Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се зголемува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 74 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – ...
Привремената влада на Косово го усвои предлогот на Министерството за финансии за зголемување на минималната месечна плата на 500 евра, објави весникот „Газета Експрес“. Според донесеното решение, сегашната минимална плата од 350 евра ќе се зголемува во две фази – од 1 јануари 2026 година ќе изнесува 425 евра, а од 1 јули истата година ќе достигне 500 евра месечно. – По анализите што ги спроведовме за влијанието на оваа мерка врз приватниот ...
Поради верскиот празник Митровденска задушница, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска и утре ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Со почеток од 6:00 часот денеска сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и ...
Уделот на даноците и нето социјалните придонеси во вкупниот бруто домашниот производ (БДП) во ЕУ лани изнесуваше 40,4 отсто, што претставува зголемување во однос на 39,9-те проценти во 2023 година, соопшти денеска Европската статистичка служба – Евростат. Во исто време, тој удел во Еврозоната бил 40,9 проценти, што исто така претставува зголемување во однос на претходната година, кога изнесуваше 40,5 отсто. Во апсолутни бројки, во 2024 година ...
Индустриското производство во септември годинава е зголемено за 2.7 проценти во однос на септември минатата година, а за 2,3 проценти во периодот јануари – септември 2025-та споредено со истиот период од 2024-та, објави денеска Државниот завод за статистика. Во секторот Преработувачка индустрија, во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, регистриран е раст од 3,1 процент на индустриското производство, а опаѓање од 2,5 ...
Во септември 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, е зголемена за 7.6 проценти, објави денеска Државниот зваод за сттаитика. Во трговијата на мало во септември 2025 година, во споредба со септември 2024 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално ...
Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) најавува изградба на две нови клучки на експресниот пат Крива Паланка–Страцин со цел подобра поврзаност со локалната патна мрежа. Ќе се градат клучки кај местото „Десетак“, којашто треба да ја подобри поврзаноста со село Отошница и кај Петралица за полесен пристап до Технолошко индустриската зона Ранковце. Како што објави ЈПДП на својата фејсбук страница, проектната документација за двете клучки ...
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се зголемува за два денари по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,59 отсто во споредба со вчерашната одлуката. Новата малопраодажна цена на ...
ГД „Гранит“ АД Скопје од денеска ќе започне со градежни активности за рехабилитација на државниот пат А2, делница Извор – Врбјани и рехабилитација на државниот пат А2 делница Ботун – Климештани каде согласно издаденото Одобрение од Министерството за транспорт се воведува времена измена на режим на сообраќај, информираат од компанијата. Нагласуваат дека согласно одобрението од Министерството со број 11–6150/4 од 28 октомври 2025 година, ...
Во 2024 година, 65.5 % од вкупната потребна енергија во земјава е обезбедена од увоз, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Вкупната потребна енергија во 2024 година изнесувала 2 541 849 тони нафтени еквиваленти (toe). Во структурата на оваа потрошувачка, најголемо учество имаат нафтените продукти со 44.7 % и цврстите горива со 24.9 %. Во 2024 година, бруто-примарното производство изнесувало 842 142 toe, што претставува ...
Малопродажната цена на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ се зголемува за два денари по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,59 отсто во споредба со одлуката од 27.10.2025 година. Новата малопродажна цена на ...
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата на дополнителни директни плаќања од подмерка 1.7 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година за предадени градинарски култури во преработувачки капацитети во износ од 259.421.400,00 денари кон 4.143 корисници. Корисници на оваа поддршка се сите земјоделски стопанства кои имаат засадени површини со градинарски култури и оствареното ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска очекува дека и следната година ќе има раст на пензиите имајќи предвид дека просечната плата природно ќе се зголемува. На денешната прес-конференција во Владата, на која беше презентиран Предлог-буџетот за 2026 година, министерката за финансии рече дека согласно сегашните пресметки се очекува во март да порастат пензиите за илјада денари, а за септември дополнително Владата ќе одлучи дали ...
Покрај поддршката за земјоделството и руралниот туризам, ИПАРД III програмата опфаќа и поддршка на непрехранбени производни активности преку популарната Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“. Тука спаѓаат голем број на дејности кои не се директно поврзани со земјоделство или туризам, но според нивната локација се подобни за аплицирање во рамки на оваа мерка. Претстојниот јавен повик 03/2025 за Мерка 7 од ИПАРД програмата е ...
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Како што информира Автомотосојузот на Македонија, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со ...
На фејсбук страницата на тетовското село Копанце е објавена видеоснимка која покажува илјадници шишиња и друг отпад како се движат по течението на реката Вардар. Според првичните проценки, причината за енормната загаденост најверојатно е подигнатото ниво на реката по обилните врнежи изминатите денови, што довело до повлекување на отпадот од бреговите. Граѓани на социјалните мрежи претходно денеска реагираа и за слична ситуација во Скопје, ...
Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека не треба да стравуваме од енергетска криза со недостиг на гас во државава по санкците од САД и ЕУ кон Русија, бидејќи, како што изјави денеска, Владата е подготвена и работи тоа да не се случи. На новинарско прашање Мицкоски потенцираше дека и при неодамнешните ремонтни активности на гасоводот не останавме без гас, односно топланите работеа. – Не, нема да има, подготвени сме, ние ова одамна го ...
Жителите на „Тенеќе маало“ во Дебреште самоиницијативно започнаа со градежни работи на локалната улица, со цел конечно да стават крај на долгогодишниот проблем со кој се соочува оваа населба. Со оваа акција, граѓаните покажуваат високо ниво на општествена одговорност и свест, преземајќи конкретни чекори за подобрување на условите за живот во своето маало. Тие истакнуваат дека, иако со години чекале институционална поддршка, одлучиле самите да ...
Вредноста на акциите на европските берзи денеска достигна рекорден еднодневен раст поради ублажувањето на трговските тензии меѓу САД и Кина. Индикациите за одмрзнување на трговските односи меѓу двете земји влијаеја на поголема подготвеност за поризично тргување, а индексот „STOXX 600“ на европските берзи денеска се искачи на рекордни 576,37 поени. Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека САД и Кина ќе постигнат договор и оти ...
Халкбанк АД Скопје ја реализира најавената кредитна линија во вредност од 12 милиони евра, во партнерство со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ), насочена кон поддршка и развој на одржливо земјоделство и како и поттикнување на сигурен раст на трговците поединци, микро, малите и средни претпријатија. Средствата ќе бидат достапни во наредните пет години за индивидуални земјоделци, трговци поединци, како и микро, мали и средни ...
Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на бензините се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,88 отсто во споредба на претходната пресметка. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 73,5 денари за ...
АФПЗРР денес официјално го најави новиот јавен повик 03/2025 од ИПАРД програмата за Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“. Повикот се очекува да биде објавен во текот на следниот месец, а периодот за аплицирање ќе трае 45 денови. ПРИОРИТЕТНИ СЕКТОРИ Неповратните грантови се наменети за следните приоритетни сектори: 1. Рурален туризам Изградба и/или целосно опремување на: Повеќе детали за приоритетниот сектор „Рурален туризам“ ...
На автопатот Скопје – Велес, по патарина Сопот, пред тунелите на Башино село, поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента се. АМСМ информира дека во меѓу време на истото место се случиле две сообраќајни несреќи со материјална штета. Повредени нема, а сообраќајот се одвива по една коловозна лента. На терен е испратена служба од ПС за БПС Велес. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по ...
Кина и САД, според висок кинески функционер и американските медиуми, се приближија кон решавање на спорот околу царините, пренесува ДПА. Двете страни постигнаа прелиминарен договор, изјави Ли Ченгганг, заменик-министер за трговија на Кина, по разговорите со американската делегација. Договорот мора да помине низ внатрешни процеси на одобрување од двете страни, додаде Ли, без да соопшти дополнителни детали. „Волстрит џурнал“, пак, го цитира ...
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) денес официјално го најави новиот јавен повик од ИПАРД III програмата за Мерка 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“. Повикот се очекува да биде објавен во текот на месец ноември, а периодот за аплицирање ќе трае 45 денови. Преку оваа мерка, микро, мали и средни претпријатија (МСП) можат да аплицираат за ...
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на ...
Ноќеска во 03:00 часот по полноќ завршува летното, а почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот. Промена на времето во земјава е врз основа на годишната практика за регулирање на сметањето на времето и има за цел усогласување со европската регулатива во оваа област. Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во ...
Невообичаеното временско однесување претставува голем предизвик за метеоролозите кои се обидуваат да предвидат какви ќе бидат наредните сезони. Најжешкото лето некогаш забележано во Велика Британија доведе до огромен број шумски плодови, како што се костени, желади и бобинки, но експертите сè уште предупредуваат за феномен познат како „лажна есен“. Британската добротворна организација за заштита на природата „Национален траст“ истакна дека ...