ZIP/ZIPER е млад графити уметник од скопската населба Ченто чија приказна почнува со еден празен ZIP фајл на факултет, а денес прераснува во нешто многу поголемо. Неодамна нè контактираше за да ни ја претстави новоформираната екипа DreadCrew и да сподели информации за современата графити сцена во Скопје, помагајќи ни да го дополниме нашиот историски преглед на графити движењето во Македонија од 1995 до 2025 година. Летото 2024 година, ZIP и ...

Во време кога дигиталната комуникација често нè оддалечува од правилното користење на македонскиот јазик, со гордост претставуваме едноставна, но моќна алатка за зачувување на нашето писмо – интерактивната игра „Букволовка“. Оваа апликација е дел од континуираните напори на арно.мк за создавање на корисни јазични алатки кои помагаат во истражувањето, збогатувањето и прославувањето на македонскиот јазик. Иако оваа конкретна алатка е техничка и се ...

Генеративната вештачка интелигенција и јазичните модели станаа неразделен дел од нашето секојдневие. Речиси секој човек во развиениот свет денес користи некаква форма на вештачка интелигенција. Но се поставува клучното прашање – колку е оваа технологија навистина „интелигентна”? Концептот на машинска интелигенција е исклучително комплексен, со дефиниции што постојано еволуираат. Низ годините, бројни научници и мислители придонеле кон нашето ...

Апликацијата „Генератор на благослови и клетви” е наша најнова интерактивна јазична алатка што на уникатен начин го истражува македонскиот фолклор и креативниот потенцијал на нашиот јазик. За апликацијата Создадена со помош на вештачка интелигенција, апликацијата нуди едноставен интерфејс преку кој корисникот може да генерира случајни благослови и клетви од богатата ризница на македонската народна традиција. Пробајте ја апликацијата тука. ...

Pika.art е платформа базирана на вештачка интелигенција која го олеснува создавањето на видеа, овозможувајќи им на корисниците брзо и лесно да ги претворат своите идеи во динамични видеа. Целта на платформата е да ја направи видео продукцијата подостапна за сите. Pika.art нуди функции како конверзија на текст во видео, прилагодливи шаблони и богата медиумска библиотека, што ја прави погодна и за почетници и за професионалци. Ние ја искористивме ...

Viggle.ai е нова AI алатка која го трансформира начинот на кој креираме видеа и анимации. Оваа апликација овозможува едноставно анимирање на било кој лик во постоечки видео материјал. Нашето искуство со Viggle.ai Направивме кратко видео користејќи ја култната сцена со танцување од филмот Napoleon Dynamite (веќе 20 години стар филм!) и лик правен според Алберт Ајнштајн. Со едноставен избор на сликата и видеото, апликацијата сама го креираше ...

2024 година беше исполнета со иновации и значајни достигнувања за тимот на Арно.мк. Фокусот беше ставен на неколку клучни области: истражување и примена на вештачката интелигенција во македонски контекст, развој на креативни дигитални алатки за македонскиот јазик и култура, значителен придонес во документирањето на графити културата, и активен ангажман во еколошкиот активизам. Покрај богатата издавачка дејност која резултираше со книги, ...

Зелен пазар во Скопје. Меѓу тезгите со пластични домати и ѕидовите исчкртани со пораки, откривам приказна за нашиот град во постојана транзиција. Овде, графитите не се само вандализам – тие се огледало на нашите надежи, фрустрации и секојдневие. Срцето на Скопје, место каде што цените на зеленчукот се менуваат почесто од политичките слогани на ѕидовите, а уметноста никнува и таму каде што најмалку ја очекувате. Зелен пазар, срце на градот што ...

Кога на мејл ни пристигна промото за новиот албум на Д.Н.О. наречен „Вистински”, наместо да го „копи-пејстираме“ прес-материјалот како многумина други, решивме да си дадеме време и простор да го преслушаме и доживееме албумот онака како што заслужува – со целосно внимание и отворено срце. Од 1999 година Д.Н.О. поминале низ многу промени на составот, а во бендот членувале одлични инструменталисти и музичари од највисок ранг. Сегашниот состав е ...

Замислете свет каде што вашата стара омилена кошула не завршува на депонија, туку се преродува во модерно парче облека. Токму тоа го прави Катерина Димитровска со својот бренд Луна Адитеја – и сега е време да ѝ помогнеме да направи уште поголемо влијание. По девет години посветена работа во трансформирање на облека во уникатни дизајни, Катерина е подготвена за следниот голем чекор, а вие можете да бидете дел од оваа модна револуција. Се ...

Замислете еден ѕид. Сив ѕид од кој било град во Македонија прекриен со графити, ѕид што ги памети сите слоеви на времето, сите генерации што оставиле свој белег на него. Токму таков е новиот плакат на Арно.мк, насловен „(Скоро) дефинитивен времеплов – СК/МК графити екипи (1995-2025)“ – своевиден родослов на скопската и македонската графити сцена што ги открива слоевите на една богата урбана култура која се развивала три децении. Плакатот во ...

Со задоволство го (ре)објавуваме текстот „Скопски графити 2“, оригинално објавен во списанието „Културолошки бележник“ во 1989 година, издание за култура и уметност на Културолошкиот клуб при УСО „Јосип Броз Тито“ во Скопје. Текстот е напишан од Јане Теохаревски, а фотографиите се на Дарко Митревски. Овој текст претставува еден од ретките зачувани записи за скопската графити сцена пред 1990-тите, период кој останува слабо документиран. Во ...

Прв акустичен концерт на бендот | Прв визуелен музички родослов во македонската музика Во духот на нивната автентичност и бескомпромисна енергија, легендарниот македонски ска-панк бенд Суперхикс го прославува својот триесетгодишен јубилеј со уникатна комбинација од акустичен концерт и ретроспективна изложба. Овој несекојдневен настан ќе се одржи на 8 и 10 декември во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода. Ние на Арно, за прв пат во ...

Зимата е на прагот, а со неа доаѓа и вечното прашање – кој начин на греење е најекономичен? Многумина од нас се потпираат на лично искуство или совети од пријатели при донесувањето на оваа важна одлука. Но, дали постои попрецизен начин да се одреди најевтиниот метод на греење? Одговорот е да, и ние ќе ви го покажеме. Научен пристап кон проблемот Наместо да се потпираме само на приближни проценки, решивме да примениме научен метод за да добиеме ...

Шетајќи низ Дебар Маало, некогашното јадро на алтернативната скопска култура, се обидувам да ги фатам последните траги од едно исчезнато време. Од урнатините на старото кино „Карпош“ преку Ул. „Орце Николов“ до Министерството за култура – се откриваат генерации жители, уметници, бунтовници и сонувачи што го обликувале идентитетот на ова легендарно маало низ децениите и транзициите. Графити приказна раскажана преку сеќавањата на оние што го ...

Инспирирани од експерименталните раскази на македонскиот писател Бранко Прља, порталот арно.мк создаде уникатна алатка за креативно пишување. Пробајте ја алатката и прочитајте го интервјуто. Генератор на азбучен расказ Не дадовме премногу опции на зборови, бидејќи тоа е во согласност со филозофијата на овој тип раскази. Зошто? Дознајте во интервјуто. Разговараме со Бранко Прља за неговиот креативен процес и експериментите со формата. Бранко, ...

„Другата“ страна на кејот, збор што во себе носи мистерија, оправдана или не? Додека „оваа“ страна на кејот пулсира од живот – толку пешаци и велосипедисти што човек едвај се разминува, а помеѓу нив фрчат тротинети – „другата“ страна е речиси пуста. Дива. Заборавена. Веќе ги имав документирано графитите од таа страна карши Градскиот стадион и кон плоштадот, ми остана делот од МНТ кон Ново Лисиче. Завеслав со точакот кон мостот „Филип II ...

Една лична приказна за одгледување јапонско јаболко во македонски двор (во потрага по одговор на прашањето – кога се бере ова јаболко!?) Во нашите македонски дворови, каде што секое растение има свое име со нежен призвук – патлиџанче, пиперче, малинче – во изминативе децении се вгнезди уште еден необичен жител: јапонското јаболко. И додека ние, верни на нашата традиција на скромност и умереност, го негуваме нашето парче земја со трпение и љубов, ...

Научени сме да се го критикуваме ентитетот наречен „држава“ во секоја прилика. Таа ни е виновна за се! Според некои истражувања, Македонците се најнесреќен народ во регионот. Но, дали е тоа реално? Во време кога многумина од нас често се жалат на стандардот и животот во Македонија, една подлабока анализа открива дека реалноста можеби и не е толку мрачна како што понекогаш ја претставуваме. Всушност, кога ќе се земат предвид сите фактори, ...

Во Скопје, главниот град на Македонија, се одвива епска сага која ги надминува границите на времето и просторот. Веќе четири години, жителите на две населби се сведоци на едно од најголемите чуда на модерното време – реконструкцијата на пат Пинтија-Драчево долг само 1,5 километри. Колку за потсетување за патот преку кој дневно поминуваат и по 50.000 возила Град Скопје зема кредит од 4 милиони евра и требаше да биде завршен за 2 години. Овој ...

Во пресрет на Ai Tech Summit во Скопје за кој влезниците се од 300-700 евра (и се поставува прашањето за кого всушност е овој самит!?), како непрофитен портал кој работи за доброто на Македонија и народот, решивме да сумираме што направивме досега на полето на вештачка интелигенција во (и за) нашата држава. Па еве, ова се некои од работите кои ги направивме на полето на АИ во Македонија: 1) Трениравме први модели со Stable Diffusion за ...

Маџари, населба заробена во времето, ме повика со својот молк. Тргнав во потрага по графити, по боите што ги нема, по приказните неиспишани на бетонските платна. Возејќи со велосипед по познатиот пат, сеќавањата навираат како матната река Вардар – ’90-тите, исполнети со звуците на Iron Maiden, Moonspell, Anathema. „Слушај, слушај…“ – гласот на другарот од средно одекнува низ ходниците на времето, прекинувајќи го разговорот за да фатиме некој бас ...

Абрахам Маслов, еден од пионерите на хуманистичката психологија, е најпознат по својата теорија за хиерархијата на потреби. Оваа теорија, првично претставена во 1943 година, стана основа за разбирање на човечката мотивација и развој. Меѓутоа, малку е познато дека Маслов значително ја ревидирал својата теорија кон крајот на својот живот, воведувајќи ново, повисоко ниво на потреби, наречено самонадминување (self-transcedence). Дали ревидираната ...

Дали некогаш сте сонувале да ги намалите сметките за струја и истовремено да придонесете за заштита на животната средина? Соларната енергија може да биде одговорот на овие желби, особено во Северна Македонија каде што моментално се отвораат интересни можности. Направивме практичен калкулатор и информативен подкаст на оваа тема, кој можете да го слушате во движење или додека работите нешто друго. Глобален пад на цените Според неодамнешна анализа, ...

Во ерата на енергетска транзиција и зголемена свест за животната средина, донесувањето информирани одлуки за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија станува сè поважно. На Арно.мк, ја разбираме потребата за прецизни и лесни за користење алатки кои ќе ви помогнат во овие одлуки. Затоа, создадовме збирка на специјализирани калкулатори и апликации дизајнирани да ви помогнат да ги оптимизирате вашите енергетски инвестиции и ...

На Арно.мк, создадовме збирка на уникатни јазични алатки дизајнирани да го истражат, збогатат и прослават нашиот прекрасен јазик. Без разлика дали сте писател, ученик, или едноставно љубител на јазикот, нашите алатки ќе ви помогнат да го доживеете македонскиот на нов и возбудлив начин. Еве преглед на нашите иновативни јазични алатки: Панграм проверувач Создавате ли совршен панграм? Нашиот “Панграм проверувач” е вашиот верен помошник. Оваа ...

Со појавата на современите технологии, сè повеќе библиотеки и институции преземаат иницијативи за дигитализација на културното и литературното наследство. Но, постои важна заблуда што се шири меѓу оние кои дигитализираат материјали: само затоа што документ е зачуван како PDF фајл не значи дека истиот е вистински „дигитален“. Што е навистина дигитален документ? PDF документите, кои често се создаваат со скенирање на хартиени документи, се ...

Во првата епизода на Арно.мк подкастот, водителите Сара и Џон го истражуваат напуштениот трговски центар Скопјанка и неговите графити, како симболи на урбаното распаѓање во постсоцијалистичка и транзиционо-капиталистичка Македонија. Повод за оваа епизода е текстот насловен „Графити во Т.Ц. Скопјанка: меѓу капитализмот и распаѓањето“ и англиската верзија на текстот “Urban Decay and Resilience: Graffiti in a Post-Socialist Shopping Center in ...

Улица Илинденска, некогаш дел од мојата секојдневна рутина, сега пред мене се открива како богата галерија на сеќавања и уметност. Секој чекор ме носи подлабоко во лавиринтот на минатото – Илинденска бр. 38, домот на алтернативната скопска културна сцена, Културниот Центар Точка, преку фонтаната и градскиот парк до Зоолошката градина – мојот микроуниверзум. Но денес, мисијата ми е поинаква – да ги документирам графитите кои ги красат зградите на ...

Ресторанот „Самоисхрана” во центарот на Скопје беше сместен на улица „Никола Вапцаров”, спроти кафичот „Тренд” и во близина на „Ловец” и продавницата „Беба”. Се наоѓаше во истата зграда со канцелариите на ГП „Бетон”. Овој ресторан, кој функционираше од средината на 1960-тите години, се смета за една од првите „самоисхрани” во градот според некои извори. Карактеристичен по својот систем на самопослужување, „Самоисхрана” нудеше широк избор на ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
41%
1017
weather icon

Белград

10ᴼ / 10ᴼ
1.79
63%
1017
weather icon

Загреб

17ᴼ / 14ᴼ
4.63
42%
1021
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
9.26
43%
1015
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
12.22
47%
1012
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 11ᴼ
1.14
67%
1021
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
7.2
55%
1019
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
41%
1020
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
50%
1020
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 9ᴼ
7.72
55%
1008
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 11ᴼ
8.75
42%
1018
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 8ᴼ
7.72
57%
1016
Currency

61.535

Currency

56.0037

Currency

71.5311

Currency

33.591

Currency

39.2335

Currency

66.3

Currency

7.57193

Currency

0.64317

Currency

0.3847

Currency

0.52535

Currency

1.46199

Currency

0.64094

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

14262.50

Рутениум

20190.67

Калај

33.78

Сребро

977.48

Злато

99197.17

Бакар

8.49

Паладиум

28678.47

Платина

28984.48

Родиум

170398.96

Цинк

2.61