Општина Куманово ги информира граѓаните дека утре ќе спроведе второ авионско прскање против комарци. Третманот, како што наведуваат од општината ќе опфати површина од 1 270 хектари и ќе се спроведе по течението на реките Кумановка, Липковка, Којнарка, месните заедници „Бабин Дол“ и населбите „Гоце Делчев“ и „Тоде Мендол“, централното градско подрачје и пречистителна станица JП „Водовод“ село Доброшане. -Се известуваат граѓаните на Општина ...

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажува најновиот неделен извештај на ЈП „Водовод и канализација“. Секторот за санитарна контрола во периодот од 28 јули до 1 август 2025 земал 213 примероци за физичко-хемиска и 213 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 46 мерни места во Градот Скопје. Според добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за ...

Центарот за управување со кризи денеска информираа дека сè уште е активен пожарот во општина Липково на подрачјето помеѓу селата Слупчане и Ваксинце. Пожарот избувна вчера во попладневните часови и зафати сува трева и нискостеблеста шума гореле во атарот на липковското село Слупчане, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. На пожарот во текот на вчерашниот ден интервенирале две противпожарни возила со шест ...

Центарот за управување со кризи утринава информира дека на територија на државата има активни четири пожари и тоа во општините Чашка, Липково, Студеничани и Македонски Брод. Во општина Чашка, над Богомила гори мешана шума, во општина Липково помеѓу селата Ваксинце и Слупчане е опожарена нискостеблеста шума, во општина Студеничани, поточно кај селото Дречавица има шумски пожар во планина, а во општина Македонски Брод кај село Грешница гори ...

На граничните премини Табановце и Богородица утринава времето на чекање е околу 30 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјава. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На државните патишта сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ информира дека од денеска до 16 септември 2025 ...

Според мерењата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на Дојранското Езеро скоро една година постојано е околу 80 сантиметри под договорениот минимум. Езерото полека се празни и ако пред неколку години нивото на водата беше до шеталиштето и кејот, сега е повлечено десетина и повеќе метри и им создава проблеми на туристите како да се искапат, но и на дојранчани како да ги уредат плажите. Таквата состојба ги загрижува жителите ...

На граничните премини на македонско-албанската граница, посебно на преминот „Ќафасан“ кај Струга, продолжува големиот проток на патници и возила. – Во текот на изминатите три дена, околу 30 илјади патници и над 11 илјади возила влегле и излегле преку овој граничен премин. Поголемиот дел од патниците се странски државјани кои го избираат албанскиот брег за своите летни одмори, објавија албански медиуми. За да се справат со овој проток, ...

Поради изведба на проектот „Изградба на патна делница Градско – клучка Дреново“, дел од Коридор 10д, ќе има временa изменa на режимот на сообраќај на Експресниот пат А1, делница Градско – Дреново. Измените ќе важат од 04.08.2025 до 16.09.2025 година, при што сообраќајот ќе биде пренасочуван и регулиран со поставена соодветна сообраќајна сигнализација, соопшти денеска АМСМ. Поради изведување на градежни активности на Вијадукт на Сарички дол, ...

Во Скопје денеска од 9 часот ќе има посебен режим на сообраќајот поради одржување настан за одбележување на празникот 2 Август. – Поради одржување настан за одбележување на празникот 2 Август, денеска со почеток во 9 часот па се до завршување на настанот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното подрачје на Скопје односно за сообраќај ќе биде затворен делот ...

Заедничката европска валута, еврото, продолжува да бележи ниски нивоа во однос на албанската валута-лек, достигнувајќи историски најниска вредност. На девизниот пазар денеска се купува за 96,8 леки, а се продава за 97,8 леки. До пред две години едно евро се купуваше за 127 леки. – Тоа се должи на повеќе фактори, почнувајќи од странските инвестиции во недвижности во Албанија, па сè до менувачките операции во големи износи, што е условено од ...

Силни врнежи од дожд што предизвикаа и проблеми и над 10.000 молњи беа регистрирани вчера попладне во северниот и централниот дел на Грција, според податоците од мрежата на автоматски метеоролошки станици на Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина. Најголема количина дожд беше измерена во регионот на Кукуш (Килкис), каде наврнале дури 94,8 милиметри дожд. Паралелно, освен обилните врнежи, била ...

Од вкупно 13 пожари на отворен простор изминатото деноноќие, 12 се изгаснати, а еден е ставен под контрола, информираат утрово од Центарот за управување со кризи. Пожарот ставен под контрола е на територија на општина Берово. Како што се појаснува во соопштението, станува збор за огнените јазици на подрачјето на планината Готен кон Малешевските планини, а гореле бор, бука, нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација. Изгаснатите ...

Со новата извршна наредба што синоќа ја потпиша американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини за речиси сите земји кои досега немаат трговски договор со САД, царинската стапка за Македонија од претходните 33 е намалена на 15 проценти. Царина од 15 отсто САД ќе имаат и со Европската унија, со која склучија трговски договор на 27 јули. Од земјите во регионот, со царинска стапка од 15 проценти ќе бидат и Хрватска и Словенија, ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера потпиша извршна наредба за зголемување на царините за канадска стока од 25 на 35 посто, соопшти Белата куќа. -Како одговор на континуираната неактивност и одмаздничките мерки на Канада, претседателот Трамп утврди дека е потребно да се зголемат царините за Канада од 25 отсто на 35 проценти за ефикасно справување со моменталната вонредна состојба, се вели во соопштението. Трамп подоцна за Ен-Би-Си Њуз ...

Денес Директорот на ЈП Национални шуми Проф.д-р Здравко Трајанов и директорот на АФПЗРР Илија Стоилев потпишаа Меморандум за соработка, со што отпочнува процесот на реализација на Годишната инвестициона програма на ЈП Национални шуми за 2025год. За прв пат ЈП Национални шуми влегува во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој. Ќе градиме патишта за: заштита од пожари, за добробит на сите кои ги посетуваат и работат во планините- ...

Центарот за управување со кризи утринава информира дека на територија на државата до 06:30 часот активни се три пожари и еден е под контрола. Изгаснати се 24 пожари од вкупно 28 регистрирани пожари. Активен останува пожарот на планината Готен меѓу општините Василево, Радовиш и Берово каде од вчера, покрај екипи од државава, дејствуваа и чешкиот хеликоптер „Блек Хок“ и словенечки пожарникари. Според информациите на ЦУК, активни се и пожарите ...

Во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ќе се одржи свечена церемонија на потпишување на договори во рамки на новата швајцарска поддршка за јакнење на јавните комунални претпријатија во земјата. Како што соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање, на настанот ќе се обратат и ќе ги потпишат договорите: првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и ...

Дел од патот Градско – Прилеп целосно ќе биде затворен за сообраќај од 3 август, информираат денеска од Јавното претпријатие „Македонијапат“. – Поради изведување градежни активности на Вијадукт на Сарачки дол кој се наоѓа на државниот пат А1 Градско – Прилеп, обиколница на градот Прилеп, државниот пат – од раскрсница кај бензинска станица „Лукоил“ до клучка кај бензинска станица „Салида“, ќе биде целосно затворен за сообраќај од 3 август, ...

Денеска (30.07.2025) околу 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје – Тетово, после наплатната станица Глумово, едно лице подметнува пожар. Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Р.З.(59) од с.Арнакија, општина Сарај, како потпалува ѓубриште и сува трева во близина на штала со добиток. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а лицето било лишено од слобода и приведено ...

Чешкиот хеликоптер „Блек Хок“, кој синоќа пристигна на скопскиот аеродром, се очекува да полета кон планината Готен каде ќе се вклучи во гансењето на пожарот од беровска страна. Екипажот рано утрово имал брифинг со старешини од Воздухопловниот ВИНГ на кој било утврдено дека најпогоден извор за полнење на вода е вештачкото езеро Турија кое е оддалечено десетина километри воздушна линија од пожарот. Покрај чешкиот „Блек Хок“, во земјава ...

Активни се три пожари на отворен простор од евидентирани 28 на територијата на државава во изминатото деноноќие, под контрола се пет, а 20 се изгаснати. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во општините Василево, Радовиш и Берово, поточно во село Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини, во прилепското село Бешиште, на место викано Бешишки Рид, друг крак кон село Градешница во општина ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, но на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно ...

Во текот на изминатата ноќ во кабинетот на градоначалникот на Македонска Каменица се одржа состанок на Општинскиот кризен штаб, на кој беа донесени оперативни насоки за утринско делување на терен во справувањето со шумскиот пожар. До Центарот за управување со кризи како што информираше денеска градоначaлникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски упатено е барање за ангажирање воздушна поддршка, лесна механизација и вклучување на ...

На видеолотариските терминали во Македонски Брод, Мице Анѓелкоски го освои Милионер џекпотот во износ од 1.475.310 денари! Мице Анѓелкоски е најновиот милионер на Видеолотарија. Заедно со својот брат, ја посети Видеолотарија Касинос Австрија и ја сподели својата среќна ВЛТ приказна. „Не очекував, ама се случи! Парите ќе ги поделам со брат ми – верувам дека ќе ни донесат среќа,“ ни раскажа Мице. Од срце му честитаме! Нека оваа добивка му ...

Специјалните противпожарни возила и опремата, кои денеска заедно со 50 професионални пожарникари од Словенија ќе пристигнат во Берово, ќе бидат распоредени на стадионот „Димитар Беровски“ како логистички центар со сите расположливи ресурси. Поради тоа, стадионот ќе биде привремено затворен за јавноста, информираа од Општина Берово. Претходно директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов информираше дека словенечките ...

Сериозна опасност вечерва му се заканува на радовишкото село Злеово, каде пожарот се приближил до куќите над селото и постои реална опасност по имотот и безбедноста на жителите. „ВОНРЕДНА СОСТОЈБА Пожарот станува сè посериозен и е сè поблиску до селото. Апелираме до сите што можат и сакаат да помогнат – да дојдат веднаш!“, се вели во објавата на фудбалскиот клуб Слога од селото. Жителите организирано се обидуваат да го спречат ширењето на ...

Веќе трет ден беснее големиот пожар во Националниот парк „Преспа” кај Пустец. -Во гаснењето на пожарот се вклучени противпожарни служби од оваа и соседните општини, цивилната заштита, локалната и граничната полиција. Покрај непристапниот терен, дополнително проблем е и ветерот, кој е опасност и за луѓето што се вклучени во справувањето со огнената стихија, велат од Општина Пустец. Додаваат дека поради големиот број пожари, сè уште не ...

Жителите на селото Меџитлија вчера покажаа неверојатна солидарност и одлучност во борбата со пожарот што зафати околу 70 хектари стрниште во атарот на селото, во близина на граничниот премин. Додека пожарникарите гаснеа на теренот, земјоделците со трактори изораа заштитен обрач околу селото за да го спречат огнот да стигне до куќите. Благодарение на навремената реакција, пожарот е ставен под контрола. Видеото од настанот го испрати Нур ...

Вкупно 15 пожари на отворен простор се регистрирани до 12:30 часот денеска. Од нив девет се активни, а шест се ставени под контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во Општина Василево, Радовиш и Берово: с. Нивичино, планината Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), Општина Прилеп: с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид, краци кон с. Градешница (опш. Новаци) и ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалуваат за 1,00 денар по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) поевтинува се половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 74,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 76,00, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 70,50, а Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) по 70,50 денари за ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
81%
1008
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
9.26
65%
1005
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
5.14
92%
999
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
7.72
80%
1011
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.71
95%
1014
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.79
97%
999
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
5.66
80%
1011
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
6.17
39%
1000
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
87%
1000
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
4.12
92%
1014
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
4.12
97%
1005
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
66%
1015
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

49.78

Сребро

3663.67

Паладиум

56617.46

Цинк

3.37

Злато

159322.70

Алуминиум

3.06

Бакар

12.10

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Родиум

339190.38

Иридиум

221848.72

Платина

83354.78