
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Израелската војска, која продолжува со деструктивните напади врз палестинската енклава, тврди дека убила командант на Хамас во градот Газа, пренесува Анадолу. Во соопштението на војската се вели дека Хајтам Разек Халил е убиен, заедно со други членови на Хамас, во „прецизен напад“ во градот Газа вчера. Армијата тврди дека Халил бил командант на баталјонот Шуџаија на Хамас и дека е одговорен за серијата напади врз израелските сили во Газа. Нема ...
Грција ризикува да ги изгуби фондовите на Европската Унија (ЕУ) поради нелегалното туркање назад на мигрантите, објави денес „Политико“, пренесува Анадолу. Ризикот доаѓа како резултат на истрагата на пограничната агенција на ЕУ, Фронтекс, за 12 отворени случаи на потенцијално кршење на човековите права на мигрантите на грчките граници - најголем број тековни истраги од агенцијата во кои е вклучена земја членка на ЕУ, објави медиумот со седиште ...
Индонезискиот претседател Прабово Субијанто денес ја повика Туркије да соработува со Џакарта за „да се преземе одговорност за креирање нов глобален поредок“, јавува Анадолу. „(Со Туркије) како лидери на Глобалниот југ, како стратешки партнери, треба да преземеме одговорност за креирање нов глобален поредок“, рече Прабово на заедничката прес-конференција со турскиот претседател Ердоган во главниот град Анкара. За глобалната геополитичка ...
Американските царини за увозот од Кина сега изнесуваат 145 отсто, откако оваа недела претседателот Доналд Трамп драматично ги зголеми давачките на увозот, потврди денес претставник на Белата куќа, јавува Анадолу. Трамп вчера изјави дека кинескиот увоз сега ќе подлежи на реципрочна царина од 125 отсто, која не ја вклучува царината од 20 отсто за фентанилот, што тој ја воведе претходно оваа година. „Кога ПОТУС (претседателот на САД) и ние ...
Висок унгарски претставник денес предупреди дека напорите на Европската Унија (ЕУ) да го забрза процесот на пристапување на Украина е во спротивност со националните интереси на Унгарија, наведувајќи значителни ризици по економијата, земјоделството и јавната безбедност, јавува Анадолу. „Брисел размислува за многу брз процес“, рече Гергели Гуљас, министер одговорен за кабинетот на премиерот, на брифингот со новинарите. Тој рече дека таквиот потег ...
ПОДГОРИЦА (АА) - Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, денес од Подгорица порача дека не постои толеранција за нападите врз уставниот поредок на Босна и Херцеговина и дека за стабилноста на регионот политичарите мора да ги надминуваат, а не да ги продлабочуваат поделбите, јавува Анадолу. Калас во Подгорица ја започна својата прва официјална ...
СКОПЈЕ (АА) – Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денес оствари средба со претседателката на Државниот збор на Република Словенија, Уршка Клакочар-Зупанчич, која е во официјална посета на Скопје, јавува Анадолу. Како што објави Мицкоски на социјалните мрежи со фотографии од приемот, средбата била можност да се потврдат пријателските и партнерските односи меѓу двете земји, како и да се отворат нови можности за соработка во повеќе ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Анкара ќе продолжи да работи заедно со Индонезија за обнова на Газа и одбрана на палестинската кауза, јавува Анадолу. Изјавата на Ердоган дојде за време на заедничката прес-конференција со неговиот индонезиски колега Прабово Субианто во главниот град Анкара. Турскиот претседател го поздрави и ставот на Индонезија за палестинското прашање. Во однос на билатералните односи, Ердоган рече ...
Куќичките за птици, направени на ѕидовите на објекти, како што се палати, џамии, турбиња и фонтани за време на османлискиот период, сè уште се користат и денес и се дом на многу видови птици во новите градби низ Туркије, јавува Анадолу. Куќичките за птици се симбол на архитектонска елеганција, како и сочувство и љубов кон живите суштества. Овие куќички и денес продолжуваат да служат како дом за птиците. На веб страницата на Anadolu Agency (AA) ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја поздрави одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, да воведе 90-дневна пауза на царините, оценувајќи го потегот како значаен чекор кон стабилизирање на глобалната економија, јавува Анадолу. Во писмената изјава дадена денес, Фон дер Лајен го нагласи значењето на јасните и предвидливи услови за непречено функционирање на глобалната трговија и синџирите на снабдување. ...
Eвропската Унија денес се согласи да воведе 90-дневна пауза на планираните контрамерки како одговор на американските царини, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави пауза во примената на царините, со цел да се овозможи простор за преговори, јавува Анадолу. „Ја забележавме објавата на претседателот Трамп. Сакаме да им дадеме шанса на преговорите“, соопшти претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, преку социјалната ...
Над 50 луѓе загинаа, а десетици се водат како исчезнати откако пренатоварен брод се преврте во река во провинцијата Екватер во Демократска Република Конго, објави денес националната телевизија, пренесува Анадолу. Бродот превезувал околу 100 патници кога потонал во реката Конго во текот на ноќта кон вторникот, во близина на Мајита, град што се наоѓа на околу 40 километри од градот Мбандака. „Над 50 мртви е привремениот биланс во потонувањето“, ...
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека на разговорите помеѓу Русија и САД, што се одржаа во Истанбул, фокусот бил исклучиво на нормализирање на работата од дипломатските мисии и не се дискутирало за решавање на конфликтот во Украина, јавува Анадолу. „Станува збор за преговори меѓу Министерството за надворешни работи на Русија и Стејт департментот на САД, чија цел е регулирање и нормализирање на билатералните односи“, изјави ...
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која ги укинува ограничувањата за протокот на вода од тушеви, чекор насочен кон укинување на мерките за заштеда на вода воведени од администрацијата на Барак Обама и Џо Бајден, во контекст на климатските промени и сушите, јавува Анадолу. На церемонијата на потпишување во Овалната соба, Трамп ја изрази својата фрустрација од актуелните регулативи кои го ограничуваат протокот на 2,5 ...
НЕВШЕХИР (АА) - Долините во турска Кападокија, каде што процветаа цвеќињата, оваа пролет се покриени со бела снежна прекривка, јавува Анадолу. Снежните врнежи уште од утринските часови ја зафатија Кападокија и нејзината околина, што секоја година е домаќин на милиони туристи кои доаѓаат да ги посетат самовилските оџаци и природните карпести формации. Туристите оваа пролет се фотографираа во снежниот пејзаж и шетаа по долините прекриени со снег, ...
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес ги негираше тврдењата на украинскиот претседател Владимир Зеленски за наводната вмешаност на Кина во конфликтот во Украина, јавува Анадолу. Коментирајќи ја изјавата на Зеленски за заробување на двајца кинески војници во борбената зона, на прес-конференцијата во Москва Песков рече дека Пекинг одржува „урамнотежена позиција“. „Тоа не е вистина“, рече Песков, одговарајќи на новинарското прашање дали ...
Додека поддршката за полската крајно-десничарска партија Конфедерација расте пред претседателските избори во мај, еден од нејзините пратеници изјави дека земјата треба да биде подготвена да ја напушти Европската Унија (ЕУ), јавува Анадолу. „Пред сè, треба да бидеме подготвени за тоа ЕУ да се распадне“, изјави пратеникот на Конфедерација, Михал Вавер, за полското радио ЗЕТ вчера. „Пред неколку години дури и подготвивме документ под наслов ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Делегациите на САД и Русија одржаа состанок што траеше приближно 6 часа во Генералниот конзулат на Русија во Истанбул, на кој се разговарало за активностите на амбасадите, известува Анадолу. Состанокот, на кој се дискутирало за прашања поврзани со активностите на амбасадите, започна во 9:45 часот по локално време (8:45 по средноевропско време) во Генералниот конзулат на Русија во истанбулскиот кварт Бејоглу, а заврши во 15:35 ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Делегациите на САД и Русија одржаа состанок што траеше приближно 6 часа во Генералниот конзулат на Русија во Истанбул, на кој се разговарало за активностите на амбасадите, известува Анадолу. Состанокот, на кој се дискутирало за прашања поврзани со активностите на амбасадите, започна во 9:45 часот по локално време (8:45 по средноевропско време) во Генералниот конзулат на Русија во истанбулскиот кварт Бејоглу, а заврши во 15:35 ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека Туркије нема намера да влезе во конфликт со ниту една земја на територијата на Сирија, вклучително и со Израел, јавува Анадолу. Во интервју во живо на телевизијата Си-ен-ен Турк, Фидан истакна: „Како Туркије немаме намера да се судриме со ниту една земја во Сирија, не само со Израел. Сирија е суверена држава.“ „Неприфатливо е Израел да се обидува да провоцира во ...
АНКАРА (АА) - Најмалку уште 40 Палестинци се убиени во израелските воздушни напади врз Појасот Газа, со што бројот на убиени од октомври 2023 година досега се зголеми на 50.886, соопшти денес Министерството за здравство, јавува Анадолу. Во соопштението на Министерството се вели дека уште 146 повредени лица се пренесени во болниците во последните 24 часа, со што бројот на повредени во израелските напади достигна 115.875. „Многу жртви сѐ уште се ...
АНКАРА (АА) - Претседателот на Индонезија, Прабово Субианто, денес се обрати пред турскиот Парламент за време на неговата посета на Туркије, известува Анадолу. Во своето обраќање, претседателот Прабово истакна дека за Индонезија, Туркије е всушност продолжение на Отоманската Империја и дека се сеќаваат на историските односи меѓу двете земји. Претседателот Прабово истакна дека Туркије ја сметаат за најголема муслиманска цивилизација и додаде: ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Делегациите на САД и Русија вторпат се сретнаа во Истанбул за да разговараат за активностите на амбасадите, известува Анадолу. Во рамките на консултативната средба на која САД и Русија ќе разговараат за активностите на амбасадите, американската делегација пристигна во Генералниот конзулат на Русија во Истанбул во 09:45 часот по локално време (08:45 по средноевропско време). На средбата руската делегација ќе ја предводи Александар ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Првиот технички состанок меѓу Туркије и Израел за механизмот за спречување конфликти, чија цел е да се избегнат „несакани инциденти“ во Сирија, се одржа вчера во Азербејџан, соопшти турското Министерство за национална одбрана, јавува Анадолу. Министерството денес додаде дека Израел мора веднаш да ги прекине своите „провокативни напади“, кои го загрозуваат територијалниот интегритет на Сирија и ја дестабилизираат нејзината ...
Буенос Аирес (АА) - Пензионерите, синдикатите и социјалните организации одржаа марш пред зградата на Националниот конгрес во Буенос Аирес, главниот град на Аргентина, со барање за зголемување на пензиите и подобрување на условите за живот, известува Анадолу. Генералната конфедерација на трудот, една од најголемите работнички конфедерации во земјата, им се приклучи на демонстрациите, протестирајќи поради владините политики на штедење. - За денес ...
АНТАЛИЈА (АА) - Новите подводни снимки го откриваат фасцинантниот мистичен изглед на францускиот воен брод „Париз 2“, кој потона во Првата светска војна во близина на Кемер, во јужната турска област Анталија, јавува Анадолу. Овој брод, стар еден век, се наоѓа на длабочина од 30 метри, долг е 50 метри и широк осум, со вкупна тежина од 551 бруто-тон. Бидејќи бил опремен за борба, структурата на бродот сè уште ги чува шесте противвоздушни топа и ...
СКОПЈЕ (АА) – Преку воведување механизми да не се дозволи билатерални спорови да бидат пречка за остварување на колективната и заедничка цел, порача денес претседателот на Владата на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, пренесува Анадолу. Во Собранието на Северна Македонија денес се одржува редовниот годишен состанок на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО, во кој членуваат шефовите и заменик-шефовите на националните ...
ТИРАНА (АА) - Албанскиот премиер Еди Рама денес при посетата на Индустрискиот парк Тирана заедно со министерот за економија, култура и иновации Бленди Гонџа разговараше со претставници на стопанството и со вработени за стратегијата и политиката за вработување, а во таа пригода беше истакнато дека Албанија доживува важен момент на развој, особено во воената индустрија, јавува Анадолу. На разговорот присуствуваше и Арјета Пуца, чија компанија го ...
САРАЕВО (АА) – Со положување цвеќе и одавање почест, на Мостот на Суада и Олга одбележана е 33-годишнината од почетокот на опсадата на Сараево, најдолгата опсада на еден главен град во современата историја на војување, јавува Анадолу. Градоначалникот на Сараево, Предраг Пухариќ, рече дека со одбележувањето на Денот на опсадата на Сараево на 5 април, се негува културата на сеќавањето. Потсети дека Суада Дилберовиќ и Олга Сучиќ, убиени на денешен ...
Министерот за правда на Северна Македонија, Игор Филков, денеска се состана со неговиот колега од Црна Гора, Бојан Божовиќ. Двајцата министри потпишаа заедничка изјава за соработка во областа на владеењето на правото и независноста на судството. „Двете држави имаат многу сличности во процесот на реформи, особено во полето на евроинтеграцијата, и од таа причина на средбата се разменети искуства и практики кои ќе помогнат во надминувањето на ...