ИСТАНБУЛ (АА) – Кина денес ги отфрли и ги нарече „неосновани обвинувања“ тврдењата на украинскиот претседател Владимир Зеленски дека Пекинг ја снабдува Русија со оружје, јави кинеската државна новинска агенција, пренесува Анадолу. За време на прес-конференција во Киев вчера, Зеленски изјави: „Конечно добивме информации дека Кина ѝ испорачува оружје на Руската Федерација“, додавајќи дека информациите за барут и артилериско оружје му биле ...

ВАШИНГТОН / АНКАРА (АА) - Најмалку 74 лица, меѓу кои и пет здравствени работници, се убиени во американските воздушни напади врз јеменското нафтено пристаниште Рас Иса во областа Ал Худајда, соопшти телевизијата на Хуси, Ал-Масирах, јавува Анадолу. Телевизијата објави дека уште 171 лица се повредени во нападите, при што бројот на жртви би можел дополнително да се зголеми бидејќи спасувачките операции се сѐуште во тек. Претходно, Ал-Масирах ...

МОСКВА (АА) - Русија денес изрази подготвеност да помогне на кој било начин во индиректните нуклеарни преговори меѓу САД и Иран, јавува Анадолу. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров ја потврди подготвеноста на Русија да помогне во процесот, нудејќи ја поддршката на Москва во секој капацитет што е корисен за Техеран и прифатлив за Вашингтон. „Подготвени сме да помогнеме, да посредуваме и да ја преземеме секоја улога која Иран ја ...

ВАШИНГТОН / АНКАРА (АА) - Најмалку 74 лица, меѓу кои и пет здравствени работници, се убиени во американските воздушни напади врз јеменското нафтено пристаниште Рас Иса во областа Ал Худајда, соопшти телевизијата на Хуси, Ал-Масирах, јавува Анадолу. Телевизијата објави дека уште 171 лица се повредени во нападите, при што бројот на жртви би можел дополнително да се зголеми бидејќи спасувачките операции се сѐуште во тек. Претходно, Ал-Масирах ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Јапонија усвои закон кој овозможува итно пукање по опасни животни од страна на ловци, доколку се појават во населени места, јавуваат локалните медиуми, пренесува Анадолу. Според информациите на „Кјодо Њуз“, измената на законот, која се очекува да стапи во сила наесен — кога мечките стануваат поактивни — е донесена поради сѐ почестите напади од мечки низ земјата. Со новиот закон, кафеавите мечки, азиските црни мечки и дивите свињи ...

АНКАРА (АА) – Германскиот клуб Баерн Минхен денес објави дека 18-годишниот кинески фудбалер Гуо Џијаџуан починал откако се здобил со сериозна повреда на главата за време на тренинг натпревар во Шпанија во февруари, јавува Анадолу. Гуо, кој според извештаите бил удрен со колено во лицето за време на тренинг, бил прогласен за „клинички мртов“ во локална болница, по што бил пренесен во Кина, каде што бил третиран во болница во Пекинг. Младиот ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Четврт-финалните реванш натпревари во УЕФА Лигата на шампионите (ЛШ) во фудбал се играат денес и утре, известува Анадолу. Денес и на 16 април ќе се одиграат четири реванш средби од четврт-финалето на најпрестижното европско клупското натпреварување во фудбал. Севкупните победници по двата натпревара ќе се пласираат во полуфиналето на УЕФА ЛШ. Распоредот на четврт-финалните реванш натпревари во Лигата на шампионите е следен: ...

КИЕВ (АА) - Украина и САД вчера потпишаа меморандум што ги поставува темелите за идно економско партнерство и соработка во развојот на минерали, изјави украинската министерка за економија, Јулија Свириденко, јавува Анадолу. „Со задоволство ја објавуваме веста за потпишувањето на меморандумот за намери со нашите американски партнери,“ напиша Свириденко на социјалната мрежа Икс. Таа нагласи дека договорот отвора пат за економско партнерство и ...

ЕРУСАЛИМ / АНКАРА (АА) - Бројот на Израелци кои потпишале петиции со барање за итно враќање на заложниците од Појасот Газа, дури и по цена да се запре тековната војна против Палестинците, достигна 128.000, додека во оптек се речиси 50 различни петиции, јавува Анадолу. Според платформата „Рестарт Израел“, која објавува петиции за потпишување од страна на израелските граѓани, бројот на потписници денес достигнал 128.114, што е значително ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Аеродромот „Истанбул“, кој минатата година беше втор најпрометен аеродром во Европа, денес официјално започна со истовремено оперирање на три посебни писти, јавува Анадолу. Со оваа нова инфраструктура, аеродромот „Истанбул“ стана прв аеродром во Европа што воведува ваква практика и втор во светот по САД. На церемонијата по повод почетокот на тројните операции, турскиот министер за транспорт, Абдулкадир Уралоглу, изјави дека од ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот државен секретар Марко Рубио денес изјави дека Вашингтон би можел да ги прекине напорите за посредување во мировните преговори за Украина доколку во наредните денови не се постигне напредок, јавува Анадолу. „Ако не е можно да се стави крај на војната во Украина, мора да продолжиме понатаму,“ изјави Рубио за новинарите, по средбата со европските партнери во Париз вчера. Тој потенцираше дека САД не се директен учесник ...

ЊУЈОРК (АА) — Постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, Василиј Небензја, изјави дека Германија би станала директен учесник во војната во Украина доколку одлучи да му испорача ракети Таурус на Киев, јавува Анадолу. „Да, би станала,“ одговори Небензја на прашањето на новинар на Анадолу дали таквиот потег би значел дека Германија е директно вклучена во конфликтот. Тој ги обвини Германија и уште неколку западни земји дека и сега се ...

АНКАРА (АА) - Најмалку 11 Палестинци, меѓу кои две деца и една жена, се убиени во синоќешниот израелски напад со беспилотно летало врз дом во северниот дел на Газа, велат палестински извори, јавува Анадолу. Палестинската новинска агенција Вафа објави дека израелските беспилотни летала испукале неколку проектили врз семејна куќа во областа Тел ал Затар, предизвикувајќи штета и повредувајќи неколку лица кои се наоѓале во домот. Израелската армија ...

ВАШИНГТОН / ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 38 лица, меѓу кои и пет здравствени работници, се убиени во американските воздушни напади врз јеменското нафтено пристаниште Рас Иса во областа Ал Худајда, соопшти телевизијата на Хуси, Ал-Масирах, јавува Анадолу. Телевизијата објави дека уште 102 лица се повредени во нападите, при што бројот на жртви би можел дополнително да се зголеми бидејќи спасувачките операции се сѐуште во тек. Претходно, Ал-Масирах ...

СКОПЈЕ (АА) - Група про-палестински активисти одржаа протест во Вашингтон вчера, повикувајќи на итен прекин на израелските напади врз Појасот Газа, јавува Анадолу. Облечени во бела облека со црвени детали кои симболизираат крв и носејќи бели маски, маршираа низ центарот на американската престолнина, носејќи транспаренти со пораки, против, како што го нарекуваат, геноцидот во Газа. Дел од нив држеа и кукли во форма на бебиња, потсетувајќи на ...

ЖЕНЕВА (АА) - Бројот на бездомници во белгискиот регион Брисел достигна 9.777 лица, што претставува пораст од 25 отсто во споредба со 2022 година, се наведува во најновиот извештај на истражувачкиот центар Брус'Хелп, јавува Анадолу. Од вкупниот број, 992 лица живеат на улица, се наведува во извештајот објавен вчера. Истражувањето за 2024 година открива мрачна слика за состојбата, нагласувајќи дека бездомништвото погодува различни и ранливи ...

МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека Русија очекува Европа и Украина на крајот да се насочат кон мирно решавање на конфликтот, но засега европските држави остануваат фокусирани на продолжување на војната, јавува Анадолу. Говорејќи на прес-конференцијата во Москва, Песков истакна дека САД продолжуваат да соработуваат со европските партнери и со Украина за постигнување мировно решение. „Секако, ние би сакале да ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Министерството за домашна безбедност (DHS) денес упати закани до Универзитетот Харвард дека ќе му ја одземе дозволата за запишување странски студенти доколку институцијата не достави детални податоци за одредени странски студенти поврзани со неодамнешните пропалестински протести, јавува Анадолу. „Харвард со своето поклонување пред антисемитизмот - под водство на своето кукавичко раководство - создава живо легло на екстремистички ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Украина соопшти дека три лица се убиени, а 31 е повредено во руски напад со беспилотни летала врз југоисточниот град Днипро, јавува Анадолу. „Масовниот напад со беспилотни летала предизвика трагични последици. Три лица се убиени, меѓу кои и едно дете“, изјави гувернерот на регионот Дњепропетровск, Серхиј Лисак, преку објава на Телеграм. Лисак додаде дека во нападот, кој се случил доцна синоќа, повредени се уште 31 лице, од кои 10 ...

СКОПЈЕ (АА) - Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја зеде 62. жртва. Почина пациент што се лекуваше во Белград, а уште од почетокот беше во критична состојба, соопшти Министерството за здравство на Северна Македонија, јавува Анадолу. Денес Министерството информираше дека 23-годишниот Стојанче Стефанов од Кочани, кој со тешки изгореници бил пренесен на лекување во Военомедицинската академија (ВМА) во Белград, ја загубил битката со животот. ...

АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) – Националниот истражувачки центар за поморско право при Универзитетот во Анкара (ДЕХУКАМ) ја објави првата академска студија за Поморско просторно планирање (МСП) на Туркије, со која земјата се стреми кон одржливо и ефикасно искористување на своите морски површини, јавува Анадолу. Турските напори за воспоставување поморско просторно планирање започнаа пред неколку години, со цел да се заштитат нејзините права и интереси во ...

БЕЛГРАД (АА) - Ѓуро Мацут денес официјално ја презеде функцијата претседател на Владата на Србија од претходниот премиер Милош Вучевиќ, јавува Анадолу. Примопредавањето се случи во зградата на српската Влада во Белград еден ден откако Народното собрание на Србија гласаше за избор на новата Влада. Подоцна во текот на денот новата српска Влада ќе ја одржи првата седница во новиот состав. На почетокот на неделата Мацут пред Собранието ги претстави ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Светската банкa денес објави дека загадувањето на воздухот ги одзема животите на околу 5,7 милиони луѓе секоја година, а 95 отсто од смртните случаи се во земјите со низок и среден приход, јавува Анадолу. Во извештајот насловен како Забрзување на пристапот до чист воздух на планета погодна за живеење, Банката процени дека загадувањето на воздухот предизвикува економска загуба еквивалентна на околу 5 отсто од глобалниот ...

ЛОНДОН (АА) - Полето со лалиња на фармата Талис во регионот Вест Сасекс, Англија, стана вистинска атракција за љубителите на природата кои го искористија убавото време за прошетка меѓу илјадниците расцутени цветови, јавува Анадолу. Во рамки на Фестивалот на лалиња, фармата ги отвори вратите за посетителите, нудејќи незаборавно визуелно доживување со повеќе од половина милион лалиња од над 100 различни сорти. Градината, украсена со автентични ...

АНКАРА (АА) - Најмалку 40 Палестинци се убиени во израелските воздушни напади врз Појасот Газа во последните 24 часа, со што бројот на убиени од октомври 2023 година досега се зголеми на 51.065, соопшти денес Министерството за здравство, јавува Анадолу. Во соопштението на Министерството на палестинската енклава се вели дека во болниците се пренесени 73 повредени лица, со што бројот на повредени во израелските напади достигна 116.505. „Многу ...

ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Ел Салвадор, Наиб Букеле, планира двојно да го зголеми капацитетот на најголемиот затвор во светот за да се сместат уште повеќе депортирани лица од САД, објави вчера „Волстрит џурнал“, пренесува Анадолу. За време на неодамнешната посета на американската секретарка за внатрешна безбедност, Кристи Ноем, Букеле изјави дека има намера да го прошири Центарот за затворање терористи (Цекот), во кој моментно се наоѓаат ...

СКОПЈЕ (АА) - Планираниот граѓански протест што требаше да се одржи вчера во населбата Канапе-Верт во Порт-о-Пренс беше откажан поради зголемените тензии, при што илјадници граѓани се подготвуваа да излезат на улиците за да го изразат незадоволството од влошената безбедносна состојба во земјата, јавува Анадолу. Ескалацијата на насилството, растечкото влијание на вооружените банди и зголемената политичка нестабилност, особено во главниот град, ...

СКОПЈЕ (АА) - Бугарија ги демантираше информациите дека планира да се приклучи на договорот за одбранбена соработка потпишан минатиот месец меѓу Косово, Албанија и Хрватска, јавува Анадолу. Како што јави бугарската новинска агенција БТА, министерот за надворешни работи Георг Георгиев во вторникот изјавил дека информациите кои сугерираат дека Бугарија изразила неофицијален интерес за декларацијата за одбранбена соработка меѓу Косово, Албанија и ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 10 лица се убиени, меѓу кои има и деца, во нападот на израелската армија врз шаторите во кои биле сместени раселени Палестинци во Појасот Газа, известува Анадолу. Според изјавите на очевидците, израелската армија ги бомбардирала шаторите на раселените Палестинци во градот Хан Јунис, во јужниот дел на Газа. Во нападот животот го загубиле 10 Палестинци, меѓу кои има деца и жени, кои изгореле од настанатиот пожар. ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Околу 500.000 Палестинци се раселени низ Газа откако Израел ја продолжи офанзивата по прекршувањето на договорот за прекин на огнот со палестинската група Хамас, соопшти денес Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA), јавува Анадолу. Израелската армија ги обнови нападите врз Газа на 18 март и покрај договорот за прекин на огнот и размена на затвореници од 19 јануари. Од почетокот на нападите во октомври ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
63%
1014
weather icon

Белград

15ᴼ / 12ᴼ
1.54
68%
1014
weather icon

Загреб

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
62%
1014
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
88%
1013
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
4.62
84%
1013
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 8ᴼ
1.03
85%
1015
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
6.17
50%
1012
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1017
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
76%
1017
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
6.26
86%
1014
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 10ᴼ
2.68
90%
1014
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
87%
1012
Currency

61.525

Currency

54.0881

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52