Северна Македонија продолжи со целосно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, што сведочи за нејзиниот стратешки избор, се наведува во конечните заклучоци за земјава во Пакетот-извештаи за проширувањето изработени од Европската комисија. – Властите продолжија да работат на патоказите за владеење на правото, реформата на јавната администрација и функционирањето на демократските институции, како и на акцискиот план ...

Премиерот Христијан Мицкоски состанокот со претседателот на Европскиот совет, господинот Антонио Кошта, денеска во Брисел го оцени како „пријателски и прилично продуктивен“, на кој, како што изјави по сребдата „апсолутно ги повторивме нашите единствени позиции“. На средбата, како што информира Мицкоски, повторно било разговарано за актуелните теми, нормално приближувањето на нашата земја кон Европската Унија и конечно формалното отпочнување на ...

Северна Македонија мора да ги направи уставните измени за да го продолжи својот пат кон Европската Унија. Ова го кажа еврокомесарката за проширување Марта Кос, презентирајќи ги во кратки црти извештаите за напредокот на земјите кандидатки за членство во ЕУ пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент – АФЕТ. Северна Македонија ја спомена во само две реченици. Во едната посочи дека земјава е целосно усогласена со Надворешната и ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради сомненија за сторени – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, на 3 ноември, управувајќи автомобил „фолксваген пасат” по булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, тој не се придржувал кон прописите и го ...

Фиорентина му врачи отказ на тренерот Стефано Пиоли, откако тој одби да поднесе оставка по разговорот со раководството на клубот. Иако управата побарала од стратегот сам да се повлече, Пиоли останал цврст на ставот дека нема намера да си замине доброволно, по што клубот решил да го отпушти. Со тоа, тој останува на платниот список на „виолетовите“, бидејќи во летово потпиша тригодишен договор со тимот од Фиренца. Фиорентина се наоѓа во длабока ...

Во услови кога постојано повторува дека проширувањето е една од најмоќните геополитички алатки што и се на располагање на ЕУ, Европската комисија денеска ќе го презентира пакетот на извештаи за напредокот на европскиот пат на земјите кандидати за членство во Унијата за 2025 година. Неодамна, еврокомесарката за проширување Марта Кос истакна дека со поддршката на земјите кандидати на нивниот патот кон членство во ЕУ, Брисел манифестира дека може ...

По три години континуирана поддршка на уролошките оддели низ Македонија, оваа година Прилепска Пиварница одлучи кампањата да добие нов, уште поактивен правец – директна помош и мотивирање на мажите да вршат редовни прегледи за превенција на машкото здравје. Во рамките на кампањата која ќе трае цел ноември, ќе се поделат лимитиран број на ваучери што ќе ги доделуваме секоја недела, за уролошки и превентивни прегледи во две приватни болници – ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес на самитот за проширување на ЕУ изјави дека Украина ќе прифати само „полноправно членство во Европската Унија“. „Ако зборуваме за членство во ЕУ, тоа мора да биде полноправно. Ми се чини дека е многу важно да имаме еднакви земји на иста маса“, рече Зеленски. Тој додаде дека е важно членките на ЕУ да делат „слични вредности“. „Важно е да делат слични вредности. Според мене, не можете да бидете ...

Европската комисија денеска ќе го презентира пакетот на извештаи за напредокот на европскиот пат на земјите кандидати за членство во ЕУ за 2025 година. Според најавите, еврокомесарката за проширување Марта Кос попладнево ќе го претстави пакетот за проширување пред членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, по што ќе следи дебата која се очекува да биде фокусирана на постигнувањата на земјите кандидати и потенцијални ...

Министрите за животна средина на ЕвропскатаУнија се обидуваат да постигнат компромис за клучната цел за намалување на емисиите неколку дена пред почетокот на Конференцијата на ОН за климатските промени во Бразил (COP30), што би можело да доведе до неколку отстапки во новиот закон на ЕУ за климата. Министрите имаат за цел да најдат заеднички став на состанокот во Брисел за законот за клима на ЕУ за 2040 година, откако Европската Комисија ...

Обвинителството на Босна и Херцеговина ја прекина истрагата против поранешниот претседател на Република Српска Милорад Додик, поранешниот премиер на РС Радован Вишковиќ и претседателот на Собранието на РС Ненад Стевандиќ, кои беа осомничени за кривично дело напад врз уставниот поредок на БиХ, потврдено е за Радио Слободна Европа (РСЕ) на 4 ноември. Причината за прекинување на истрагата, како што ни беше кажано, е дека „нема доволно докази дека ...

Движењето Самоопределување (ЛВО) го предложи потпретседателот на партијата, Глаук Коњуфца, за мандатар за премиер на Косово. „Јас го преземам местото на Глаук, а тој моето, како што се договоривме синоќа“, рече претседателот на Самоопределување, Албин Курти, за време на седницата на Советот на партијата. Курти се осврна на функцијата вицепремиер и министер за надворешни работи и дијаспора, која Коњуфца требаше да ја извршува во владата ...

Наследник на Изет Меџити, кој доби градоначалнички мандат на Општина Чаир, ќе биде Беким Сали, потврди денеска на прес-конференција портпаролот на ВЛЕН, Дритон Сулејмани. -Ние веќе функционираме како ВЛЕН и досегашните министри кои беа министри на ВРЕДИ а не на одделни политички партии, така и ќе продолжиме. Како што има најавено Меџити негов наследник на позицијата прв вицепремиер ќе биде Беким Сали, додека за министер за животна средина и ...

Независниот синдикат на „Паркови и зеленило“ попладнево соопшти дека протестите ќе продолжат и следните денови затоа што не им е исплатена септемвриската плата иако така им било ветено на денешниот состанок со директорот на претпријатието. – Платата за месец септември сè уште не е исплатена на вработените во Ј.П. „Паркови и зеленило – Скопје“. Ова претставува продолжување на серијата доцнења и игнорирање на основните работнички права, ...

После десет години имаме нов амбиент во државата, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарско прашање во врска со резултатите од локалните избори. Нашата коалиција, посочи, не беше задкулисна како што биле досега коалициите, значи едно збореа, а друго работеа. Во врска со тоа дали е стабилна коалицијата, рече дека докажале дека се различни од другите. – Докажавме дека и на централно и на локално ниво знаеме ...

Портпаролот на движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Никола Мемов, откако синоќа упати критики до коалициониот партнер од Владата, ВЛЕН, денеска ретерираше со нова објава. Мемов во објава на својот фејсбук-профил вели дека тоа било негов личен став, а не на партијата од која доаѓа. „Вчерашната објава на мојот фејсбук-профил во однос на поддршката помеѓу партнерите во владата на локалните избори е мој личен став и не изразува став на движењето ...

Велика Британија ќе воведе ново кривично дело со кое ќе се забранат протести пред домовите на избрани функционери, судии и локални советници, како дел од пошироките мерки за справување со вознемирувањето и заплашувањето во политиката, соопшти владата во понеделник. Според предложениот Закон за криминал и полициско работење, на полицијата ќе ѝ бидат дадени овластувања да ги разбива демонстрациите насочени кон влијание врз јавните службеници во ...

По повеќе од два месеци нема епилог во врска со наводите за непотребно извршени интервенции на срце во приватни здравствени установи кои ги испитува интерната комисија во Министерството за здравство. Досега се пристигнати околу 25 претставки, останува да се разгледаат уште седум или осум. Од интерната комисија формирана по наводите беше најавено дека ќе бидат вклучени и странски доктори, експерти, но не се прецизира кога тие ќе пристигнат во ...

Германскиот шампион Баерн Минхен гостува кај актуелниот европски првак Пари Сен Жермен во голем судир од четвртото коло на основната фаза од Лигата на шампионите. Германскиот гигант ќе бара не само бодови, туку и доказ за својата амбиција и самодоверба на најголемата сцена, откако досега има забележано 15 последовни победи во ист толку натпревари во сите натпреварувања. Тренерот Венсан Компани ги сподели своите размислувања за натпреварот, ...

Касинос Австрија Интернешенал Македонија – поддржувач на најголемиот танцов настан во регионот. Од 15 до 16 ноември 2025 година, Скопје ќе пулсира во ритамот на танцот. Главниот град ќе стане сцена на меѓународниот танцов натпревар под закрила на Светската танцова федерација, кој ќе се одржи во спортскиот центар „Јане Сандански“. Во текот на двата дена, повеќе од 2.500 учесници од над 40 земји од целиот свет ќе ги покажат своите вештини, страст ...

Судењето против поранешниот директор на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, Филип Андонов-Сокол и уште неколку вработени во затворот, кои се обвинети дека им овозможувале привилегии на осуденици што немале право на тоа според судските одлуки, кое требаше да продолжи денеска, е одложено за 12 ноември. Од Основниот кривичен суд Скопје информираа дека рочиштето е отповикано откако добиле извесување од јавниот обвинител што го застапува обвинението ...

Спикерот на македонскиот парламент денеска објави дека 21 октомври се сретнал со поранешни претседатели на Собранието Тито Петковски, Саво Климовски, Никола Поповски и Трајко Вељаноски. Во соопштението се вели дека поканети биле досегашните претседатели на Собранието. Гаши им се заблагодарил на неговите колеги по функција, а и тие нему за поканата. Тој посочил неколку активности што во изминатиов период се случија и се во тек во Собранието, а ...

САД испратиле до неколку членки на Советот за безбедност на ОН нацрт-резолуција за воспоставување меѓународни безбедносни сили во Појасот Газа со мандат најмалку до крајот на 2027 година и можност за продолжување, објави порталот „Аксиос“. Според нацртот, меѓународните безбедносни сили (МСБ) би имале широк мандат за управување со безбедноста и заштита на цивилите во транзицискиот период – до постепено повлекување на израелските сили и ...

Австралија ќе им понуди на домаќинствата, вклучително и на оние без соларни панели, најмалку три часа бесплатна сончева енергија секој ден во рамките на програмата за заштеда на енергија што треба да стане активна во 2026 година, изјави во вторник австралискиот министер за енергетика Крис Бовен. Програмата „Соларна енергија“ прво ќе биде лансирана во државите Нов Јужен Велс, Јужна Австралија и југоисточен Квинсленд, пред да се прошири во други ...

Во нуклеарната централа Козлодуј во Бугарија дошло до пожар во енергетската просторија на безбедносниот систем на петтиот блок, објави порталот Novinite. Густ чад се проширил во просторијата, поради што била повикана противпожарната служба, а во тек се мерки за замена на оштетената опрема. Според официјалните информации, ситуацијата е под контрола и нема опасност за населението и вработените. Работниците во централата остануваат во состојба на ...

Физичка пресметка во Неготино завршила со повредена неготинка и приведени три неготинки. – Денеска во два часот, полициски службеници од ОВР – Неготино ги приведоа 34-годишната Б.Џ., 26-годишната С.К. и 31-годишната С.Д., сите од овој град, затоа што на улица „Даме Груев“ во градот, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Џ. и С.Д. од една страна и С.К. и 31-годишната Д.Б. од Неготино, од друга страна, при што Д.Б. се ...

Украина мора да ги забрза реформите ако сака да ја исполни самонаметнатата цел за завршување на процесот на пристапување во ЕУ до крајот на 2028 година, според нацрт-извештајот на Европската комисија за проширување на ЕУ. Во нацрт-извештајот се забележува дека, и покрај „многу тешките околности“ во кои се наоѓа Украина поради војната со Русија, земјата покажа „извонредна посветеност на процесот на пристапување во ЕУ во текот на изминатата ...

Студен фронт вчера донесе нагло влошување на времето во регионот. Дождот и врнежите беа придружени со силни ветрови и драстичен пад на температурата. Температурите паднаа за повеќе од 10 степени, па времето е навистина есенско. Најголеми врнежи беа забележани во северниот дел на Јадранското Море, во Словенија и во северозападна Хрватска. Во текот на вечерта, времето се стабилизираше во северозападниот регион, додека студениот бран продолжи во ...

Портпаролот на движењето ЗНАМ-За наша Македонија, Никола Мемов, во објава на својот фејсбук-профил упати критики до коалицијата ВЛЕН со која се дел од владиното мнозинство. Мемов, кој е и директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, смета дека ВЛЕН ја изиграле владејачката ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Скопје и не гласале за нивниот кандидат Орце Ѓорѓиевски. Според Мемов, тоа е голема грешка. „ВМРО го знае тоа и премиерот јавно ...

Никола Јокиќ повторно беше во центарот на вниманието во НБА лигата, водејќи го својот тим Денвер Нагетс до нова победа, овојпат над Сакраменто Кингс со резултат 130-124. Двократниот МВП одигра маестрален натпревар, постигнувајќи 34 поени, најмногу за него во тековната сезона, на кои додаде 14 асистенции и 7 скокови. Одлична партија одигра и Расел Вестбрук, кој против својот поранешен тим запиша 26 поени (10/17 шут), 12 скокови и 6 асистенции, ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 10ᴼ
6.69
72%
1013
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
90%
1014
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
80%
1011
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
9.3
79%
1014
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
96%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 12ᴼ
1.54
89%
1002
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1005
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1006
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
11.32
86%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
4.12
95%
1014
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
67%
1009
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
93%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Калај

40.48

Сребро

1878.05

Злато

135056.24

Никел

473339.37

Рутениум

29192.88

Бакар

10.95

Родиум

255598.44

Цинк

3.23

Платина

52952.77

Паладиум

46425.68

Кобалт

58.42

Иридиум

145787.60