Во рамки на денешната седница на собраниските Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции денеска ќе се одржи дебата за придобивките од Реформската агенда 2024 – 2027. Како што информираат од собраниската прес-служба, целта е да се презентираат и дискутираат со пратениците придобивките од Реформската агенда 2024 – 2027, со фокус на можностите за забрзување на процесот на интеграција во ЕУ и зајакнување на клучните ...

Шест лица, семејство шпански туристи и пилотот, загинаа при пад на хеликоптер во реката Хадсон кај брегот на Њу Џерси. Меѓу жртвите, според полициски извори, е и Агустин Ескобар, директор од Сименс, заедно со неговото семејство. Како што изјави комесарот на њујоршката полиција Џесика Тиш, повикот до итната помош пристигнал во 15:17 часот. „Пријавена е хеликоптерска несреќа во реката Хадсон во близина на паркот Пјер А во Хобокен, покрај брегот ...

Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Според прогнозата на УХМР, процесите ќе бидат поинтензивни кон крајот на денот и во текот на ноќта, кога наместа ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а ...

Вапсањето црвени јајца за Велигден е најраспространетата традиција во сиот христијански свет. Вапсањето започнува денеска на Велики Четврток. Домаќините, рано наутро, пред изгревањето на Сонцето ги бојадисуваат првите три црвени Велигденски јајца. – Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли – христовите ученици и нивните наследници. За тоа ни сведочи Светото ...

Кинеските брендови на онлајн продавници Тему и Шејн ќе ги зголемат цените на своите производи следната недела, откако репресијата на американскиот претседател Доналд Трамп против увозот со мала вредност и огромните царини ги зголемија трошоците за компаниите со ниски цени. Двете компании велат дека ќе ги зголемат цените од 25 април и ги повикуваат потрошувачите да ја искористат можноста дотогаш да купуваат по тековни цени, објави Ројтерс. ...

САД треба да платат околу 2,2 милијарди долари за да го купат Гренланд, се пресметките на неделникот „Њусвик“ базирани на понудата на Хари Труман од 1946 година, која денеска би вредела околу 1,6 милијарди долари. Труман тогаш на Данска и понудил 100 милиони долари в злато, или 1.6 милијарди долари во денешна противвредност. Дополнително, администрацијата на Трамп размислува да ги зголеми субвенциите за Гренланд на над 600 милиони долари ...

Италијанската модна куќа Прада пред неколку дена објави дека постигнала договор со американската групација Капри холдингс за купување на Версаче за 1,25 милијарди евра. Аквизицијата ќе создаде луксузна групација со приходи од над шест милијарди евра, што би можела подобро да се натпреварува со индустриските гиганти како што се француските конгломерати LVMH и Kering во услови на забавување на секторот ширум светот. „Среќни сме што можеме да му ...

Стапката на илегални преминувања на европските граници во првите три месеци од оваа година е намалена за 30 проценти во однос на 2024 година, а најголем пад – од 64 проценти – е забележан на рутите што минуваат низ Србија, Црна Гора, Албанија и Северна Македонија. Падот е забележан на сите главни миграциски рути кои водат кон Европа, се вели во соопштението на Европската агенција за гранична заштита, Фронтекс, а тоа е за речиси 33.600 ...

Парламентот на Малдиви усвои амандман на законот за имиграција, со кој се забранува влез во земјата на секој со израелски пасош поради војната во Газа. Амандманот претходно беше одобрен од претседателот Мохамед Муизу, се вели во соопштението од неговиот кабинет. Одлуката беше донесена пред околу една година, но беше официјализирана дури оваа недела. „Ратификацијата ја одразува цврстата позиција на владата како одговор на континуираните ...

Турција треба да почне со реставрација на куполата на џамијата Аја Софија, што ќе биде еден од најголемите проекти за реставрација на овој објект стар 1.486 години, изјавија денеска експерти. Аја Софија била најголемата христијанска црква во Византиската империја, сè додека не била освоена од отоманскиот султан Мехмед во 1453 година, по што била една од најпознатите џамии цели 500 години. „Аја Софија“ служеше како црква до 916 години сè до ...

Маркетите, аптеките и продавниците за техника и мебел од петок ќе мора да ги објавуваат цените на своите производи на официјална веб-страница. Обврската е согласно измените на Законот за заштита на потрошувачи што стапуваат во сила на 18. месецов (петок) откако по нивното усвојување во Собранието и објавата во Службен весник на 4. минатиот месец Министерството за економија во предвидениот рок од 45 дена изготви Правилник за начинот на ...

Членките на НАТО разгледуваат можност за утврдување нова цел за трошење средства – не само за воените буџети, туку и за цивилна одбрана и поддршка на Украина, изјави шведскиот премиер Улф Кристерсон. Многу земји од Алијансата ги зголемија воените расходи по руската инвазија врз Украина во 2022 година, но сега се под притисок од американскиот претседател Доналд Трамп да достигнат уште повисоки нивоа на трошење – дури и до 5 отсто од БДП, што е ...

Девет месеци по одржувањето на регионалните избори, белгискиот главен град Брисел сè уште нема формирано влада, што, според локалните медиуми, доведува до сериозни финансиски и безбедносни проблеми. Според „Политико“, градот, кој е седиште на европските институции, се соочува со раст на насилството, институционална парализа и финансиски дефицит од околу четири милиони евра дневно. Според белгискиот весник „Бруз“, јавниот долг на регионот ...

Минимум двајца вработени во „големите“ интернет портали, а еден вработен и едeн хонорарец во малите, предвидува амандманот на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми, што беше усвоен денеска на седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање во Собранието. Според амандманот поднесен од повеќе пратеници, а кој го образложи пратеникот Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ, во ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,82 % во однос на одлуката од 11.04.2025 година. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за ...

Две руски балистички ракети вчера го погодија самиот центар на северниот украински град Суми, при што загинаа најмалку 34 лица, а беа повредени 117, во најсмртоносниот напад врз Украина оваа година, соопштија украинските власти. На нападот реагираше и Трамп. Тој рече дека рускиот напад врз Суми бил страшен. -Мислам дека е страшно. Ми кажаа дека направиле грешка, но мислам дека е страшно. Мислам дека целата војна е ужасна работа. Мислам дека ...

Возачите од градскиот превоз во Софија денеска излегуваат на протест, што може да предизвика блокади и отежнато движење во градот. Националниот протест, под мотото „Достоинствен труд – достоинствена плата! Без превоз, нема економија!“, е организиран од синдикатите на транспортните работници. Од 8:00 часот се очекува демонстрантите да ги блокираат сообраќајните раскрсници во центарот на Софија, а дел од акциите вклучуваат и привремено ...

– На синоќешната вечера на шефовите на дипломатиите од земјите членки на ЕУ и од државите од Западниот Балкан се согласивме дека геостратешка неопходност е да им се помогне на земјите од регионот на нивниот пат кон членство во Европската Унија до 2030 година, изјави денеска во Луксембург словенечката вицепремиерка и министерка за надворешни и европски работи Тања Фајон. – Укажав дека Словенија, заедно со Германија, предлага иницијатива за ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини потсетува дека уште неколку дена е отворен Јавниот оглас за финансиска поддршка за електрична енергија за ранливи потрошувачи – мерка со која се обезбедуваат 1 000 денари месечно, директно насочени кон намалување на сметките за струја. Поддршката се доделува за период од 12 месеци, сметајќи од денот на поднесување на барањето, а рокот за аплицирање е до 19 април. -Граѓаните кои ги ...

Се заврши не со страшен тресок, туку со тоа што американскиот претседател Доналд Трамп и двајца главни помошници напишаа објава на социјалните мрежи. Одлуката на Трамп да ги запре светските тарифи ја затвори извонредната недела на глобална паника откако тој ги објави давачките на, како што рече, „Денот на ослободувањето“. Откако постојано негираше дека размислува за прекин, првиот знак дека нешто се случува дојде додека пазарите се ...

Таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, на денешното судско рочиште одговараше на прашања на Обвинителството. Тој уште еднаш повтори дека не познава никој од останатите обвинети, освен што имал слушнато за Љупчо Палевски -Палчо, односно се зборувало за него во соседството кога ја градел зградата ,,Тифани”. -Лично го немам видено, како лик, како изгледа, дециден беше Ѓорчевски. Тој повтори дека седум-осум години бил без ...

Изненадната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп да ги паузира големите царини што ги наметна на десетици земји денеска ги зголеми глобалните берзи, дури и откако ја интензивираше трговската војна со Кина. Пресвртот на Трамп, објавен во средата, помалку од 24 часа откако беа наметнати големите нови царини на повеќето трговски партнери, следеше по најинтензивната епизода на нестабилност на финансискиот пазар од првите денови на ...

Илјадници патници беа погодени откако вчера немаше сообраќај помеѓу градовите Нирнберг и Ерфурт. Причината е подметнат пожар врз контролната и безбедноста технологија, велат од „Дојче Бан“. Долгите и регионалните возови мораа да се пренасоча, а го зголеми времето на патување помеѓу Нирнберг и Ерфурт за еден и пол час. Железничката линија после неколку часа беше вратена во сообраќај. „Нашите тимови за поправка успеаја да ја вратат ...

Преку заедничка министерска одлука на грчките министри за миграција и азил и за надворешни работи, Северна Македонија и Албанија, Грција ги карактеризира како безбедни земји за баратели на меѓународна заштита кои преку границите од овие држави нелегално влегле на грчка територија, а истото важи и за Турција, но за мигранти, кои се од Сирија, Авганистан, Пакистан, Бангладеш и Сомалија, јави дописничката на МИА од Атина. Нашата земја веќе ...

Демократските претставници во Претставничкиот дом на САД потпишаа писмо до американскиот претседател Доналд Трамп, во кое бараат Илон Маск, милијардер и негов близок соработник, да ја напушти функцијата во Белата куќа до 30 мај. Во писмото, потпишано од 77 демократски пратеници, се наведува дека Маск е вработен во Белата куќа како „специјален вработен во владата“ и дека едно лице може да остане на таа позиција најмногу 130 дена. „Бараме јасна ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,85 % во однос на одлуката од 8.04.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 5,268%, кај дизелот за ...

Во согласност со одлуката на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска стапи на сила нов сет царини кои погодуваат околу 60 земји, со посебен фокус на Кина. Овие мерки предизвикаа сериозни потреси на глобалните финансиски пазари, при што цените на акциите нагло паднаа низ Азија, а Волстрит падна на најниско ниво во една година. На азиските берзи, индексот МСЦИ на азиско-пацифичките акции утрово беше во минус за ...

Во периодот од 09-11.04.2025 година (среда-петок) во официјална посета на Македонија ќе присуствува Уршка Клакочар Зупанчиќ, претседателка на Државниот збор на Република Словенија. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници. ...

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп рестартираше најмалку шест неодамна откажани американски програми за странска помош за итна помош во храна, изјавиле за Ројтерс шест извори запознаени со ова прашање. Вршителот на должноста заменик-администратор на УСАИД, Џереми Левин, кој претходно беше член на Одделот за владина ефикасност (ДОГЕ) предводен од милијардерот Илон Маск, во интерна е-пошта побара од персоналот да ги поништи ...

СООПШТЕНИЕ НА ДУИ Изјавите дадени вчера од Изеет Меџити, еден од раководителите на една мала партија во рамки на владината коалиција, се шокантни и длабоко вознемирувачки за секој граѓанин кој верува во правната држава. Во телевизиско гостување на едно од провладините медиуми, Меџити изјави дека „ако Таравари одлучи да соработува со ДУИ, тогаш Владата ќе ѝ направи услуги на ДУИ за ослободување на обвинети за корупција.“ Ова не е лапсус. Ова е ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
42%
1012
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
8.23
53%
1015
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
3.6
37%
1014
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
4.12
55%
1016
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
4.72
78%
1017
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
4.63
44%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.63
65%
1011
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
3.6
41%
1011
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
25%
1012
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
8.23
69%
1016
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
4.63
32%
1016
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
100%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Рутениум

56199.51

Паладиум

44753.84

Алуминиум

3.19

Цинк

0.00

Сребро

2179.44

Злато

144593.23

Платина

61858.04

Кобалт

3.86

Родиум

358480.82

Бакар

10.65

Иридиум

258288.78

Калај

43.91