Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Летната туристичка сезона донесе зголемена фреквенција на возила на излез и влез во државата, особено на граничните премини Табановце и Богородица. Според податоците од Автомото сојузот на Македонија, на Табановце за влез во земјава се чека од 30 до 45 минути, додека на Богородица времето на чекање за излез е околу 30 минути. На останатите гранични премини сообраќајот се одвива без поголеми задржувања, а коловозите низ земјата се суви и ...
Денес, во текот на попладневните часови, граѓаните ќе добијат тест-СМС порака преку системот cell broadcasting, со цел проверка на техничките можности за испраќање масовни известувања и аларми во случаи на кризни состојби. Станува збор за систем кој овозможува итни пораки да бидат испратени до сите корисници на мобилни телефони што се наоѓаат во одредена географска област, без разлика на мобилниот оператор. Целта е навремено и ефикасно ...
Три од 19 идентификувани пожари се сè уште активни во Албанија, зафаќајќи значителни шумски површини и носејќи висок ризик од ширење, објави Министерството за одбрана на земјата. Пожарникарите , армијата , локалните служби и два шведски авиони од Европскиот механизам за цивилна заштита учествуваат во гаснењето на пожарот , објави „Албанска пошта“. Wildfire over Ksamil by Night, Ksamil, Albania, 2025#photography #landscapephotography ...
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата на дополнителни директни плаќања од подмерка 1.9. од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи. Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои се ...
Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје упати апел до граѓаните за рационално користење на водата за пиење, поради енормно зголемената потрошувачка која надминува 350.000 метри кубни дневно. Од претпријатието нагласуваат дека ваквото зголемено и неконтролирано трошење на вода, особено во летниот период, сериозно ја нарушува стабилноста на водоснабдителниот систем. Како последица, системот работи со намален притисок, а делови од ...
Европските и американските берзански индекси денес се нерамномерни, а златото и пченицата пораснаа во цена со истовремен пад на цените на нафтата. Властите во Москва потврдија дека рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во следните неколку дена, што позитивно влијаеше врз растот на европските акции на затворањето на берзата во четврток, јавува CNN. Индексот DAX на Франкфуртската берза денес ...
На 07.08.2025 во 15:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода З.Н.(41) од Охрид, кој се сомничи дека во атар на селото Горно Лакочереј, охридско, предизвикал пожар на поле со нискостеблеста вегетација и ожнеана нива. При преземени мерки и извршен преглед, полициските службеници кај него, пронајдоа запалка која била одземена за натамошна постапка. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена ...
На 8-ми, 9-ти и 10-ти август во Охрид ќе се одржи Фестивал на пчелни производи од локални пчелари „Пчели и мед“. Локалните пчелари ќе го изложат својот мед, а потрошувачите ќе можат да ги дегустираат различните племенити вкусови и специфичности на охридскиот мед. – Ги очекуваме сите љубители на пчелни производи, сите љубители на природата, дечињата и сите добронамерни посетители, велат од пчеларското здружение „Охрид“. Фестивалот ќе се одржи ...
Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски потпиша договор за финансиска поддршка со директорот на ЈП „Национални шуми”, Здравко Трајанов, за инвестициони вложувања за набавка на механизација и опрема во шумарството и заштита од природни непогоди во вкупен износ од 48 милиони денари. Финансиската поддршка се доделува во висина од 100% од вредноста за инвестициони вложувања за набавка на механизација и ...
Еден активен пожар, еден под контрола и еден изгаснат има вкупно пожари на отворен простор до 15 часот на територијата на државава. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, активен е пожарот во село Неготино, блиску до пругата, во општина Врапчиште, каде што гори ниска вегетација. Под контрола е пожарот во валандовското село Јосифово каде што е зафатена ниска вегетација и лозови насади, а изгаснат е пожарот во село Цер, Кичевско, ...
Владата на одржаната 100-та седница донела одлука за продолжување на кризната состојба предизвикана од пожарите на отворено за 30 дена. Како што соопшти владината прес-служба, со ова продолжување се обезбедува навремена помош за сите засегнати подрачја, односно сите ресурси вклучително и човечки, технички, логистички остануваат мобилизирани, сè со цел да се справат со пожарите и заштита на населението од огнените стихии. -Имено, поради висок ...
Општина Кривогаштани започна со исплатата на надомест за штетите предизвикани од природните непогоди кои ја зафатија територијата на оваа општина во текот на 2023 година. Исплатата е наменета за земјоделците кои беа директно погодени од невремето и претрпеа загуби на своите насади. Најголем дел од штетите се евидентирани врз засаден тутун, градинарски и житни култури. Комисијата за проценка на штети ги заврши сите постапки за утврдување на ...
Бранко Азески, долгогодишен претседател на Стопанската комора е назначен за претседател на Одборот на директори на Прогресив Академијата за претприемништво и менаџмент, информира Камелија Апостолова Бојаџиска, менаџер за комуникации во Академијата. -Негово назначување претставува значаен момент во развојот на Академијата, која продолжува да биде водечка платформа за образование и развој на претприемачки и менаџерски капацитети, нагласува ...
Во Грција се потврдени вкупно 26 случаи на вирусот Западен Нил, а девет од нив се регистрирани во текот на минатата седмица, согласно податоците од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Во неделниот извештај од ЕОДИ соопштија дека 23 од 26 случаи покажале симптоми на централниот нервен систем (енцефалитис и/или менингитис и/или акутна блага парализа), а три случаи се со благи или никакви ...
Денеска остварив средба со членовите на потсекторската група за лозарство и винарство, разговаравме за моменталната состојба и почетокот на берба на грозје за реколта 2025, информира министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски. Државниот инспекторат за земјоделство веќе е на терен и прави засилени контроли пред да започне откупот на грозјето. На средбата дискутиравме и за актуелната состојба на системите за наводнување. Нашата цел е ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, но на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ информира дека од 6.30 часот на ГП Блаце поточно кај бензинската пумпа „Дизел“, товарниот сообраќај е пренасочен. Од АМСМ ...
Поради изведба на проектот „Изградба на патна делница Градско – клучка Дреново“, дел од Коридор 10д, ќе има временa изменa на режимот на сообраќај на Експресниот пат А1, делница Градско – Дреново. Измените, како што соопшти АМСМ, важат од 04.08.2025 до 16.09.2025 година, при што сообраќајот ќе биде пренасочуван и регулиран со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. АМСМ информира дека во целост е отворен за сообраќај државниот пат А1 ...
Второто авионско третирање против комарци за 2025 година на територијата на општина Кавадарци ќе се спроведе утре со почеток од 6 до 7 часот, соопштија од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. – Третирањето ќе го изврши фирмата ДВТ „Аероклуб Скопје“ ДОО Чучер Сандево. Се известуваат сите граѓани, како и пчелари дека во периодот на третирање и 3-4 часа подоцна да ги затворат кошниците-сандаците со пчели, заради можноста од ...
Цените на угостителските услуги во јули се зголемени за пет проценти во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика. Гледано по групи, цените во угостителството во однос на јуни се зголемени за 0,4 проценти кај храната, 1,6 проценти кај алкохолните пијалоци, 0,9 проценти кај безалкохолните пијалоци и за 0,2 проценти кај ноќевањата. Во периодот јануари – јули во однос на истиот период лани се бележи ...
Земјата денеска бележи еден од најкратките денови откако постојат прецизните мерења. Ротацијата на планетата ќе биде завршена 1,25 милисекунди пред вообичаеното време. Денешното скратување е дел од поширок тренд на забрзување на ротацијата на планетата, кој беше забележан уште во 2020 година. Според научниците кои го следат движењето на Земјата со помош на атомски часовници, слични отстапувања се забележани на 9 и 22 јули, а рекордот е ...
На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање е околу 30 минути. На останатите граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од земјава, соопшти Авто мото сојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...
Во земјава нема активни пожари на отворен простор. Сите, вкупно 11 што биле регистрирани во текот на ноќта, се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). До 07:00 часот билансот на изгаснати пожари е: Општина Долнени – с. Стровија, зад местото викано Гајдарец-Клепало (нискостеблеста шума), Општина Липково – с. Слупчане (ниска вегетација), Општина Чашка – с. Богомила (мешана шума), Општина Македонски Брод – с. Грешница ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, но на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно ...
Локализиран е пожарот во фабриката „Мирана“, но се уште има слаби чадења на одредени места. За да се спречи повторно разгорување, пожарникарите и другите служби се уште се на терен, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според првичните сознанија на СВР Велес, гореле магацин (во кој имало пластична амбалажа, фрижидери и друго) и канцелариски простории (документација и други материјали). Во гаснењето на пожарот учествувале ...
Заедно со Ловечката федерација на Македонија решивме долгогодишен проблем кој ги засегаше ловците од општина Куманово, информира министерот за земјоделство Цветан Трипуновски. Денеска во просториите на ловечкото друштво „СОКОЛ” им ги врачив договорите за времено одгледување и заштита на дивечот во ловиштата. Ова е едно од најстарите ловечки друштва во Македонија кое што слави 100 години постоење. Стотина ловци повторно ќе можат да се грижат ...
Регионалниот центар за гранични работи „Исток“ информира дека в среда граничниот премин и граничен надзор „Делчево“, односно од бугарска страна ГКПП „Станке Лисичково“ целосно ќе бидат затворени за секаков сообраќај од 8:00 до 14:00 часот. Како што информира МВР, според официјалното известување добиено од бугарските гранични полициски служби, причина се градежните работи на патната делница кај ГКПП „Станке Лисичково“. По завршувањето на ...
Од нашата земја денеска заминува седумчлениот воздухопловен тим од Република Чешка, кој помогна во справувањето со огнените стихии со нивниот хеликоптер „Блек Хок“. Како што информира Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), од име на македонската Влада и македонските граѓани директорот на ДЗС и раководител на Главниот штаб за управување со кризи Стојанче Ангелов им се заблагодари за нивниот особен придонес и за помошта за гаснење на ...
Од вкупно четири пожари на отворено во текот на денешниот ден, се уште активни се два, под контрола е еден, а изгаснат еден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) за состојбата со пожарите заклучно со 12:00 часот. ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Општина Чашка кај село Богомила, каде гори мешана шума и во Општина Македонски Брод кај село Грешница гори деградирана нискостеблеста шума. Под контрола е ставен пожарот во Општина ...
На граничниот премин Ќафасан времето на чекање е околу 40, на Табановце и Богородица околу 30, а на Блаце е 20 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила Од денеска до 16 септември 2025 година, на делницата Градско – клучка Дреново, која е дел од Експресниот пат А1 и ...
Поскапуваат бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за еден денар, а поевтинуваат ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за еден денар, со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, што треба да стапи во сила ноќеска на полноќ. Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 75 денари, 77 денари ќе чини литар ЕУРОСУПЕР БС – 98, а по 69,50 денари ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство. Се ...