
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



АНКАРА (АА) - Најмалку 25 Палестинци се убиени во израелските воздушни напади врз Појасот Газа во последните 24 часа, со што бројот на убиени од октомври 2023 година досега се зголеми на 51.025, соопшти денес Министерството за здравство, јавува Анадолу. Во соопштението на Министерството на палестинската енклава се вели дека во болниците се пренесени 89 повредени лица, со што бројот на повредени во израелските напади достигна 116.432. „Многу ...
АНКАРА (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека секој кој ќе биде пречка Сирија да постигне траен мир и стабилност, пред нив ќе ги најдат сириската влада и Туркије, известува Анадолу. Претседателот Ердоган, им се обрати на претставниците на медиумите по состанокот на претседателскиот кабинет. Во својот говор Претседателот Ердоган истакна: „Во период кога тензиите се зголемуваат и постојано се појавуваат нови кризи, ...
АНКАРА (АА) – Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес изјави дека израелската армија ќе остане во таканаречените „безбедносни зони“ во Појасот Газа во секој „привремен или постојан“ распоред, јавува Анадолу. „За разлика од минатото, (израелската армија) нема да се повлече од областите што ги расчисти и зазеде“, соопшти Кац. Тој нагласи дека армијата ќе остане во тие безбедносни појаси како тампон-зона помеѓу палестинските милитанти и ...
СКОПЈЕ (АА) – Катедралата Нотр Дам продолжува да привлекува посетители од целиот свет откако повторно ги отвори своите врати за јавноста, а туристите ги споделуваат емоциите и потсетуваат на длабокото културно и духовно значење на овој париски симбол, јавува Анадолу. По завршувањето на петгодишната реставрација по катастрофалниот пожар во 2019 година, катедралата Нотр Дам на 8 декември 2024 година повторно ги отвори вратите за посетителите. Овој ...
ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелски борбен авион поради „технички дефект“ случајно исфрлил бомба во близина на населбата Нир Јицхак, на границата со Газа, соопшти израелската Армија, јавува Анадолу. Во соопштението се наведува дека муницијата паднала на отворено подрачје во близина на населбата и дека при инцидентот нема повредени лица. Случајот е предмет на истрага. Локални жители за весникот „Једиот ахронот“ изјавија дека не забележале ништо ...
БЕРЛИН (АА) – Четириесетгодишен лекар е обвинет за убиство на 15 пациенти што биле под негово медицинско згрижување, соопштија германските обвинители во Берлин, јавува Анадолу. Осомничениот лекар на одделот за палијативна нега, идентификуван само како Јоханес М., се товари дека од септември 2021 до јули 2024 година, без знаење или согласност од пациентите, им давал смртоносни комбинации на лекови. Жртвите биле на возраст од 25 до 94 години. ...
ЕРУСАЛИМ / ИСТАНБУЛ (АА) – Десетици американски карго авиони со тешко вооружување и муниција слетаа во Израел во текот на изминатите денови, во екот на тековната војна во Газа и можната ескалација против Иран, јавија израелските медиуми денес, пренесува Анадолу. Според јавниот радиодифузен сервис КАН, транспортни авиони од типот Ц-17 донеле оружје и муниција од американски бази низ светот во воздухопловната база Неватим, која се наоѓа во јужниот ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сакаат да им дадат пари и авионски билети на нерегуларните имигранти кои планираат доброволно да ја напуштат земјата, известува Анадолу. Говорејќи за американската програма „Нотисијас“ на „Фокс њуз“, Трамп ја коментираше имиграциската политика. Претседателот на САД истакна дека во моментов продолжуваат да ги депортираат „лошите“ имигранти од земјата и најави дека работат на ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Трговските и царинските војни „нема да донесат победник“, порача кинескиот претседател Си Ѓинпинг денес, на почетокот од неговата прва официјална посета на странство оваа година, што започна од Виетнам, јавува Анадолу. „Протекционизмот нема иднина и не води никаде“, се вели во официјалното соопштение пренесено од Пекинг. Коментарите на Си доаѓаат во време на интензивен трговски судир меѓу Кина и САД – двете најголеми светски ...
КОМ (АА) - Илјадници луѓе се собраа во иранскиот град Ком протестирајќи против нападите на Израел врз Појасот Газа, известува Анадолу. Демонстрантите маршираа низ градот Ком во знак на поддршка на Палестинците во Појасот Газа кои 557 денови се жртви на израелските брутални бомбардирања и гранатирања. За време на маршот демонстрантите во рацете носеа ирански и палестински знамиња и извикуваа слогани против Израел и САД. На веб страницата на ...
КОМОТИНИ (АА) – Турците од Западна Тракија изјавија дека Грција продолжува да замижува пред кршењето на нивните права и дека нивната слобода на здружување се нарушува и покрај одлуките на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), известува Анадолу. Во соопштението што го објави Европската федерација на Турците од Западна Тракија, дадена е реакција на писменото соопштение што го издаде грчкото Министерство за надворешни работи како одговор на ...
ЛОНДОН (АА) - Британската полиција започна истрага за вандализмот на 85 гробови, од кои многу припаѓаат на бебиња и мали деца, на муслиманскиот дел од гробиштата Карпендерс Парк Лаун во Вотфорд. Случајот се третира како исламофобичен акт на омраза, јавува Анадолу. Според соопштението од полицијата на Хертфордшир, оштетувањето било откриено од страна на ожалостено семејство за време на посета на гробиштата, и предизвикало шок и длабока ...
АНКАРА (АА) - Во нападите што ги изврши од 7 октомври 2023 година, израелската Армија директно гаѓаше повеќе од 400 училишта во Појасот Газа, од кои повеќето се места во коишто се засолниле раселените Палестинци, известува Анадолу. Во објавата дадена на профилот на социјалните мрежи на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), се наведува дека поголемиот дел од училиштата во Газа се ...
ВАШИНГТОН (АА) – Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува план за затворање на речиси 30 амбасади и конзулати низ светот, во рамки на напорите за намалување на дипломатското присуство на САД во странство, јавува „Си-ен-ен“, повикувајќи се на внатрешен документ од Стејт департментот, јавува Анадолу. Документот, кој ги содржи препораките од потсекретарот за менаџмент, предвидува затворање на 10 амбасади и 17 конзулати, ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денес ја нагласи итната потреба од отворање на сите хуманитарни премини кон Газа, оценувајќи дека тоа е неопходно за живот на цивилното население, додека хуманитарната криза во палестинската енклава сè повеќе се продлабочува, јавува Анадолу. „Само што разговарав со (израелскиот) премиер Бенјамин Нетанјаху“, соопшти Макрон на социјалната мрежа Х. Тој повтори дека Франција стои цврсто зад ...
СКОПЈЕ (АА) - Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) организираше „Напредна обука за зелена трансформација“ во Тетово, во соработка со Универзитетот „18. Март“ од Чанаккале и Универзитетот во Тетово, известува Анадолу. Во програмата што ја спроведоа студентите од Факултетот за инженерство при Универзитетот во Тетово, студентите кои претходно постигнале успех во првата основна фаза спроведена онлајн, во рамките на втората фаза од ...
БРИСЕЛ (АА) – Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, изјави дека Алијансата нема да прифати ниту еден вид безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина, ниту пак ќе дозволи да се загрози „тешко стекнатиот мир“, јавува Анадолу. Пред средбата со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина во Брисел, Шекеринска нагласи дека ангажманот на НАТО на Балканот е долгогодишен и потсети дека минатата недела министрите за ...
- Хусејин ДЕМИРЏИ Кравата по име Сарикиз дои јагне чија мајка умрела по една недела откако се ојагнила во местото Сарикамиш во турската област Карс, пишува Анадолу. Една од овците на Сонер Јашар (39), кој 20 години се занимава со сточарство, починала по јагнењето. Сточарот Јашар го хранел со шише јагнето кое го нарекол Оќсуз (сирак), а по извесен период во својата штала ја видел својата крава по име Сарикиз како го дои јагнето. Јашар и неговото ...
МАНДАЛЕЈ (АА) - Жителите на Мандалеј се соочуваат со тешките последици од силниот земјотрес со интензитет од 7,7 степени што ја погоди централната област на Мјанмар кон крајот на минатиот месец, оставајќи зад себе огромни штети и разурнати населени места, јавува Анадолу. Снимките ја прикажуваат големината на уништувањето - оштетени згради, урнатини и напорите за расчистување кои сè уште траат. Земјотресот што го погоди Мјанмар на 28 март однесе ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Малдиви одлучија да забранат влез за израелските државјани, објави денес претседателот на земјата, Мохамед Муизу, наведувајќи дека оваа одлука е реакција на бруталната воена офанзива на Израел во Појасот Газа, јавува Анадолу. Одлуката следува по ратификацијата на Третиот амандман на Законот за имиграција на Малдиви, кој беше усвоен од Парламентот на Малдиви на 15 април, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот. ...
ХЕБРОН (АА) - Израелската Армија денес ја затвори џамијата „Ибрахим“ во градот Хеброн на Западниот Брег за муслиманските верници, за да им овозможи на нелегалните израелски доселеници да го прослават еврејскиот верски празник Пасха, соопшти палестински официјален претставник, јавува Анадолу. „Џамијата ќе остане затворена два дена поради празнувањето на Пасха“, изјави за Анадолу, директорот на џамијата „Ибрахим“, Акрам ал-Тамими. Тамими додаде ...
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израел изразува загриженост поради можноста нафтата и природниот гас од Заливот да се транспортираат во Европа преку Сирија и Туркије. До неодамна, администрацијата на Тел Авив си замислуваше да ги донесе гасот и нафтата од Заливот до пристаништето Хаифа во Израел и потоа да ги транспортира во Европа. По револуцијата во Сирија, се чини дека пропадна сонот на Израел. Крајот на граѓанската војна во Сирија и воспоставувањето блиски ...
ИСТАНБУЛ (АА) — Во 2024 година во Европа е забележана најтопла година досега, обележана со смртоносни поплави и долготрајни горештини, што претставува климатски екстрем за континентот во последната деценија, се наведува во заедничкиот извештај на Светската метеоролошка организација (СМО) и Службата за климатски промени „Коперникус“ (C3S). Европа и натаму е континентот што се затоплува најбрзо во светот, изложен на „сериозни последици од ...
БАСРА (АА) — Силна песочна бура денес го погоди јужниот дел на Ирак, сериозно нарушувајќи го секојдневниот живот и влијаејќи врз здравјето на населението, соопштија локалните власти и здравствените институции, јавува Анадолу. Бурата го зафати градот Басра, значително намалувајќи ја видливоста и отежнувајќи го сообраќајот на патиштата. Според властите, голем број жители со респираторни проблеми биле хоспитализирани за медицински третман. ...
САН ФРАНЦИСКО (АА) - Густа магла го обви мостот „Голден гејт“ во Сан Франциско, САД, кој се издига над истоимениот залив, создавајќи драматична и впечатлива глетка што е доловена со снимки од дрон, јавува Анадолу. Овој впечатлив контраст меѓу урбаната архитектура и природниот амбиент ја претвори сцената во вистинска визуелна атракција. Завршен во 1937 година, мостот е меѓународен симбол на Сан Франциско и на САД. Тој е еден од најдолгите висечки ...
АНКАРА (АА) - Унгарскиот Парламент поради заштита на развојот на децата и јавниот ред, го одобри уставниот амандман со кој се забрануваат сите ЛГБТ-активности во земјата, со најава дека земјата ќе ги признава само машкиот и женскиот пол, известува Анадолу. На барање на премиерот Виктор Орбан, унгарскиот Парламент се состана за да се дискутира за уставниот амандман со кој ќе се забранат демонстрации и сите поврзани настани организирани од ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Додека разорниот конфликт во Судан влегува во својата трета година, бројот на деца кои имаат потреба од хуманитарна помош драматично се зголеми - од 7,8 милиони на почетокот на 2023 година до над 15 милиони денес, соопшти УНИЦЕФ денес, јавува Анадолу. „Без итна акција, тешката хуманитарна криза во Судан би можела да прерасне во уште поголема катастрофа“, предупредува УНИЦЕФ во своето соопштение. Од агенцијата истакнуваат дека ...
ЕРУСАЛИМ (АА) - Повеќе од 9.500 израелски академици, наставници и медицински работници, како и околу 1.000 родители, вчера потпишаа петиции со кои ја повикуваат Владата во Тел Авив да обезбеди ослободување на заложниците што се држат во Појасот Газа, дури и по цена да се стави крај на војната во енклавата, јавува Анадолу. Според весникот „Хаарец“, околу 3.500 академици потпишале петиција со која ја поддржуваат претходната иницијатива на ...
ГАЗА (АА) - Животите на новороденчињата во Газа се под сериозна закана поради недостигот од храна, лекови и медицински материјали - последица на израелската блокада, предупредуваат палестинските лекари, јавува Анадолу. Педијатрите кои работат во Медицинскиот комплекс „Насер“ нагласуваат дека новороденчињата, особено оние кои се родени со слаба тежина или со здравствени проблеми, имаат итна потреба од дополнителна исхрана, лекови и медицинска ...
КЈОТО (АА) - Бамбусовата шума која се наоѓа во Арашијама, област на западната периферија на Кјото, Јапонија, е едно од најневеројатните природни места во Јапонија, јавува Анадолу. Оваа природна атракција, позната и како Бамбусова шума „Сагано“, претставува една од омилените дестинации за посетителите во регионот. Шумата главно се состои од мосо бамбус (Phyllostachys edulis) и има повеќе патеки кои се отворени за туристите и посетителите. Еден од ...