Белград
12ᴼ /
11ᴼ
Откако СДСМ го прозва премиерот Христијан Мицкоски дека тој како претседател на влада не може да ја стопира исплатата на средствата од ИПАРД-програмата туку дека тоа го прави ЕУ, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека потврда за тоа дека Владата издејствувала времено стопирање на програмата дала и Делегацијата на ЕУ во земјава. „Во делот на лагите дека ИПАРД е блокирана од ЕУ, нема поголем демант од ставот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, од каде што ...
Турски воен транспортен авион Ц-130 се урна денес на границата меѓу Грузија и Азербејџан, соопшти турското Министерство за одбрана. Во објавата на министерството на социјалните мрежи се вели дека авионот полетал од Азербејџан кон Турција и дека веднаш се започнати операции за пребарување и спасување во координација со азербејџанските и грузиските власти, објави турскиот весник „Хуриет“. Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изрази ...
Повторените нарушувања на воздушниот простор на земјите-членки на НАТО од страна на Русија не треба да се толерираат бесконечно и мора да се реагира со сила, изјави денес чешкиот претседател, Петр Павел. Павел за време на дискусијата со средношколци во регионот Карлови Вари рече дека верува оти е потребен соодветен одговор за нарушувањето на воздушниот простор на земјите-членки на НАТО и дека на Русија мора да ѝ се покаже сила, објави чешкиот ...
Околу три четвртини од Французите не сакаат поранешниот претседател на земјата, Никола Саркози, да се врати во политиката по неговата затворска казна и ослободување. Според анкетата на агенцијата Ifop, околу 73 проценти од Французите изјавиле дека не сакаат да го видат Саркози назад во политиката, при што околу 82 проценти од луѓето под 35 години не сакаат да го сторат тоа. Скоро сите општествени категории делат слично мислење, при што ...
Денес, студенти од неколку белградски факултети и иницијативата Ансамбл на Генералштабот одржуваат протест пред зградата на Генералштабот, со порака дека ќе го бранат со своите тела симболот на Белград од најавеното рушење заради изградба на хотел „Трамп“. „Тука сме да се спротивставиме на самоволието на еден човек, кој одлучи да го даде Генералштабот на истите Американци што го рушеа“, коментираат учесниците во протестниот марш кои направија ...
Ловџија од Конче вчера починал откако во него друг ловџија од небрежност испукал еден истрел што го погодил во пределот на стомакот и раката. Двајцата заедно со уште неколкумина други ловџии биле во лов на дивеч без да поседуваат дневни дозволи за лов. Како што соопшти МВР, во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава за лицето што пукало поради сомнение за сторено кривично дело „убиство од небрежност“, од сите инволвирани се одземени ...
Главното јавно обвинителство во Истанбул објави дека подготвило обвинение против 402 осомничени, од кои 105 се приведени, за кои се вели дека се членови на „криминалната организација“ на суспендираниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој беше осуден на 20 месеци затвор во јули оваа година за навреда и заканување на главниот обвинител откако беше уапсен по обвинение за корупција. Обвинението од 3.900 страници бара затворска казна до ...
30-тата годишна Конференција на ОН за климатски промени започнува во понеделник во бразилскиот град Белем, во амазонската прашума, а домаќините очекуваат околу 50.000 учесници во текот на речиси две недели тешки преговори. Повеќе од 190 земји ќе разговараат за тоа како да се ограничи климатската криза и нејзините разорни последици, вклучувајќи почести и потешки суши, бури, шумски пожари и поплави. Разговорите на конференцијата, позната како ...
Еден од симболите на американската историја е планината Рашмор. На неа се врежани главите на четирите големи американски претседатели. Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, кралот на земјата, Рафаел Надал беше прашан во Мајами кои четири тенисери, според него, заслужуваат да бидат врежани на тениската планина Рашмор. „Веројатно Род Лејвер, Ѓоковиќ, Федерер и јас, да бидам искрен. Доволно сум скромен, но да бидам јасен морам да се ставам ...
Во Коалицијата ВЛЕН сме согласни и го делиме мислењето дека по изборот на Изет Меџити за градоначалник на општина Чаир, на неговото место треба да дојде нашиот предлог – Беким Сали, изјави денеска вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење Арбен Фетаи, одговарајќи на новинарско прашање за реконструкција на Владата. – Изет Меџити имаше две функции во Владата, министер за животна средина и заменик-премиер. Ние сметаме дека треба да ...
Истрагата за полициските службеници, во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, беше предвидено да заврши до крајот на септември годинава, меѓутоа имаше објективни околности околу сослушување на одредени сведоци, со тоа што најверојатно на почетокот на наредниот месец ќе се донесе и јавнообвинителска одлука, изјави републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, прашан до каде се другите истраги и предистраги за пожарот во дискотеката ...
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, има големо мислење за сегашниот капитен на својот тим, Бернардо Силва. По јубилејниот 1.000 натпревар во неговата тренерска кариера, тој зборуваше со пофалби за бројни играчи со кои соработувал во претходните години, но особено го пофали одличниот португалец. „Бернардо Силва е вистински фудбалски мајстор. Темпо, освојување на топката, забрзување и забавување, интуиција за гледање на просторот и како ...
Владата на Велика Британија откри план за постепено укинување на тестирањето врз животни, што вклучува замена на тестовите врз животни со алтернативни методи за безбедност до крајот на годината и намалување на употребата на кучиња и мајмуни во тестовите за дрога врз луѓе за најмалку 35% до 2030 година. Министерот за наука Патрик Валанс изјави за Би-Би-Си дека целта е да се заменат животните со напредни лабораториски техники базирани на човечки ...
Во тек е работа за утврдување на изводливоста на спроведување нуклеарни тестови во Русија, но засега нема нови информации, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Засега, се работи на ова прашање, во согласност со упатствата на рускиот претседател (Владимир Путин). Засега нема информации“, изјави Песков пред новинарите, според новинската агенција РИА Новости. Тој нагласи дека Русија засега не добила никакви објаснувања од своите ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска негираше дека средствата од ИПАРД се блокирани по апсењата за корупција во Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој потенцирајќи дека истрагата се продлабочува бидејќи има информации и за претходни злоупотреби на средства. – Не. Напротив. Поздравена е позитивната акција од страна на луѓето од Европската комисија, изјави премиерот Мицкоски, кој утрово беше во посета на фабриката Костал во ...
Европската комисија започна со работа на ново разузнавачко тело под претседателката Урсула фон дер Лајен, во обид подобро да ги искористи информациите собрани од националните разузнавачки агенции, објави во вторник „Фајненшл тајмс“. Единицата, која ќе биде формирана во рамките на секретаријатот на Комисијата, планира да регрутира службеници од целата разузнавачка заедница на ЕУ и да собира разузнавачки информации за заеднички цели, објави ...
Се потврди најлошото, ИПАРД 3 програмата е суспендирана поради корупцискиот мега скандал на власта. Земјоделците остануваат без потребната поддршка, поради корупција, партизација и неспособност на кадрите на ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ. Во текстот се додава: Суспендирањето на ИПАРД 3 програмата е тежок удар врз македонското земјоделство, врз илјадници земјоделци и компании кои веќе имаат склучени договори и реализираат инвестиции. ...
СВР Битола во координација со Одделот за криминалистичка полиција поднесе кривична пријава против С.Г. (54) од Прилеп и С.И. (31) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Од Секторот за односи со јавност при СВР Битола информираат дека на 25 август годинава во Битола, пријавените довеле во заблуда 88-годишна жена од Битола така што телефонски и со лажно претставување ја известиле дека нејзиниот син ...
Еден од најдобрите тенисери на денешницата, Јаник Синер успешно ја стартуваше одбраната на завршниот АТП турнир во Торино. Италијанецот го победи Феликс Оже-Алијасим со максимални 2-0, по сетови 7-5 и 6-1, заокружувајќи одличен биланс. Тој нема загубено меч во затворено точно две години. Последниот што го победил беше Новак Ѓоковиќ во финалето на истиот турнир во 2023 година. По мечот тој даде интересен одговор на прашањето дали ги следи ...
Сирија ќе се приклучи на меѓународната коалиција за борба против групата Исламска држава, што означува промена во надворешната политика на САД на Блискиот Исток, пишува Би-би-си повикувајќи се на потврда од висок функционер на администрацијата на Трамп. Објавата доаѓа откако претседателот Доналд Трамп се сретна со сирискиот претседател Ахмед ал-Шара во Белата куќа што е прва таква посета од сириски лидер во историјата на земјата. Во интервју за ...
Германските истражители веруваат дека група Украинци кои дејствувале под директна команда на тогашниот Врховен командант на вооружените сили на Украина, генерал Валериј Залужни, стоеле зад експлозиите на гасоводите „Северен тек 1“ и „2“, објави денес „Волстрит џурнал“ (WSJ). Повикувајќи се на германската полиција, обвинителите и други извори запознаени со ова прашање, американскиот весник објави дека истражителите развиле „јасна слика за тоа ...
Науката во Македонија се актуелизира не само како тема за дискусија, туку и како поле на делување. Ова го потврдува и последниот извештај на Европската комисија за напредокот на државата во областа на науката, а претставува резултат на ефективни национални политики и на значително зголемениот буџет за поддршка на научно – истражувачката дејност. Од 380 милиони денари во 2024 година на 680 милиони денари во 2025 година, а за следната 2026 ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) апелира граѓаните да не отвораат и да не враќаат на пораки кои се испраќани во име на директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Александар Јанев, бидејќи се лажни. Од МВР посочуваат дека до неколку граѓани се пристигнати лажни пораки за наводна тековна истрага против нив, а дека испраќачите лажно се претставуваат во име на директорот на БЈБ. Во лажните пораки се наведува дека примачот на пораката е ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР. Минималната температура ќе се движи во интервал од 4 до 11 Целзиусови степени, а максималната од 8 до 17 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе ...
Американскиот Сенат доцна синоќа одобри закон за финансирање за ставање крај на блокадата на владата, со што Конгресот е еден чекор поблиску до ставање крај на 41-дневното затворање, објави Си-Би-Ес. Предлог-законот сега се упатува кон Претставничкиот дом, каде што би можел да биде усвоен уште утре, по што ќе треба да го потпише американскиот претседател Доналд Трамп за конечно да се стави крај на блокадата на владата. Конечната верзија на ...
Македонскиот јазик и македонистиката иако веќе 80 години се проучува и се штити во македонската држава како службен јазик на македонскиот народ и на македонската држава, сепак, секогаш има предизвици. Во овој момент најголем предизвик ни е употребата на странските зборови и желбата на младите, модата да зборуваат на еден од светските јазици, изјави денеска директорка на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“-Скопје. проф. д-р Елена ...
Информациите за можната суспензија на ИПАРД-3 програмата се покажаа како точни. Во петокот околу 16 часот, од страна на националниот координатор за авторизација преку механизмот за суспендирање на плаќања, е донесена и дистрибуирана до македонските власти одлука за суспендирање на ИПАРД-3 програмата, односно одлука за суспендирање на плаќањата во ИПАРД-3, информира денеска на прес-конференција Љупчо Николовски од СДСМ. Одлуката, како што додаде ...
Комисијата за историски прашања е еден вид алиби во моментално комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија. Ова во интервју во емисијата „Денот започнува“ на бугарската национална телевизија БНТ го изјави професорот Ангел Димитров, претседател на бугарскиот тим и копретседавач со Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија. На новинарското прашање до каде ...
Атлетико Отава го освои трофејот во Премиер лигата на Канада, а финалето се одигра во вистински поларни услови. На стадионот во Отава паѓаше сериозна количина на снег, теренот не можеше ниту да се исчисти како што треба и цел меч имаше снежна покривка врз тревата. Домашната екипа со пресврт успеа да го совлада тимот на Кавалри, а херој беше Давид Родригез. Поведоа гостите со голот на Аирд, меѓутоа тогаш на сцена стапи Родригез кој во 40. минута ...
Продажните цени на производителите на индустриски производи во септември 2025 година се зголемени за 0,5 отсто во однос на претходниот месец и за 4,5 проценти во однос на истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно (на домашниот и на странскиот пазар), во однос на претходниот месец се намалени во секторот Рударство и вадење на камен за 0.6 %, a се зголемени во ...