
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Речиси 90 лица загинаа во Индија и Непал како последица на удари од гром, град и обилни врнежи, соопштија денес официјални претставници, јавува Анадолу. Најмалку 61 лице загинаа во различни области на источната индиска држава Бихар од 9 април поради удари од гром и град, според официјалните претставници за катастрофи. Претставник на одделот за управување со катастрофи во Бихар за Анадолу изјави дека 39 лица загинале поради инциденти поврзани со ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ја потврди посветеноста на Туркије за мир и дијалог, истовремено осудувајќи ги акциите на Израел во Палестина, и ја истакна улогата на Туркије во глобалната безбедност, јавува Анадолу. „Уште еднаш истакнуваме дека претпочитаме дијалог пред конфликт, здрав разум и глобална совест пред поларизација“, рече Ердоган во своето обраќање на Форумот за дипломатија во Анталија, нагласувајќи го ставот на ...
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес потврди дека рускиот претседател Владимир Путин ќе дискутира за решавање на украинското прашање со американскиот претседателски претставник Стив Виткоф подоцна во текот на денот, јавува Анадолу. Говорејќи на прес-конференцијата во Москва, Песков рече дека средбата ќе трае онолку колку што е потребно за да се пренесе ставот на Русија. Москва го гледа овој контакт како можност да му ја соопшти својата ...
Палестинскиот премиер Мохамад Мустафа денес повика на итен прекин на огнот во Појасот Газа и итно овозможување влез на хуманитарна помош за да се ублажи страдањето на цивилното население, јавува Анадолу. Говорејќи на прес-конференцијата по состанокот на Арапско-исламскиот министерски комитет за Газа, што се одржа на маргините на Форумот за дипломатија во Анталија, Туркије, Мустафа ја нагласи итната потреба од запирање на насилствата. „Мора ...
АНКАРА (АА) - Најмалку уште 26 Палестинци се убиени во израелските воздушни напади врз Појасот Газа, со што бројот на убиени од октомври 2023 година досега се зголеми на 50.912, соопшти денес Министерството за здравство, јавува Анадолу. Во соопштението на Министерството се вели дека уште 106 повредени лица се пренесени во болниците во последните 24 часа, со што бројот на повредени во израелските напади достигна 115.981. „Многу жртви сѐ уште се ...
АНТАЛИЈА (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, се сретна со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, известува Анадолу. Претседателот Ердоган во Анталија се сретна со црногорскиот претседател Милатовиќ, кој пристигна во Анталија за да учествува на 4. Форум за дипломатија. Средбата се одржа во хотелот во кој престојува претседателот Ердоган и беше затворена за медиумите. На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел ...
МОСКВА (АА) - Претставникот на американскиот претседател Стив Виткоф пристигна во Русија на разговори, потврди денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јавува Анадолу. Говорејќи на прес-конференцијата во Москва, Песков ниту потврди, ниту демантираше дека Виткоф ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, но се обврза да ѝ каже на јавноста доколку се случи таков состанок. „Да, потврдувам, тој пристигна“, рече Песков. Претходно денес, ...
СКОПЈЕ (АА) – Во седиштето на Исламската верска заедница на Северна Македонија (ИВЗ) во Скопје, реис ул-улема Шаќир еф. Фетаху свечено го пречека поглаварот на Исламската заедница на Босна и Херцеговина, реис ул-улема Хусеин еф. Кавазовиќ, кој е во посета на земјата, јавува Анадолу. Во таа прилика двајцата потпишаа Меморандум за соработка меѓу исламските заедници на двете земји, со кој се предвидува продлабочување на меѓусебните односи во ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Анкара ќе продолжи да работи со Индонезија за обнова на Газа и одбрана на палестинската кауза, јавува Анадолу. „Во наредниот период, ќе продолжиме да работиме со Индонезија за обнова на Газа и залагање за палестинската кауза“, рече Ердоган на заедничката прес-конференција со неговиот индонезиски колега Прабово Субијанто, кој престојува во посета на главниот град Анкара. Израел се противи ...
СКОПЈЕ (АА) – Министерот за европски прашања на Северна Македонија, Орхан Муртезани, го пречека својот унгарски колега, Јанош Бока, кој престојува во работна посета на Скопје, јавува Анадолу. Министерството за европски прашања соопшти дека двајцата министри ја потврдиле заедничката определба за продлабочување на односите меѓу двете земји, особено во областа на поддршката во пристапниот процес кон Европската Унија. На заедничката ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес се состана со лидерите на Азербејџан, Црна Гора, Косово и Либија во рамките на 4. Дипломатски форум во Анталија, јавува Анадолу. За време на годишниот настан, Ердоган одржа разговори со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, косовската претседателка Вјоса Османи-Садриу и со премиерот на Либија, Абдул Хамид Дбеибе. Според Дирекцијата за комуникации на ...
АНТАЛИЈА (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, се сретна со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, известува Анадолу. Претседателот Ердоган во Анталија се сретна со црногорскиот претседател Милатовиќ, кој пристигна во Анталија за да учествува на 4. Форум за дипломатија. Средбата се одржа во хотелот во кој престојува претседателот Ердоган и беше затворена за медиумите. На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел ...
АНКАРА (АА) - Англискиот премиерлигаш Ливерпул го продолжи договорот со египетската фудбалска ѕвезда Мохамед Салах до 2027 година, известува Анадолу. Во изјавата објавена на клупската веб-страница, 32-годишниот фудбалер вели: „Секако дека сум многу возбуден. Сега имаме одличен тим. И претходно имавме одличен тим. Потпишав затоа што мислам дека имаме шанса да освоиме други трофеи и бидејќи уживам во фудбалот. Ова е одлично, тука ги минав моите ...
АНКАРА (АА) - Илјадници израелски академици, воени лекари и резервисти се приклучија на петиција со која се бара итен прекин на војната во Појасот Газа и ослободување на заробените лица, јавија израелските медиуми денес, пренесува Анадолу. Според извештаите на Армиската радиостаница на Израел, како и телевизиите „Канал 12“ и „Канал 13“, петицијата ја потпишале 2.000 академици, 100 воени лекари и стотици резервисти. Писмото сè уште не е ...
СКОПЈЕ (АА) - Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја зеде 61. жртва. Почина и вториот пациент што се лекуваше во Литванија, а беше во критична состојба уште од почетокот, соопшти денес министерот за здравство на Северна Македонија, Арбен Таравари, пренесува Анадолу. Министерот за здравство рече дека на 17 март 29-годишниот Александар Гавриловски во тешка состојба бил пренесен во Литванија од Градската болница, а на 4 април неговата состојба ...
Денес во Скопје се одржа протестен марш на Иницијативата „Кој е следен?“, на кој беше повикано на будење и менување на системот во земјата, по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 61 лице, јавува Анадолу. Под мотото „Системот заборава, ние не!“ граѓаните движејќи се од Владата на Северна Македонија кон Судскиот совет, Собранието и Кривичниот суд извикуваа слогани „Доста беше смрт“, барајќи правда за сите ...
АНТАЛИЈА (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, се сретна со косовската претседателка Вјоса Османи, известува Анадолу. Претседателот Ердоган се сретна со косовската претседателка Османи, која пристигна во Анталија за да учествува на 4. Форум за дипломатија. Средбата меѓу Ердоган и Османи се одржа во хотелот во кој престојува претседателот Ердоган и беше зад затворени врати. На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само ...
На еден ден се оствари сонот на 18-годишната Инзиле Четинташ, од Јенишехир, во турската област Мерсин, која има Даунов синдром, да стане полицаец, известува Анадолу. Инзиле, ученичка во Училиштето за специјално образование „Хусеин Полат“, го сподели својот сон дека сака да биде полицаец со тимот на полицискиот Оддел за поддршка на заедницата, кој го посети училиштето. Екипите прејдоа во акција врз основа на ова барање и ја изненадија Инзиле ...
АНТАЛИЈА (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, се сретна со косовската претседателка Вјоса Османи, известува Анадолу. Претседателот Ердоган се сретна со косовската претседателка Османи, која пристигна во Анталија за да учествува на 4. Форум за дипломатија. Средбата меѓу Ердоган и Османи се одржа во хотелот во кој престојува претседателот Ердоган и беше зад затворени врати. На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Официјални претставници од институциите за финансии и централните банки на Кина, Јапонија, Јужна Кореја и земјите од Југоисточна Азија оваа недела се состанаа за да го анализираат влијанието на новите американски царини врз глобалната и регионалната макроекономска ситуација, соопшти денес Централната банка на Кина, јавува Анадолу. Заменик-гувернерот на Народната банка на Кина, Сјуан Чангненг, учествуваше на редовниот состанок на ...
СКОПЈЕ (АА) – Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес излезе на улиците на Скопје за да го изрази својот револт откако минатата недела Владата одобри зголемување на минималната плата за 1.800 денари, износ што за ССМ е незадоволителен и, според него, е и незаконски бидејќи минималната плата во земјава не треба да биде помала од 500 евра, јавува Анадолу. Протестот започна напладне пред Работнички дом, каде што членовите на раководството на ...
Американските царини за Туркије, кои се најниски во споредба со другите земји, се позитивни, изјави денес турскиот потпретседател Џевдет Јилмаз, јавува Анадолу. Јилмаз рече дека има пад на цените на артиклите поради царините, а падот на цените е добар за Туркије која е земја увозник. „Во овој поглед може да кажеме дека ситуацијата е во наша корист“, рече Јилмаз на прес-конференцијата во Анкара. Тој нагласи дека Туркије и САД имаат обем на ...
ГАЗА (АА) – Насобраното ѓубре и отпадот во близина на населбите во Газа се претвораат во сериозна закана за јавното здравје, а постојано се зголемува и бројот на раселените лица што се движат кон северот на Појасот Газа. Во близина на импровизираните шатори поставени покрај натрупаните депонии, палестинските граѓани, вклучително и децата, принудени се да живеат меѓу купови отпад. Многумина од нив секојдневно пребаруваат низ ѓубрето обидувајќи се ...
БЕРЛИН (АА) – Неколку партнери од НАТО формираа коалиција за поддршка на Украина во нејзините капацитети за „електромагнетска војна“, соопшти денес германскиот министер за одбрана Борис Писториус, јавува Анадолу. Зборувајќи со новинарите во Брисел пред состанокот на Контакт-групата за одбрана на Украина, Писториус најави дека Германија и нејзините сојузници ќе ја засилат поддршката за Украина како одговор на тековните руски напади. „Како што ...
ВАВИЛОН (АА) - Меѓународниот фестивал Вавилон започна во античкиот ирачки град Вавилон, известува Анадолу. На овој историски локалитет беше поставена театарска претстава што ги прикажува културното и историското влијание на Вавилонската Империја врз глобалната цивилизација. Името Вавилон произлегува од акадскиот збор баб-илим и означува божја врата. Во времето на војсководецот Александар Македонски името му е сменето во Вавилон. Античкиот град ...
ЊУЈОРК (АА) - Хеликоптер падна во реката Хадсон, во близина на долниот дел на Менхетен, во Њујорк, Соединетите Американски Држави (САД), при што загинаа сите шестмина патници што се наоѓале во него, јавува Анадолу. „Тројца возрасни и три деца биле во хеликоптерот од тип Бел 206 што полетал од Скајпорт во центарот на градот околу 15 часот“, изјави градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, на прес-конференцијата, додавајќи дека пилотот и семејството ...
АНКАРА (АА) - Снежните врнежи што започнаа во утринските часови во Анкара, главниот град на Туркије, со снег прекрија голем дел од градот, известува Анадолу. На улиците имаше бела прекривка, а снегот ги покри и паркираните автомобили. Жителите на Анкара, некои изненадени, некои затечени од снежните врнежи, продолжија со своите секојдневни активности. На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од ...
Мноштвото училишта низ Велика Британија ја забранија употребата на мобилни телефони за време на училишните часови, покажува првото национално истражување од овој вид, со оглед на растечката загриженост за негативното влијание на паметните телефони врз благосостојбата на младите, јавува Анадолу. Истражувањето, нарачано од детскиот комесар на Велика Британија, Рејчел де Соуза, покажа дека 99,8 % од основните училишта и 90 % од средните училишта ...
Хеликоптер се урна во реката Хадсон, во близина на долниот дел на Менхетен, во Њујорк, Соединетите Американски Држави (САД), каде сѐ уште нема официјални информации за жртви, јавува Анадолу. Полициската управа на Њујорк потврди дека несреќата се случила „во близина на автопатот Вест Сајд и Спринг Стрит“, предупредувајќи ги возачите и пешаците преку платформата Х „да очекуваат возила за итни случаи и застој во сообраќајот во околните области“. На ...
Разнобојни лалиња во полн цут ги воодушевија посетителите на годишниот Фестивал на лалињата во Иран, истакнувајќи ги богатите хортикултурни традиции на земјата, јавува Анадолу. Оваа, 11-та година на негово одржување, фестивалот се одржа во паркот Чамран - познат и како „Градина на цвеќето“ - во иранската покраина Алборз, западно од Техеран. Над 150.000 лалиња го трансформираа паркот во живописно море на бои. На фестивалот се прикажани разновидна ...