Лидерот на малцинството во Сенатот, Чак Шумер, и лидерот на малцинството во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, денес испратија писмо до претседателот Доналд Трамп барајќи средба со конгресните лидери за да се стави крај на блокадата на владата. „Ви пишуваме за да побараме двопартиски состанок на законодавните лидери за да се стави крај на блокадата на федералната влада од страна на републиканците и решително да се справиме со здравствената ...

Медицинска сестра која се грижела за пациенти со сериозни, неизлечиви болести денес беше осудена на доживотен затвор во германски суд за убиство на 10 пациенти со смртоносна инјекција и обид за убиство на уште 27 други. Обвинителите тврдат дека медицинската сестра за палијативна нега им инјектирала на своите постари пациенти лекови против болки или седативи за да ѝ го олесни работењето во ноќната смена, објавува Ројтерс. „Нејзиниот злостор беше ...

Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на скопското обвинителство и му одреди мерки на претпазливост на 37-годишниот скопјанец кој пред два дена со автомобил „фолксваген пасат“ го усмрти велосипедистот Јорго Ќука на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје. На барање на Обвинителството, на осомничениот му се одредени мерки на претпазливост кои подразбираат одземање на македонскиот и на српскиот пасош кои ги поседува, одземање на возачката ...

По критиките на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за лошите забелешки во извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава, од ВМРО-ДПМНЕ му возвратија обвинувајќи го дека продолжува да го игра бугарското сценарио за Македонија и дека ја понижува сопствената држава. Покрај него, го обвинија и екслидерот на СДСМ, Зоран Заев, за прифаќање на, како што велат, штетниот договор поради кој земјава е предмет на уцена. Во писмената реакција на ...

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека во период од наредните неколку месеци ќе се работи на проширување на опозициската платформа не само за политички чинители туку и за граѓански организации бидејќи, како што рече, СДСМ е единствена политичка сила која може да ѝ парира и да се соочи со ВМРО-ДПМНЕ. „Потребен ни е многу поширок, посилен и поорганизиран фронт – тоа е една од лекциите кои ги научивме за време на овие локални избори и сум ...

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје ги одбил жалбите на одбраните и го потврдил притворот на сега веќе поранешниот в.д. директор на „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми, и на управителот за отпад во јавното претпријатие, Аки Саити, информираа денеска од Судот. Претходно, на 28 октомври, Кривичен го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и им определи по 30 дена притвор на Рустеми и на Саити поради опасност од ...

Денес, на 28-та редовна седница на Комисијата за инфраструктура, животна средина и просторно планирање на Република Словенија, пратеничката со македонско потекло Сандра Газинковски како предлагач го презентираше Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за возачи. Ова е предлог-закон кој на прв поглед се занимава со техничко прашање – замена на возачки дозволи – но всушност се меша во животите на илјадници луѓе кои работат, живеат и ...

Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд Скопје, продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Пред Судот беа сослушани повеќе оштетени сведоци, законски застапници на починати пациенти, кои зборуваа за лекувањето и конкретната терапија на Клиниката за онкологија. Шестмината ...

Пожарот кој избувна синоќа во Домот на пензионери во тузла, БиХ, зеде уште еден живот. Човекот починал во Универзитетскиот клинички центар во Тузла. Со тоа, бројот на жртви се искачи на 12, а повредени се 35 лица, меѓу кои пожарникари и полицајци. Како што претходно изјави главниот кантонски обвинител Ведран Алиџановиќ, четири лица се на респиратори и се во тешка состојба. Пожарот избувна синоќа на седмиот кат, каде што имаше неподвижни лица. ...

Претседателот на САД Доналд Трамп, на својата социјална мрежа „Трут сошал“ изјави дека поразите на неговата Републиканска партија на изборите се должат на тоа што неговото име не било на гласачкото ливче, како и на парализата на буџетот. „Тоа што Трамп не беше на гласачкото ливче и затворањето на владата се двете причини зошто републиканците ги загубија вечерашните избори, велат анкетарите“, напиша американскиот претседател. Во Вирџинија, дом ...

Десет лица се повредени, од кои две потешко, кога возач со автомобил намерно влетал во пешаци и велосипедисти на францускиот остров Олерон, на атлантскиот брег, пренесува Би-би-си. Меѓу повредените е и едно девојче. Тамошниот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез изјави дека возачот е уапсен и дека е отворена истрага за случајот, како и дека постојат сомнежи оти станува збор за терористички чин. Инцидентот се случил утрово, кога маж од 35 ...

Демократот Зохран Мамдани стана првиот муслимански градоначалник на Њујорк во историјата на градот, кој е дом на повеќе од осум милиони жители – 500.000 муслимани и едно од најголемите еврејски популации надвор од Израел, а со 34 години е најмладата фигура на таа позиција во последните 100 години. Зохран Мамдани, демократски социјалист од уганданско и индиско потекло и поранешен рапер, ја потресе политичката сцена во Њујорк кога го победи ...

Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврнат над 30 литри на квадратен метар дожд. И во Скопје од утре во вечерните часови до понеделник ќе има повремени врнежи од ...

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието организираат јавна дискусија за нов предлог-лектирен список за основното образование и упатуваат покана до сите заинтересирани страни – наставници, стручни служби и други чинители во образованието – „активно да се вклучат во дефинирање современ, инклузивен и квалитетен лектирен список, кој ќе одговара на реалните потреби на учениците и наставниот процес“. МОН на својата ...

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе истрага за две жени и двајца мажи, кои, делувајќи во група и со употреба на сила одзеле 200 илјади денари од едно лице. Четворицата се осомничени за кривично дело – разбојништво. Во описот за случајот што се случил на 30 октомври годинава, од Обвинителството информираат дека оштетениот со една од осомничените жени отишле во мотел во Скопје, по што таа му предложила да повика уште една девојка. ...

Минатата недела, Амазон објави отпуштања на 14.000 корпоративни работници со план да замени до 30.000 работни места вкупно со вештачка интелигенција. Според предвидувањата за судниот ден, дури 300 милиони работни места со полно работно време би можеле да исчезнат глобално. Џејмс Рид, извршен директор на агенцијата за вработување „Рид“, со речиси 40 години искуство во индустријата, рече дека не видел нешто слично речиси четири децении. „Ова не е ...

Како што човештвото ја проширува својата мрежа на сателити околу Земјата, се појавува непредвидлива опасност во форма на активност од Сонцето. Големиот број сателити во ниската Земјина орбита се соочуваат со постојана и непредвидлива закана од сончеви бури, кои можат да ги променат траекториите на сателитите и да ги компромитираат комуникациските системи. Од мај 2019 година, SpaceX лансираше повеќе од 10.000 сателити Starlink, иако околу 1.000 ...

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција, информира Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Според извештаите, земјотресот е почувствуван и во Бугарија. Епицентарот на земјотресот е на 15 километри западно од Ксанти. Како што може да се види во објавите на социјалните мрежи, земјотресот е почувствуван во Кавала, како и во Тасос. Граѓаните на Пловдив велат дека „се тресело“ многу, а истото го ...

До денеска претпладне до Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени 16 приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг од локалните избори, што се одржа во неделата на 2 ноември. Рокот за поднесување на приговори завршува денеска во 16:30 часот односно 48 часа по објавувањето на првичните резултати од изборите. Приговори поднеле Хаким Рамадани поддржан од Влен за постапката за сумирање и утврдување на ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против четири лица – двајца мажи и две жени – поради основано сомнение за сторено кривично дело Разбојништво по член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Според Обвинителството, на 30 октомври четворицата делувале како група и со употреба на физичка сила одзеле 200 илјади денари од едно лице. Настанот се случил во двор на мотел во Скопје. Оштетениот најпрво со една од ...

Властите во јапонската префектура Гифу објавија во вторник дека ќе почнат да користат дронови што имитираат звуци на лаење кучиња и огномет во обид да ги исплашат мечките што се сè почести во населените области. Дроновите треба да бидат распоредени подоцна во ноември во Такајама, селото Ширакава и други делови од централната јапонска префектура Гифу, каде што неодамна се забележа зголемување на нападите од мечки врз луѓе, објави новинската ...

Светот не успеа да ја исполни климатската цел за ограничување на порастот на глобалната температура на 1,5 степени Целзиусови и веројатно ќе ја надмине таа граница во следната деценија, објави во вторник Програмата на ОН за животна средина (УНЕП). Со оглед на тоа што земјите не успеваат да сторат доволно за да ги намалат емисиите на стакленички гасови, сега е јасно дека температурите ќе ја надминат клучната цел од Парискиот договор од 2015 ...

Најмалку седум лица загинаа во несреќа на карго-авион на „ЈупиЕс“ (UPS) во американската сојузна држава Кентаки, соопшти гувернерот Енди Бешир. Тој предупреди дека бројот на жртви може дополнително да расте, а полицијата информира дека има и повеќе повредени. Причината за несреќата, што се случи во индустриска зона на периферијата на Луисвил, сè уште не е позната. Според Федералната управа за авијација (ФАА), авионот McDonnell Douglas MD-11 ...

Bо НБА лигата се одиграа шест натпревари. Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер го продолжија позитивниот момент и го победија тимот на Лос Анџелес Клиперс со 126-107. Ова е осма победа од почетокот на сезоната на првакот, кој е единствена екипа без пораз во лигата. Гилџес-Александер се истакна со 30 поени, Џо запиша 22, Волас и Вигинс имаа по 12, а Холмгрен постигна 11. Кај Клиперси најефикасни беа Харден со 25 поени, Колинс со 17, Дерик Џонс со ...

Сенатот на Соединетите Американски Држави не успеа по 14-ти пат по ред да го усвои законот за финансирање на владата претходно одобрен од Претставничкиот дом, бидејќи процедуралното гласање заврши со 54-44, помалку од потребните 60 гласови. Ова е 14-ти пат Сенатот да го отфрли привремениот предлог за буџет од Претставничкиот дом, со што се продолжува затворањето на владата, кое започна пред 35 дена и влезе во својот 36-ти ден, што го прави ...

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја. Северна Кореја, според разузнавачката агенција, се чини дека ги засилува напорите за обезбедување нуклеарни материјали и воспоставување разни видови производствени капацитети за нуклеарни боеви глави. Доколку Ким одлучи да спроведе нуклеарен ...

Соединетите Американски Држави предложија нацрт-резолуција на Советот за безбедност на ОН со која би се укинале санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шари и министерот за внатрешни работи Анас Хатаб, пред планираната посета на претседателот на Белата куќа во понеделник. Според документот, кој Ројтерс го виде, резолуцијата треба да добие најмалку девет гласа „за“ и да нема вето од ниту една од постојаните членки – Русија, Кина, САД, ...

Поранешниот истакнат македонски фудбалер, Минас Османи, е именуван за нов шеф на стручниот штаб на Шкупи. Османи, кој долги години е посветен на клубот од Чаир, поранешен фудбалер на Шкупи и на Вардар, го наследува турскиот стратег Умит Шахин на клупата на чаирчани. Османи денеска, откако претходно привремено ја извршуваше оваа функција, и официјално е именуван за нов шеф на стручниот штаб. Наредниве денови треба да бидат именувани и членовите ...

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, од 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градско – Дреново, информира АМСМ. Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично. Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ...

Променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Ова е временската прогноза за денешниот ден, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). „Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени“, велат од УХМР. Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. „Минималната ...

weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
8.23
72%
1011
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
89%
1014
weather icon

Софија

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
80%
1010
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
9.85
82%
1013
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
95%
1015
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
2.57
87%
1001
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
87%
1004
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
100%
1005
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
11.32
88%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.09
94%
1014
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
4.12
67%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Иридиум

145787.60

Паладиум

46425.68

Цинк

3.23

Алуминиум

2.91

Рутениум

29192.88

Никел

473339.37

Злато

135056.24

Сребро

1878.05

Платина

52952.77

Калај

40.48

Бакар

10.95

Родиум

255598.44