По неколкугодишниот скок на бројката на предвидени станови за градење, македонскиот пазар на недвижности се соочува со спротивни резултати. Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2024 година се издадени 275 одобренија за градење, што е за 20,1 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4,8 милјарди денари, што е за 31,1 % ...
Минималната синдикална кошница за октомври изнесува 61.249 денари и е за 57 денари пониска отколку во септември годинава кога беше 61.306 денари. Со изнајмен стан од 60 м2 за октомври кошницата изнесува 76.624,00 денари. -Значајно е да се нагласи дека мерката на Владата за ограничување на висината на маржите даде дел од посакуваниот резултат, но, поради алчноста за профит кај трговците што Државата мора да го заузда, тие, кога разбраа за ...
Американскиот синџир на ресторани за брза храна Taco Bell ги отвори вратите на својот прв ресторан во Сараево, што претставува голема пресвртница во меѓународната експанзија на брендот, означувајќи го неговото прво појавување на Балканот (ако не ја сметаме Романија за дел од Балканот). Новата локација во населбата Илиџа ќе го подобри стратешкиот план на Taco Bell за проширување на своето присуство во балканскиот регион и пошироко. Босна и ...
Со програмата за рибарство и годинава ќе се субвенционира опремата и изградбата на нови капацитети за преработка на рибите. Предвидената финансиската поддршка е 3 милиони денари. Заинтересираните можат да се јават на повик кој трае до 23 октомври… Со овие пари може да се градат нови капацитети и набавка на опрема за доработка, преработка, складирање и пакување на рибите. Корисници се микро, мали и средни претпријатија регистрирани за дејноста ...
Американскиот буџетски дефицит го надмина износот од 1,8 трилиони долари во фискалната 2024 година, бидејќи каматите на јавниот долг за прв пат надмина од билион долари, дополнително со зголемени расходи за социјалните програми и за војската, објави министерството за финансии на САД. Во фискалната година која заврши на 30 септември, минусот во американскиот буџет е зголемен за осум отсто во однос на преходната фискална година и изнесува 1,83 ...
Европската комисијата денеска донесе одлука да додели повеќе од 380 милиони евра за реализација на 133 нови проекти ширум Европа во рамките на Програмата за активности поврзани со животната средина и климата „Лајф“, меѓу кои и за обезбедување на енергетска ефикасност на постојните станбени објекти во земјава. Инаку, овие 380 милиони евра претставуваат над половина од вкупните инвестициски потреби за реализација на проектите, кои изнесуваат 574 ...
Во време на неизвесност и брзи промени, многумина се прашуваат како најдобро да ги заштитат своите семејства и најблиски. Животното осигурување станува сѐ позначајно бидејќи обезбедува не само финансиска поддршка во непредвидени ситуации, туку и чувство на сигурност за утрешниот ден. Додека се справуваме со секојдневните предизвици, важно е да размислуваме за долгорочната безбедност и благосостојба на оние што ги сакаме. Сепак многумина се ...
Халк Банка АД Скопје изврши зголемување на капиталот за нови 20 милиони евра, што претставува значајна докапитализација и силна поддршка од главниот акционер на банката – Халкбанкаси АШ Туркије. Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 46-тата седница донесе Решение со кое се одобри 21-та емисија на хартии од вредност по пат на приватна понуда. Со оваа емисија, Халк Банка АД Скопје издаде 123.000 обични акции со ...
Да се придонесе кон економскиот развој со зајакнување на регионалната економска соработка, беше високо на листатата на Берлинскиот процес од самиот почеток, затоа што тој беше воспоставен како дополнителен процес за поддршка на Западниот Балкан за подготовка на членство во ЕУ, вели германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер. Потенцираше дека процесот на пристапување во ЕУ е воден од два елемента – едниот е позицијата на владеење на ...
Есенска кошничка ќе има уште идната недела. За неколку дена завршува мерката со која за околу 70 производи се ограничи бруто профитната маржа на 10 отсто. Но, овие неколку недела откако е на сила граѓаните пред камерата на Телма велат дека не почувствувале некое позначајно поевтинување. Сметаат дека вака осмислена мерката не треба да продолжи. -Не даде мерката резултати ниту оваа мерка ниту претходните кои се воведуваа. Ако почнеме да се ...
Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во септември, кај најзастапените категории ̶ потрошувачките и станбените кредити е забележан месечен раст од 0,6% и 1%, соодветно, при годишно зголемување од 6,7% и 11%, соодветно. Вкупните кредити, во септември бележат месечен раст од 0,4%, којшто во целост се должи на зголеменото кредитирање на секторот „домаќинства“, информираат од Народната банка. На годишна основа, ...
Управата за јавни приходи денеска ги повика даночните обврзници да ги исполнат своите законски обврски и навреме да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за изминатиот даночен период. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата е 25-ти октомври 2024 година (петок). Важно е да се напомене дека 23-ти октомври е неработен ден, но системите на УЈП работат и сите кои имаат обврска за поднесување на ДДВ – 04 пријави истото ќе може да го сторат и во среда, ...
Поради повисоките социјални трошоци и зголемените пари за одбрана Каматата на долгот се зголеми за 254 милијарди долари на 1,1 трилиони долари за годината, што е зголемување од 29 отсто Буџетскиот дефицит на американската влада го достигна највисокото ниво од годините на пандемијата на Ковид во 2024 година, поттикнат од зголемените каматни трошоци и повисоките трошоци за социјално осигурување и одбрана – повеќе од неутрализирање на ...
За 3 месеци државниот долг е зголемен за 9,6 милијарди долари Јавниот долг на Чешка во трите квартали од 2024 година се зголеми за 223,1 милијарди круни (околу 9,6 милијарди американски долари) и изнесува 3,334 трилиони круни (околу 143,4 милијарди долари), објави порталот Блеск повикувајќи се на Министерството за финансии на Републиката. Според него, големината на државниот долг достигна најголема големина во историјата. Во однос на бројот на ...
Регулаторната комисија за енергетика одлучи за намалување на цените на горивата од вечерва на полноќ… Регулаторната комисија за енергетика одлучи за намалување на цените на горивата од вечерва на полноќ. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за 1 денар, и ќе изнесува 77 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР 98 се намалува исто за 1 денар и ќе се продава по цена од 79 денари. ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 2 денари, и ќе изнесува 68,5 денари по литар. Цената на ...
Групата БРИКС ќе генерира најголем дел од глобалниот економски раст во наредните години благодарение на нејзината големина и релативно брзиот раст во споредба со развиените западни земји, изјави во петокот рускиот претседател Владимир Путин. Путин се надева дека ќе го изгради БРИКС – кој се прошири за да ги вклучи Египет, Етиопија, Иран и Обединетите Арапски Емирати, како и Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка – како моќна противтежа на ...
Глобалниот јавен долг е многу висок, предупредува ММФ. Се очекува тој да надмине 100 трилиони долари или околу 93 отсто од светскиот бруто домашен производ до крајот на оваа година и да се приближи до 100 отсто од БДП до 2030 година. Тоа е 10 процентни поени од БДП во споредба со 2019 година, односно пред пандемијата објави Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Иако сликата не е хомогена – јавниот долг се очекува да се стабилизира или да се ...
Во трговијата на мало со храна и пијалаци во јули се оставиле повеќе пари отколку во јуни и значително повеќе отколку пред една година, покажуваат статистичките податоци. Така, во јули годинава прометот бил речиси 11,4 милијарди денари, односно 185 милиони евра, а во јули 2023 година изнесувал речиси 9,5 милијарди денари, или 154 милиони евра. Според податоците, за една година прометот се зголемил за 31 милион евра, или за 20 насто. Но, ова е ...
Привршува јавниот повик за субвенции во рибарството. Парите се наменети за изградба на нови или проширување и модернизација на постојните капацитети. Финансиската поддршка се исплаќа со ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции. Повикот трае до 23-ти октомври… Право за користење на финансиската поддршка за инвестиции во бизнисот со рибарството имаат фирмите регистрирани за оваа дејност кои имаат или користат имот на кој ќе градат ...
Кинеската централна банка ги намали клучните каматни стапки за 25 базични поени, па сега е 3,1 отсто за заеми до една година и 3,6 отсто за пет години. Учесниците на пазарот очекуваа ваква одлука, па затоа пазарот остана претпазлив, додека се чекаат натамошни потези и најави од кинеските претставници поврзани со економски стимулации, што може да потрае. По првичните загуби на азиските берзи, повеќето главни регионални индекси се во зелено на ...
Експертите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја ажурираа својата прогноза за крајот на руската војна во Украина, која, според новиот извештај, „во најдобар случај ќе трае до крајот на 2025 година“, а Украина ќе може да го одржи основниот економски раст за време на тој период. „Војната на Руската Федерација во Украина продолжува да предизвикува економски, социјални и хуманитарни загуби. Нападите на енергетската инфраструктура предизвикаа ...
На повеќе од 20 илјади земјоделци им се исплатени 1,3 милијарди денари субвенции, пари што се обезбедени со ребалансот на буџетот, преку консолидирање на приходите. Овие пари, како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, досега биле мисловна именка. – Нешто што досега претставуваше мисловна именка, нешто што беше невозможно, со консолидирање на приходите во буџетот, со повеќе приходи, со ребалансот, успеавме да обезбедиме за повеќе од 20 ...
Германија би можела да ги ограничи кириите во популарните населби до крајот на 2028 година, според предлог-законот на министерот за правда Марк Бушман. Актуелните закони ги спречуваат станоиздавачите во популарните населби да ги зголемуваат кириите во новите договори и треба да останат на сила до средината на следната година, објави Индекс.хр. Поддршката за станарите беше клучна точка во коалицискиот договор меѓу Социјалдемократската партија на ...
Економијата на Македонија е на најниско ниво во регионот, со раст од само 1,8 проценти, но Владата останува пасивна и без план. Светска банка предупредува на сериозни ризици, а експертите бараат итни економски реформи. Наместо акција, Владата продолжува да уверува дека последните квартали ќе донесат подобрување, иако ваквите ветувања се празни без конкретни мерки. Според професорот Бауш, Владата не презема ништо за да го реши прашањето со ...
Новите извештаи покажуваат дека безжичните мрежи од следната генерација би можеле да достигнат брзина до 938 гигабити во секунда, приближно 9.000 пати побрзо од сегашните 5G мрежи. Овие 6G мрежи од следната генерација сѐ уште се далеку, но ќе овозможат испраќање на повеќе од 20 филмови со просечна должина во секунда, според извештајот објавен од New Scientist. Еден од најголемите проблеми што треба да го реши 6G е застојот што 5G не може да го ...
Синдикатот што ги претставува машинистите на Боинг преговараше за нов предлог договор со кој ќе се обезбедат бонуси и зголемување на платите од 35 отсто во текот на четири години, во обид да се стави крај на скапиот прекин на работата и прекинот на производството на авиони што трае повеќе од еден месец. Меѓународната асоцијација на механички и воздухопловни работници денеска изјави дека планира да одржи гласање за ратификација во среда , како ...
Вкупните расходи за заштита на животната средина во 2022 година изнесуваат 697,7 милиони евра, што е девет отсто повеќе од 2021 година и изнесуваат 1,2 отсто од бруто домашниот производ (БДП). Вредноста на извршените услуги за заштита на животната средина е зголемена за 15,5 отсто на годишно ниво на 550,8 милиони евра, објави словенешкиот Државен завод за статистика. Државните расходи за заштита на животната средина изнесуваат 325,5 милиони ...
Германија планира да го надмине проблемот со недостиг на квалификувана работна сила со масовно вработување на работници од Индија, најави Хубертус Хајл, германскиот министер за труд. Заради спроведување на овој план ќе бидат донесени 30 одлуки за отстранување на бирократските пречки за вадење на работните дозволи за индиските работници. Германија се соочува со голем недостиг на работна сила, а тесните грла го кочат растот и напредокот на ...
Светска банка во својот најнов извештај за Македонија изнесе аларамантни и поразителни податоци за економската состојба на земјава. Овој извештај не е технички документ, тој е слика на секојдневието од втората половина на тековната година – раст на цените, уништување на животниот стандард, откажување од планот за раст на платите. Нашата економија е во слободен пад. Наместо очекуваниот економски раст од 2,5 проценти, годинава, според Светска ...
Новите прогнози на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) укажуваат на тешка иднина за светската економија, обележана со слаб раст, ескалација на трговските тензии и висока задолженост, изјави денеска директорката на ММФ Кристалина Георгиева. „Не сум премногу песимист, бидејќи ако го погледнеме трендот на светската економија, точно е дека може да биде подобро, но и многу полошо“, рече Георгиева за време на дискусијата во седиштето на ММФ во пресрет ...