Белград
12ᴼ /
12ᴼ
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) ги демантира тврдењата на СДСМ дека исплатата на надоместоците за породилно отсуство доцни 30 дена. Директорот на Секторот за комуникации и административна поддршка на ФЗО, Ирфан Лимани, потенцира дека доцнењето, доколку постои, е исклучиво поради доцнење во пријавата или исплатата на платите од страна на работодавачите. „Надомест за породилно отсуство не се исплаќа истовремено и тоа е континуиран процес ...
По протокол, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) ја затвори кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во скопско Влае по сомнежот за труење на ученици. Директорот на ДЗСИ, доктор Кирил Лазов, во изјава за медиумите вели дека по добиеното известување од Центарот за јавно здравје за пројавени стомачни тегоби кај ученици од ова училиште, на терен се врши вонреден и координиран инспекциски надзор заедно со АХВ, ИЈЗ и ЦЈЗ Скопје. Освен ...
Голем број ученици од основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош пријавиле симптоми на труење. Најмногу погодени се учениците од прво до петто одделение, кај кои биле забележани стомачни болки и други гастроинтестинални тегоби. Дел од децата се хоспитализирани на Клиниката за детски болести, меѓу кои е и помладиот син на премиерот Христијан Мицкоски, потврдија од Владата. Инспекциски служби на Институтот за јавно здравје, Агенцијата ...
Длабоко во нашата коскена срцевина, специјализираните матични клетки постојано создаваат нови крвни клетки кои се неопходни за функционирањето на телото. Меѓутоа, како што старееме, овие таканаречени хематопоетски матични клетки (HSC) стануваат помалку ефикасни, ослабувајќи го нашиот имунолошки систем и зголемувајќи го ризикот од болести како што се анемија и рак. Научниците сега пронајдоа начин да го вратат времето назад и да ги подмладат ...
Повеќе од половина од лицата кои во Европа биле дијагностицирани со ХИВ во 2024 година ја добиле дијагнозата предоцна, кога болеста веќе напредувала, предупредуваат Светската здравствена организација (СЗО) и Европскиот центар за превенција и контрола на болести во нов заеднички извештај. Меѓународните здравствени институции истакнуваат дека околу 105.922 луѓе минатата година биле дијагностицирани со ХИВ на европско ниво, а вкупно 2,68 милиони ...
Инспекциски тимови од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ ) денес, спроведуваат вонредни инспекциски контроли во кујните на 9 основни училишта во Општина Карпош со кои стопансисува истиот оператор со храна во чија сопственост е и централниот магазин кој се наоѓа во основното училиште Димо Хаџи Димов во Скопје и од каде се набавуваат репроматеријали за подготиовка на храна. Во рамки на вонредните контроли во овие училишта каде нема деца кои ...
Уште три деца од ОУ „Димо Хаџи Димов“ примивме синоќа на Клиниката за детски болести. Вкупно пет имаме на болничко лекување, информира денеска директорот на Клиниката, Реџеп Мемеди. Тој посочи дека сите се со слична клиничка слика и симптоми сомнителни на алиментарна токсоинфекција – со стомачна болка, повраќање, кај некои од нив и дијареја и зголемена температура. – Сите деца добиле соодветен медицински третман и потребна грижа. Тие се во ...
Светската здравствена организација (СЗО) во своите први упатства денес изјави дека неплодноста е занемарен предизвик за јавното здравје и дека прифатлив третман треба да биде достапен во рамките на националните здравствени системи. СЗО проценува дека неплодноста влијае на повеќе од едно од шест лица во репродуктивна возраст во одреден момент од нивниот живот, но пристапот до третман е многу ограничен и значително варира од земја до земја, ...
Вирусот на птичји грип може да предизвика пандемија полоша од коронавирусот ако мутира и почне да се шири од човек на човек, предупреди раководителот на Центарот за респираторни инфекции при францускиот Институт Пастер. Високо патогениот птичји грип доведе до еутаназија на стотици милиони птици во последниве години, го наруши снабдувањето со храна и ги зголеми цените. „Она од што се плашиме е дека вирусот се адаптира на цицачите, особено на ...
Владата на Мицкоски создаде тотален хаос со исплатата на пензиите, освен што ги излажа пензионерите сега се обидува вината да ја префрли на некој друг. Ако власта на ДПМНЕ доставила во Собрание закон кој е неуставен не може некој друг да биде крив освен тие што го поднеле, се невадува во соопштението од СДСМ. Во текстот се додава: „Прашањето е дали намерно ДПМНЕ им го направи ова на пензионерите? Факт е дека методологијата за усогласување на ...
Во третото тримесечје од 2025 година, бројот на живородените деца изнесува 4 431 и во споредба со истиот период од 2024, е зголемен за 3.7 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројот на умрените лица, пак, бележи намалување од 0.5 % во споредба со истото тримесечје од 2024 година и изнесува 4 849 лица, а од нив 20 се починати доенчиња. Природниот прираст е негативен и изнесува -418 , што значи дека за толку лица е помал ...
Водата во Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопски Карпош е санитарно исправна и може непречено да се употребува. Ова го покажале резултатите од вонредниот надзор што ЈП „Водовод и канализација“ го извршил во училиштето пред два дена откако повеќе ученици пројавија стомачни тегоби и други симптоми, а неколкумина беа и хоспитализирани. Што точно ги предизвикало тегобите кај ученици, според најавите, треба да биде познато денеска откако ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде жолто ниво на предупредување поради потенцијална опасност од поплави и апелира на претпазливо движење покрај реките и суводолиците, пред сè на оние во југоисточните, источните и североисточните делови на земјата. -Во текот на ноќта имаше значително зголемување на водостоите во југоисточниот, источниот и североисточниот дел од земјата. Висок водостој моментално има во сливот на река Брегалница ...
Шведска цврсто стои зад Северна Македонија, ние ве поддржуваме како со политичка волја, така и со конкретни чекори. Моето охрабрување до вас е да го искористите моментумот на проширување додека е тука, додека постои нова енергија меѓу земјите-членки за овој процес. Со сегашните безбедносни предизвици со кои сите денес се соочуваме, работејќи денес заедно како Европејци е многу поважно од кога и да било и нашата соработка е клучна за да се ...
Основното јавно обвинителство Струмица донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело „убиство“. Осомничениот 48-годишник, како што информира Јавното обвинителство, при вршење семејно насилство, на 26 ноември годинава во семејниот дом во селото Просениково се обидел да ја лиши од живот неговата сопруга. Тој ја фатил за главата и со шприц се обидел насилно да и вбризга во устата одредена течност, најверојатно ...
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани вели дека прво треба да се затоплат односите со Софија, да заживее дијалгот, да се врати довербата, па потоа ќе се размислува за надминување на спорот евентуално со трет протокол, како што неодамна најави претседателката Гордана Сиљановска Давкова или на некој друг начин. Муртезани денеска имаше средба со шведската министерка за европски прашања Јесика Розенкранц и на заедничката прес-конференција ...
До 2028 година да проработат првите товарни возови, а до летото 2031 целосно да биде завршена брза, двоколосечна железничка пруга од граница со Србија до граница со Грција – ова е планот што Владата го врзува за најголемиот железнички проект на Коридорот 10. Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, најавува дека подготовките веќе се во тек, а првите багери на терен треба да се појават кон крајот на летото ...
Без ефикасна и чесна даночна администрација нема ниту силна економија, ниту одржливи јавни финансии, ниту држава што може да планира стабилно и да инвестира во својата иднина, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во Клубот на пратеници на одбележувањето на Денот на даночните работници. – Денот на даночните работници не е само професионален празник. Тоа е ден кога треба да говориме за дисциплината, знаењето, моралот и професионалноста. ...
Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2000 тони пченица и јачмен во вредност близу 800.000 евра од државните стокови резерви да се најдат на црн пазар на една соседна држава. Иако пченицата постоела и била употреблива, Димковски и уште 4 лица направиле записник во кој напишале дека има помалку 2000 тони јачмен и пченица, а овој записник, Заев, Филипче и Николовски, без никакви проверки го заклучиле на владина седница, се вели во соопштението од ...
Со сведочење на раководителка на одделението за финансиско, сметководствено и шалтерско работење на Клиниката за онкологија, денеска во Основниот кривичен суд продолжи судењето за случајот „Онкологија 2” во кој за незаконско набавување лекови, прикривање преку фиктивни тендери и присвојување на дел од терапијата се обвинети поранешниот медицински директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Нино Васев и економскиот директор на Клиниката ...
Владата и понатаму ќе продолжи да ја субвенционира цената на електричната енергија, така што нема да има ценовен шок за домаќинствата. Тоа денеска го посочи премиерот Христијан Мицкоски во врска со најавеното покачување на цената на струјата. Одговарајќи на прашање на новинарите, Мицкоски истакна дека регулаторот одлучува за висината на цената на електричната енергија. Дали струјата ќе поскапи или ќе поевтини, одредува регулаторот откако ќе ја ...
Од 1 декември цената на топлинската енергија за домаќинствата ќе се зголеми во просек од 5.9 проценти, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бескимовски. За корисниците кои се снабдуваат преку најголемиот систем (ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Снабдување и ЕСМ Производство) поскапувањето изнесува во просек 5,9%, додека за потрошувачите на ЕСМ Енергетика зголемувањето е 7,6%, а за Скопје Север – Енерџи Еко Линк ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека вчера добил информации оти во Уставиот суд била отпочната постапката за укинување на линеарното покачување на пензиите од наредниот месец и дека судијата известител веќе ставил потпис на конечен извештај за укинување. Дали тие информации се точни, посочи премиерот, ќе се види многу скоро и оти би сакал да не е во право. – Ќе кажам дека вчера за време на пратеничките прашања бев многу прецизен и кажав дека ...
Најмалку 33 лица загинале во големите поплави што зафатија делови од Тајланд и ги примораа тамошните власти да распоредат воени бродови и хеликоиптери како поддршка на аспасувачките екипи кои се борат со последиците од временските непогоди. Како што пренесува Би-би-си, во текот на минатата недела поплавите погодиле десет провинции на југот на земјата, а градот Хат Јаи, кој е во близина на границата со Малезија и важи за бизнис центар, се соочил ...
Пукањето врз припадници на Националната гарда е терористички напад, изјави американскиот претседател Доналд Трамп. „Министерството за внатрешна безбедност вели дека напаѓачот пристигнал во САД од Авганистан во 2021 година. САД треба повторно да ги проверат сите странци кои влегле во САД од Авганистан за време на поранешниот претседател Џо Бајден“, нагласи Трамп. Тој рече дека наредил распоредување на уште 500 војници на Националната гарда во ...
Бројот на жртвите во катастрофалниот пожар што го зафати станбениот комплекс во областа Тај По во Хонг Конг се искачи на 44, соопштија локалните власти. Огромниот пожар, кој за неколку часа се прошири низ седум висококатници, остави зад себе стотици повредени и 279 луѓе кои сè уште се водат како исчезнати. Според лидерот на Хонг Конг, Џон Ли, пожарот е ставен под контрола, но 29 лица и понатаму се во болница, од кои дел во тешка состојба. На ...
Тринаесет лица, вклучувајќи и еден пожарникар, загинаа денеска во катастрофален пожар што зафати станбен комплекс во Хонгконг. Властите потврдија дека уште 15 лица се повредени. Неколку лица се заробени во комплексот, вклучувајќи 13 постари лица и две бебиња. Пожарот избувнал во комплексот со високи згради „Ванг фук корт“ во областа Таи По и брзо бил подигнат на ниво 4 од страна на властите – второ највисоко ниво на опасност од пожар во ...
Тендерот за изведувач на Универзална сала не поминал и идната недела ќе биде одново објавен. Според министерот за култура и туризам Зоран Љутков, процесот ќе се одолговлечи за дополнителни два месеца односно до средината на јануари. -За жал, добивме известување од Комисијата за жалби дека тендерот за Универзална сала не помина бидејќи имаше жалба или поплака во однос на изведувачот, кој беше единствениот изведувач. Според мене, проблемот не е ...
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска шести ден расправа по амандманите за Предлог-буџетот за 2026 година. Во текот на денешната расправа беа разгледани осум амандмани, но не добија поддршка, а главно се однесуваа и беа поврзани со сферата на социјална политика. Беа разгледани пет амандмани, поднесени од СДСМ, коишто меѓу другото се однесуваа на обезбедување средства за капитални инвестиции во делот на социјална заштита, односно ...
Белата куќа соопшти дека САД не можат да продолжат да ја снабдуваат Украина со оружје на неодредено време, нагласувајќи дека фрустрацијата на претседателот Трамп го одразува растечкиот јавен замор и растечкиот притисок за дипломатски крај на војната, објавува „Киев пост“. Портпаролката на Белата куќа, Керолин Левит, изјави дека САД „не можат“ да продолжат да ја снабдуваат Украина со оружје на неодредено време, сигнализирајќи го обновениот ...