Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Илјадници километри реки се оштетени во последните години на Балканот поради проширувањето на браните и малите електрани, како и прекумерното вадење на седименти, според извештајот на невладините организации „Ривер Воч“ и „Еуронатур“, објавен денеска. Во извештајот се забележува дека Балканот има едни од најчистите и најдивите реки во Европа, кои се клучни за биодиверзитетот на континентот и неговото „сино срце“, предупредувајќи дека овој ...
Новиот закон за целосна забрана на пушење во затворени простории директно ќе влијае врз угостителскиот сектор и ќе предизвика сериозни економски последици, предупредува Башким Локи, сопственик на угостителски објект за телевизија Алсат. Според него, ваквата мерка ќе доведе до намалување на прометот, поради што дел од угостителите ќе бидат приморани да отпуштаат вработени. Локи посочува дека со досегашното законско решение, локалите ...
Десеттата еврообврзница, во вкупен износ од една милијарда евра, ќе се користи за рефинансирање на претходните задолжувања и за покривање на буџетскиот дефицит. Задолжувањето е реализирано преку две транши. Првата транша од 500 милиони евра е со рок на доспевање од четири години и каматна стапка од 3,875 проценти. Втората транша, исто така од 500 милиони евра, е со рок од осум години и каматна стапка од 4,75 проценти. „Со средствата ...
Се ограничува пристапот до уште 33 нелегални веб-страници и апликации за онлајн игри на среќа – објави Министерството за дигитална трансформација. Налогот е потпишан од страна на министерот Стефан Андоновски и е доставен до Агенцијата за електронски комуникации која во рок од пет дена треба да го достави до операторите на електронски комуникациски мрежи за негово спроведување. „Со најновиот налог се опфатени дополнителни 33 нелегални ...
Европска унија повторно ја намали горната граница на цената на руската нафта, како дел од мерките поврзани со тековната руска инвазија врз Украина. Одлуката е објавена во спроведбена уредба на Европска комисија, пренесува украинскиот медиум Ukrainska Pravda. Според документот, цената од 47,6 американски долари по барел ќе се применува до 31 јануари 2026 година, по што, од 1 февруари, горната граница ќе биде дополнително намалена на 44,1 долар ...
Во изминатите две години, платите на персоналот на Армијата и на вработените во Министерството за одбрана (МО) не забележале никакво зголемување. Во меѓувреме, од јануари 2024 година, со измените на Законот за служба во Армијата, променет е и системот за пресметка на платите, што негативно се одразило врз вработените. Според претседателот на Синдикатот за одбрана, Марио Јуришиќ, нивните барања се јасни, тие бараат зголемување на бодовите за ...
Европската унија најави воведување построги прописи за извоз на половни автомобили во таканаречените трети земји. Новите правила не значат забрана за извоз, но носат построги критериуми и дополнителни трошоци за возилата кои не се целосно технички исправни. Целта на новата директива е да се направи јасна разлика помеѓу функционалните половни автомобили и оние кои се сметаат за отпад, како и да се заостри контролата врз извозот на постари ...
Светскиот економски форум (World Economic Forum) во Давос почнува денеска и ќе трае до 23 јануари 2026 година. Ова е 56-тата годишна средба на форумот, која се одржува во Давос-Клостерс, Швајцарија под мотото „Во духот на дијалог“, со учество на глобални лидери од политиката, бизнисот, технологијата и граѓанското општество. Светскиот економски форум во Давос ги обединува светските политички и бизнис лидери, експерти и претставници на ...
Златото и среброто достигнаа рекордни вредности во понеделник, додека повеќето берзи забележаа откако американскиот претседател Доналд Трамп ги оживеа стравувањата од трговска војна со ЕУ, заканувајќи се на неколку европски земји со царини поради нивното противење на купувањето на Гренланд од САД. Трамп ги разгоре геополитичките тензии овој месец со тоа што инсистира дека Вашингтон ќе ја преземе контролата врз автономниот дански остров, ...
Среќата беше на страната на играчите, а бројките зборуваат сами за себе! Во текот на 2025 година, илјадници играчи ги претворија своите соништа во реалност и заедно поделија фантастични 814. 512.912 денари! 2025 година ќе се памети како година на рекорди, еуфорија и многу среќни ВЛТ добитници! Видеолотарија Касинос Австрија во текот на годината им исплати на играчите на ВЛТ импресивни 814.512.912 денари, односно повеќе од 13 милиони евра за ...
Европа се соочува со тивка, но стратешки клучна криза. Додека зелената транзиција и технолошката автономија се поставени како централни цели на Унијата, основните материјали што ги овозможуваат тие процеси односно ретките земјени елементи, во најголем дел доаѓаат од надвор. Денес, глобалниот синџир на снабдување со овие ресурси е силно концентриран, а Кина контролира околу 60–70% од рударството и дури до 90% од капацитетите за преработка. ...
Минималните месечни трошоци на четиричлно семејство во јануари изнесуваат 66 413 денари, а во споредба со декември се зголемени за 921 денар. Ова го покажуваат податоците од синдикалната минимална кошница, која ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Според пресметките на ССМ, доколку четиричленото семејство живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, потребни му се 81 788 денари. Од вкупните месечни минимални трошоци, 24 ...
Првата потрошувачка кошничка за оваа година е за 1.000 денари поскапа од еден месец претходно. Основните потреби за семејство од четири члена во јануари достигнале 66.413 денари, што е за 921 денар поскапо од декември минатата година. Потрошувачка кошничка: Јануари 2026: 66.413 денари Декември 2025: 65.492 денари Најголемиот дел од трошоците, односно 36,6 отсто од нив, одат за храна и пијалоци. Само за јадење и пиење, едно семејство троши ...
Министерството за дигитална трансформација (МДТ) ја информира јавноста дека измените и дополнувањата на Законот за електронски комуникации (ЗЕК) се влезени во владина процедура и истите се објавени на ЕНЕР. Со овие измени, Македонија ги исполнува правните обврски за усогласување со европските стандарди во областа на роамингот, со јасна цел – повеќе заштита, поголема транспарентност и пониски и предвидливи трошоци за граѓаните при користење ...
Акционерското друштво за приредување игри на среќа во државна сопственост – Државна лотарија на Република Северна Македонија, најостро реагира на тенденциозните, малициозни и клеветнички обиди на одредени критички настроени медиуми да креираат искривена и неоснована перцепција за законитоста, професионалноста и институционалниот интегритет на работењето на Друштвото, при што се води од следниве принципи: Државната лотарија своето работење го ...
Европскиот парламент одлучи да ја суспендира ратификацијата на трговскиот договор меѓу Европската Унија и САД до понатамошно известување откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со царини за европските земји што ја поддржаа Данска во врска со прашањето за Гренланд, потврдија претставниците на законодавното тело на ЕУ. Дека одлуката за замрзнување на договорот меѓу САД и ЕУ склучен минатата година е договорена од мнозинството ...
Нова железничка несреќа се случи во Шпанија откако вчеравечер патнички воз излета од шините во близина на Барселона, пренесува Би-би-си. Според информациите од шпанските власти, во несреќата загина машиновозачот, а најмалку 37 лица се повредени. Оваа несреќа следи откако во неделата се судрија два воза при што загинаа најмалку 42 лица. Според локалните власти, несреќата се случила кога возот удрил во потпорен ѕид што паднал на пругата помеѓу ...
По повеќекратните закани од американскиот претседател Доналд Трамп дека сака да го анектира Гренланд кон САД, Франција побара вежба на НАТО на арктичкиот остров, објави Елисејската палата. Франција изјави дека е подготвена да учествува во вежба на НАТО во Гренланд, објави телевизијата BFM. Од почетокот на својот втор мандат, Трамп постојано повторува дека сака САД да го анектираат Гренланд, кој е автономна данска територија, наведувајќи ...
Соединетите Американски Држави (САД) и НАТО ќе постигнат договор за иднината на Гренланд што ќе ги направи задоволни и двете страни, изјави американскиот претседател Доналд Трамп на вчерашната прес-конференција во Белата куќа, одржана само неколку часа пред тој да замине на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија. Претходно нагласи дека не се откажува од својата цел да го контролира Гренланд, не исклучувајќи ја можноста за преземање на ...
Според новиот извештај на Обединетите нации, светот влегува во период на „глобален воден банкрот“, кој влијае на милијарди луѓе. Прекумерната употреба и загадувањето на вода мора итно да се решат, бидејќи никој не знае кога целиот систем би можел да колабира, што би имало сериозни последици врз мирот и социјалната кохезија, предупредува главниот автор на извештајот, пишува The Guardian. Глобална недостиг на вода Секој живот зависи од вода, но ...
Сојузниците на НАТО не треба да дозволат тензиите околу Гренланд да ги одвлечат од потребата да ја одбранат Украина, изјави во понеделник генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. „Фокусирањето на Украина треба да биде приоритет број еден, тоа е клучно за европската и американската безбедност“, рече Руте на панел-дискусија на Светскиот економски форум во швајцарскиот град Давос, објави Ројтерс. Тој рече дека ситуацијата во Украина не треба да ...
Говорејќи на Светскиот економски форум во Давос, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен порача дека Европската Унија е „целосно подготвена да дејствува“ доколку се реализираат најавените царини од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, поврзани со неговите барања за Гренланд. Фон дер Лајен оцени дека користењето на царински закани од безбедносни причини претставува „погрешен пристап“, додавајќи дека европските ...
Кога Доналд Трамп на почетокот на 2025 година, ја актуелизираше идејата за преземање на Гренланд, многумина ја сфатија како политички театар. Сепак, новите информации дека неговиот тим разгледувал и директни финансиски исплати кон граѓаните на Гренланд укажуваат дека интересот на САД е подлабок и стратешки. Во Вашингтон неодамна се одржа средба меѓу американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, данскиот министер за надворешни работи Ларс Леке ...
Специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф, денес објави дека ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Москва во четврток, 22 јануари. Виткоф во интервју за CNBS изјави дека се очекува да „се сретне со Путин во четврток“ и дека „Русите бараат оваа средба“, што, како што изјави, е „значајна изјава од нивна страна“, објави Ројтерс. Прес-секретарот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес одби да открие детали за ...
Силна песочна бура ја погоди Либија, намалувајќи ја видливоста и приземјувајќи ги летовите на два меѓународни аеродрома. Источниот град Бенгази, втор по големина град во Либија и околината се најтешко погодени. A severe dust storm has turned the city of Benghazi orange as strong winds whipped through the city on Tuesday, causing widespread damage.#Libya #Libyaobserver pic.twitter.com/XlFtaQ1djw — The Libya Observer (@Lyobserver) January 20, ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес објави дека одржал посебен координативен состанок за енергетиката, наведувајќи дека ситуацијата е најтешка во Киев и неговата околина, Харковскиот, Сумискиот, Чернихивскиот и Днепропетровскиот регион, нагласувајќи дека се потребни дополнителни ресурси за подобрување на енергетската состојба во Киев. Зеленски, исто така, изјави дека сите надлежни служби се целосно ангажирани, бидејќи, според ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ненадејно се повлече од заканите за воведување тарифи како средство за заземање на Гренланд, ја исклучи можноста за употреба на сила и посочи дека е на повидок договор за да се стави крај на спорот околу данската територија, што ризикуваше најдлабок прекин во трансатлантските односи во последните децении. Патувајќи во Давос, Швајцарија, Трамп засега се повлече од неколкунеделната реторика што го потресе ...
Од 10.45 часот укината е забраната за тешки товарни возила на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан. ЈП „Македонијапат“ информира дека нивни екипи со цела механизација и работна сила се на терен и вршат континуирано чистење на државните патишта. Се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и приспособена брзина во согласност со условите ...
Собранието се очекува до крајот на неделава до Министерството за правда да ги испрати предложените имиња од страна на парламентарните партии и независни пратеници кое треба да формира работна група за нов Изборен законик, којшто е дел од реформската агенда. За МИА од Собранието велат дека се очекуваат имињата на претставниците од ДУИ и од ЗНАМ. По двајца претставници досега номинирале владејачката ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Вреди, Левица и СДСМ. ...
Во рамките на 81. пленарна седница пратениците денеска ја прифатија потребата за измени и дополнувања на Законот за внатрешните работи и на Законот за полицијата, по скратена постапка, со што се овозможува организациска промена, односно трансформација на Секторот за внатрешни работи Скопје во Оддел за внатрешни работи и се предвидува дополнување со нова работна позиција – началник на Одделот за внатрешни работи – Скопје. Измените и ...