
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



По објавувањето на книгата „Еднаш Курт Кобејн тропал со лажици по куфери…“ од Бранко Прља во која се искористени илустрации направени со помош на Стејбл Дифјужн (Stable Diffusion), се очекува се поголема употреба на вештачката интелигенција во креативните сфери во Македонија. AI се развива многу брзо и го гледаме тоа во „real-time“ Во светот нештата се многу понапред. Иако се работи за технологија која е во широка употреба само неколку месеци, ...
Тимот на Арно скоро тренираше вештачка интелигенција (Stable Diffusion) да го препознае и да направи оригинални слики со ликот на Горан Стефановски. Поттикнати од идејата за малку креативни творби поврзани со нашите дејци на интернет, ги поттикнаа сите други кои имаат познавање и ентузијазам да го направат истото. Токму тоа го направија од тимот на Кома (Небојша Гелевски, еден од пионерите на дигиталниот графички дизајн во Македонија). Тие ...
Пишува: м-р Тимурленк Чековиќ Обединетите нации усвоија неколку резолуции и договори во врска со употребата на видови на оружје во различни вооружени конфликти и идентификуваа неколку оружја кои се сметаат за забранети според меѓународното право. Хемиско оружје. Употребата, развојот, производството и складирањето на хемиско оружје се строго забранети според Конвенцијата за хемиско оружје, која е ратификувана од речиси секоја земја во светот. ...
Само пред 5 години науката, уметноста и креативноста биле на врвот на пирамидата од дејности кои истражувачите на вештачката интелигенција се стремеле да ја надвладеат. Денес веќе не е така. Макс Тегмарк е шведско-американски физичар, космолог и истражувач од областа на машинско учење. Тој е професор на Технолошкиот институт во Масачусетс и претседател на Институтот за иднината на животот. Во својата книга „Живот 3.0: да се биде човек во ерата ...
Илон Маск во повеќе наврати има зборувано за опасностите од супер интелигентната вештачка интелигенција. Познат е и неговиот апел да се паузираат истражувањата на вештачката интелигенција додека не се реши проблемот со т.н. „порамнување“ или додека не се формира некое регулаторно тело кое ќе има контрола над АИ. Маск скоро има започнато најнова компанија наречена X.ai Corp. Целта на оваа компанија е да создаде т.н. ‘TruthGPT’: Вештачка ...
Со оваа реченица започнува видео блогот на Tony & Chelsea Northrup, фотографи кои објавуваат видео туторијали и трикови за фотографите. Нивното предвидување дека вештачката интелигенција (АИ или ВИ, како милувате) напредува, но дека ќе поминат години додека не постигне фотографска прецизност беа грешни. Но, не грижете се дечки, никој не знаеше и никој не можеше да предвиди! Ова е споредбата помеѓу првите верзии (пред 1 година) и последната ...
Брз одговор: Околу 1 денар. За детален одговор прочитајте подоле. Електричен тротинет е фантастична работа! Ем е брз, ем економичен. Ние од Арно.мк апсолутно го промовираме возењето на велосипед, преку групите како И јас одам со велосипед на работа или преку нашите проекти како книгичката „25 факти за аерозагадувањето и начини да го намалиш“. Велосипедот е еколошко, здраво и бесплатно превозно средство. Сепак, велосипедот не можеш да го ставиш ...
Пред неколку години излезе т.н. Силурска хипотеза, според која ако постоела цивилизација пред неколку стотици милиони години, денес не би останале никакви физички докази за неа. Единственото нешто што евентуелано би можело да „преживее“ е пластиката и траги од радијација. Сите други материи би се дезинтегрирале и не би оставиле никаков доказ. Но, што е со блиските планети, или Месечината? Ако таа цивилизација постигнала некој стадиум на развој ...
Столбовите на создавањето се збир на гигантски меѓуѕвездени столбови со гас и прашина во маглината Орел, на околу 6.500-7.000 светлосни години од Земјата. Тие беа фотографирани од вселенскиот телескоп Хабл во 1995 година. Неодамна објавената фотографија направена со телескопот „Џејмс Веб“ открива нови детали кои ве тераат да размислите дали „Столбовите на создавањето“ е вистинското име. Ние гледаме три змејови, а вие?… Ако човечкото око лаже, ...
Можеби знаете за професор Протон, омилениот лик на Шелдон Купер, лик од популарната серија Теорија на големата експлозија. Ако мислите дека неговиот лик е збунувачки, тогаш почекајте да дознаете повеќе за вистинскиот протон. Почетоците на приказната за протонот Ернест Радерфорд го поставил класичниот модел на атомот составен од атомско јадро и електрони околу него. Во тој модел јадрото е составено од протони и неутрони. Од тогаш е поминат еден ...
Во книгата „Еднаш Курт Кобејн тропал со лажици по куфери…“ од Бранко Прља се користени илустрации направени со помош на вештачка интелигенција наречена Стејбл Дифјужн (Stable Diffusion). Се работи за прва таква соработка помеѓу човекот и вештачката интелигенција во историјата на македонската уметност, графички дизајн, литература и издаваштво! Сликите добиени со текстуален „инпут“ се потоа обработени во типичен стил на Бранко Прља и едицијата ...
За прв пат, научниците смислиле метод кој користи функционални снимки на мозокот со магнетна резонанца за да го реконструира континуираниот јазик. Во студија објавена на 29 септември на bioRxiv, тим од Универзитетот во Тексас во Остин, објави детали за „декодер“ или алгоритам, кој може да ги „чита“ зборовите кои субјектите ги слушале или размислувале за време на магнетна резонанца со скенирање на мозокот. Познато е дека претходно се направени ...
Со книгата „Необични факти од животот на Алберт Ајнштајн“ започна едицијата „Мала фактопедија“ (2015), која сега брои 15 изданија. Едицијата е замислена како неформална едукација, збирка на интересни факти од светот на науката, технологијата, уметноста, образованието, екологијата… Тие нешта на уредниците на едицијата им се чинат значајни за правилен развој на младите мозоци во едно недоволно развиено општество. Второто издание (2022) е изменето, ...
Книгата „Необични факти од животот на Никола Тесла“ на беше втора во едицијата „Мала фактопедија“ (2015), која сега брои 15 изданија. Второто издание (2022) е изменето, дополнето и редизајнирано со илустрации направени со помош на апликациите за вештачката интелигенција Stable Diffusion и Midjourney. Едицијата е замислена како неформална едукација, збирка на интересни факти од светот на науката, технологијата, уметноста, образованието, ...
Адријан Божиновски е професор на Универзитетот „Американ Колеџ“ – Скопје. Има издадено две книги од областа на управување на роботи преку сигнали од мозокот на човекот. Тој е член на Менса Македонија, при што еден период имаше и претседателска функција во оваа организација. Како ученик во основно училиште има освоено прва награда по физика на државен натпревар на ниво на Македонија. При уписот на Електротехничкиот факултет во Скопје бил прв на ...
Голем јазичен модел (LLM) е јазичен модел кој се состои од невронска мрежа со многу параметри (обично над милијарда), обучени на големи количини на неозначен текст користејќи самостојно учење. LLM се појавиле околу 2018 година и добро се справуваат со широк спектар на задачи. Најпознат ваков модел е ChatGPT. За потребите на овој текст направивме и еден плакат. Во плакатот се вклучени нивоа наречени од S до XL, т.е. од GPT-FAI (трениран на13 ...
Преку искуствата во групата „Наставници за онлајн настава“ и од други извори дознаваме дека онлајн наставата не функционира! Десет дена од почетокот на учебната година, а календарите по онлајн настава се полупразни, се држат 2-3 часа дневно од предвидените 6-7, наставниците не се приклучуваат, кога се приклучуваат не ја вртат камерата кон таблата итн. Проблемите се бројни, но нема кој да зборува за нив! Се оди по логиката дека се работи за мал ...
Влегуваме во третата недела од почетокот на учебната година и онлајн наставата се уште не се одвива или каде што се држи е половична. Се разбира постојат исклучоци, но според информациите кои ги добивме од групата Наставници за онлајн настава тие се ретки. Минатата година na arno.mk пишувавме за проблемите на комбинираната настава, колку ќе биде тешко остварлива и сето тоа се гледа на терен. Но, бидејќи нема подобар избор за учениците кои се во ...
На наставниците не им е лесно, тие се ставени во експериментални лаборатории со поволни услови за развивање вируси. Соочени со многу предизвици, се чини дека голем дел од нив ги занемаруваат децата кои учат онлајн. Понекогаш има објективни причини, но понекогаш е едноставно тешко да се држи комбинирана настава. Сепак, има наставници кои предаваат коректно и тие го даваат моделот на соодветна комбинирана настава. Еве што можеме да научиме од нив, ...
Кога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн. Тие се одделени од другарите и од општеството и им треба помошта на наставниците. Ако им се даде довербата и вниманието, тие ќе вратат десетократно! Со инсистирањето на физичко присуство оваа учебна година, онлајн (комбинираната) настава е заборавена и заметена „под тепих“. Јасно е дека наставниците се ...
Во историските записи за територијата на Македонија во XIV-от век постојат многу контрадикторни податоци. Доволно е да направите површно истражување на интернет, да ги споредите сајтовите со учебниците и ќе наидете на многу недоследности. Едните велат едно, другите друго…. Впрочем, така е и со целото наше минато, раскинати помеѓу страниците на историјата која ја пишуваат победниците. Кои сме ние во историската приказна се уште не се знае, но се ...
Минатата година издадовме седум книгички кои ги споделивме за бесплатно читање и преземање од нашиот портал. Заедно со другите издадени во претходните години, ви ги споделуваме (во случај да сте заборавиле!) повторно тука сите книги од едицијата „Фактопедија“. И не заборавајте секој ден да учите и дознавате нешто ново, зашто образованието не е само на училиште (а ако е наше, па уште и онлајн, тешко вас!), туку и по училиштето (ова важи и за ...
Во денешно време е потребно, дури и неопходно децата да не се држат до конвенционалните методи на учење. Училницата и монотониот глас на наставникот мора да бидат надополнети со „послеучилишни“ методи на истражување. Веќе направивме една листа на интересни подкасти од кои можете да научите повеќе отколку од класичното училиште. Како да очекувате од еден родител во нашата средина да му каже на своето дете: „Учи дете зашто без добри оценки нема ...
Според студијата објавена на 19 март 2022 во магазинот SAGE Open која ја вклучила анализата на платата на наставниците во корелација со успехот на учениците во САД е утврдено дека кога наставниците се платени повеќе и учениците имаат подобри резултати! Студијата е направена врз огромен примерок од 10.000 училишни области во САД (секоја област има неколку училишта) што секако влијае уште повеќе врз нејзината веродостојност. Според студијата ...
Едицијата „Фактопедија“ започна како идеја за промоција и популаризација на личности и идеи кои оставиле печат на човештвото. Целта е да се инспирираат помладите генерации на едни поинакви идоли од тие кои им се вообичаени. Во денешниот свет младите се инспирирани од „јутјубери“, „инфлуенсери“ од социјалните медиуми и други ликови кои не прават ништо особено во животот, но сепак одземаат часови и часови од времето, вниманието и соништата на тие ...
Midjourney е неверојатна алатка за генерирање слики од текст. Според квалитетот сликите се далеку подобри од Stable Diffusion, Leonardo.ai и сличните апликации и за тоа постои причина – Midjourney се плаќа. Денес излезе V5 на Midjourney и компанијата одобри алфа-тестирање за нивните V5 алгоритми. За да го активираат, корисниците едноставно треба да внесат „–v 5“ по барањето или да изберат „V5“ од менито за поставки. Што е ново со основниот модел ...
За тоа како го тренирав ChatGPT да напише панграм на македонски јазик. Пред неколку години учествував на третиот конкурс за панграми на Окно. Ми беше предизвик да напишам панграми со најмал можен број на карактери, но истовремено да се задржи и лиричноста. Но, сепак (иако критериумот на конкурсот на Окно е лиричноста, а не краткоста) совршен панграм (со 31 буква) на македонски јазик не постои! Најкраткиот (колку што знам јас) панграм на ...
Моделите на ГенВИ (Генеративна вештачка интелигенција) како Stable Diffusion, Dall.e или Midjourney „мака мачат“ кога треба да прикажат човечки раце. Зошто е тоа така и што може да се направи да се подобрат? Како човек учи да ги црта рацете? Ако сте учеле да цртате, како хоби или професија, тогаш знаете дека цртањето раце е помеѓу потешките техники за совладување. Кога се учи да се црта, целото тело, па и рацете, се делат на едноставни пропорции ...
Што велите за овие слики на нашиот великан Тоше Проески во Дизни издание? За жал не се работи за нов анимиран филм на Дизни со Тоше Проески во главната улога, иако според нас тој го заслужува тоа. Се работи за нов модел трениран од страна на тимот на Арно.мк, Бранко Прља и Владимир Карер, со помош на Dreembooth и генеративната вештачка интелигенција наречена Stable Diffusion. Зошто го избравме ликот на Тоше Проески? По Горан Стефановски и Петре ...
Самото тоа што на оваа локација има импровизиран пазар, значи дека има реална потреба од регулиран зелен пазар. Околината е затрупана со отпад, црквата недоградена, заградена со бодликава жица која виси на сите страни. Зборуваме за близина на училиште и згради каде што има голем број деца. Освен што е нехигиенски и опасно по нив, сликата која ја гледаат секој ден не е добра за нивниот развој и животна перспектива. Треба да ги научиме на ред и ...