Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Спортската сала во Куманово од петок до недела ќе биде центар на македонската кошарка, со оглед што првпат во историјата таму ќе се одржи завршниот турнир од Купот на Македонија, на кој ќе настапат осумте најдобри екипи според пласманот по првите 11 кола од Суперлигата. Претставниците на тимовите на денешната прес-конференција речиси едногласно ја потврдија фаворитската улога на МЗТ Скопје, најдобриот македонски тим во последната деценија и ...
Репрезентацијата на Македонија утре ќе ги добие противниците за претстојното издание на Лигата на нации во кое нашата селекција за прв пат во историјата ќе биде дел од Б сегментот на ова натпреварување. Токму овие дуели ќе бидат нов предизвик за оваа генерација на играчи, но и одлична можност за селекторот Гоце Седлоски да ја подготви репрезентацијата за квалификациите за Европското првенство кои почнуваат во 2027 година. “Репрезентациите од ...
Зимските олимписки игри го вратија натпреварувачкиот дух и ја донесоа магијата на спортот и единството. Нашата земја и оваа година има свои претставници кои се соочуваат со предизвиците на италијанскиот снег, а Горска вода, како долгогодишен партнер и горд спонзор на Македонскиот Олимписки комитет стои зад нивните настапи. Водата е суштински елемент за спортскиот успех, па затоа, секој олимписки момент е незамислив без Горска. Со својата ...
Голема е веројатноста дека Манчестер Сити на крајот на сезоната ќе претрпи крај на една ера. И покрај тоа што договорот на Пеп Гвардиола трае до 2027 година, Шпанецот би можел да замине од клубот. Раководството на Манчестер Сити веќе подолго време го бара главниот кандидат за негова замена, а одлуката сега е донесена. Наследник на Гвардиола ќе биде Енцо Мареска, италијанскиот стратег кој со успех го предводеше Челси пред да добие отказ. ...
Струга Трим Лум доживеа изненадувачки пораз од 2-3 во 18. коло, на дуелот против Силекс. По завршувањето на натпреварот, шефот на стручниот штаб Бледи Шкемби остро реагираше на судиските одлуки, сметајќи дека тие директно влијаеле врз конечниот исход. „Двапати водевме и постигнавме и трет гол, кој необјасниво беше поништен поради офсајд. Имаше и очигледен пенал за нас што не беше досуден. Дополнително, вториот погодок на Силекс беше постигнат ...
Легендарниот белгиски фудбалер Еден Азар во 2023 година стави крај на кариерата и се посвети на семејството. Поранешниот ас на Челси и Реал Мадрид сега откри детали како го поминува денот. „Животот поминува многу брзо, особено во фудбалот. Како вчера да имав 19 години, а денеска имам 35. Сега животот ми е многу едноставен. Јас сум татко на пет деца и во моментот сум повеќе таксист отколку фудбалер, но тоа е во ред“, изјави Азар. Азар во ...
Шпанскиот гигант Реал Мадрид оваа сезона ќе води голема борба со Барселона за титулата во Ла Лига, а по 24 одиграни кола „кралевите“ веќе поставија нов рекорд во домашниот шампионат. „Кралевите“ реализираа дури 11 пенали во првите 24 натпревари од Ла Лига во сезоната и така станаа прв тим на кој му успеал такво нешто. Реал во моментов е лидер во шампионатот со 60 бодови, но и еден меч повеќе од Барселона која има 58 поени. Шпанскиот гигант ...
Легендарните боксери Мајк Тајсон и Флојд Мејведер ќе се борат на 25 април во Конго, а ова се очекува да биде спектакл на годината, откако борбата се најавуваше со месеци претходно. Тајсон е поранешен шампион во тешка категорија, додека Мејведер е познат по кариерата во супер-велтер категорија. Иако е голема разликата во тежина меѓу нив двајца, сепак ветераните ја препознаа шансата да ја израдуваат публиката. Фановите со нетрпение ја очекуваат ...
Вселенскиот стартап General Galactic има за цел да лансира сателит кој ќе користи само вода како погонско гориво. Сателитот од 500 килограми би можел да процени два одделни методи за погон на вода кога ќе се лансира во вселената подоцна оваа година. Доколку тимот на General Galactic, предводен од двајца инженери во нивните 20-ти години, успее во својот план, тие би можеле да отклучат нова форма на вселенско патување. Извршниот директор на ...
Од есен, наставната програма „Вештачка интелигенција: од концепт до примена“ ќе се спроведува во сите паралелки на средните училишта низ цела Хрватска, при што Министерството за наука, образование и млади ја проширува програмата, која веќе вклучува вкупно 5.455 ученици во основни и средни училишта. Според податоците од Министерството за образование, наставната програма за вештачка интелигенција моментално се спроведува во 147 основни и 93 ...
Дали знаете кој е најскапиот метал на планетата? Неговата цена е толку висока што дури и некои богати луѓе не можат да си го дозволат бидејќи е екстремно скап и многу редок. Неговата вредност по грам е 400 пати поголема од онаа на златото. На листата на најскапи метали златото се наоѓа на петтото место, Тоа е добро познат скапоцен метал кој широко се користи во накитот и индустријата. На четвртото место е иридиумот, кој има висока отпорност ...
Најскапиот, а според многумина и најдобриот ориз во светот доаѓа од Јапонија и чини околу 100 евра за килограм. Премиум оризот кинмемаи се продава како луксузен подарок во специјални кутии од 840 грама. Секој пат кога ќе се пушти нова серија ориз, тој се распродава за рекордно време и најчесто се купува за деловни подароци или посебни пригоди. Годишно се произведуваат само илјада кутии. Зад ексклузивниот ориз стои јапонската компанија Toyo ...
Со тесни ќелии и непривлечна храна, затворите тешко дека потсетуваат на луксузен одмор (или каков било вид бегство). Сепак, се повеќе историски згради се претворени во хотели и тоа е еден од врвните туристички трендови за 2026 година. Од притворни центри од отоманската ера до простори изградени за германските револуционери, ова се најлуксузните затвори-хотели низ целиот свет. Хотелот, кој е дел од хотелскиот синџир Hishino Resorts и треба да ...
Бах напишал дело за кафето. Научници, филозофи и адвокати се расправале за кафето. И секој ден луѓето се колнат дека не можат да живеат без кафе. Кафето потекнува од Етиопија, но дури во 15 век во Јемен се популаризирало како пијалак меѓу суфиите (суфизам – мистички аспект на исламот) кои сакале да останат будни за време на молитвата. Бидејќи неговиот богат мирис, горчлив вкус и содржината на кофеин ги освојувале срцата на луѓето низ целиот ...
Научниците со години се обидуваат да откријат за што се користел мазен, рамно сечен камен што датира од римско време, пронајден во Холандија. Кружното парче варовник со дијагонални и прави линии врежани во него ги збунувало научниците сè додека не го „погледнала“ вештачката интелигенција. Како што објавуваат истражувачите од Универзитетот Мастрихт во списанието „Антиквити“, тие користеле 3Д скенирања на каменот за да откријат дека некои линии ...
Еве што ти носи неделниот хороскоп: 15 – 21 февруари НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП – ОВЕН Љубов Соларната еклипса и младата Месечина во Водолија на 17 февруари го активираат полето на пријателствата, заедничките планови и иднината на односите. Може да се отвори прашањето: каде одиме заедно? Ако постои несогласување во визиите за иднината, тој сега станува видлив. Некои парови ќе разговараат за конкретни чекори (заеднички проект, преселба, промена на ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го повлекува научното откритие дека емисиите на стакленички гасови го загрозуваат здравјето на луѓето, отстранувајќи ја правната основа за федералните климатски прописи. Американската администрација, исто така, укина серија федерални стандарди за емисии на стакленички гасови за сите возила и мотори произведени од 2012 до 2027 година, објави Њујорк Тајмс. Трамп рече дека ...
Климатските промени стануваат сè поизразени од година во година, а научниците стануваат сè погласни во своите предупредувања дека нашата негрижа за околината во која живееме ќе нè чини живот. Ситуацијата е навистина сериозна, како што покажува истражувањето објавено во списанието One Earth, кое покажува дека климатските системи низ Земјата (од ледената покривка на Гренланд до дождовната шума на Амазон) се на работ на колапс. Истражувањето ги ...
Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од октомври до декември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се 1.004 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 159 станови повеќе од третиот квартал во 2025 година. Исто така, во Агенцијата за катастар на недвижности досега се запишани 27.522 листови за предбележување градба што укажува дека овие објекти се во фаза на градба и наскоро ќе се најдат на ...
Пратеничката група на СДСМ и коалицијата денеска повторно го поднесе предлог-законот за измена на Законот за минимална плата, откако претходно бил вратен од претседателот на Собранието Африм Гаши поради, како што посочил, технички недостатоци. Претседателот на СДСМ и пратеник Венко Филипче на денешната прес-конференција во Собранието изјави дека очекуваат законот да биде ставен на дневен ред во текот на месецов. Тој кажа дека во следниот ...
Пратениците си дојдоа пеш во собранието, бидејќи работниците денеска го блокираа Собранието со цел пратениците да не можат да наплатат патни трошоци. На двата влеза за автомобили пред Собранието беа поставени по околу 20 лица. Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, изјави дека со блокадата се оневозможува влезот на паргингот на пратениците , за тие да не можат да наплатуваат трошоци за превоз „како да ...
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, денеска соопшти дека утре ќе има блокада на Стопанската комора, на Организацијата на работодавачите и на Бизнис-конфедерацијата. Блокадата ќе почне во 12 часот на крстосницата пред Стопанската комора. – Да не се грижат. Повторно ќе бидеме 21 претставник на Синдикатот, онолку колку што е потребно во согласност со законскиот минимум за да излеземе на улица и да ...
Л.Н. од Прилеп го освои СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТОТ, вреден 7.182.886 денари. Најпосакуваната ВЛТ добивка е освоена со играта „40 Брнинг Хот“, на видеолотариските терминали кај деловниот соработник „Евротип“, на 09.02.2026 година, во Прилеп. Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија од срце му честита на добитникот Л.Н. и му посакува многу радост, исполнети соништа и незаборавни моменти. Во периодот од 02.02.2026 до 08.02.2026 година, ...
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, денеска поднесе оставка. Од РКЕ за МИА ја потврдија оставката на Бислимоски, но не соопштија детали за причините за нејзиното поднесување. Бислимоски ја извршуваше функцијата претседател на РКЕ речиси осум години. Управата за финансиска полиција (УФП) пред две недели му поднесе кривична пријава на Бислимоски под сомнение за злоупотреба на службената положба и ...
Соединетите Американски Држави и Република Северна Македонија постигнаа Рамковен договор за реципрочна, фер и балансирана трговија за зајакнување билатерални економски односи, што ќе им обезбеди на извозниците на двете земји проширен пристап до пазарите на другите, објави синоќа Белата куќа. „Договорот ќе ги зајакне нашите трговски односи, ќе ги поддржи заедничките стратешки интереси, ќе го промовира економскиот раст и ќе го продлабочи нашето ...
Европската Унија ги отфрли предлозите на транспортните здруженија од Западен Балкан за изнаоѓање компромис околу правилото „90/180“ за престој во Шенген-зоната. Како што пренесува „Вјести“, претставниците на европските институции останале на ставот дека професионалните возачи мора да се прилагодат на постоечките правила, што предизвика револт кај превозниците и најави за нови протести. Здруженијата бараа возачите да добијат посебни визи или ...
Зголемување на критериумите за добивање субвенции и засилени теренски контроли на корисниците на финансиска поддршка, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Трипуновски, кој на брифинг со новинарите ги сублимира досегашните и следните активности на Министерството за земјоделство, објасни дека контролите нема никако да бидат тенденциозни, а ќе се спроведуваат зашто се вооочени корисници на ...
Видеолотарија Касинос Австрија обезбеди поддршка за КК Крива Паланка, продолжувајќи ја својата континуирана заложба за развој и унапредување на македонскиот спорт. Како модерна и општествено одговорна компанија, вложуваме во спортски проекти кои создаваат вредности – тимски дух, посветеност и победничка енергија. Поддршката за КК Крива Паланка е поддршка за младите, за спортскиот начин на живот и за заедништвото кое го гради спортот низ ...
Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 73,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 75,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), не се менуваат. Со одлука на Регулаторната ...
Министерството за транспорт информира дека во координација со Европската Комисија се работи на трајно решение во врска со престојот на превозниците во Шенген зоната, како и дека ресорните министерства изминатиот период се во интензивна комуникација со ЕК со цел да се изнајде решение за проблемот. -Министерството за транпсорт е во постојана комуникација со превозниците, како и со Европската комисија со цел изнаоѓање решение во рамки на новата ...