НАСА ја поби бизарната теорија на заговор што кружи на социјалните медиуми, а која тврди дека на 12 август, точно во 14:33 часот по Гринич (9:33 часот по источно време), Земјата ќе ја изгуби гравитацијата седум секунди, пишува Дејли Мејл. Според нејзините поддржувачи, оваа „тајна“ е откриена во документ на НАСА наречен „Проект Анкор“, кој протече во ноември 2024 година. И катастрофата би можела да доведе до најмалку „40 милиони смртни случаи ...

Дали некогаш сте посакале да живеете подалеку од сè, во мало, уредено општество во кое сите се познаваат меѓу себе? Место каде што нема криминал, децата безгрижно трчаат каде сакаат, храната не се увезува, а сигналот за мобилен телефон речиси не постои? Таква, речиси утописка заедница навистина постои. Најизолираното населено место на светот Британскиот остров Тристан да Куња се наоѓа среде Атлантскиот Океан и се смета за најоддалеченото ...

Првите визуелни материјали прикажуваат соби со меки ѕидови кои би им овозможиле на гостите, во состојба на бестежинска тежина, лесно да се одбиваат од површините. Американската стартап-компанија „Галактик рисорс јутилизејшн спејс“ планира да го отвори првиот хотел на Месечината, наменет за богати вселенски туристи. Изградбата на хотелот би требало да започне во 2029 година, а првите гости ќе бидат примени околу 2032 година. Првите резервации ...

На Универзитетската клиника за детски болести се хоспитализирани 20-ина деца со симптоми на акутни вирусни инфекции од типот на грип и болести слични на грип, од кои, кај најголем број е изолирана инфлуенца А. Има неколку случаи на возраст до 23 месеци кај кои е изолиран респираторен синцицијален вирус и еден помал број заболени со докажан ентеровирус риновирус, изјави за МИА педијатар пулмолог Весна Мицевска од Клиниката. Заболените, посочи ...

Седумдесет деца се хоспитализирани на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле. Десетина од децата, како што вели директорката на Клиниката, проф. д-р Катерина Бошковска, се на кислородна поддршка. Таа додава дека се хоспитализирани и 15 деца кај кои е потврден вирус на грип од типот А и кои имаат компликации. Според Бошковска, на Клиниката дневно се прегледуваат 150 до 200 деца. Во однос на симптомите на ...

Новиот предлог-закон за заштита од пушењето предвидува регулирање на сите никотински производи, вклучувајќи цигари, електронски цигари (со и без никотин), загреани тутунски производи, бездимни никотински производи, како и производи што го имитираат пушењето, соопшти Министерството за здравство. Целта е, како што се посочува, да се регулира употребата и на новите никотински производи имајќи предвид дека тие создаваат чад или аеросол со штетни ...

Во Поликлиниката во Чаир, секој ден се јавуваат над 30 пациенти со симптоми на грип за преглед. Најчестите симптоми вклучуваат висока температура, затнување на носот и потешкотии при дишење, силна и продолжена кашлица, како и општа замореност. Во многу случаи, грипот не ги зафаќа само дишните патишта, туку предизвикува и компликации во носот, очите и ушите. „Доколку кај некого се појават компликации може да дојде до инфекција на увото, ...

Полицијата на португалскиот остров Мадеира бара маж кој запалил статуа на Кристијано Роналдо, го снимил чинот и го објавил на интернет. Инцидентот се случил во Фуншал, главниот град на Мадеира и родното место на Роналдо. На видеото се гледа како млад човек ја полева бронзената реплика на фудбалерот со запалива течност и ја запалува со запалка. Потоа танцува на рап музика. Видеото завршува со тоа што тој ѝ покажува среден прст на статуата. ...

Микро-пластиката не е повеќе само проблем на животната средина, таа влегува директно во нашите тела. Од воздухот, храната и водата, до пластичните садови и кесички, овие мали честички се наоѓаат во плунка, крв, мајчино млеко, а дури и во органи како црн дроб, бубрези, мозок и коски. Секојдневната изложеност на човекот веќе е факт, но последиците за здравјето се сè уште слабо разбрани. Од историскиот запис до модерното тело Истражувањата ...

Мандарините, односно клементините, се еден од оние зимски класици што се појавуваат токму кога ни се најпотребни – во сезоната на вируси, кога кожата станува сува и кога секојдневието ни бара барем малку „сонце“. Тие се лесни за лупење, најчесто без семки и идеални за брза ужина. Нивната врвна сезона трае од октомври до јануари, кога се и најслатки. Малку калории, многу витамин Ц Иако се мали по големина, мандарините се нутритивно богати. ...

Маслиновото масло се смета за една од најквалитетните и најздравите диететски масти, како и неопходна состојка во медитеранската кујна. Токму поради оваа „здрава слика“ многумина го користат без размислување, правејќи ја истата грешка и со тоа ненамерно намалувајќи ги неговите корисни ефекти. Најчеста грешка – прегревање Една од најголемите грешки е користењето екстра девствено маслиново масло за долготрајно пржење на високи температури. Иако ...

Академија за филмска уметност и наука објави дека вкупно 317 играни филмови се подобни за разгледување на 98. доделување на Оскарите, од кои 201 филм ги исполнуваат условите за категоријата Најдобар филм. Ова претставува благ пад во однос на минатата година, кога 323 филмови беа подобни во целина, а 207 конкурираа за најдобар филм. За разлика од другите категории, кандидатите за Најдобар филм мора да исполнат построги критериуми, вклучувајќи ...

Градот Закопане, на југот на Полска, се протега заедно со планинскиот венец што преминува и во соседна Словачка. Бреговите над Закопане се омилено место цела година, но во текот на зимата ова место се претвора во скијачки центри и бајковит Снежен град – зимски авантуристички парк со многу креативни содржини во кои уживаат и децата и возрасните. Снежниот град се гордее со иглу, парк на ледени скулптури и вистински Снежен замок и Палата на ...

Синиот понеделник е трет понеделник во јануари и често се нарекува „најдепресивниот ден во годината“. Концептот потекнува од PR кампања во 2005 година, кога туристичка компанија го промовираше како ден за кој постои „формула за пресметка на најголемата несреќа“. Научната заедница го отфрла како мит, но терминот останал во популарната култура. Зошто се поврзува со депресија? Иако не е научно докажан, Синиот понеделник симболизира познати ...

Светот брзо се приближува кон границата за зголемување на температурата од 1,5 степени Целзиусови, што научниците ја сметаат за праг за поопасни климатски промени, предупредуваат европските експерти, пишува Политико. Просечните глобални температури сега се околу 1,4 степени Целзиусови повисоки отколку во прединдустриското време, според податоците објавени во среда од службата за планетарно следење Коперник на Европската унија. Научниците, ...

Вчера стапи во сила Договорот на ОН за заштита на отвореното море, со кој за прв пат се воспоставува меѓународна правна рамка за одржливо користење на отвореното море и заштита на неговата биолошка разновидност, а до денес е ратификуван од над 80 земји. Доховорот предвидува можност за воспоставување морски заштитени подрачја, обврска за спроведување проценки на влијанието врз животната средина пред планирање активности на отвореното море, ...

Долгоочекуваниот Договор за Отвореното Море денес официјално стапи на сила, означувајќи момент што многумина го нарекуваат „историска пресвртница“ во глобалната заштита на океаните. По децении преговори, светот конечно доби правна рамка за управување со морските подрачја што не ѝ припаѓаат на ниту една држава. Отвореното Море опфаќа речиси половина од површината на планетата и долго време функционираше како правен вакуум – простор каде што ...

Илјадници километри реки се оштетени во последните години на Балканот поради проширувањето на браните и малите електрани, како и прекумерното вадење на седименти, според извештајот на невладините организации „Ривер Воч“ и „Еуронатур“, објавен денеска. Во извештајот се забележува дека Балканот има едни од најчистите и најдивите реки во Европа, кои се клучни за биодиверзитетот на континентот и неговото „сино срце“, предупредувајќи дека овој ...

Новиот закон за целосна забрана на пушење во затворени простории директно ќе влијае врз угостителскиот сектор и ќе предизвика сериозни економски последици, предупредува Башким Локи, сопственик на угостителски објект за телевизија Алсат. Според него, ваквата мерка ќе доведе до намалување на прометот, поради што дел од угостителите ќе бидат приморани да отпуштаат вработени. Локи посочува дека со досегашното законско решение, локалите ...

Десеттата еврообврзница, во вкупен износ од една милијарда евра, ќе се користи за рефинансирање на претходните задолжувања и за покривање на буџетскиот дефицит. Задолжувањето е реализирано преку две транши. Првата транша од 500 милиони евра е со рок на доспевање од четири години и каматна стапка од 3,875 проценти. Втората транша, исто така од 500 милиони евра, е со рок од осум години и каматна стапка од 4,75 проценти. „Со средствата ...

Се ограничува пристапот до уште 33 нелегални веб-страници и апликации за онлајн игри на среќа – објави Министерството за дигитална трансформација. Налогот е потпишан од страна на министерот Стефан Андоновски и е доставен до Агенцијата за електронски комуникации која во рок од пет дена треба да го достави до операторите на електронски комуникациски мрежи за негово спроведување. „Со најновиот налог се опфатени дополнителни 33 нелегални ...

Европска унија повторно ја намали горната граница на цената на руската нафта, како дел од мерките поврзани со тековната руска инвазија врз Украина. Одлуката е објавена во спроведбена уредба на Европска комисија, пренесува украинскиот медиум Ukrainska Pravda. Според документот, цената од 47,6 американски долари по барел ќе се применува до 31 јануари 2026 година, по што, од 1 февруари, горната граница ќе биде дополнително намалена на 44,1 долар ...

Во изминатите две години, платите на персоналот на Армијата и на вработените во Министерството за одбрана (МО) не забележале никакво зголемување. Во меѓувреме, од јануари 2024 година, со измените на Законот за служба во Армијата, променет е и системот за пресметка на платите, што негативно се одразило врз вработените. Според претседателот на Синдикатот за одбрана, Марио Јуришиќ, нивните барања се јасни, тие бараат зголемување на бодовите за ...

Европската унија најави воведување построги прописи за извоз на половни автомобили во таканаречените трети земји. Новите правила не значат забрана за извоз, но носат построги критериуми и дополнителни трошоци за возилата кои не се целосно технички исправни. Целта на новата директива е да се направи јасна разлика помеѓу функционалните половни автомобили и оние кои се сметаат за отпад, како и да се заостри контролата врз извозот на постари ...

Светскиот економски форум (World Economic Forum) во Давос почнува денеска и ќе трае до 23 јануари 2026 година. Ова е 56-тата годишна средба на форумот, која се одржува во Давос-Клостерс, Швајцарија под мотото „Во духот на дијалог“, со учество на глобални лидери од политиката, бизнисот, технологијата и граѓанското општество. Светскиот економски форум во Давос ги обединува светските политички и бизнис лидери, експерти и претставници на ...

Златото и среброто достигнаа рекордни вредности во понеделник, додека повеќето берзи забележаа откако американскиот претседател Доналд Трамп ги оживеа стравувањата од трговска војна со ЕУ, заканувајќи се на неколку европски земји со царини поради нивното противење на купувањето на Гренланд од САД. Трамп ги разгоре геополитичките тензии овој месец со тоа што инсистира дека Вашингтон ќе ја преземе контролата врз автономниот дански остров, ...

Среќата беше на страната на играчите, а бројките зборуваат сами за себе! Во текот на 2025 година, илјадници играчи ги претворија своите соништа во реалност и заедно поделија фантастични 814. 512.912 денари! 2025 година ќе се памети како година на рекорди, еуфорија и многу среќни ВЛТ добитници! Видеолотарија Касинос Австрија во текот на годината им исплати на играчите на ВЛТ импресивни 814.512.912 денари, односно повеќе од 13 милиони евра за ...

Европа се соочува со тивка, но стратешки клучна криза. Додека зелената транзиција и технолошката автономија се поставени како централни цели на Унијата, основните материјали што ги овозможуваат тие процеси односно ретките земјени елементи, во најголем дел доаѓаат од надвор. Денес, глобалниот синџир на снабдување со овие ресурси е силно концентриран, а Кина контролира околу 60–70% од рударството и дури до 90% од капацитетите за преработка. ...

Минималните месечни трошоци на четиричлно семејство во јануари изнесуваат 66 413 денари, а во споредба со декември се зголемени за 921 денар. Ова го покажуваат податоците од синдикалната минимална кошница, која ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Според пресметките на ССМ, доколку четиричленото семејство живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, потребни му се 81 788 денари. Од вкупните месечни минимални трошоци, 24 ...

Првата потрошувачка кошничка за оваа година е за 1.000 денари поскапа од еден месец претходно. Основните потреби за семејство од четири члена во јануари достигнале 66.413 денари, што е за 921 денар поскапо од декември минатата година. Потрошувачка кошничка: Јануари 2026: 66.413 денари Декември 2025: 65.492 денари Најголемиот дел од трошоците, односно 36,6 отсто од нив, одат за храна и пијалоци. Само за јадење и пиење, едно семејство троши ...

Мајтапчии

45 минути - Civil Media
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
50%
1015
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
5.66
58%
1016
weather icon

Загреб

8ᴼ / 8ᴼ
3.6
53%
1016
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
54%
1017
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
4.4
87%
1018
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
70%
1016
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
4.63
71%
1012
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
50%
1013
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
41%
1013
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
7.2
70%
1017
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
5.66
54%
1018
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1011
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Иридиум

258288.78

Паладиум

44753.84

Калај

43.91

Злато

144593.23

Родиум

353658.21

Платина

61858.04

Алуминиум

3.19

Бакар

10.65

Сребро

2179.44

Рутениум

56199.51

Цинк

0.00

Кобалт

3.86