува ...
На олимписката планина Јахорина вчера се случи инцидент на почетната станица на шестоседната жичарница „Огорјелица“, во кој беше повредено малолетно дете. Олимпискиот центар „Јахорина“ соопшти дека детето било придружувано од неговата мајка и уште едно дете кога се појавил проблем при возењето на жичарницата. Според Центарот, жичарницата била запрена веднаш по забележувањето на проблемот, а спасувачката служба реагирала што е можно поскоро и ...
СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.В.(83), В.Џ.(80) и Т.А.(68), сите од Штип, поради постоење основи на сомнение дека сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и продолжено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“, како и против З.С.(44) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторила продолжено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“. Првите ...
Ендру Маунтбатен-Виндзор беше уапсен утрово во неговиот привремен дом на имотот Сандрингам под сомнение за злоупотреба на службена должност, соопшти полицијата во Темза Вали. Најмалку шест необележани возила со осум полицајци во цивилна облека кои носеле службени лаптопи биле видени како влегуваат во имотот Вуд Фарм околу 8 часот наутро на денот кога Ендру наполнил 66 години. Форензички екипи исто така биле на местото на настанот, објавува ...
Четири градилишта во Општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот. Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер”, „9 Мај”, „Дебарца” и „Васил Стефановски”. Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од ...
Сопственикот на автосервисот се заканил дека ќе се самозапали за време на обидот за иселување, дознава РТС. Ситуацијата завршила без трагични последици. Сообраќајот бил запрен во еден момент, а полицијата и јавните извршители биле на местото на настанот. Сопственикот на автосервисот на Ибарска Магистрала се полеал со бензин утрово околу 7:30 часот и се заканил дека ќе се самозапали, јавува РТС. Според очевидци, тој не дозволил никому да ...
Жителите на Вевчани се во состојба на зголемена претпазливост откако во изминатите две до три недели е забележано сомнително движење на непознато лице во вечерните часови. Случајот е веќе пријавен во полиција, а локалната заедница преку социјалните мрежи упати јавен апел за будност. Според сведоштвата на мештаните од Горна Маала, мажот често се задржува во близина на приватни имоти, ги осветлува дворовите со светилка и ја набљудува околината. ...
Со традиција на лекување што датира од антиката, Туркије е една од најстарите дестинации за велнес во светот. Античките центри со лековити термални води и денес се дел од турската понуда на велнес искуства, која е збогатена со модерни спа центри што нудат третмани по мерка на посетителите, кои сѐ повеќе се заинтересирани за патувања што инспирираат лична трансформација и обнова на организмот. Изобилството на локации и ритуали за нега на ...
Македонија е на чекор до склучување на важен трговски договор со САД, што ќе донесе значителни олеснувања за македонскиот извоз. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска соопшти дека највисоката тарифа за македонските производи ќе изнесува 15 отсто, што е поповолно во споредба со многу земји од светот и регионот. За одредени клучни индустрии, тарифите ќе бидат дури и под овој процент. Според Муцунски, ...
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го презеде кормилото на повеќекратен ракетен фрлач способен да носи нуклеарно оружје, објавија државните медиуми. На церемонија во главниот град Пјонгјанг, тој го пофали оружјето како едно од најмоќните од ваков вид во светот. Демонстрацијата на воена моќ беше изведена пред конгресот на владејачката партија. Покажување на моќ во Пјонгјанг Најновите снимки од севернокорејските државни медиуми покажуваат 50 ...
Македонија и Словачка имаат голем потенцијал за интензивирање на деловното партнерство, особено во клучните сектори како што се енергетиката и автомобилската индустрија. Ова го истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, пред денешното отворање на Македонско-словачкиот бизнис форум во Скопје. Според Муцунски, овој настан претставува одлична платформа за директно вмрежување на стопанствениците од двете земји. ...
Полскиот град Краков започна пилот-проект за контрола на популациите на гулаби со хранење со пченка што содржи контрацепција во прометни јавни места, објавија градските власти во среда. Специјални „паметни хранилки“ се инсталирани на клучни локации каде што се собираат гулабите, вклучувајќи го и главниот плоштад во градот. Тие секојдневно ослободуваат измерена количина пченка што содржи контрацепција одобрена од ветеринар, дизајнирана да ги ...
Од изборот на Владата до денес имаме нови 23 директни летови, охридскиот и скопскиот аеродром поминаа 3,5 милиони патници, оваа година скопскиот аеродром очекувам да биде лидер во регионот со раст и да надминеме 4 милиони патници, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, коментирајќи ги владините политики во авиосообраќајот. “Почнавме сериозна политика на привлекување на нови авиолинии и авиокомпании, имајќи предвид ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на домашни миленици – кучиња за исполнување на законската обврска за идентификација на миленикот со микрочип и негова регистрација во модулот за домашни миленици на Информативниот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство, за што се издава и пасош за домашен миленик. Апликацијата на микрочипот е еднократна, односно, миленикот чипот го носи до крајот на животот. ...
Собранието денеска ја продолжува 85-тата седница со фокус на две значајни законски измени кои директно ги засегаат граѓаните, а се предложени од спротивставените политички табори. На дневен ред е предлогот на владејачкото мнозинство за продолжување на рокот за легализација на дивоградбите, како и барањето на опозицијата за итно зголемување на минималната плата. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ предлагаат Законот за постапување со бесправно изградени ...
За верниците од исламската вероисповед, Рамазан, најважниот и најсветиот месец за муслиманите ширум светот, започна денес. Тој го означува денот кога Куранот, светата книга на исламот, му билa објавенa на пророкот Мухамед. Рамазан и периодот на постење се почитуваат во текот на целиот месец и претставуваат еден од петте столба на исламот, основните должности што сите муслимани треба да се стремат да ги исполнат. Рамазан се смета за месец на ...
Oвeн – Bpeмe e дa пpecтaнeтe дa paзмиcлyвaтe и дa пpeминeтe нa peaлнo cпpoвeдyвaњe нa вaшитe плaнoви. Дeнeшниoт дeн ja пoддpжyвa вaшaтa xpaбpocт и бapa oд вac дa дejcтвyвaтe бeз ниĸaĸвo двoyмeњe – вaшaтa peшитeлнocт ќe бидe ĸлyчoт дo ycпexoт. Биĸ – He дoзвoлyвajтe дeнeшниoт дeн нa инepциja дa вe cпpeчи; oвa e дeн зa aĸтивeн пpoбив. Зacтaнeтe зa вaшитe идeи co цвpcтинa и yпopнocт и пoĸaжeтe им нa дpyгитe дeĸa cтe пoдгoтвeни дa ja бpaнитe ...
Ученик на свети Јован Богослов, којшто и го посвети за епископ на градот Смирна. Во Смирна тогаш имаше малкумина крстени. Свети Вукол блескаше сред темнината на незнабоштвото како јасна свеќа. Се одликуваше со сите добродетели, а особено со благост и со кротост. Пред смртта, Вукол го посвети за свој наследник во епископството славниот Поликарп, а самиот мирно се упокои и отиде кај Господа. Ученик на свети Јован Богослов, којшто и го посвети ...
Наутро ведро и студено, а во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта почнувајќи од западните делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Утре во текот на ноќта и во петок под влијание на нов ...
Eксплозија во канцеларија за воена регрутација во градот Коломија во регионот Ивано-Франкивск во западна Украина е класифицирана како терористички напад, соопшти канцеларијата на регионалниот обвинител. Веста доаѓа во време на пораст на напади врз возила на украинските вооружени сили низ целата земја. Само во последните две недели, во Одеса се пријавени два вакви инциденти. Во експлозијата, која се случи во среда навечер, никој не е повреден, ...
Австриската полиција во среда соопшти дека три лица загинале во лавини што ги погодија планините на западот од земјата. Меѓу жртвите е и германски скијач кој загина во Тирол, изјави портпаролката на полицијата за новинската агенција ДПА. Само во Тирол, во среда се регистрирани повеќе од 30 лавини. Трагични несреќи во неколку покраини Втората жртва е 71-годишен маж чија смрт е потврдена во Фис. Полицијата не даде дополнителни детали. Друг маж ...
Ситуацијата во виничкото село Блатец денеска ескалираше кога дојде до остар вербален конфликт и тензии на работ на физички инцидент меѓу локалното население и претставниците на компанијата инвеститор. Жителите, кои деноноќно дежураат на барикадите, со жив штит го попречија патот на градежните машини наменети за изградба на хидроцентрала на реката Блатешница. И покрај обидите за разговор во Министерството за енергетика, решение не е постигнато ...
Лет на авиокомпанијата „Delta Air Lines“ од Хјустон за Атланта утрово мораше итно да се врати на појдовниот аеродром, откако патник предизвикал инцидент и се обидел насилно да влезе во пилотската кабина. Во авионот од типот „Boeing 717“ во тој момент се наоѓале 85 патници и пет членови на екипажот. Брза реакција на екипажот Инцидентот се случил на летот 2557, веднаш по полетувањето од аеродромот „Хоби“ во Хјустон. На снимките од ...
Белата куќа денес изјави дека е во најдобар интерес на Куба што поскоро да спроведе значајни промени, но во исто време се воздржа од директни повици за промена на владата во таа земја. „Ова е режим кој пропаѓа. Нивната земја се распаѓа и затоа веруваме дека е во нивен најдобар интерес што побрзо да спроведат драматични промени“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, за новинарите. Таа нагласи дека САД сакаат да видат успешни и ...
Астероидот под името 2024 YR4 во последно време е главна тема меѓу астрономите, бидејќи моментално претставува највисок ризик за судир со Земјата во споредба со сите други познати вселенски објекти. Иако шансите за удар се проценети на околу 2,3 проценти, научната заедница ја сфаќа заканата сериозно и веќе е ангажиран вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ за попрецизни набљудувања. „Ризичен коридор“: Каде би можел да удри? Доколку дојде до судир, ...
Пратеникот и координатор на пратеничката група на ВЛЕН, во настап на ТВ21, зборуваше за спојувањето на ВЛЕН во партија и за последната одлука на Движењето Беса, кое го разреши целото раководство, во функција на спојувањето на ВЛЕН. Ќоку изјави дека Беса е ВЛЕН и ВЛЕН е Беса. „Движењето Беса може да ја напушти Владата само кога ВЛЕН ќе ја напушти Владата. Не само ако излезе Беса, излегува и ВЛЕН, туку секоја одлука на Беса е одлука на ВЛЕН. ...
Полицијата во Ново Мексико истражува наводи дека покојниот педофил Џефри Епштајн ги задушувал девојките за време на секс на неговиот ранч Зоро и дека нивните тела биле скриени на имотот. Претставничкиот дом на Ново Мексико во понеделник едногласно гласаше за формирање „комисија за вистина“ за да ги истражи наводите за трговија со луѓе и злоупотреба на изолираниот имот. Основана е „комисија за вистина“ Комисијата има за цел да ги идентификува ...
Случајот кој бугарските медиуми го опишуваат како „незапаметен во поновата историја“ остава повеќе прашања отколку одговори. Се започна на 2 февруари со откривањето на три машки трупови покрај делумно изгорена планинарска колиба во близина на превојот Петрохан, до српската граница. Шест дена подоцна, уште три тела беа пронајдени во камперско возило на ридот Околчица, оддалечено 80 километри од првото место на злосторството. Кој беше Ивајло ...
Силни снежни врнежи и дожд ја погодија Романија во среда, оставајќи околу 200.000 домаќинства без струја. Бурата предизвика и големи проблеми во сообраќајот, со блокирани автопати и државни патишта, а десетици возови доцнеа, изјави министерот за енергетика Богдан Иван, пренесува Ројтерс. Во главниот град Букурешт, под слој снег од 40 сантиметри, јавниот превоз функционираше лошо. Паднати дрвја го попречија патниот и железничкиот сообраќај, а ...
Чарлс Бронсон, човекот кој помина половина век зад решетки и стана симбол за најпроблематичен затвореник во Велика Британија, денеска повторно излегува пред Одборот за условно ослободување. На свои 73 години, Бронсон (сега познат како Чарлс Салвадор) бара шанса за слобода или барем префрлање во затвор од отворен тип. Пркос и одбивање соработка Пред само еден месец, Бронсон го отпушти својот правен тим и одби да учествува во процесот, ...