Една од лозинките за серверот што управува со CCTV мрежата на Лувр наводно била „LUVR“, според извештајот на Судот на ревизори, во кој се критикува раководството на музејот за занемарување на безбедноста. Извештајот, нарачан пред грабежот на 19 октомври во кој беа украдени девет парчиња историски накит, заклучува дека раководството дава приоритет на „видливите и привлечни“ проекти – како што се купувања уметнички дела и реновирања – пред ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека паузата во преговорите меѓу Русија и Украина се должи на „неподготвеноста“ на Киев да се стреми кон политичко и дипломатско решение, како и на провокациите од европските земји. Тој исто така рече дека е невозможно да се предвиди кога би можел да се одржи самит Русија-САД. „Тешко е да се обидеме да предвидиме нешто овде и сите прогнози најверојатно ќе бидат неосновани“, рече Песков, според ...

Само неколку дена пред неговата планирана посета на Вашингтон и разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа во понеделник, Советот за безбедност на Обединетите нации донесе одлука што предизвика изненадување и контроверзии во меѓународните кругови. И покрај фактот дека сирискиот претседател Ахмед ал-Шара е одговорен за смртта на десетици илјади луѓе, а неговите вооружени сили продолжуваат да вршат брутални напади и ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека лично го познава Беким Сали, но дека нема никаков договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН за кадровски промени во Владата. „Јас кажав дека го познавам Беким Сали и дека имам мислење како личност. За структурни промени во Владата не сме збореле. Подготвен сум да зборувам. Но дека имаат нешто договорено со ВМРО-ДПМНЕ, нема такво нешто,“ изјави Мицкоски. Изјавата на премиерот следи откако на ...

Од Железничката станица Зелениково до Железничката станица во Скопје ќе се стасува за 25 минути, а од таа во Драчево за 11 до 13 минути со ремонтот на пругата во должина од 25 километри, прва фаза од проектот „Градски воз“, најави денеска Синиша Ивановски, директор на ЈП Железници Инфраструктура, при увидот на ремонтните активности во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и новиот ...

Најмалку пет лица загинаа во Виетнам откако тајфунот Калмаеги ги погоди крајбрежните области со штетни ветрови и обилни дождови, соопштија официјални лица во петокот, по смртоносното минување на бурата низ Филипините во кое загинаа најмалку 188 лица. Бурата стигна до централен Виетнам доцна во четвртокот, корнејќи дрвја, оштетувајќи домови и предизвикувајќи прекини на електричната енергија, пред да ослабне додека се движи кон внатрешноста. ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Врнежите се очекуваат особено во северозападните и северните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој ќе доаѓа од јужен правец. Што се однесува до температурите, минималната ќе се движи во интервал од 5 до 11 степени, додека максималната дневна ќе достигне од 12 до 17 степени. Во главниот град, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави претстојно распоредување на меѓународни стабилизациски сили во Појасот Газа, што би можело да означи почеток на нова фаза во процесот на стабилизирање на регионот и спроведување на мировен план што ги вклучува Египет, Катар, Турција и Обединетите Арапски Емирати. Тоа е една од најсериозните американски иницијативи од почетокот на војната во Газа, со амбиција за обезбедување траен прекин на огнот и ...

Владата останува 100 проценти усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската унија, што претставува важна придобивка за карактерот на нашите меѓусебни односи и за нивото на нашата посветеност кон европските вредности. Како Влада остануваме целосно посветени на европскиот пат и на реформите кои ја прават државата посилна, пофункционална и поправедна. Ќе ги адресираме сите области каде е забележан застој со конкретни ...

Со месеци Скопје се давеше во ѓубре, скопјани секојдневно живееја во нечистотија од која изникнаа глодари а власта на ВМРО-ДПМНЕ не преземаше ништо, наведуваат од СДСМ. Во соопштението се додава: „Наместо да организира чистење на градот, ДПМНЕ намерно го блокираше собирањето смет и не направи ништо, ниту преку ЗЕЛС, ниту преку Управниот одбор на Комунална хигиена, бувално ги остави скопјани да се дават во сметот. Синоќа скопјани видоа зошто ...

Шест лица го загубија животот за четири дена во сообраќајни несреќи. Од почетокот на оваа година до октомври регистрирани се 115 жртви, а во текот на минатата година регистрирани се 142 жртви во сообраќајни несреќи, е црниот биланс на македонските патишта. Министерството за внатрешни работи апелира возачите да бидат внимателни, да не дозволат мобилните телефони да им го одземаат вниманието, да не возат под дејство на алкохол и да не ја ...

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител во кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 од Кривичниот законик, за настанот на 5 ноември, во местото викано Поројница, во близина на земјениот пат од Чашка кон селото Бусилци, каде осомничениот заедно со уште едно лице кое се уште не е идентификувано, го лишиле од живот велешанецот Ѓело ...

Федералната администрација за воздухопловство на САД (ФАА) им нареди на авиокомпаниите да ги намалат домашните летови за четири проценти на 40 главни американски аеродроми, почнувајќи од денеска. Ограничувањата стапуваат на сила во 6:00 часот наутро по источно време. ФАА изрази загриженост во врска со безбедноста на воздушниот сообраќај поради затворањето на владата. Во својата конечна наредба, ФАА соопшти дека ќе бара намалување од четири ...

Врховниот суд на Индија соопшти дека прелиминарниот извештај за падот на авионот на „Ер Индија“ во кој загинаа 260 лица во јуни не содржи никакви инсинуации против пилотот на авионот. Судот закажа рочиште за 10 ноември за да го разгледа барањето на таткото на убиениот пилот за независна истрага, објави Ројтерс. Таткото на починатиот капетан, Пушкар Раџ Сабахарвал (91), побара истрагата да ја спроведе панел од експерти за воздухопловство ...

По месеци давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, започна вистинското чистење на главниот град и Чаир. Не само на улиците, туку на целиот менталитет што го остави градот во хаос со години. Мирисот што доаѓаше од контејнерите беше ист како мирисот што доаѓаше од канцелариите на довчерашната власт, власт што блокираше, крадеше и не се грижеше за никого освен за себе, стои во соопштението на ВЛЕН. Во текстот се додава: ...

Неколку лица се однесени во болница откако сомнителен пакет што содржел бел прав бил доставен во заедничката база „Ендрус“ во Мериленд, соопштија денес официјални лица и извори запознаени со истрагата. Според соопштението од базата, инцидентот се случил кога едно лице го отворило пакетот, што довело до евакуација на две згради и воспоставување безбедносен кордон, објави CNN. Тимовите за итни интервенции брзо реагирале и утврдиле дека нема ...

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд – најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Во северозападните и северните делови од земјава врнежите ќе бидат пообилни. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималните температури ќе се движат во интервал од 5 до 11 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 9 до 17 степени. Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени ...

Со 77 гласа „за“ и 36 „против“ парламентот на Албанија вчера го усвои предлог-законот за родова еднаквост предложен од владата на Еди Рама. Усвојувањето на законското решение беше дел од обврските на Албанија во рамки на хармонизација на законодавството со стандардите на Европската Унија. Законот гарантира еднакви права за жените и мажите во сите области и ги одразува основните принципи на демократија и одржлив општествен развој, согласно со ...

Агенцијата за храна и ветеринарство, преку Секторот за инспекциски надзор ПЕ – Берово, донесе Решение бр. 26-730 од 6 ноември 2025 година, со кое се забранува користење на водата од водоводната мрежа во Берово за пиење и готвење. Преку соопштение на својата фејсбук страница објавено пред еден час, од Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга“ информираат дека според решението, водата од јавниот водовод што ја одржува ЈПКР „Услуга“ Берово ...

Од пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ вечерва започна големата акција „За 72 часа чисто Скопје“. Покрај Ѓорѓиевски, присутни беа и градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменковска Трајкоска и градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски. Градоначалникот Ѓроѓиевски, сподели дел од чекорите за расчистување во следните денови. „Имаме сериозни индиции за прекршување на законите ...

Некои сингл Лавови ќе имаат можност за почеток на нова врска, но ќе го избракаат потенцијалниот партнер со својот надмен став дека треба да се „главни“. Што да очекуваат Лавовите во врска и останатите 11 знаци на љубовно поле во ноември 2025? За некои знаци, ноември ќе донесе недоразбирања и ќе ја стави нивната врска или брак на тест, додека за други ова ќе биде месец на вистинско уживање. Некои од слободните знаци, ќе треба да прифатат дека ...

Утре, на 5 ноември, небото ќе биде домаќин на вистински астрономски спектакл – ќе се појави најголемата и најсветлата супермесечина во 2025 година. Овој редок феномен се случува кога полната месечина се совпаѓа со нејзиното најблиско приближување до Земјата, што ја прави поголема и посветла од вообичаеното. Месечината потоа ќе биде на помалку од 357.000 километри од Земјата, па ќе изгледа до 8 проценти поголема и 16 проценти посветла на небото ...

Без договор заврши средбата меѓу претставници на Европската комисија и Европскиот парламент посветена на усогласување на ставовите околу Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ за периодот 2028-2034 година, вредна 2.000 милијарди евра. Главната забелешка на европратениците се однесува на предлогот на Комисијата за спојување на фондовите за субвенционирање на регионалниот развој и земјоделството во единствени „национални и регионални планови за ...

Во тек е разгледувањето на 16 приговори кои се доставени до Државната изборна комисија (ДИК) за постапките за гласање и за сумирање на резултати во три општини – Брвеница, Шуто Оризари и Карпош. Членовите на ДИК едногласно го отфрлија приговорот доставен од кандидатот за градоначалник Хаќим Рамадани за Општина Брвеница за пет избирачки места во оваа општина. Ангелчо Ристов член на ДИК образложи дека приговорот содржи правно неформални ...

Се вршат претреси на повеќе локации низ државата, информираат денеска од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). „Во моментов истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на Министерството за внатрешни работи (МВР), под раководство на јавен обвинител од ова Обвинителство, вршат претреси на повеќе локации низ државата“, се вели во соопштението од ОЈО ГОКК. Претресите, како што додаваат, се ...

Американски федерални функционери соопштија дека САД ќе ја намалат авионската фреквенција за 10 проценти на 40 клучни аеродроми, почнувајќи од утре наутро, поради недостиг на кадар предизвикан од актуелното блокирање на владата. Според извори информирани за планот, редукциите ќе бидат воведени етапно почнувајќи од утре, а засегнатите аеродроми ќе бидат објавени денес, пренесоа функционери, објави Си-Би-Ес. Домашните летови ќе бидат редуцирани ...

Агенцијата за храна и ветеринарство заплени небезбедна храна од непознато потекло во возило на подрачјето на Чучер-Сандево. Како што денеска информираат оттаму, по добиена пријава, со интервенција од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, спроведен е вонреден инспекциски надзор на возило во кое се превезувало храна со непознато потекло. При извршениот надзор пронајдени се 1.060 килограми кршени ореви и 581 килограми ...

Со сослушување на сведоци во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Онкологија 2“, во кој се обвинети поранешниот медицински директор Нино Васев и економскиот директор Нехад Нухи. Случајот е во доказна постапка, а обвинението го застапува јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска. На рочиштето беа сослушани тројца сведоци, доктор Ненад Митревски, членката на управниот одбор Биљана Гроздановска и Гоце Кузев, чиј ...

Македонија и Бугарија ги дефинираат активностите и меѓусебните обврски за изградба на меѓуграничниот железнички тунел на Коридорот 8 со Договорот што го потпишаа денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и неговиот бугарски колега Гроздан Караџов, на железничката станица Ѓуешево. Како што јави известувачот на МИА, Договорот за подготовка, изградба и оперативност на тунелот, што ќе биде меѓугранична точка на двете држави ...

Американскиот претседател Доналд Трамп нема да присуствува на самитот на Г20, објави „The Economic times“. Тој во вторник изјави дека нема да присуствува на состанокот, кој се одржува во Јоханесбург кон крајот на ноември, поради „сериозни проблеми со состојбата со човековите права во Јужна Африка“. Зборувајќи со новинарите, тој рече дека „САД не треба да учествуваат на толку важен меѓународен собир во земја каде што грабањето земјиште и ...

weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
8.23
72%
1011
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
89%
1014
weather icon

Софија

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
80%
1010
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
9.85
82%
1013
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
95%
1015
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
2.57
87%
1001
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
87%
1004
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
100%
1005
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
11.32
88%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.09
94%
1014
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
4.12
67%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Родиум

255598.44

Кобалт

58.42

Цинк

3.23

Рутениум

29192.88

Бакар

10.95

Сребро

1878.05

Иридиум

145787.60

Калај

40.48

Платина

52952.77

Алуминиум

2.91

Паладиум

46425.68

Злато

135056.24