
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



ЊУЈОРК (АА) – Полна Месечина, позната како „розова Месечина“, се издигна зад облакодерите на Менхетен, во срцето на Њујорк синоќа, воодушевувајќи ги сите кои ја набљудуваа од соседниот Њу Џерси, јавува Анадолу. И покрај името, полна розова Месечина, таа не зрачи со интензивно розова боја, туку добива суптилен златно-розов сјај, што се должи на позицијата на Месечината и атмосферските услови. Оваа појава е традиционално поврзана со доаѓањето на ...
СКОПЈЕ (АА) – Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски на денешната заедничка прес-конференција со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека актуелниот министер за економија не е опфатен со истрагата бидејќи досега нема ниту еден доказ дека од него било побарано продолжување на лиценцата на објектот на клубот „Пулс“ во Кочани, известува Анадолу. Обвинител Коцевски информираше дека досега се води истрага кон 45 физички и 3 ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека постигнувањето договор со САД за мир во Украина „не е лесно“, додека Москва и Вашингтон продолжуваат со контактите во обид да најдат начин за прекин на војната што трае повеќе од три години, јавува Анадолу. „Клучните компоненти на решението за мир не се лесни за договор. Тие сè уште се предмет на дискусија“, рече Лавров во интервјуто за рускиот весник „Комерсант“, ...
ГАЗА (АА) - Најмалку осуммина Палестинци се убиени, а голем број се повредени во нападите на израелската армија врз шатори и куќи во кои биле сместени раселени Палестинци во Појасот Газа, известува Анадолу. Според информациите добиени од болнички извори, израелската армија гранатирала шатори во подрачјето на Беит Лахија, во северниот дел на Појасот Газа. Во нападот животот го загубиле двајца Палестинци, а голем број се повредени. Беспилотно ...
САН ФРАНЦИСКО (АА) - Стотици луѓе се собраа пред зградата на Службата за државјанство и имиграција на САД (USCIS) во Сан Франциско во знак на протест, барајќи ослободување на палестинскиот активист Махмуд Халил, известува Анадолу. Демонстрантите се собраа на просторот пред USCIS давајќи му поддршка на студентот Махмуд Халил од Универзитетот Колумбија, кој беше приведен од ICE (Службата за имиграција и царина на САД) и се соочува со депортација. ...
ЊУЈОРК (АА) - Демонстранти во знак на поддршка на Палестина, придружени од еврејски активисти, протестираа пред седиштето на американската Служба за имиграција и царина (ICE) во Њујорк, барајќи да биде ослободен Махмуд Халил и да се стави крај на бруталната војна што Израел ја спроведува во Газа, известува Анадолу. Еврејските активисти носеа транспаренти на кои пишуваше „Евреите велат егзодус од ционизмот“, „Евреите за слобода на Палестинците“, ...
ВАШИНГТОН (АА) - Демонстранти во знак на поддршка на Палестина се собраа пред седиштето на американската Служба за имиграција и царина (ICE) во Вашингтон, покажувајќи солидарност со палестинскиот народ, известува Анадолу. Демонстрантите побараа американските власти да ги ослободат пропалестинскиот студентски активист Махмуд Халил и другите студенти што претседателот Доналд Трамп вети дека ќе ги депортира како дел од неговата поширока репресија ...
ВАШИНГТОН (АА) — Американското Министерство за образование објави дека замрзнало речиси 2,3 милијарди долари финансирање за Универзитетот Харвард откако оваа престижна образовна институција одлучи да се спротивстави на барањата на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Анадолу. „Заедничката работна група за борба против антисемитизмот објави дека замрзнала 2,2 милијарди долари од повеќегодишни грантови и 60 милиони ...
БИРМИНГЕМ (АА) - Британската Влада ангажира воени планери за да помогнат во справувањето со куповите отпад во Бирмингем бидејќи штрајкот на собирачите на отпад трае веќе шеста недела, при што вториот најголем град во Велика Британија е затрупан со околу 20.000 тони несобран отпад, јавува Анадолу. Со оглед на „тековниот ризик за јавното здравје“ предизвикан од растечките депонии низ градот, воените лица ќе бидат ангажирани како логистичка ...
КАИРО/АНКАРА (АА) - Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси и катарскиот емир Шеик Тамим бин Хамад ал-Тани денес го потврдија ставот дека апсолутно го отфрлаат раселувањето на Палестинците од нивната земја, јавува Анадолу. Двајцата лидери разговараа за време на средбата во Доха за најновите напори за враќање на договорот за прекин на огнот во Газа и размена на затвореници меѓу Израел и Хамас, се вели во соопштението на египетското ...
АНКАРА (АА) - Најмалку уште 39 Палестинци се убиени во израелските воздушни напади врз Појасот Газа, со што бројот на убиени од октомври 2023 година досега се зголеми на 50.983, соопшти денес Министерството за здравство, јавува Анадолу. Во соопштението на Министерството на палестинската енклава се вели дека во последните 24 часа во болниците се пренесени 118 повредени лица, со што бројот на повредени во израелските напади достигна 116.274. ...
ГАЗА (АА) – Претставници на Обединетите нации денес ја посетија баптистичката болница „Ал-Ахли“ во Газа, која повеќе не е во функција поради израелските напади, јавува Анадолу. Тимови од Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA), Службата за мини на ОН (УНМАС) и Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) извршија увид во болницата. Официјалните лица ги снимиле уништените делови, особено одделот за брза помош во болницата. Пред да биде ...
БЕЈРУТ (АА) - Израелската армија со градежна машинерија урна христијански споменик во Јужен Либан, известува Анадолу. Христијаните во Либан беа информирани дека споменикот во појасот Јарун, во јужната провинција Набатие, е урнат од страна на Израел на празникот Цветници (христијански празник во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим и се слави една недела пред Велигден). Мустафа Бајрам, поранешен министер за труд, на својот профил на ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Стивен Кари од Голден Стејт Вориорс стана 26-тиот играч во историјата на НБА кој постигнал 25.000 поени во кариерата, јавува Анадолу. Синоќа, 36-годишниот Кари ја достигна пресвртницата во третата четвртина од победата на Вориорс со 115:110 против Детроит Пистонс. „Всушност, се чувствува како 25.000 тројки. Тоа е динамит. Ноќ по ноќ, а вечерва очигледно не беше одлична шутерска ноќ за него. Но, ми се допадна што играше и покрај ...
Денес започнува четврт-финалето во УЕФА Лигата на шампиони, известува Анадолу. Првите четврт-финални натпревари од најелитното клупско фудбалско натпреварување на Европа се играат денес и утре (9 април). Реванш-средбите се закажани за 15 и 16 април. Денес во рамките на четврт-финалето во Лигата на шампионите се среќаваат: 21:00 Арсенал (Англија) - Реал Мадрид (Шпанија) 21:00 Баерн Минхен (Германија) - Интер (Италија) Утре на програмата се ...
АНКАРА (АА) - Стотици нелегални израелски доселеници денес насилно влегоа во комплексот на џамијата „Ал-Акса“ во окупираниот Источен Ерусалим, по повод одбележувањето на вториот ден од еврејскиот празник Пасха, јавува Анадолу. Според соопштението на Одделот за исламски вакафи во Ерусалим, вкупно 765 доселеници, под силна полициска заштита, влегле во светиот комплекс преку западната порта Ал-Мугараба. Одделот потсети дека и вчера, на првиот ден ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Европската Унија планира да ја зголеми својата финансиска поддршка за Палестинската управа на 1,6 милијарди евра, соопшти денес Дубравка Шуица, европската комесарка за Медитеранот, јавува Анадолу. Според европските медиуми, Шуица најави дека ЕУ ќе обезбеди нов тригодишен пакет финансиска поддршка за Палестинската управа, чија цел е поттикнување реформи во управувањето и функционирањето на институциите. Шуица рече дека ЕУ од ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски предупреди дека тековниот конфликт во Украина може да прерасне во светска војна доколку Киев и неговите партнери не покажат цврст отпор кон натамошните напади од Русија, јавува Анадолу. Во интервјуто за американската емисија „60 минути“ на Си-би-ес, кое беше емитувано во неделата, Зеленски истакна дека безбедноста на целиот свет е загрозена како резултат на војната што трае повеќе од три ...
ЕРУСАЛИМ / ИСТАНБУЛ (АА) - Двесте израелски воени лекари потпишаа петиција со која бараат итно враќање на заложниците од Газа, дури и ако тоа значи завршување на војната во палестинската енклава, објави израелскиот „Канал 13“, јавува Анадолу. „Ние, резервните лекари во различни единици на израелската Армија, бараме итно враќање на заробените и прекин на борбите во Појасот Газа“, се наведува во петицијата. Петицијата го отсликува растечкото ...
АНТАЛИЈА (АА) - Сумеје Дилара ДИНЧЕР / Шилан ТУРП Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, изјави дека турските инвеститори во многу области, вклучително и инфраструктурата, банкарството и здравството, дале позитивен придонес за деловното опкружување на Северна Македонија, известува Анадолу. Муцунски, кој учествува на Форумот за дипломатија во Анталија (ФДА) кој се одржува во ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Кина денес објави дека повеќе нема да „обрнува внимание“ на трговските потези на администрацијата на Доналд Трамп откако ги зголеми царините на увоз од САД на 125 отсто, јавија државните медиуми денес, јавува Анадолу. „Кина ќе ги зголеми дополнителните царини на производите увезени од САД од 84 отсто на 125 отсто, со важност од 12 април“, соопшти Комисијата за царински стапки при државниот Совет. „Бидејќи повеќе не постои можност ...
АНТАЛИЈА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денес соопшти дека во тек се подготвителни активности за средба меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп, известува Анадолу. „Во тек се активности за да се утврди дали таков состанок ќе се одржи во САД или Туркије“, им соопшти министерот Фидан на новинарите на Дипломатскиот форум во Анталија, чијшто глобален комуникациски партнер е ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Украина соопшти дека најмалку 34 лица се убиени, меѓу кои и две деца, во рускиот ракетен напад врз североисточниот град Суми, кој се наоѓа на околу 31 километар од границата со Русија, јавува Анадолу. Украинската Државна служба за вонредни ситуации преку Телеграм информираше дека бројот на повредени се искачил на 117, од кои 15 се деца, додека потрагата и спасувачките операции сè уште продолжуваат на местото на нападот. „На овој ...
ЕРУСАЛИМ (АА) - Поранешни офицери на Мосад во Израел им дадоа поддршка на резервистите кои беа избркани од Армијата поради барањето за прекин на нападите врз Појасот Газа со цел размена на заробеници, известува Анадолу. Весникот „Ерусалим пост“ објави дека околу 250 поранешни офицери на Мосад, вклучително и тројца поранешни шефови на Мосад, поранешен заменик-шеф и високи извршни директори, се приклучија на повиците за прекин на нападите врз Газа ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Алжир им нареди на 12 службеници од француската Амбасада да ја напуштат земјата во рок од 48 часа, потврди денес францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро за францускиот весник „Фигаро“, јавува Анадолу. „Оваа одлука веројатно е одговор на апсењето на тројца алжирски државјани осомничени за сериозни прекршоци на француската национална територија“, рече Баро. Тој смета дека одлуката е „неоправдана“, објави францускиот ...
ЕРУСАЛИМ (АА) - Шошана Струк, ќерката на екстремно десничарската министерка за населби и национални мисии на Израел, Орит Струк, ги обвини својата мајка, татко и брат дека сексуално ја злоставувале, известува Анадолу. Весникот „Тајмс оф Израел“ објави вест под наслов „Ќерката на висока функционерка ги обвинува своите родители за сексуална злоупотреба - одлука за забрана на објавување во врска со случајот“. Ќерката поднела полициска пријава ...
Густа магла се спушти врз реката Хадсон при зајдисонце во Њујорк, создавајќи импресивен пејзаж над градот, јавува Анадолу. Во мистичната атмосфера, силуетите на облакодерите како што се Светскиот трговски центар, Емпајер стејт билдинг, 30 Хадсон јардс и кулата Стејнвеј едвај се наѕираа низ магливиот хоризонт. Нивните силуети се стопија со златно-розовите нијанси на зајдисонцето, давајќи му на градот слика со необична, речиси надреална естетика. ...
ВАН (АА) - Сноубордерот Шахабетин Ѓун, зафатен од лавина додека скијал на планината Артос во подрачјето на Геваш во турски Ван, успеа да се извлече од снежниот нанос, јавува Анадолу. Група скијачи вчера се искачија на планината Артос висока 3.550 метри, со голема снежна покривка. Сноубордерите, кои стигнале на врвот по макотрпно искачување кое траело околу 4 часа, по направена пауза почнале да се спуштаат со сноуборди од падините со висок ...
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за одбрана извести дека ја заземале населбата Елизаветовка во областа Доњецк во Украина, известува Анадолу. Руското министерство објави ажурирани информации за активностите на руските вооружени сили во Украина. Во соопштението се наведува дека руската армија ги зајакнала своите позиции на украинскиот фронт, додавајќи дека „како резултат на решителните дејствија, трупите на Централната воена група ја ослободиле ...
СУМИ (АА) - Бројот на загинати во нападот со балистичка ракета на руската војска врз градот Суми се зголеми на 30, а 84 лица се повредени, соопшти Украинската државна служба за вонредни состојби, пренесува Анадолу. Украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко истакна дека напорите за пребарување и спасување продолжуваат во областа на нападот. Украинскиот претседател Владимир Зеленски во објава на својот профил на платформата Телеграм ...