Изминатото деноноќие, до седум часот утрово, на територија на државава се евидентирани 23 пожари на отворен простор. Еден е ставен под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи. Приземниот пожар на Кожуф планина е ставен под контрола. Изгаснатите пожари биле на територија на општините Илинден, Гази Баба, Струга, Тетово, Кривогаштани, Прилеп, Куманово, Зелениково, Македонски Брод. Од останатите, ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Почнувајќи од 03.09.2025 г. во период од 2 седмици, на патниот правец Гостивар – Тетово и обратно од патарина Тетово до патарина Гостивар, ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека забраната за движење во шумите и шумското земјиште се продолжува до 30 септември 2025 година и ги повикува граѓаните на посебна претпазливост со цел спречување на појава на пожари на отворен простор. Министерството ја потсетува пошироката јавност дека и во периодот кој следи не е намалена опасноста од појава на пожари на отворен простор. Граѓаните треба да ...

Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска на територија на државата регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор, од нив нема ниту еден активен, под контрола се ставени пет, додека 13 пожари се изгаснати. Како што стои во соопштението од ЦУК, под контрола се ставени пожарите во општина Долнени кај селата Долгаец и Стровија каде гори нискостеблеста вегетација, во општина Гази Баба кај депонијата Вардариште, во општина ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од денеска па во наредните две седмици, на патниот правец Гостивар – Тетово и обратно од патарина Тетово до патарина Гостивар, ќе се ...

Бројот на работниците во индустријата во лули годинава е намален за 3.8% во однос на јули 2024 година, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2025 година, во однос на јули 2024, се намалил за 2.4 %, во секторот Преработувачка индустрија за 4.0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.5 %. Според главните индустриски групи, бројот ...

Два пожара се активни во моментов низ државава, додека три се ставени под контрола. Изминатото деноноќие, до осум часот утрово, на територија на државава регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор. Од нив, 13 се изгаснати, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи. Нискостеблеста вегетација гори во подрачјето на селата Црнилиште и Долгаец во општина Долнени. Мешана шума гори во регионот на селото Никуштак во општина ...

За 14,5 милиони евра е зголемена наплатата на приходи во август во споредба со истиот месец минатата година, што претставува рекорден раст на приходите од 8,9 проценти остварени на месечно ниво годинава, соопшти Царинската управа. Притоа, најголем раст од 19,5 проценти е остварен во наплатата на акциза, при што по овој основ во август се собрани приходи од 3,78 милијарди денари. Наплатата на приходи од царина пак, бележи пораст од 7,9 ...

На територијата на нашата земја денеска до 12:30 часот има пет активни пожари на отворено, а исто толку се под контрола, информираат од ЦУК. Активни се пожарите во во близина на Тиквешко Езеро каде гори нискостеблеста шума и трева, во село Магленце каде е опожарена ниска вегетација и шума, во Штип на улица Асном каде е запалена ниска вегетација, во село Долгаец гори мешана шума и во село Подвис годи ниска вегетација и стрниште. Под контрола ...

Заклучно со 8:30 часот утринава на територијата на државава има еден активен пожар, а пет се ставени под контрола. Активен е пожарот во Општина Кавадарци во близина на Тиквешкото Езеро каде гори нискостеблеста шума и трева, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Како што посочуваат оттаму под контрола се пожарите во Општина Македонски Брод во Повеќенаменското подрачје Јасен каде гори мешана шума, во Општина Гевгелија на планината ...

Вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи во второто тримесечје од 2025 година достигнал 3,6 милијарди денари, што претставува раст од 7,2 проценти во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најголемо зголемување е забележано кај откупот од индивидуалните производители, кој пораснал за 26,4 проценти. Овој податок укажува дека земјоделците сè повеќе ги пласираат своите производи преку ...

Од изутринава во 05:00 часот пуштен е за сообраќај регионалниот пат Р-1106 Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен, кој неколку дена беше во прекин поради пожар. Се препорачува внимателно возење, почитување на сигнализацијата и прилагодување на брзината поради можни одрони на патот. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските ...

Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска на територијата на државата регистрирани се вкупно четири пожари на отворен простор, од кои еден е изгаснат, додека три пожари се ставени под контрола. Како што стои во соопштението од ЦУК, под контрола е ставен пожарот во општина Македонски Брод кај повеќенаменското подрачје Јасен каде горело мешана шума, понатаму пожарот во општина Гевгелија на планината Кожуф, како и во општина Долнени ...

Центарот за управување со кризи соопшти дека на територијата на државава денеска се регистрирани вкупно седум пожари на отворен простор. Два од нив се сè уште активни, два се ставени под контрола, а три се целосно изгаснати. Активни пожари се пријавени во општина Долнени, кај селото Долгаец, каде што гори мешана шума, и во општина Крушево, на влезот од градот, каде што е зафатена депонија. Под контрола се пожарите во општина Македонски Брод, ...

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,64 отсто во споредба со претходната одлука. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 75 денари за ...

АМСМ информира дека поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила. На ГП „Табановце“ времето на чекање за излез е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата. Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје и натаму е затворен за секаков вид на возила. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) Васе Анакиев, заедно со инспекторски тим, изврши контрола кај повеќе откупувачи на пиперка „Куртова капија“ во Струмичкиот регион. Во контролата, како што соопштуваат од ДИЗ, беше проверено дали откупувачите имаат јавно истакнати цени и дали се почитуваат правилата за класификација на производот. Согласно утврденото, моменталните откупни цени се: • Екстра класа – 50 денари/кг • I класа ...

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Северна Македонија има вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, 2 се под контрола и изгаснати се 24 пожари. Активни се пожарите во Општина Долнени с.Долгаец (мешана шума), под контрола се два во Општина Македонски Брод на подрачјето Јасен (мешана шума); и во Општина Гевгелија на планината Кожуф (висока шума). Како што информира ЦУК изгаснати се 24 пожари: -Општина Шуто ...

Република Северна Македонија го потврди своето учество на специјализираниот саем „ЕКСПО 2027“ во Белград, објави истоимената компанија. Нашата држава е една од 119-те земји кои ќе ја претстават својата визија за главната тема „Игра(и) за човештвото: Спорт и музика за сите“ во Белград од 15 мај до 15 август 2027 година. Според соопштението за медиумите на компанијата „ЕКСПО 2027“, Северна Македонија е препознаена како едно од последните ...

На територијата на државата денеска до 09:00 часот имало вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои нема ниту еден активен пожар, под контрола е еден пожарот во повеќенаменско подрачје Јасен, во Општина Македонски Брод, каде повеќе од десетина дена гореше мешана шума, а изгаснати се 17 пожари, информираат од ЦУК. Изгаснати се пожарот кај Брана Езеро Козјак, во Општина Сопиште каде гореше ниска вегетација и шума, како и пожарите во Општина ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен, информираат од АМСМ. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 10-15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена ...

До 12:00 часот на територија на цела држава регистрирани се вкупно девет пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е под контрола, а шест се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во општина Прилеп, кај село Беловодица – место викано Ливада и село Лењиште, каде е зафатена букова шума и во општина Долнени, кај селата Стровија и Долгаец, каде гори мешана шума. Под контрола е ставен пожарот во ...

Денеска го посетив Александар, вредниот фармер во село Сопотница, демирхисарско, кого го запознав уште пред една година, пред да ја преземам министерската функција, информира министерот за земјоделство Цветан Трипуновски. Сакав лично да се уверам како напредува неговата работа и како се реализираат поддршките што ги добива. Тој е корисник на ИПАРД средства и ми потврди дека субвенциите пристигнуваат навреме, што му овозможува да вложува во ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесува 45 468 денари и е повисока за 8.4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Зголемувањето се должи, пред сѐ, на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 14.7 проценти, Дејности на здравствена и социјална заштита за 12.7 проценти и Рударство и вадење камен за 12.2 проценти. Намалување на ...

Дождот што заврна пред седум часот утрово и врнеше нешто повеќе од два часа на подрачјето на ловиштето „Јасен“, помогна пожарот што трае повеќе од десетина дена, да биде изгаснат, соопштија денеска од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). – Но и покрај поголемата количина на заврнат дожд, на некои места од пожарната линија сè уште може да се забележи чадење, поради што по кревањето на маглата и чадот, ќе продолжиме со пешадиско ...

Изминатото деноноќие, до седум часот утрово, на територија на државава има регистрирано вкупно 27 пожари на отворен простор. Од нив, осум се активни, информираат денеска од Центарот за управување со кризи. Активните пожари се на територија на општините Македонски Брод, Прилеп, Долнени, Росоман, Кичево, Студеничани, Велес, Сопиште. Во „Јасен“ гори мешана шума. На територија на село Беловодица, место викано „Ливада“ и село Лењиште, гори букова ...

Чест и задоволство ми е да споделам дека 117 млади лица, веднаш по завршување на локалните избори, ќе добијат финансиска помош преку „Мерката 112“ – со 100% неповратни средства до 600.000 денари за млади од 18 до 40 години кои започнуваат сопствено земјоделско стопанство, информира на ФБ, министерот за земјоделство Цветан Трипуновски. На јавниот повик пристигнаа 254 апликации, од кои беа одобрени 117. Иако бројката можеби изгледа скромна, таа ...

Поради изборните ограничувања, мерката млад земјоделец не можеме да ја промовираме, иако огласот е завршен, филтерот е направен, 117 корисници односно апликанти за околу 70 милиони денари, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на новинарско прашање. Премиерот Мицкоски истакна дека за разлика од 2023 година кога имало само 44 апликанти, односно само 18 корисници, истата денеска е зголемена ...

До 13 часот денеска на територија на државава има вкупно 11 пожари на отворен простор, сега активни се седум, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во општините Македонски Брод, Струга, Долнени, Прилеп, Боговиње, како и два во Студеничани. Во „Јасен“ гори мешана шума. Во подрачјето на село Подгорци опожарена е нискостеблеста шума. Ниска вегетација гори во атарот на село Лажани. Опожарена е букова ...

Утре и задутре во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци, информираат од Град Скопје. -Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 22.08.2025 и на 23.08.2025 година (петок и сабота), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
76%
1009
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
5.14
67%
1005
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
3.09
93%
1000
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
5.14
81%
1011
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.51
90%
1014
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
97%
1000
weather icon

Атина

16ᴼ / 15ᴼ
6.17
75%
1012
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
39%
1002
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
77%
1001
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
3.09
85%
1015
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
4.12
97%
1006
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

3663.67

Злато

159322.70

Рутениум

45750.51

Платина

83354.78

Паладиум

56617.46

Бакар

12.10

Иридиум

221848.72

Алуминиум

3.06

Цинк

3.37

Калај

49.78

Родиум

339190.38

Кобалт

64.04