
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од 29 до 31 октомври спроведоа вонредни инспекциски надзори во 41 дом за стари лица во земјава. Со контролите е утврдено дека 14 од нив не биле воопшто регистрирани како оператори со храна во АХВ. Издадени се 16 решенија со наредби за отстранување на утврдени недоследности од кои кај четири оператори за незадоволителни хигиенски барања, а кај три оператори е утврдено дека ...
ЈП Стрежево продолжува со збогатување на риболовната вода и подобрување на условите за риболов за сите рекреативни риболовци. Денес во присуство на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев и инспектори од одделението за рибарство со аквакултура, согласно надлежностите во рамки на Законот за рибарство и аквакултура се изврши порибување на рекреативната зона „Акумулација Стрежево”, кое беше порибено со рибен подмладок од ...
Нов извештај на Обединетите нации открива дека светот ќе се загрее за двојно повеќе од целта од 1,5 степени Целзиусови утврдена со Парискиот договор, доколку земјите не успеат да ги намалат емисиите на стакленички гасови. Глобалните температури ќе се зголемат за 3,1 степен Целзиусов над прединдустриските нивоа до 2100 година ако не се постават поамбициозни климатски цели и ако луѓето не ги променат своите навики, предупредува новиот извештај на ...
Индустриското производство во периодот јануари – септември 2024 година, во однос на истиот период лани е помало за 4,2 отсто. Во септември годинава, пак, споредено со септември 2023 има намалување од 7,9 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, бележи опаѓање од 7.5 %, во секторот ...
Дождот и градот што на 2 јули годинава ги зафати Гевгелија и населените места Милетково, Миравци, Габрово и Петрово предизвикале штети во изнод од 38,5 милиони денари на 69.554 хектари со различни земјоделски култури и посеви. Проценката ја соопштија од Општина Гевгелија според елборатот што го подготви Општинската комисија за процена и утврдување на штети од елементарни непогоди, а кој го усвои Советот на Општина Гевгелија. Штети од јулското ...
Започнува откупот на јапонското јаболко и очигледен е интересот на земјоделските производители околу пласманот и откупната цена но и на трговците кои се занимаваат со откуп на земјоделски производи за извоз. До Агротим се обрати компанија која што се занимава со извоз на земјоделски производи и бара да откупи големи количества на јапонско јаболко – прва класа. Условите кои ги поставуваат се : Јапонско јаболко 80% прва класа без оштетувања. Во ...
Северна Македонија постојано ја истакнува својата политичка посветеност на стратешката цел за интеграција во ЕУ, како и нејзината амбиција да продолжи во процесот на пристапните преговори, се наведува во годишниот Извештај на Европската комисија за напредокот на земјава на европскиот пат, објавен денеска. – По првата Меѓувладина конференција за пристапните преговори на 19 јули 2022 година, скрининг сесиите за сите шест кластери беа завршени на ...
Природните богатства, вклучувајќи го земјоделското земјиште, растителниот и животинскиот свет, се уставно дефинирани како добра од општ интерес за државата и уживаат посебна заштита, за што истите се третираат и во поедини закони, меѓу кои и повеќе закони во надлежност на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, истакнал министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на денешната конференција во ...
Во последното деноноќие имало регистрирано 14 интервенции за пожари на отворено од коишто околу една третина биле за гаснење запален смет во или покрај урбани населби. Сите пожари се изгаснати, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК). Регионалните центри за управување со кризи информираат дека на територијата на државата интервенции за гаснење пожари на отворено имале пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на ...
Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка (АХВ) и Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје денеска во Прилеп организираат трибина за превенција на болеста чума кај малите преживари. Учесници на трибината ќе бидат членовите на Локалниот центар за контрола на болести, официјални ветеринари и претставници на институции со кои АХВ соработува во услови на криза. -На трибините ќе биде презентирана моменталната состојба со болеста во ...
АМСМ соопшти дека од 05:30 часот на регионалниот пат Зрновци – Пониква поточно на м.в„Белска крстосница“, околу 50 граѓани со 20 возила одржуваат јавен протест кој ќе трае и во наредните неколку денови. Сообраќајот се одвива по една коловозна лента кон Пониква и с.Бели. Сообраќајот на останатите државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ...
Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина, односно за еден денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08 отсто. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за половина денар и ќе изнесува 69 денари за ...
Во 2023 година регистрирана е рекордна концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата, што неизбежно ќе доведе до зголемување на температурата следните години, соопшти Агенцијата на ОН, Светска метеоролошка организација. Според податоците на Светската метеоролошка организација, нивото на трите главни стакленички гасови – јаглерод диоксид, метан и азот оксид, кои придонесуваат за глобалното затоплување, повторно се зголемија минатата ...
ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 21.10.2024 до 25.10.2024 зема 161 примероци за физичко-хемиска и 161 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Градот Скопје. ...
Жители на Кочани разно изутрината излегоа на целодневен протест и го блокираа патот кон Пониква на Осоговските Планини, кој води и кон комуналната депонија во близина на селото Бели. На тој начин го изразуваат незадоволството од нерешавањето на проблемот со горењето на отпадот на депонијата, испуштањето густ чад и енормното загадување на воздухот што се чувствува и во градот. На блокадата кај крстосницата кон селото Бели присутните рекоа дека ...
Руколата (Eruca sativa L.) е вкусен лиснат зеленчук со пикантен, горчлив и јак ароматичен вкус, богат со многу витамини и минерали. Оваа култура има високи хранливи, диететски и лековити својства. Таа е богат извор на калциум, магнезиум, железо, калиум, фосфор, витамин А, витамин К, витамин C, фолна и пантотенска киселина. Руколата содржи големи количества бетакаротен и тоа 1.424 μg (микрограми) на 100 г, лутеин и зеаксантин – 3.555 μg на 100 ...
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ ...
Најдобра реклама за тракторите „Солис“ се задоволните земјоделци кои овој месец се подновија со нов трактор од овој моќен бренд. Компанијата Хемометал им честита на изборот на нивните верни клиенти: Честитки до Борче Ковилоски – с.Вранче за одличниот избор на СОЛИС 90 Со здравје да се работи. Моќниот СОЛИС 110 оди кај нашите верни клиенти Фамилија Абди – с.Велушина Честитки и со здравје да се работи Месецов и Зија Ќулафовски – с.Велушина ...
Во Владата денеска беа потпишани договори со општините за реализација на 274 проекти за капитални инвестиции во вредност од 4,1 милијарда денари. Договорите се однесуваат за реализација на проекти во делот на образованието, транспортот, социјалната политика, културата и туризмот, животната средина и во спортот. – Согласно првиот повик што го објави Министерството за локална самоуправа, денеска вклучуваме договори за 274 проекти во вкупна ...
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) денес објави нов јавен повик за доделување на финансиска поддршка за набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и/или мобилни сушари за ориз. Крајниот рок за доставување на барањата е 14.11.2024 година. КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА За финансиска поддршка преку мерка 121 може да аплицираат земјоделски стопанства регистрирани во Единствениот регистар на ...
Времето наутро ќе биде ведро и студено со услови за појава на магла по одделни котлини, апреку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени. Во Скопје утрото студено, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а ...
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) денес објави нов јавен повик за доделување на финансиска поддршка за набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и/или мобилни сушари за ориз. Крајниот рок за доставување на барањата е 14.11.2024 година. КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА За финансиска поддршка преку мерка 121 може да аплицираат земјоделски стопанства регистрирани во Единствениот регистар на ...
„Првиот предизвик со кој што се соочивме беше во делот на земјоделството, исплатата на субвенциите кои што во минатото често кажувавме дека имаме нередовна исплата. И практично тоа се потврди со самото влегување во Министерството. Субвенциите се онаа поддршка која што на земјоделците им е неминовна за да го одржат своето производство и за да го планираат наредното производство“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, ...
Управата за јавни приходи (УЈП) известува дека денеска е последниот ден за поднесување ДДВ – 04 мсечни и тримесечни пријави. Следејќи го процесот на поднесување, утврдена е забавена динамика во поднесувањето на месечните и тримесечните ДДВ пријави на квартално ниво. Според податоците до 15.07.2024 година, поднесени биле 13 проценти од очекуваните ДДВ 04 пријави, додека до 15.10.2024 година, овој процент опаднал на помалку од девет проценти. ...
Во населбата Долац Малта во Сараево, БиХ, граѓаните синоќа забележале и снимиле лисица како буричка по контејнерот, најверојатно – барајќи храна. Животното најверојатно дошло во градот во потрага по храна, бидејќи овa „осаменo животнo“ понекогаш доаѓа каде што има луѓе, кога мy недостасува храна. Иако првично се хранат со мали глодари, лисиците всушност јадат сè, па и остатоци од човекова храна. Доаѓањето на диви животни во градската средина не ...
Одговорноста за нефункционирањето на Хидросистемот за полнење на Дојранското Езеро е во Министерството за животна средина, а не во Општина Дојран. Министерството за животна средина е надлежно и одговорно за управување, финансирање и функционирање на овој хидросистем, објави денеска на својот фејсбук профил градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, по повод објави, пишувања и загриженост од страна граѓани за намалувањето на нивото на водата ...
Дали виното ќе остане „здраво и бистро“ пред се зависи од тоа колку внимание се посветува на подготовката на подрумските простории, чистотата на бурињата, како и постапката при преработката на грозјето и негата на виното. За белите вина, температурата на подрумските простории треба да биде помеѓу 10 и 12°C, а за црвените од 12 до 14°C, со максимум дозволени осцилации +/- 2°C. Под расипување на виното се подразбираат промените во хемискиот ...
Во последното деноноќие се регистрирани пет пожари на отворено на територијата на државата, покрај интервенциите за гаснење пожари во населени места. Гореле ѓубре и сува трева и ниска вегетација во општините Карпош, Струмица, Валандово, Македонска Каменица и во Општина Битола, соопшти ЦУК. Пожарникарите интервенирале на запаленo ѓубре и сува трева кај месноста „Зајчев Рид“ во Општина Карпош, на опожарено ѓубре кај сепарацијата „Јурумлери“ во ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...
Денеска од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе бидат исплатени средства во износ од 40.508.624,00 денари кон 22 корисници по Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството за 2024 година, подмерка 1.2. „Финансиска поддршка за откупено винско грозје и произведено од сопствен насад од страна на регистрирани производители на вино кои истовремено се регистрирани откупувачи на винско грозје и ...