За два дена започнува повторното судење за утврдување одговорност за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица. Првиот судски процес заврши без затворски казни, поранешните директори на болницата, Флорин Бесими и Артан Етеми, добија условни затворски казни од 18 месеци за кривично дело „предизвикување општа опасност“, додека докторот на смена Бобан Вучевски беше ослободен од обвинение за делото „непостапување по здравствени ...

Реал Мадрид следното лето ќе цели на адекватно засилување за одбраната, а изборот паднал на стопер на Арсенал, Вилијам Салиба, пренесуваат шпанските медиуми. Дваесетитригодишникот со успех го носи дресот на „топчиите“ во последните две сезони и со одличните игри го примами погледот на Реал Мадрид кој на него гледа како решение за долги стази. Французинот има договор со Арсенал до 2027 година па јасно е дека Реал Мадрид ќе треба да го „одврзе ...

Следните 10 години ќе бидат многу среќен период за Бикот, Овенот и Близнаците. Ги очекува успех во сите сфери на животот. Овен Во следната деценија Овенот многу ќе патува и ќе стекне нови знаења, кои целосно ќе им го сменат погледот на животот. Среќата ќе биде на нивна страна барем до 2032 година, па лесно можат да направат некои ризични потези. Во нивниот живот ќе се појави личност која ќе им биде голема мотивација – можно е Овенот да ја ...

Во бранот израелски напади на Израел во Либан загинале над 500 лица, а повеќе од 1.645 се повредени соопшти либанското Министерство за здравство. Меѓу жртвите, според статистиките на земјата се 35 деца и 58 жени. Ова е најсмртоносниот бран воздушни напади врз милитантната група Хезболах, која добива поддршка од Иран, од 2006 година. Нападите, фокусирани на јужен и источен Либан, почнаа вчера наутро и во нив беа погодени 1.300 цели на Хезболах, ...

Десниот бек на Беса 1976, Меџит Незири, го најави претстојниот меч против Шкупи во Првата македонска фудбалска лига и најави подобри резултати на неговиот тим кој во последните три кола не успеа да забележи победа. Новајлијата во ПМФЛ има само еден триумф и трпеливо ја чека својата шанса, а Незири вели дека изненадувања се секогаш можни, па зошто тоа да не се случи на натпреварот во Чаир. „Мечот против Шкупи ќе ни биде четврти во период од само ...

Легендарниот 38-годишен шпански тенисер, Рафаел Надал ќе настапи на завршницата од Дејвис Купот која ќе се одржи од 19 до 24 ноември во Малага. Надал последните мечеви ги одигра во текот на Олимписките игри во Париз. Во сингл конкуренција, Надал беше поразен од Ѓоковиќ, додека во пар со Карлос Алкараз стигна до четвртфиналето. Потоа се откажа од настапот на УС Опен, а се откажа и од учеството на Лајвер Купот кој се одржа минатата недела. Сега ќе ...

Во Њујорк денеска во 9 часот започнува Генералната дебата на 79. Генерално собрание на Обединетите нации, на која ќе учествува и македонската делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Темата на годинешново собрание е „Не оставајќи никого зад себе: дејствувајќи заедно за унапредување на мирот, одржливиот развој и човечкото достоинство за сегашните и идните генерации“. По официјалниот пречек на шефовите на држави и влади ...

Франција побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН за да се разговара за ситуацијата во Либан, каде се интензивираат судирите со Израел, изјави новиот француски министер за надворешни работи Жан Ноел Баро, цитиран од француските медиуми. -Во овој момент мислам на либанскиот народ, откако израелските напади однесоа стотици цивилни жртви, вклучително и десетици деца. Овие удари на двете страни на Сината линија (линијата за разграничување ...

Пратки со банани од Јужна Америка, во кои биле сокриени вкупно 95 килограми кокаин, случајно завршиле во неколку филијали на супермаркети во Западна Германија. Според обвинителството, дрогата била откриена во единаесет продавници, пренесува германската медиумска групација RND. Вредноста на запленетата дрога на црниот пазар се проценува на повеќе од седум милиони евра. Инспекторите претпоставуваат дека погрешната пратка била доставена до ...

Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно и релативно топло, со слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во западните делови, особено од попладневните часови ќе има појава на повремен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Минималната температура се движи во интервал од четири до 12 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 14 до 27 степени. За Скопје ...

Глобалната цена на нафтата порасна втора недела по ред минатата недела, бидејќи трговците се надеваат на посилна побарувачка откако американската централна банка ги намали каматните стапки, што треба да го поттикне економскиот раст. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 4,1 отсто, на 74,49 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 4,8 отсто, на 71,92 долари. Зголемувањето на цените втора ...

Бјорн Улвеус (79) од легендарната група „АББА“ се ожени со својата партнерка Кристина Сас на церемонија која ја водеше комичарката и водителка Санди Токсвиг, објави Би-би-си во неделата, додавајќи дека тоа е негов трет брак. Шведскиот пејач има два брака позади себе, а со Кристина се запознал во Нирнберг, Германија во 2021 година во врска со објавувањето на последниот албум на „АББА“ – „Voyage“. Свадбата се одржа во саботата во Копенхаген во ...

Претседателката на албанскиот Парламент, Елиса Спиропали, за време на официјалната посета на Скопје, порача целосно спроведување на Законот за јазиците, кој се оспорува во Уставниот суд. Спиропали, на заедничката прес-конференција со претседателот на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши, истакна дека албанскиот јазик за Албанците е свет и има врска со суштината на идентитетот. „Неговото загрозување во која било форма, несомнено боли ...

Претседателката Гордана Силјановска Давкова во својот говор на Самитот на Обединетите нации во Њујорк ниту еднаш не го спомена името на државата. Силјановска на Самитот за иднината рече дека е време да се соочиме со грдата реалност на војни, природни катастрофи, екстремна сиромаштија, нееднаквост и кршење на меѓународното право, практикување на правото од страна на народот наместо владеење на правото, жртвување на правдата, етиката и моралот ...

На 2 септември, на ова место, на автопатот Скопје-Куманово, се случи трагична несреќа во која животот го загубија татко и неговиот малолетен син, и по оваа несреќа на автопатот Скопје-Куманово, работите беа привремено прекинати. Како што можете да видите, работите продолжуваат да бидат во прекин, а граѓаните кои го користат овој пат велат дека честопати има долги колони и возила кои чекаат. На местото на прекинатите работи беше само чуварот кој ...

Хаос со говорот на претседателот на Собранието, Африм Гаши, на прес-конференцијата со колешката од Албанија, Елиса Спиропали. Гаши најпрво и посака добредојде на Спиропали на албански јазик, а говорот го продолжи на македонски. “Мислам дека тоа е можно, имајќи предвид дека нашите општества се развиваат уште повеќе и има поголема политичка волја и простор за интензивирање на соработката”, рече Африм Гаши, претседател на Собранието на Република ...

Атмосферата беше спектакуларна, а посебно внимание привлече балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ која пристигна половина час пред почетокот на концертот. Цеца дојде во придружба на нејзиниот ПР и фризер, а за оваа прилика избра сив костум, под кој носеше бела маичка на прерамки. Во необичниот избор за неа, наместо штикли, таа се одлучи за удобни патики кои дополнително го истакнаа нејзиниот опуштен стил. На страницата на Инстаграм брзо се ...

ВМРО-ДПМНЕ се залага за деблокирање на законот за бранители во Собранието. Марија Митева ги повика пратениците на СДСМ во Комисијата за социјална политика, демографија и млади да го потпишат барањето до претседателката на комисијата Илире Даути, со кое ќе побараат да се свика седница за предлогот на законот за бранители. ВМРО-ДПМНЕ очекува одговор дали пратениците на СДСМ ќе го потпишат ова и дали ќе поднесат барање за разрешување или ...

Вкупно 3,9 милијарди евра изнесува долгот на македонските граѓани кон банките, покажува извештајот на Народна Банка. Според овие проценки, долгот на населението кон банките во август бил за 0,4 проценти повисок во однос на истиот месец минатата година, а на годишно ниво задолжувањето се зголемило за 7,2 проенти. Во текот на август граѓаните најмногу се задолжувале со девизни кредити, но генерално, на годишно ниво, преовладуваат денарските ...

Струшката депонија златен рудник за пумпање на општински пари. Големи суми од општинскиот буџет, локалната власт, троши на име одржување и изградба на депонии обвинуваат од опозициската ВМРО. Наместо како што вети градоначалникот Мерко, на почетокот на неговиот претходен мандат, дека една од првите работи кои ќе ги направи, е нејзина дислокација, депонијата е се уште тука и со години ги труе стружани. „Тука се јавува и финансискиот проблем и ...

Научниците долго време се интересираат за Маријанскиот ров, една од најдлабоките и најмалку истражените области на Земјата, со длабочина од речиси 11 километри. Имено, таму уште во 2014 година се снимени мистериозни звуци во траење од 2,5 до 3,5 секунди. Наречени „биотванг“, овие морничави звуци ги збунија експертите, поттикнувајќи шпекулации за нивното потекло, па дури и доведоа до страв од вонземско присуство. Првично, звуците, снимени за ...

„Изет Меџити во интервју за Радио слободна Европа јасно кажа дека постои коалициски договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН Законот за бранители (цитираме) „да остане заглавен“. После ова признание на Меџити многу очајно личат овие маневри на ВМРО-ДПМНЕ, наивно мисли дека може некако да се спаси затоа што ги излажаа бранителите на кои им ветуваа поддршка“, велат од СДСМ и додаваат: „Токму Претседателот на Собранието, Африм Гаши, инаку коалициски партнер ...

ВМРО-ДПМНЕ денеска ги повика пратениците од СДСМ кои се членови на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, да се потпишат на барањето до претседателката на Комисијата, Илире Даути од Европскиот фронт, да го стави Законот за бранителите на дневен ред. – Ова барање е јавно предложено до пратеничката Славјанка и очекуваме одговор дали пратениците на СДСМ ќе се потпишат на истото и дали доколку претседателката на Комисијата Илире ...

Стопанска банка АД – Скопје со посета на Медицинскиот факултет во Скопје ја официјализираше донацијата на врвна технологија за Институтот за патологија. Донацијата опфаќа набавка на специјализиран скенер за патохистолошки препарати кој со помош на вештачка интелигенција и напреден медицински софтвер помага попрецизно и побрзо да се анализираат примероците кои во Институтот пристигнуваат од сите клиники и клинички центри во земјата. Дополнително, ...

Земјите-членки на ОН го усвоија Пактот за иднината, во кој се обврзуваат да исцртаат „подобра иднина“ за човештвото заглавено во војни, мизерија и климатско затоплување, и покрај противењето на неколку земји, вклучително и Русија. Во 2021 година, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ја лансираше идејата за тој Самит за иднината претставен како единствена можност да се промени текот на човечката историја. „Ја отворивме вратата, сега ...

По вчерашните натпревари од шестото коло во Првата македонска фудбалска лига, прволигашите немаат многу време за одмор, затоа што веќе в среда следат нови битки. На програмата е вонредното седмо коло, во кое пет натпревари ќе се играат од 15:00 часот, а еден ќе започне од 20:00 часот. Но, не тој кој што беше најавен пред скоро еден месец. Пелистер требаше под рефлектори да го пречека Работнички во дербито на колото, но во последен момент ...

Комесарот за натпреварување во КФМ, Александар Милојевиќ, ги обелодени казните за учесниците во инцидентот на неодамнешниот пријателски меч помеѓу ТФТ и Чаир 2030, кој не беше доигран поради физички напад на луѓе од публиката врз еден од кошаркарите на домашниот тим. Чаирчани поради ова првите три средби од новата сезона во Првата лига ќе ги играат пред празни трибини, а згора на тоа ќе треба да платат и 48.000 денари. Казна доби и капитен на ...

Во текот на минатата недела царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани облека, обувки, бижутерија, чанти, очила, рачни часовници, камагра, жилети, парфеми, техничка стока и друго. Облека, обувки и модни додатоци – 113 пара очила и 13 рачни часовници од познати светски марки, откриени на Меѓународниот аеродром Скопје, при контрола на багажот на македонски државјанин кој допатувал со лет од Истанбул. ...

Уште еден помал потрес почувствуван на територијата на Македонија. Според првичните информации земјотресот е регистриран во западниот дел од земјава, околу Лазарополе. Вториот потрес бил со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала на длабочина од околу 10 километри. Рано утрово околу два часот по полноќ беше регистриран потрес од 3,4 степени според Рихтеровата скала. Потресот се почувствува на територијата на Скопје, а епицентарот беше ...

Бернардо Силва, фудбалерот за врска на Манчестер Сити, смета дека Ливерпул е посериозен ривал за неговиот тим во споредба со Арсенал. Португалецот е лут на однесувањето на „топчиите“ во изминатото дерби од Премиер – лигата, кое заврши 2-2 со доцен израмнувачки гол на „граѓаните“. Бернардо Силва го коментираше ривалството за титулата во последниве години. „Разликата меѓу Арсенал и Ливерпул? Не знам… Можеби Ливерпул веќе бил шампион, додека ...

Скопје

11ᴼ/11ᴼ
6.69
54%
1020

Белград

9ᴼ/8ᴼ
4.63
78%
1021

Софија

9ᴼ/8ᴼ
7.72
65%
1019

Сараево

13ᴼ/13ᴼ
7.77
42%
1016

Љубљана

7ᴼ/6ᴼ
1.03
93%
1022

Атина

21ᴼ/18ᴼ
2.57
55%
1014

Тирана

11ᴼ/11ᴼ
1.54
82%
1018

Подгорица

12ᴼ/8ᴼ
3.09
67%
1019
Currency

61.5331

Currency

55.0441

Currency

73.7352

Currency

38.2389

Currency

40.8111

Currency

65.3448

Currency

7.85261

Currency

0.5846

Currency

0.38724

Currency

0.52563

Currency

1.61179

Currency

0.65805

Алуминиум

2 $

Иридиум

149517 $

Кобалт

498 $

Никел

535482 $

Рутениум

14405 $

Калај

32 $

Сребро

1011 $

Злато

85235 $

Бакар

9 $

Паладиум

32025 $

Платина

31791 $

Родиум

152733 $

Цинк

97922 $