Кога првпат го видов трејлерот за „Golema Tegla Ajvar: Skopje“, најмногу ме привлече колку добро беа погодени скопските сцени и секојдневните муабети: смогот, мајката што прашува дали синот кој слетал на скопскиот аеродром јадел, убедувањето дека Германија значи пари, запуштеноста, автомобилите и паркирањето по слободен избор. Во тој свет природно се наредени кладилницата, менувачницата и бурекџилницата, како урбана азбука што ја читаме без ...

Зошто сакаме некоја песна? Поради гитарата, гласот, ритамот? Затоа што сме ја слушнале во вистинскиот момент, со вистинските луѓе? Или затоа што во тие три минути има нешто што не умееме да го објасниме, но веднаш го препознаваме? Музичкиот вкус е лично нешто, составено од сеќавања, расположенија и случајни откритија. Затоа ми беше интересно да направам мал експеримент: да побарам од вештачката интелигенција да ги анализира моите лајкувани ...

Нобеловата награда за физика повторно ги стави неутрината во центарот на вниманието. Зошто е ова битно за нас? Ви текнува на лорандитот и неговото својство да биде природен детектор на неутрина (т.н. „честички духови“)? Ова за Македонија отвора едно старо прашање: што се случи со идејата дека лорандитот од Алшар може да ја прочита историјата на Сонцето? На 6 октомври 2026 година, Нобеловата награда за физика му беше доделена на Франсис Халзен ...

Два агрегатори, десетици домашни извори и една заедничка идеја: науката, уметноста и креативноста да добијат повеќе простор во нашето секојдневие. Science и Creative се обновени, со нов изглед, проширен избор на извори и полесно откривање содржини на македонски јазик. Што ново се случува во домашната култура? Каде да прочитаме за научно откритие, да откриеме интересен автор или да дознаеме нешто повеќе за вештачката интелигенција? Такви ...

Како би изгледала Македонија под целосна државна контрола, населена со репликанти или преобразена од науката? Трилогијата „Апокалипса.мк“ на Бранко Прља отвора три различни погледи кон иднината, со многу траги од нашата сегашност. Обновената страница на трилогијата, со анимирана дистописка сцена, музичка позадина и PDF-извадоци од трите романи, е повод повторно да ги посетиме овие можни светови. Поводот за ова враќање кон трилогијата ...

Во последните неколку недели се случија неколку настани кои на прв поглед изгледаат како одделни вести. Во Битола беше промовирано македонското издание на инструментите на меѓународното космичко право, Србија стана 69. држава што ги потпиша Artemis Accords, а во Македонија беше предложен првиот буџетски амандман за почеток на проектот за национална астрономска опсерваторија – кој за жал не беше усвоен. Сепак, ако овие настани се погледнат во ...

На 2 август, кога зборуваме за слобода, достоинство, заедница и државност, вреди да се потсетиме дека тие големи зборови не се проверуваат само во историјата и на свечените говори, туку и во малите секојдневни гестови – во тоа дали ќе понижиме непознат човек што побарал нешто скромно, или едноставно ќе му подадеме рака. Токму во таа смисла, едно навидум скромно барање во групата „Дај, не фрлај“ отвори муабет за кафе, срам, сиромаштија, ...

Косово веќе успеа да изгради Национална опсерваторија, за чија изградба тамошната Влада обезбедила 300.000 долари. Македонија, иако има значително подолга астрономска и научна традиција, како и најмалку 14 забележани иницијативи во текот на околу 70 години, сметано од првиот познат предлог, сè уште нема ваква институција. Првиот конкретен буџетски амандман за почеток на проектот неодамна стигна до Собранието, но не беше усвоен. Затоа ...

Ако имате или планирате да поставите соларни панели на куќата, викендицата или фирмата, наскоро ќе работите според нови, попрецизни правила. Новиот Предлог-закон за користење на енергија од обновливи извори детално го уредува т.н. нето-мерење — начинот на кој луѓето што сами произведуваат струја (најчесто преку соларни панели) ја пресметуваат сметката за електрична енергија. Еве едноставно објаснување што значи тоа и што се менува. Кој е ...

Охрид има посебно место во историјата на македонските графити, но периодот по 2001 година остана многу помалку документиран. Новите информации за SAP, VM/GVM, CZM и движењето „Уметност“, како и интервјуто со NOBI, отвораат прозорец кон една млада сцена во формирање: генерација што сè уште го учи занаетот, но веќе има јасна желба да ја врати охридската графити култура „како што беше“. SAP, VM, CZM и „Уметност“ ја продолжуваат приказната на ...

Тим Дилон, 4 јули и Америка како хорор-комедија Вистинската комедија никогаш не е само смешна. Таа е најсилна кога е ставена во функција на општествена критика – кога низ смеа го кажува она што сериозниот говор веќе не може, или не смее, да го каже. Некогаш тоа беше Џорџ Карлин: последниот голем американски комичар за многумина, човекот кој ја претвораше сцената во операциона сала за американските митови. Потоа дојде Бил Хикс, премногу остар, ...

По силното невреме што го зафати Скопје, издавачката куќа „Антолог“ соопшти дека нејзините магацински простории се целосно поплавени. Според нивната објава, уништени се десетици илјади книги, возило, инвентар, техника и речиси сè што со години било дел од секојдневното функционирање на оваа издавачка куќа. Како заедница која ги сака книгите, која живее со книгите и за културата, она што се случи со „Антолог“ нè погоди многу. Дополнително, ...

Арно.мк повторно ги поканува сите цртачи, екипи и луѓе од графити сцената да споделат точни информации, корекции, фотографии и податоци за нови и стари екипи. Целта е следната верзија на плакатот „СК/МК графити екипи 1995–2025“ да биде уште поточна и побогата архива на македонската улична уметност. Плакатот „(Скоро) дефинитивен времеплов – СК/МК графити екипи 1995–2025“ е обид на едно место да се собере родословот на македонската графити ...

Македонија е земја на парадокси. Од една страна, Кокино е еден од нашите најпрепознатливи археоастрономски локалитети и симбол на древното набљудување на небото. Од друга страна, современа Македонија сè уште нема национална астрономска опсерваторија – научна инфраструктура што би им овозможила на истражувачите, студентите, учениците и граѓаните да учествуваат во современата астрономија. Но, ова не е текст за жалење по минатото. Ова е текст за ...

Крис Јанев (Chris Yaneff) бил канадски графички дизајнер, автор на едно од најпрепознатливите логоа во историјата на домашните компјутери. Но, зад неговото име се појавува и малку позната македонска семејна врска. Некогаш историјата не се појавува како голем архивски документ, туку како мал знак. Како презиме во некролог. Како потпис на постер. Како лого што милиони луѓе го гледале без да знаат кој го нацртал. Таква е приказната за Крис ...

Кога ќе кажеш „ка си“, „кашча“, „фоф“, „шчо“ или „не се пуке“, не кажуваш само зборови или фрази. Кажуваш место, време, ритам, сеќавање, семејство, маало, село, град, планина. Кажуваш еден начин на зборување кој сѐ уште живее, но сѐ поретко се слуша во јавниот простор. Затоа на Арно.мк ја подготвивме малата веб-апликација „Малешевски речник“ – едноставен и интерактивен речник заснован на зборови и фрази од малешевско-пиринскиот дијалект. Од ...

Arno.mk подготви интерактивна апликација со зборови од „Велешки речник“ на „Ти реков, ми рече“ – за пребарување, разгледување, играње и потсетување дека јазикот најдобро се чува кога се користи. Зборови што се цели сцени Има зборови што не се само зборови. Тие се цели сцени. „Гитла“ не е само „бегај“. Тоа е некој што ти довикува од маало. „Абер“ не е само вест, туку она старо чувство дека нешто се чуло, се пренело, стигнало од човек до човек. ...

Групата што од 2016 година гради култура на подарување, повторна употреба и доверба меѓу луѓето, сега станува повидлива и подостапна за сите. Фејсбук групата „Дај, не фрлај“ станува јавна. Оваа промена не значи промена на идејата, правилата или духот на групата. Напротив – станува збор за логичен следен чекор за една заедница која од 2016 година наваму функционира како граѓански јавен сервис: место каде што луѓето подаруваат предмети што ...

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ испрати соопштение до јавноста во кое ги демантира тврдењата на компанијата „Титан Усје“ дека работи „согласно европската регулатива“ и „според стандарди идентични со оние во Европската унија“. Во реакцијата се наведува дека споредбата со европските BAT стандарди покажува значителни отстапувања во дозволените емисии и во нивото на транспарентност, како и дека мониторингот не е целосно јавно достапен во ...

Деновиве, со актуелната медиумска покриеност на „Генералка викенд“, повторно се отвори прашањето за отпадот, нечистотијата и односот кон јавниот простор. Камери, прилози, објави на социјалните мрежи и јавни личности покрај собрани вреќи ѓубре ја направија темата видлива за пошироката публика. Но, пред оваа акција да стане медиумски препознатлива и пред чистењето да добие ваков јавен формат, во Македонија постоеја повеќе слични граѓански ...

Деновиве, со актуелната медиумска покриеност на „Генералка викенд“, повторно се отвори прашањето за отпадот, нечистотијата и односот кон јавниот простор. Камери, прилози, објави на социјалните мрежи и јавни личности покрај собрани вреќи ѓубре ја направија темата видлива за пошироката публика. Но, пред оваа акција да стане медиумски препознатлива и пред чистењето да добие ваков јавен формат, во Македонија постоеја повеќе слични граѓански ...

Овој текст на Христијан Петрески го објавуваме како авторско теренско истражување и мислење. Наведените координати, споредби и заклучоци се став на авторот, базиран на достапни мапи, катастарски податоци и теренски увид. Можеби некој од Вас со подобра меморија памети, а за останатите мало потсетување: како најисточна точка на Македонија (која воедно се изучува по предметот географија) се смета врвот Ченгино Кале на Малешевските планини. ...

Понекогаш еден стар примерок не отвора само архивска страница, туку и мрежа од гласови. Така се случи и со првиот број на „Лик“ од февруари 1947 година. На прв поглед, тоа е илустриран политичко-општествен месечник од раниот социјалистички период, документ за времето на Уставот, обновата, стопанските планови, културната мобилизација и создавањето на новата држава. Но, штом го објавивме текстот за ова списание, „Лик“ почна да се отвора и на ...

Од 23 до 29 април, во СЦ „Борис Трајковски“, на штандот на „Антолог“, Арно.мк ќе се претстави со книги и изданија што зад себе веќе имаат сериозен одек: дела што биле во најтесниот избор за „Роман на годината“, книги што отворале нови патишта кај нас – од литература што рано ги допира темите на вештачката интелигенција, до изданија што меѓу првите посериозно му пристапуваат на графитот како култура, меморија и градска приказна. Со други ...

Книгата „Градот под бојата: графити приказни и урбана археологија“ од Берт Стајн премиерно може да ја најдете на Саемот на книгата, од 23 до 29 април, во СЦ „Борис Трајковски“, на штандот на Антолог. „Градот под бојата“ е книга што уште во воведот точно си ја одредува амбицијата: таа не сака да биде ни туристички водич, ни каталог на графити, ни научна студија, туку обид да се „фати пулсот на градот таму каде што тој е најискрен“. Во таа ...

Рекорд е едно од оние скопски места што одамна престанале да бидат само место. Име, насока, навика, точка за чекање, точка за средба, точка од која градот се разгранува на илјадници ситни приказни. Денес околу него има излози со траги од минато, нови и стари графити, премолчени биографии, случајни херои и урбана сценографија што изгледа како некој да ја составувал „по сеќавање“. Тука некаде се вкрстуваат тезгата на Чичко Драги, Спомен-куќата ...

Капиштец. Самото име ми звучи како да е останато од некој постар, потаен град. Не маало, туку слој. Во „Македонска енциклопедија“ стои: „КАПИШТЕЦ (Долно Водно, Скопје) – во претхристијанскиот историски период идолско место за поклонение, христијанско свето место, со култни извори, викани ‘капишти’, со манастир ‘Свети Јован Крстител’“. И тамам си велиш: еве, култно, свето, извори, капишта… а денес? Кафичи. Коцкарници. Коли паркирани до ...

Во време кога вниманието сè повеќе ни го одземаат кратките формати, брзите реакции и површните содржини, ретки се местата што опстојуваат тивко, упорно и со јасна љубов кон пишаниот збор. „Кафе и книги“ е токму такво место: блог што не настанал како проект, стратегија или медиумски план, туку спонтано, од лична потреба и од искрена приврзаност кон книгите. Ние од Арно.мк се заинтересиравме за „Кафе и книги“ не само поради интересните и ...

Јазикот не е само артефакт заклучен во прашливи депоа, туку жив организам кој пулсира. Но, во ерата на доминантни глобални алгоритми, нашиот збор често е третиран маргинално. Ако не си создадеме сопствен простор за игра и истражување, јазикот ќе се сведе на стерилна алатка само за основна комуникација и научни студии заклучени во архивите и периодиките на Национална библиотека. Затоа, наместо само да го чуваме како музејски експонат, решивме ...

Постојат мали дигитални алатки што не звучат спектакуларно, но штом еднаш ќе ги направиш, сфаќаш дека ти недостигале цело време. Таква е и оваа: едноставен генератор за „Lorem Ipsum“ текст на македонски јазик, направен како мини самостојна HTML апликација што може да се отвори директно во прелистувач. Можете да ја пробате тука. Фајлот е намерно споделен како html фајл, кој можете да го симнете, едитирате, подобрите и споделите и вие. Секој ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.0
78%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.85
92%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.34
70%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
1.79
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Бакар

12.58