Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска остварила средба со заменичката генерална секретарка на Обединетите Нации, Амина Џ. Мохамед и се обратила пред постојаните координатори на ОН од Европа и од Централна Азија. Изразувајќи сочувство за трагедијата во Кочани, Мохамед истакнала дека од несреќата, за жал, сите научија голема лекција и сфатија дека може секому да му се случи. Според неа, како што соопштија од Кабинетот на ...

Министрите за трговија на Европската Унија денеска се состануваат во Луксембург за да подготват стратегија за убедување на американскиот претседател Доналд Трамп да отстапи од новите царини воведени за блокот. Министрите на ЕУ, исто така, се очекува да разговараат за реципрочни царини, како и за други мерки кои ќе бидат спроведени во случај напорите за преговори за решение со Вашингтон да не успеат. Американската влада од 5 април воведе ...

Едно лице загина, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во близина на селото Скудриње. Сообраќајната несреќа се случила вчера, околу 18 часот, на регионалниот пат Маврово – Дебар, кај Скудрински мост, кога возило „ланд ровер“ со тетовски регистарски таблички, кое го управувал 49-годишен тетовец, излетало од патот. Од Секторот за внатрешни работи Тетово велат дека во сообраќајната несреќа на самото место починал ...

Најмалку 20 лица загинаа изминатите неколку дена откако невреме и поплави, проследени со торнада ги зафати јужните и југозападните делови од Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Еј-би-си њуз. Загина и 9-годишно дете во Кентаки кое, според властире е однесено од поплавите додека одеше кон автобуската станица. Неколку луѓе загинаа и во југозападниот дел на Тенеси откако силно торнадо го проби градот Селмер. Одделот за управување со ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на Македонијапат, соопшти АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Патниот правец ...

Пациентите повредени во трагедијата во Кочани можат да имаат сериозни проблеми како оштетување на меморијата и невозможност за концентрација. Андон Чибишев, директор на Клиниката за токсикологија, вели дека поради отровните гасови кои ги вдишале повредените, им се оштетени виталните органи. Пациентите кои веќе се отпуштени за домашно лекување, Чибишев вели дека се жалат на вртоглавици и главоболки и дека им е потребно подолговечно време за ...

Експертите по градежништво и заштита од пожари алармираат дека околу 80 отсто од зградите во земјава не се изградени во согласност со стандардите. Деканот на Градежниот факултет, Горан Марковски, вели дека и покрај развојот на технологијата и знаењето, поради големата желба за што поголема добивка, новите згради се во полоша состојба од останатите. Тој додава дека низ институциите на системот поминуваат многу чудни проекти кои ги загрозуваат ...

Во Тетово е пуштен во употреба булеварот „Бато“ со должина од 700 метри и вредност од 1,1 милион евра. Првиот човек на општина Тетово Билал Касами рече дека со овој проект се најавуваат и други инвестиции. „Овој проект е значаен затоа што не само што решава еден од најголемите инфраструктурни проблеми на општината, значаен е и затоа што најавува голем бран инвестиции во инфраструктурата, поддржани од Владата, кои за годинава за Тетово ќе бидат ...

Деловниот сектор продолжува да се соочува со недостиг на работна сила. Во Агенцијата за вработување има илјадници граѓани кои чекаат некој да ги повика на работа, а најголема побарувачка има за наставници, здравствени работници, инженери и програмери. За таа цел, Стопанската комора формираше два совети кои ќе помогнат во наоѓање стручен кадар. Првиот совет работи со формално образование, односно подготовка на работната сила преку дуално ...

Дел од средношколците во земјава веќе се стекнаа со обука како да реагираат во случај на пожар или земјотрес и како да постапат доколку некој е повреден или остане внатре во објектот. Ваква обука имаа и учениците од гимназијата „Цветан Димов“ во Скопје по симулацијата на земјотрес и пожар во овој објект, а подоцна имаа и предавањата од претставници на Црвениот крст. „Во моменти на пожар треба да земеме шал или крпа, што и да имаме блиску и да ...

Во делови од САД вчера беа одржани околу 1.200 протести под името “Hands Off!” во знак на спротивставување со политиката на претседателот Доналд Трамп. Ова беше најголемиот протест откако Трамп повторно ја презеде функцијата во јануари оваа година. Демонстрации се одржаа во сите 50 сојузни држави, а учествуваа и демонстранти од Канада, Обединетото Кралство, Франција, Германија, Мексико и Португалија. Демонстрантите се собраа да го изразат ...

На 05.04.2025 врз основа на споделен видеозапис на социјалната мрежа Facebook, а поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело по член 288 и 396 од КЗ на РСМ, полициски службеници од ОВР Прилеп во содејство со полициски службеници од СВР Битола извршија претрес во с.Црнилиште Општина Долнени, во домот на Џ. Ќ.(51). При претресот пронајдени се три парчиња оружје кои ги поседува со дозвола и тоа, полуавтоматска ловна пушка, ...

Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ ...

Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија (СДСМ) денеска избира нов партиски претседател. Актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, е единствен кандидат за претседател на партијата на редовните внатрепартиски избори. Изборите ќе се спроведат во општинските организации на СДСМ ширум републиката на 78 избирачки места, кои на денот на гласањето ќе бидат отворени од 08 до 20 часот. Надлежна за спроведување на гласањето е Централна изборна комисија. ...

PEUGEOT го оптимизира својот исконски модел PEUGEOT E-208, кој минатата година беше најпродаваниот модел во електричниот Б–сегмент во Европа. Веќе наградуван и признат за својата исклучителна ефикасност, PEUGEOT E-208 сега нуди најдобар опсег во својот сегмент и воведува дополнителни придобивки, како што се интегриран планер за патувања (Trip Planner) и функцијата Vehicle to Load (V2L), која овозможува лесно полнење на мали електрични уреди. Во ...

Под слоганот Играј одговорно, Видеолотарија Касинос Австрија ја продолжува соработката со стручните лица за едукација и превенција во насока на одговорното играње игри на среќа. Видеолотарија Касинос Австрија под слоганот ИГРАЈ ОДГОВОРНО, ја продолжи соработката со Здружението на клубови на лекувани зависници на Република Македонија и нивниот тим составен од стручни лица од областа на психологијата и психијатријата. Преку оваа соработка, ...

Прилепска Пиварница, еден од водечките производители на пиво во Македонија, со гордост го претставува својот најнов производ. Златен Даб Амбер е нова екстензија на Златен Даб, која е резултат на 100-годишното искуство и усовршување на процесот на производство на Пиварницата. Ова премиум лагер пиво е создадено од врвни состојки – 100 % јачменов слад и светол карамелен слад, што му дава уникатен карактер, богата арома и совршен баланс на вкусот и ...

Редовниот годишен состанок на Постојаниот комитет на парламентарното Собрание на НАТО кој се одржа во законодавниот дом, во кој членуваат шефови и заменик-шефови на националните парламентарни делегации денеска беше отворен со говор на премиерот Христијан Мицкоски. Тој започна со оддавање почит на загинатите во трагедијата во Кочани, но и со пораки со благодарност за солидарноста која нашата земја ја доби од европските држави. „Во тие тешки ...

Нема крај за судските предмети што се водат против струшкиот градоначалник. Рочиштата често се одлагаат од банални причини, дури и затоа дека сведоци имале куќна слава. Експерти не се оптимисти дека до локалните избори ќе има пресуда. Велат иако судовите работат со ограничени можности, сепак постојат механизми кои ги би забрзале процесите. Против Мерко во моментот активни се девет судски предмети. Една година од влегувањето во судница и скоро ...

По 16 март, институциите се кренаа на нозе. Требаше скоро 60 лица да загинат, за да институциите контролират каде се пуши во затворени простории и колку се почитува законот. Деновиве има неколку засилени контроли, но прекрушувачите на законот добиват само глоби. Од Државниот пазарен инспекторат за Тв Алсат, велат дека за четири месеци односно од 1 ноември до 28 февруари инспекторите на територија на целата држава извршиле 769 надзори, за кои ...

Болка, плач и лелек за правда побараа денеска родителите и роднините на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ преку мирен протестен марш во Кочани. Под мотото „Марш за ангелите“ точно пет минути по 12 часот како симбол за задоцнетата институционална реакција, семејствата на починатите облечени во црно, од паркот на револуцијата во Кочани се упатија на марш, кој беше проследен со молк и многу солзи. Мирниот црн марш го продолжија кон ...

Кај 69 повредени во трагедијата во Кочани, кои се лекуваат во странство, нема промена во здравствената состојба, споредено со претходните денови. Состојбата на критично болните останува непроменета. Во моментов во здравствените установи во Скопје се лекуваат 15 пациенти, а сите се во стабилна состојба. Во меѓувреме, во Србија има 17 пациенти кои се во стабилна состојба и во рок од три недели се очекува пациентите да се вратат во земјата. „Сакам ...

ВЛЕН ја обвини ДУИ дека со, како што велат, нечесните практики во текот на своите 20 години на власт, ги држела Албанците во заложништво со договори на дело за нивно искористување и манипулирање за гласови. Ова е јасен пример за злоупотребата на Албанците и притисокот за поддршка на интересите на оваа партија додека е на власт, создавајќи систем на зависност што му наштетил на нивниот развој и благосостојба. Овие практики кои ДУИ ги инсталираше ...

Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација „Хера“ бараат од претседателката Гордана Силјановска Давкоква да не ги потпишува указите за законските измени во образованието. Според нив, неодамна усвоените измени и дополнувања на Законот за образование и Законот за учебници во основното и средното образование, во пракса значат исклучување на здравствената едукација, како и систематски мерки за заштита од насилство и ...

Сточарите од Полошкиот регион се жалат дека со одлуката на Владата 50 отсто од јагнињата од вкупниот број да се испорачаат во кланица се смалуваат нивните стада. Според нив, тоа е невозможно, бидејќи само минатата година 30 проценти од овците не успеале со јагнињата поради разни вируси. „Оваа година 30% од овците ги извадиле јагнињата предвреме, дали е вирус или што е проблемот, не знаеме и лекарите велат дека не знаат што е проблемот, на ...

Кај нас во наредните денови се очекуваат значителни намалувања на температурите и врнежливото време. Според синоптичарите, од Управата за хидрометеоролошки работи, во недела се очекува температурите да се спуштат под нулата, додека на повисоките места ќе има врнежи од снег. Според Ленче Ризова, синоптичар, ќе имаме студено време и намалување на температурите и по понеделник, кои ќе бидат намалени на два или три степени, додека минималните ...

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска се одржува редовниот годишен состанок на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО, во кој членуваат шефовите и заменик-шефовите на националните парламентарни делегации. Состанокот со свои обраќања го отворија премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, како и шефот на Делегацијата Драган Ковачки. Премиерот Мицкоски, осврнувајќи се на трагедијата во ...

Полицијата го идентификуваше и го уапси возачот на мотоциклот кој завчера удри дете и побегна од местото на настанот. Органите поднеле кривична пријава против него за загрозување на безбедноста во сообраќајот и недавање помош. Снимката беше забележана од безбедносните камери на еден приватен бизнис. „На ова место тука има бели линии, но тие не се гледаат и во обид да ја премине оваа улица, која е многу фреквентна, девојчето кое се враќало од ...

Со фотографии од загинатите, семејствата и роднините, со молчење и плачење тргнаа на марш за 60-те загинати во дискотеката „Пулс“. Тие порачаа дека е време да запре селективната правда, а на властите им порачаа дека коруптивниот систем ги уби нивните деца. Без да кажат збор, нивните пораки ги испратија преку транспаренти на кои пишува: „Ова не е несреќа, ова е убиство“, „Коруптивниот систем ги уби нашите деца“, „Марш за 59-те ангели“. Од ...

На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 сантиметри. Ќе дува засилен северен ветер со брзина и над 70 километри на час, поради што температурите ќе бидат во значителен пад. Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а на одделни места ќе има услови за појава на локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
59%
1023
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
7.2
68%
1017
weather icon

Загреб

20ᴼ / 16ᴼ
2.06
62%
1014
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
81%
1023
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.09
70%
1023
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
1.03
84%
1014
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
2.24
60%
1023
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
0.0
56%
1019
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
59%
1020
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
4.12
57%
1024
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
4.63
58%
1015
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 13ᴼ
1.03
55%
1025
Currency

61.535

Currency

54.11

Currency

71.8573

Currency

34.5674

Currency

39.0046

Currency

66.3816

Currency

7.40061

Currency

0.65884

Currency

0.38035

Currency

0.52572

Currency

1.42748

Currency

0.63439

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15162.50

Рутениум

20190.67

Калај

31.42

Сребро

1039.39

Злато

103753.26

Бакар

9.31

Паладиум

30832.57

Платина

30670.88

Родиум

175221.57

Цинк

2.65