РЕДИ рециклажа е општествено одговорна компанија. Пред речиси две години зборувавме за нив. Нивната најнова акција за собирање на стара бела техника и друг електронски отпад ќе се спроведе на 29. март, петок од 09:00 – 17:00 часот, дирекно од вашата адреса. Електронскиот отпад содржи опасни материјали и потребно е стручно и одговорно да се управува со него. Тоа го овозможува оваа акција, во која што е нагласено: Дали имате електронски отпад што ...

„Ѓубрето е бизнис“, така започнува првиот македонски краткометражен анимиран филм правен со помош на вештачка интелигенција „Мечказила vs. Токсиволк, во битката кај Скорне“. Во дистопискиот град Скорне, опустошен од уништување и загадување на животната средина, Јан се појавува како неподобен херој. Со помош на неконвенционални сојузници, тој е сведок на уништувањето извршено од монструозните Мечказила и Токсиволк, суштества родени од токсичното ...

Посетете ја групата Графит.мк и споделете фотографии на графити, уште подобро ако сте автор! Целта на групата е да се направи архива на графити од Македонија, бидејќи графитите се вид ангажирана уметност, сведожба на едно време и на духот на народот. Групата понатаму ќе се користи за промовирање на графити уметниците. Затоа се препорачува во групата и да се наведуваат имињата на авторите, а може и да се наведе приказната зад конкретниот графит ...

Групата „Размена на книги“ ве повикува на размена на книги и книжевни муабети во Metanoja Literary Café во сабота во 19 часот. „Размена на книги“ е најголемата група на социјалните медиуми поврзана со литературата и културата на читањето книги. Таа брои 30 илјади членови. Oсвен првичната намена, размена на книги, во групата се препорачуваат автори и нивните дела, се дискутира за истите, авторите се промовираат итн. Не се знае точниот број на ...

е-хемија, како сајт за материјали по хемија за основно и средно училиште, но и статии и интересни факти за деца и возрасни, е вистинска ризница на знаењето од областа на хемијата, а што се прави со ризница? Се чува и почитува. Дали нашата држава го прави тоа? Зад е-хемија стои „Здружение за унапредување и развој на образованието и науката „Е-ХЕМИЈА“ – Прилеп“, но всушност мозокот зад операцијата е професорот Блаже Димески. Кој е Блаже Димески? ...

Роман на годината е годишна литературна награда што ја доделува „Утрински весник“ за роман објавен во Македонија. Тоа е не само најзначајна ваква награда кај нас, туку и одлична промоција за наградените автори (и финалисти), чија кариера станува многу поуспешна по овој настан. По згаснувањето на „Утрински весник“ во 2017 година, конкурсот го распишува Фондацијата „Славко Јаневски“. Пред вас се наоѓа целосната листа на финалистите и победниците ...

„Рамнотежа“ е надреалистички анимиран филм од 1989 година, во режија и продукција на браќата Волфганг и Кристоф Лауенштајн од Германија. Видеото настана така што германскиот бенд Alphaville за нивниот видео-проект Songlines понудиле на различни уметници да изработат кратки видеа за песните од нивните албум The Breathtaking Blue. Волфганг и Кристоф Лауенштајн направиле видео за песната “Middle of the Riddle”. Подоцна филмот бил преименуван како ...

Излезе новата верзија на Claude и стручњаците направија т.н. „benchmark“ тестови. Дали Claude е најнапреден јазичен модел? Споредба помеѓу најразвиените модели Резултатите се дека Claude е понапреден од ChatGPT. Сето ова треба да се земе со резерва, зашто она што не е сосема јасно е кој ги изработува овие споредби, а достапни се на сајтот на Claude. На пример, табелата достапна на сајтот на Claude3 кај споредбата со GPT-4 не пишува дека се ...

ChatGPT има опција за Read Aloud и тоа одлично функционира на англиски и другите поголеми јазици, но што е со македонскиот јазик? Како што веќе знаеме сите, ако му поставите прашање на ChatGPT на македонски јазик, тој ќе ви одговори со (речиси) совршен македонски. Некогаш прави грешки. Прво треба да одберете еден од гласовите со кои располага ChatGPT. И потоа ја изберете опцијата за Read Aloud. Тогаш вашиот текст ќе звучи вака: Доста ...

На сајтот на Министерството за внатрешни работи се појави информација дека „граѓаните на Град Скопје кои се фотографирале во редовна постапка на пунктовите “Пролет“ и “МТВ“ можат да го проверат статусот на нивниот пасош.“ Кликнете на овој линк и проверете и вие дали вашите документи се уште во кафкијанскиот „процес“ или имате среќа (во несреќа) да бидат готови. Ако сте заинтересирани зошто ја употребивме оваа аналогија, прочитајте го романот ...

Вештачката интелигенција, како и сите технологии, може да се искористи за добро, но и да се злоупотреби. Од ноември 2022 година, кога ChatGPT беше достапен на јавноста работите во областа на државната матура кај нас се сменија драстично. Во разговор со оценувачи на државната матура откривме дека голем дел од есеите по англиски јазик биле напишани со помош на ChatGPT. Друг проблем е како воопшто матурантите дошле до оваа технологија кога некој ги ...

Во нашите предвидувања за развојот на вештачката интелигенција за 2024 година пишувавме за развојот на АИ генерирани видеа, но никој не можеше да претпостави дека толку голем скок ќе се случи толку брзо. „Sora“ на OpenAI веќе генерира реални видеа од текстуални наредби. Тука можете да видите некои од демо примерите. За жал OpenAI не кажа кога моделот ќе биде достапен за користење за општата популација. Она што е интересно е дека за тренирање не ...

„Култура Бета“ утре (16.02.2024) слави 4 години и е доказ дека младината во Македонија е креативна и работлива, дека создава и менува. Лично се радуваме за ова, како и за подобрувањето на нивните дизајни, би сакале истото да го видиме и на нивниот сајт, но наша општа „забелешка“ е – браво млади! Со претставување на романот „Ронлива“ и разговор со авторката Милена Сиљаноска, 9. Поетска епизода и свирка на „Кенопсија“, младинското здружение за ...

Во епизодата 2098 од The Joe Rogan Experience, Џо дискутира со комичарите Шејн Гилис и Мет МекКускер за тоа кој би победил во хипотетичка борба помеѓу лав, горило, гризли и тигар. Тука реферираат на подкаст водителот (и АИ истражувачот) Лекс Фридман кој, интересно, вакви дебати имал неколку пати, со неколку џиуџицу инструктори Џон Данахер, Роџер Грејси и Крег Џонс. Ние се решивме да ги прашаме ChatGPT и Gemini поради богатството информации со ...

Оваа година е една од полошите за македонските ски центри. Имаше малку врнежи од снег, а поради високите температури и тоа малку снег брзо се стопи. Практично немаше ни десет добри дена за скијање во целата сезона. Најголемите домашни скијачки центри (Попова Шапка и Маврово) правеа сѐ што можат да ја спасат сезоната, но сѐ е залудно кога нема снег. Сепак, практиката да ги остават скијачите да „скијаат“ по земја и камења сериозно го нарушува ...

Adobe Premiere е индустрискиот стандард за уредување и монтажа на видеа, но мораме да признаеме, CapCut како бесплатна и user-friendly програма е јасен победник. Да не го заборавиме и фактот дека таа заменува две програми – Adobe Premiere и Adobe After Effects! Пред да почнеме со споредбите, би требало да споменеме дека тие кои се веќе искусни во Adobe Premiere веројатно нема да се согласат да користат CapCut, но за почетници втората програма е ...

Дали сте знаеле дека Блејд Ранер е франшиза и не се состои само од двата најпознати филмови? По кој редослед да ги гледате? Дали се остварија предвидувањата на оригиналниот филм? Постои ли македонски Блејд ранер? Филмот е според книга, но дали постои и книга според филмот? Дознајте ги одговорите во овој текст. Блејд ранер некогаш и денес Знаеме што претставува Блејд Ранер денес, но што претставуваше тој филм во „наше време“? Тогаш за овој култен ...

Ако сте во дилема дали да се греете на дрва или пелети направивме калкулатор кој ќе ви помогне да го откриете поекономичниот начин на греење. Огревниото дрво е најчестиот начин на греење во нашата земја. Од поново време како алтернативно греење граѓаните на располагање ги имаат и пелетите. Пелетите се попрактични и загадуваат 30 пати помалку од огревното дрво. Истури ја вреќата пелети во печката, стисни копче и завршена е работата. Пелетите се ...

Арно.мк постои 5 години, но дали направивме доволно? Кога го создадовме овој портал немаше пандемија и името на нашата држава не беше сменето. Дали светот денес е поарен од 2019 година? Како прво, би сакале да се заблагодариме на нашиот провајдер МКхост за тоа што нѐ поддржуваат и се грижат да имаме одличен и брз хостинг! Што имаме направено во овие 5 години и што треба да направиме? Кога започнавме со работа, идејата на порталот беше да ...

Направивме едно кусо видео како пример за Малешевско – пиринскиот дијалект. Благодарност до познатиот македонски актер Александар Шехтански кој го читаше текстот. Кога работевме на текстов залудно се обидувавме да најдеме аудио или видео примери на интернет од овој вид на говор – и затоа се решивме да направиме кусо видео. Сметаме дека во поновиот македонски медиумски простор, пред сѐ на интернет (медиум кој го користат младите), недостасуваат ...

Како што влегуваме во 2024 година, вештачката интелигенција (АИ) продолжува со својата брза еволуција, носејќи возбудливи случувања и предизвици, од генеративната АИ и нејзините апликации во генерирањето видео, музика и глас, до зголемената употреба на генерирани содржини во политиката и медиумите. Ќе се развиваат модели на АИ за одредени индустрии, додека здравството, образованието и науката брзо се приспособуваат на промените. Забрзано се ...

Ако не се сеќавате на филмот Џони Мнемоник, тогаш сигурно знаете за Матрикс, легендарниот научно-фантастичен филм (франшиза) од (до сега) 4 филмови од 1999 до 2021 година. Ако ви е позната играта Cyberpunk 2077, тогаш сте блиску до тајната врска помеѓу овие три киберпанк феномени. „Џони Мнемоник“ е расказ од Вилијам Гибсон објавен во 1981 година во магазимот Омни. Македонскиот превод на расказот е објавен во Маргина бр. 19/20 од септември 1995 ...

Splashmusic е апликација која користи вештачка интелигенција за генерирање песни. Порано се викаше Beatbox и со еден клик правеше песна, се што требаше да направите е да одредите тема и жанр. Сега е малку покомплицирано, но внатре апликацијата содржи опција “generate lyrics”. Прва проба Ние се обидовме со едноставен наслов кој нема да сугерира на нешто веќе познато, туку ќе ја „изненади“ вештачката интелигенција, пр. „Communist Rap” и го добивме ...

Институтот за Родови Студии (ИРС) е еден од првите институти во Македонија кој активно ја применува вештачката интелигенција како корисна алатка во учењето, истражувањето, надоградувањето знаење или едноставно во барањето информации. Нивниот најнов проект е aigender.net – употреба на вештачка интелигенција за унапредување на родовата еднаквост во академските истражувања. Таму можете да најдете и користите повеќе корисни АИ алатки. Тие ја имаат ...

Се обидовме со помош на Вештачка интелигенција (Dall-e и Midjourney) да направиме слики во стилот на Дирер, но се соочивме со пречки. Сепак, custom GPTs ни дојдоа на помош. Дознајте како „MJ Image Reverse Prompt“ на нашиот Владимир Карер GPT ни помогна да создадеме прекрасни слики во стилот на дрворез инспирирани од Дирер. Кој е Албрехт Дирер? Албрехт Дирер, ренесансен уметник со потекло од Германија, е познат по неговиот исклучителен придонес ...

Ја тестиравме опцијата Realtime Gen на Leonardo.ai за вас. Се работи за интересна бета верзија достапна на Early Access. Оваа опција ви овозможува да генерирате слики и во “real-time” да гледате што се создава пред вас. Обично кога генерирате слики со Midjourney или Dall-e морате да почекате додека не ја добиете готовата слика. Во случајот со Леонардо можете да гледате како вашиот текстуален инпут (prompt) ја менува сликата. Тоа ви овозможува да ...

Апликации на македонски јазик поврзани со создавање и обработка на содржини на македонски јазик постојат, но не се совршени и обичниот човек тешко доаѓа до нив. Проблемот со автоматска транскрипција на македонски јазик Пред извесно време тимот на Арно.мк помина денови во барање апликација која прави транскрипција на македонски говор. Пробавме многу апликации, помеѓу кои платените: Riverside, Rask, Flixier, Goodtape, како и бесплатните достапни ...

Што нѐ очекува во 2024 година на полето на АИ? Никој не знае со сигурност, но она што може да се знае е дека моделите со природни јазици (LLM) и понатаму ќе се развиваат, како и Генеративната вештачка интелигенција (GenAI). Двете нешта ќе наидат на се поширока примена од здравството до образованието, преку роботиката и бизнисите. Се очекува поголема регулатива на вештачката интелигенција и построги закони за копирајт, како забрана за користење ...

„Магла насекаде, магла околу нас“ (Magla svuda, magla oko nas) е позната песна на хрватската пејачка Јосипа Лисац од 1980 година. Песната пее за љубовта, маглата е метафорична, но за граѓаните на Скопје е буквална! Маглата не е лоша, ја има секаде, проблемот настанува кога таа се меша со ПМ честичките од горењето дрва и други штетни честички од возилата и индустријата, па станува смог и тврдоглаво нѐ притиска како некое небесно ќебе кое не ни ...

Парадоксот на Моравец, именуван по пионерот на вештачката интелигенција и роботиката Ханс Моравец, дава фасцинантна перспектива на полето на AI (вештачка интелигенција). Според него „спротивно на традиционалните претпоставки, расудувањето бара многу малку пресметување, но сензомоторните и перцептивните вештини бараат огромни пресметковни ресурси.“ Ова е значајно на полето на AI и роботиката. Со еден збор, она што е лесно за нас е тешко за ...

Скопје

5ᴼ/5ᴼ
5.14
56%
1013

Белград

7ᴼ/5ᴼ
4.12
47%
1010

Софија

2ᴼ/1ᴼ
7.2
67%
1014

Сараево

6ᴼ/6ᴼ
5.37
52%
1012

Љубљана

5ᴼ/2ᴼ
1.03
90%
1003

Атина

21ᴼ/18ᴼ
5.81
55%
1007

Тирана

13ᴼ/13ᴼ
2.06
44%
1011

Подгорица

10ᴼ/9ᴼ
1.54
46%
1011
Currency

61.525

Currency

58.4309

Currency

73.8197

Currency

38.0152

Currency

41.7196

Currency

65.9923

Currency

8.058

Currency

0.58031

Currency

0.37565

Currency

0.52588

Currency

1.69469

Currency

0.6927

Алуминиум

2 $

Иридиум

147909 $

Кобалт

486 $

Никел

508086 $

Рутениум

15530 $

Калај

29 $

Сребро

992 $

Злато

85170 $

Бакар

8 $

Паладиум

32347 $

Платина

30775 $

Родиум

147909 $

Цинк

95688 $