Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека на Владина седница е донесена одлука за откуп на пченица за стоковите резерви, и по прв пат за откуп на оризова арпа со што ќе им се помогне на земјоделците кои што ги прозиведуваат овие житни култури. -Донесовме одлука на владина седница околу 9.000 тони да биде откупена пченица и околу 2.400 тони ориз и оризова арпа од реколтата 2024. Во првиот случај кај пченицата можеби ќе ...
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози. Автомотосојузот на Македонија информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. -Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, но на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ Автомотосојузот препорачува прилагодена брзина на движење, ...
Вкупно 51 пожар на отворен простор се регистрирани во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава, од кои осум се активни, седум се под контрола и 36 се изгаснати. Како што утрово објави Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во: село Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини каде што е зафатена нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација; во прилепското село Бешиште, место викано ...
Вкупно 12 пожари има на отворен простор во Македонија, информираат од ЦУК. 6 активни 3 под контрола 3 изгаснати АКТИВНИ: 6 1. Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација); 2. Општина Прилеп 1 – с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид, крак према с. Градешница и друг према граница со Р. Грција (мешана шума); 3. Општина Прилеп 2 – активен крак кон с. ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска соопшти дека исплатиле 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадено јагне и/или јаре. Од Министерството информираат дека реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година. -Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и ...
Гори шума над селото Нивичани, на Осоговските Планини, петнаесетина километри од Кочани. Пожарот е пријавен вечерва, нешто по 18 часот. Според информациите од теренот, огнот зафатил поголема површина и претставува закана за неколку викенд-куќи во близината на селото. Од Територијалната противпожарна единица – Кочани информираат дека се ангажирани сите расположливи средства и дека гаснењето се одвива во координација со Доброволното ...
На денешната владина седница донесовме одлука за ново зголемување на пензиите: 1.000 денари во септември 2025 (исплата на 1 октомври); 1.000 денари во март 2026 (исплата на 1 април). Ова значи дека пензиите ќе пораснат за нови 2.000 денари, како продолжение на досегашното зголемување од 5.000 денари во првата година од мандатот на оваа влада. Вкупно 7.000 денари повеќе. Пензионерите го заслужуваат целото наше внимание, почит и поддршка, се ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека според податоците на Државниот завод за статистика забележан е нагорен тренд на извозот на земјоделските производи и како Владата ќе ги задржи овие параметри на среден и на долг рок, изјави: „Точно е тоа, имаме раст на извозот во првите пет месеци, од речиси шеесетина, близу седумдесет проценти, што е добро, охрабрувачки за ...
„Контролите коишто ги правиме на терен продолжуваат од земјоделскиот инспекторат. Согласно квалитетот и она што е дефинирано како цена останува истото, за прва и втора категорија – 12 денари , за трета – 11 денари и нормално, за некоја што е со екстра слаб кавлитет ќе биде пониско од тоа. Она што досега се информации коишто ми се пласирани од страна на инспекторатот, откупени се 40 милиони килограми, најголем дел е во прва категорија и втора ...
Од Македонското еколошко друштво алармираат дека гори Паркот на природата Езерани. – Преспа утрово повторно се разбуди обвиена во чад по деноноќното уништување предизвикано од неконтролираниот пожар во Паркот на природата Езерани. Ова заштитено подрачје сместено на северното езерско крајбрежје важи за едно од најзначајните подрачја за биолошка разновидност во Преспанскиот регион и во државата, дом на голем број растителни и животински видови ...
Директорот на Invest North Macedonia, Рефик Џемаили, учествуваше на значајна билатерална средба заедно со министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и министерот за економија на Азербејџан, Mikayil Jabbarov. Средбата беше фокусирана на унапредување на економските односи меѓу двете земји, зголемување на трговската размена, поттикнување на директни инвестиции и развој на заеднички стратешки проекти. Како Агенција, остануваме целосно посветени ...
Состојбата со пожарите на територијата на Македонија и денеска останува алармантна. Според официјалните податоци заклучно со 20 јули 2025 година до 18:00 часот, евидентирани се вкупно 15 пожари на отворен простор. Од нив, 7 се сè уште активни, 2 се под контрола, а 6 се целосно изгаснати. Меѓу најсериозните активни пожари се издвојуваат оние кај селата Нивичино во Општина Василево и кај Грешница во Општина Македонски Брод, каде што гори мешана ...
Денеска во просториите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој беа потпишани Договори за финасиска поддршка од Мерка 3 “Инвестиции во физички средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“ од ИПАРД III Програмата, информираат од Платежната агенција. Воедно, на корисниците им беше презентирана можноста и предноста од користење на АВАНСНО ПЛАЌАЊЕ. Корисникот има право да бара авансно ...
Европските фондови и поволностите коишто се нудат преку нив за општините беа во фокусот на денешната посета на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Илија Стоилев и заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков на општините Василево и Босилово. На средбата со градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов се дискутираше за потребите на општината во однос на зацртаните проекти и ...
Започна првата берба на овогодишниот планинскиот чај во село Тумчевиште. Членките на здружението МОЈА ФАРМА со радост и задоволство ги собираа првите оформени цветови. Чајот е со добар квалитет и се очекува да има успешен пласман на локалниот пазар. После напорнта работа и посветеност резултатите се неминовни до поставената цел да се постигне економско јакнење на жените од руралните средини. Оваа активност се реализира во рамките на проектот ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во „Само Интервју” на телевизија Канал 5, се осврна околу блокадите од страна на Бугарија и условите кои и ги поставуваат на државата за влез во ЕУ. Премиерот потенцираше дека Македонија нема да стане членка на ЕУ по секоја цена, затоа што овој народ и Македонија дале премногу изминативе повеќе од 30 години. „Сите сме за ЕУ, и сите сакаме да бидеме во ЕУ, но не по секоја цена. Затоа што да беше ова ...
Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во „Само Интервју“ на телевизија Канал 5, се осврна на барањата од страна на пензионерите околу прашањето за линеарното зголемување на пензиите, најавувајќи ново зголемување во следните 6 месеци. Мицкоски кажа дека се прават анализи за линеарно зголемување на пензиите и тоа 1.000 денари оваа есен и 1.000 на пролет, т.е. дополнителни 2.000 денари линеарно зголемување за сите пензионери во наредните ...
Центарот за управување со кризи информира дека поради ветер кој го зафати подрачјето на Општина Куманово и Град Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари. Во Скопскиот регион пожари се пријавени помеѓу Индустриска зона „Бунарџик“ и рафинерија „Окта“. Во Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане се пријавени пожари во село Романовце, Агино Село, Табановце, Шупњи Камен, Младо Нагоричане и Стрновац. Како што претходно ...
По долгиот период на застој, конечно го разрешивме проблемот со доделувањето на дивечот на користење во ловиштата. Донесовме измени и дополнувања во Законот за дивеч и ловство (01.07.2025), истите стапија на сила на 09.07.2025 година; Ги отстранивме законските пречки кои го блокираа процесот. Објавен е Јавен повик Бр.01/25 за доделување на дивечот во ловиштата во следниве ловни реони: Прилеп; Крива Паланка; Пробиштип; Македонски Брод; ...
За реализација на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година, исплатени се средства во висина од 16.041.565,00 денари, како неповратна финансиска поддршка кон 8 корисници, како учество во нови инвестиции наменети за Мерка 121 – Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства подмерка 121.1 Набавка на високостелни педигрирани јуници (со исклучок на јуници од расата Буша), од увоз или од признати организации на ...
Љубанци и Љуботен во скопски Бутел ќе добијат чиста вода за пиење. – На барање на општина Бутел, Владата на Република Македонија обезбеди над 110 000 000 денари за реализирање на еден од најголемите капитални проекти, а тоа е водоснабдување на селата Љубанци и Љуботен со чиста вода за пиење од градскиот водовод. Првиот човек на Бутел се заблагодари и на жителите на селата Љубанци и Љуботен кои даваат, како што рече, голема поддршка и ја видоа ...
Под контрола е пожарот кај дојранското село Николиќ, каде што гори нискостеблеста шума До 8 часот утринава, на територија на државата се регистрирани вкупно 21 пожар од кои активни се два, еден е под контрола, а изгаснати се 18 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци во Велешко, каде што гори мешана шума и кај селата Црешнево, Локвица, Крапа и ...
Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ќе биде потпишан грант-договор со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), како дел од Регионалниот проект за управување со цврст отпад финансиран преку Европскиот заеднички фонд за Западен Балкан. Како што соопштија од Министерството, на настанот ќе се обратат вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, амбасадорот на ЕУ во земјава ...
Предлог-измените на Законот за возила со кои се очекува да се олесни процесот на регистрирање на возилата денеска го поминаа собранискиот филтер во матичната Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. Претседателот на Комисијата, кој воедно е и еден од предлагачите, Бојан Стојановски образложи дека измените се направени со цел да се поедностави процесот на регистрирање на возила. Со измените им се дава можност на станиците за ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се зголемуваат за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 75,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 77,50, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 71,50, а Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 71,00 денар за литар. Малопродажната цена на ...
Вчера (13.07.) од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово, заедно со полициски службеници од ПО Јегуновце и претставници на ЈП „Национални шуми“- подружница „Лешница“, на подрачјето на општината Јегуновце во селата Ратае, Жилче, Прељубиште и Јегуновце, беше спроведена превентивна активност под мотото „Пламените јазици се незапирливи“ и „Да ги заштитиме шумите од пожари“. Во фокусот на оваа превентивна активност ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски изјави дека годинава ќе има рекордна цена на најзастапените сорти на грозје, Вранец 21.3 денари, Смедеревка 18.9 денари по килограм. „Денеска сум овде во посета на млад земјоделец со кој што разговаравме во делот на лозаропроизводството. Радува фактот кога млади луѓе се одлучуваат да се занимаваат со земјоделство“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и ...
Два противпожарни авиони од типот канадер CL-415, испрати Грција за гаснењето на големиот пожар во селото Николиќ во општина Дојран во близина на границата, што воедно е и втора помош од јужниот сосед во изминатите четири дена, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција соопштија дека во 16.53 часот по локално време двата канадери полетале од Солун за да помогнат во справувањето со ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски посети неколку откупни центри и млинови во Пелагонискиот регион со цел да изврши увид дали се почитува утврдената откупна цена за килограм пченица. Притоа, како што информираат од МЗШВ, кај дел од откупувачите се констатирани одредени неправилности за кои се превземени мерки. -Според кажувањата на земјоделците и откупувачите, оваа година квалитетот на пченицата е ...
На ГП „Табановце“ се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање е околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...