Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Форензичарите утврдија дека скелет пронајден минатото лето во подрум во куќа во бриселската населба Форест му припаѓал на македонскиот државјанин Реџеп Рахмановски, кој се води како исчезнат од 2003 година, соопшти белгиската Федерална полиција. Скелетот бил пронајден при реновирање на куќата во јули 2025 година, по што е предаден на форензичка анализа. По неговата анализа е утврдено дека тој му припаѓа на Рахмановски, роден во Македонија во ...
Здравствените работници и студентите на медицина и стоматологија ќе може да се пријават и бесплатно да се вакцинираат со вакцина против хепатитис Б, кои Министерството за здравство му ги донира на Институтот за јавно здравје. Двете институции денеска потпишаа договори за донација на 7.500 вакцини, со кои ќе бидат опфатени 2.500 здравствени работници. Министерството за здравство донира и кутии за авионски и бродски транспорт на биолошки ...
Свесноста за присуството на микро-пластика во храната сè повеќе расте, особено кога станува збор за морските плодови. Но научните истражувања покажуваат дека изложеноста на микро-пластика преку други секојдневни намирници и навики е многу почеста отколку што повеќето луѓе претпоставуваат. Според проценките, дневниот внес на микро-пластика преку храна и пијалаци може да варира од речиси нула до дури 1,5 милиони честички. Еден од најголемите ...
Пилешката супа е утешен оброк со генерации и прв избор за секој што се бори со настинка или грип. Во многу култури се смета за традиционален лек, но се поставува прашањето – дали постои научна основа што потврдува дека чинија топла супа навистина ни помага да се опоравиме од респираторни инфекции. За да се најде одговорот на тоа прашање, беше спроведен систематски преглед на научните докази за улогата на супата во третманот на акутни ...
Лекарите во Лондон постигнаа нешто што се сметаше за невозможно – успеаја да го вратат видот и да спречат слепило кај пациенти со ретка, но опасна состојба на очите позната како хипотонија. Првата пациентка која примила револуционерна инјекција со гел што ѝ го вратила видот , Ники Гај (47), ја споделила својата приказна. Резултатите од пилот-студијата во болницата Мурфилдс покажуваат дека третманот бил успешен кај седум од осум третирани ...
Министерот за здравство, Азир Алиу во синоќешното гостување во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24, се осврна на потребата од донесување нов закон за заштита од пушењето. – Законите сами по себе не може да бидат квалитетни и да дадат резултати ако немате цел екосистем. Законот дефинира рамка и строги правила за подобрување на екосистемот во одреден сегмент. Од друга страна, ако немате дополнителни индикатори за мерење и следење дали законот се ...
Според Светската здравствена организација, децата под две години не треба да поминуваат време пред екран, додека оние на возраст меѓу две и пет години треба да бидат ограничени на максимум еден час дневно. Како што можеме да видиме од бројни примери околу нас, дури и во колички, децата поминуваат многу време гледајќи екрани и скролајќи на своите телефони, што, според експертите, може да има последици врз нивниот развој. Честопати е многу ...
Бебе починало во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. -Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на возраст од два месеца. Според пријавеното, бебето било хоспитализирано на 12.01.2026, но починало, и покрај дадената медицинска помош и направена реанимација. Лекар констатирал смрт, а по ...
Од 5 до 11 јануари регистрирани се 2.322 заболени од грип, што е за 34,6 проценти повеќе во однос на претходната недела. Има средна активност на вирусот на грип на национално ниво. Има зголемен број заболени, но тоа е очекувано за овој период од годината. Очекуваме бројките и во наредниот период да растат и да се движат во овој ранг. Пикот на грипот се очекува на крајот на месецот до средината на февруари. Оваа сезона растот на бројот на ...
Министерството за здравство соопшти дека иницира Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) да изврши инспекциски надзор во Општата болница во Кавадарци во врска со случајот со починатото новороденче. Од болницата денеска соопштија дека бебето со иницијали У.М. на возраст од два месеца кај нив било примено поради обилно повраќање по хранење. СВР Велес претходно соопшти дека синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот ...
Евролигата официјално ја информираше НБА дека би можела да покрене судска постапка доколку се разговара за нов проект во Европа со претставници на клубовите кои веќе се обврзале на Евролигата во следните десет години. Според извори на „Еурохупс“, Евролигата испратила писмо до НБА минатата недела, а сите клубови од Евролигата кои моментално имаат А лиценца се известени. Овој потег уште еднаш потврдува дека Евролигата и НБА се во битка за ...
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ги победија Атланта Хокс со 141-116, во натпревар од НБА лигата. Лука Дончиќ оствари дабл-дабл учинок со 27 поени, 12 асистенции и пет скока. Сепак, Леброн Џејмс одигра најдобро во редовите на Лејкерси, кој потсети на најдобрите денови, беше на чекор од трипл-дабл учинок, постигна 31 поен со девет скока и 10 асистенции. Кај Атланта, Александар-Вокер се истакна со 26 поени, следен од Си-Џеј Мекалум со 25, ...
Ремито против Португалија со право беше окарактеризирано како позитивен резултат во нашата јавност. Посебно што е извојувано со враќање од негатива од пет гола и со две одбрани на Томовски во последниот противнички напад. Сепак, ништо не сме направиле ако не ја совладаме Романија и не го освоиме второто или третото место во групата. Секако дека сонот е второто, зад Данска, за што ќе ни треба убедлива победа над Романците и дебакл на ...
Кошаркарот на Хјустон Рокетс, Кевин Дурант, го надмина Дирк Новицки на вечната листа на стрелци во историјата на НБА лигата. Ова се случи на мечот на Хјустон со Њу Орлеанс Пеликанс кој им припадна на Ракетите со 119-110. Дурант до овие досега 31.562 поени во кариерата (во мечеви од регуларна сезона) дојде со одиграни 362 меча помалку од Новицки. Видео честитка на Дурант му испрати германецот Новицки. Сега следна мета на Дурант е големиот ...
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров на брифингот со новинарите зборуваше за актуелната ситуација во составот и престојниот меч со Романија. Ракометарите денеска нема да одржат тренинг, селекторот сака добро да се одморат, да се релаксираат и со максимална свежина да ја нападнат Романија и да дојдеме до посакуваната победа. „Треба да се подготвиме добро и да имаме правилен пристап, бидејќи Македонија ретко по ...
По отпуштањето на Дино Топмeлер, тимот на Ајнтрахт Франкфурт размислува за ангажирање на поранешниот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо. Според информациите на „Билд“, германскиот клуб го гледа шпанскиот стручњак како престижна опција, а спортскиот директор Маркус Крошe инсистира на средба со него за да ја истражи можноста за неговото донесување. Веста доаѓа само неколку дена по отпуштањето на Чаби Алонсо од „Сантијаго Бернабеу“. ...
По освоениот бод во дуелот против фаворизираната Португалија, македонската ракометна репрезентација има шанси да ја помине групата на Европското првенство и да биде дел од главната фаза. Во последното, трето коло, Македонија ќе игра против Романија. Тоа е единствената селекција која и според рангирањето е послаба од Македонија. Романците загубија во првите два кола и тоа убедливо од Португалија и Данска и немаат никакви шанси да одат ...
Францускиот тенисер Гаел Монфилс се прости од настапите на Австралија Опен, откако беше елиминиран во мечот од првото коло од квалификантот Дејн Свини (3-1). За последен пат во кариерата ветеранот заигра на терените на „Мелбурн Парк“, па успеа да пружи речиси четиричасовна борба против домашниот хит Свини. Успеа Монфилс да поведе по најдолгиот сет на стартот на мечот, откако во тај-брејкот се снајде подобро и го доби со 7-3. Потоа подобро се ...
Барселона веќе некое време покажува интерес за португалскиот интернационалец во дресот на Манчестер Сити, Бернардо Силва, а се чини дека идното лето овој трансфер е најблиску до реализација. „Каталонците“ следните денови ќе почнат преговори со португалецот, кој на лето ќе биде слободен агент, и ќе може бесплатно да си замине од „Етихад“. Силва беше најблиску до Барселона летото 2023 година, кога дури и се прости од навивачите на Сити после ...
Атлетико Мадрид покажува сериозен интерес за напаѓачот на Пари Сен Жермен, Гонзало Рамош, и го разгледува како главна цел за летниот преоден рок, пренесува „Марка“. Иако во моментов „јорганџиите“ се фокусирани на ангажман на нов играч од средниот ред, клубот веќе го планира засилувањето на нападот за следната сезона. Според информациите, португалскиот репрезентативец е главен кандидат за позицијата централен напаѓач. Тренерот на Атлетико, ...
Со синоќешните натпревари, заокружена е првата фаза на Европското првенство 2026 кое се игра во Данска, Шведска и во Норвешка. Па, веќе и дефинитивно познати се Топ 12 селекции кои ќе разигруваат за највисок пласман, но познат е и пласманот од 12. до 24. место на собирот на најдобрите на Стариот континент. По победата над Романија и пласманот на третото место во групата, согласно освоените бодови, Македонија на крај заврши на 14. место на ...
Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 17 години загуби на првиот од двата предвидени пријателски натпревари против соодветната селекција на Турција кои се играат во Анталија. Македонија загуби со 1-0 од домаќините, кои до триумфот дојдоа со голот на Сен Хусеин во 37. минута од средбата. Вториот меѓусебен тест-дуел на двете селекции се игра утре (22 јануари). Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 17 години загуби ...
Под ледените површини на океаните што го опкружуваат западниот брег на Гренланд, научниците неодамна открија нешто што го промени претходното разбирање за длабоките ладни мориња. Тоа е познатиот „гасен хидрат“ во светот – место каде што животот сепак цвета во целосен мрак. Оваа необична формација, која е наречена насипи од гасен хидрат Фреја, се наоѓа околу 3.640 метри под површината на Гренландското Море, на длабочини каде што поголемиот дел ...
Австралија неодамна започна со она што некои медиуми го нарекоа голем социјален експеримент – ги забранија социјалните медиуми за лица под 16 години. Само времето ќе покаже какви ќе бидат резултатите од овој експеримент, но веќе некои државни влади размислуваат за воведување слични забрани. Една од нив е Обединетото Кралство. Според новиот извештај на „Гардијан“, британскиот премиер Кир Стармер е отворен за идејата за слична забрана за ...
Годината 2026 не е само бројка на календарот, туку е почеток на нов деветгодишен циклус, универзалната година 1. Овој период носи енергија на иницијатива, лидерство и нови можности. Вашиот датум на раѓање покажува како оваа енергија ќе се манифестира во вашиот живот, па затоа е важно да ги следите нумеролошките упатства. Како да го пресметате вашиот личен број за 2026 година? Соберете ги сите цифри од вашиот датум на раѓање и додадете ги ...
Како што старееме, способноста на телото да ги обновува и заштитува клетките на кожата природно се намалува. Ова доведува до истенчување на кожата, губење на сјајот и појава на првите длабоки брчки. Сепак, тајната за сјаен тен не е само во кремите, туку и во она што го внесуваме во нашето тело. Дерматологот д-р Моник Седа објаснува дека одредени хранливи материи стануваат клучни по 40-годишна возраст бидејќи тие директно го поддржуваат ...
Саудиска Арабија сега е дом на највисокaтa и најбрзaтa луда железница во светот, откако American Six Flags го отвори својот прв тематски парк надвор од Северна Америка – и тоа во кралството. Успешната изградба на забавниот парк Six Flags Qiddiya City, вреден 1 милијарда долари, е чекор напред за саудиските власти откако серија футуристички мегапроекти беа погодени од одложувања и проблеми, пишува Financial Times. Паркот е првиот оперативен ...
Најдосадниот пат на светот се смета делницата од 256 километри без ниту еден свијок, угорнина или надолнина, која минува низ пустината Руб ал-Хали во Саудиска Арабија. Оваа делница е дел од саудискиот автопат број 10, кој ги поврзува Ал Дарб на југозапад со Ал Бата на исток, вкупно долга 1.474 километри и минува блиску до границата со Обединетите Арапски Емирати. Автопатот првично бил изграден како приватен пат за кралот Фахд, кој владеел од ...
Од свети списи пренесени низ вековите преку класици што ја дефинирале литературата до модерни бестселери што станале глобални феномени, листата со најпродавани книги на сите времиња открива многу повеќе од само бројки за тираж. Таа зборува за влијанието на идеите, моќта на раскажувањето приказни и темите што, без оглед на времето и културата, го пронашле својот пат до милијарди читатели низ целиот свет. Иако точните бројки за продажба ...
Обемна анализа потврдува дека движењето го менува нашето расположение и мозок. За многу луѓе, дури и едноставна прошетка или време поминато активно во градината може да го подобри расположението, а најновите докази сега покажуваат дека овие едноставни активности можат да бидат исто толку ефикасни како и професионалниот третман за депресија. Студијата потврдува дека физичката активност е опција за луѓе со симптоми на депресија и потврдува дека ...