Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во објава на социјалните мрежи најави дека на прес-конференција во 12:00 часот ќе ги објави најновите економски индикатори кои, како што вели, не се само загрижувачки, туку навистина алармантни. „Денес ги добив најновите економски индикатори – и тие не се само загрижувачки, туку навистина алармантни. На денешната прес-конференција во 12:00 часот ќе ги објавам, граѓаните да ја знаат вистинската состојба ...

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, синоќа истакна дека државите глобално не располагаат со доволно зрели регулаторни и морални структури за да се справат со забрзаното ширење на вештачката интелигенција. Таа упати апел до невладините организации “да го кренат алармот” поради дефицитот на соодветни механизми за контрола и надзор. Според Георгиева, технолошката преобразба предизвикана од вештачката ...

– Ако сакате борба, ќе се бориме до крај. Ако сакате да преговарате, нашата врата останува отвора, се наведува во соопштението од кинеското Министерство за трговија. Трамп на 10 октомври објави дека САД ќе воведат дополнителни царини од 100 проценти за кинеските производи, покрај оние што веќе се во сила, и дека мерката ќе стапи на сила најдоцна на 1 ноември. Тој истакна дека реагира на најавата на Пекинг за ограничување на извозот на ретки ...

Цената на златото денес достигна нов рекорд и неговата цена на њујоршката берза Comex во еден момент надмина 4.100 долари за унца. Според податоците од берзата, цената на унца злато во 13:20 часот изнесуваше 4.102,5 долари за унца, а потоа малку падна и се продаде за 4.094,27 долари за унца во 14:25 часот. Според „Фајненшл тајмс“ (FT), порастот на цената на златото делумно беше поткрепен од зголемените инвестиции во фондови за тргување со злато ...

Растечкиот тренд на стечаи во Германија продолжи и во септември, кога се зголемија за 10,4 отсто во споредба со 12 месеци претходно. Водечките ревизорски агенции очекуваат поголем број постапки за несолвентност оваа година отколку минатата година, која со 21.812 случаи беше најтешка од 2015 година. Растот на бројот на пропаднати компании беше очекуван поради крајот на државната пандемиска помош за компаниите, како и од скапата енергија, ...

Во првата половина од 2025 година, просечната цена на електричната енергија без ДДВ за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движела меѓу 5,611 и 15,403 денари за киловат-час, во зависност од потрошувачката категорија. Според Државниот завод за статистика, просечната цена изнесувала 7,945 денари за киловат-час, што претставува намалување од 8,7 проценти во однос на второто полугодие од 2024 година. Кај домаќинствата, просечната цена на ...

Извозот на Кина нагло се забрза во септември, со двоцифрен скок на испораките во Европската Унија и Југоисточна Азија, покажаа царинските податоци објавени денеска. Испораките на кинеска стока скокнаа за 8,3 проценти во септември во споредба со претходната година, покажаа царинските податоци. Во август, извозот се зголеми за 4,4 проценти, што сигнализира забавување по зголемувањето од 7,2 проценти во средината на летото. Податоците за увозот ...

Во август, во земјава најмногу туристи дошле од Турција, вкупно 49.093, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Втора земја од каде што редовно доаѓаат туристи е Србија со 10.309, а трета е Романија со 5.202 туристи. Традиционално, и овој август бројни биле и туристите од Холандија, од каде што дошле 5.075. Статистика покажа дека во август бројот на туристи изнесувал 226.179, кои оствариле 846.221 ноќевање. И овој месец побројни ...

Цената на нафтата се спушти на најниското ниво во последните пет месеци, поттикната од растечките тензии во трговската војна меѓу САД и Кина, како и стравувањата за забавување на глобалната економија. Аналитичарите предупредуваат дека продолжената неизвесност меѓу двете најголеми светски економии може дополнително да го намали побарувачкиот притисок на пазарот. Дополнителен фактор за падот е и зголеменото производство на нафта во неколку ...

Европската централна банка (ЕЦБ) разработува сценарија за воведување на дигиталното евро и ја анализира потенцијалната последица врз депозитите во комерцијалните банки. Според симулациите, во најнеповолното сценарио, повлекувањето на депозити од граѓаните би можело да достигне до 700 милијарди евра, особено ако корисниците го користат дигиталното евро за други видови плаќање. Европските министри за финансии минатиот месец се согласија на план ...

Грчката влада предвидува даночни намалувања за стотици илјади сопственици на имот и директна финансиска помош за еден милион домаќинства кои живеат како потстанари, како дел од стратегијата за справување со тешката станбена ситуација, пренесе агенцијата АНА-МПА. Според нацрт-буџетот за 2026 година, кој го презентираше министерот за национална економија и финансии, Кириакос Пиеракакис, вкупната вредност на овие мерки достигнува речиси половина ...

Законските измени веќе се во собраниска процедура, а нивното спроведување се очекува да има директни позитивни ефекти врз економијата и работењето на домашните компании, велат од МФ. Околу 4 милиони денари месечно (65 илјади евра), колку што во одредени периоди изнесува прометот кон странските онлајн платформи, ќе се пренасочат кон домашното стопанство со укинувањето на ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки во вредност до 22 евра, посочуваат ...

Цените на горивата од вечерва на полноќ се намалуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за 1 денар, и од утре ќе се продава за 73 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР 98+ се намалува за еден денар, и ќе изнесува 75 денари по литар. Се намалува и цената на ЕУРОДИЗЕЛ за 0,5 денари, и од утре ќе се продава по цена од 68 денари по литар. За 0,5 денари се намалува и цената на екстралесното масло за ...

Швајцарските градови и понатаму се на врвот на списокот на десетте најскапи во Европа кога се во прашање цените на недвижностите, покажаа податоците на „Дојче банк“. Просечната пазарна цена на квадратен метар стан во центарот на Цирих годинава изнесуваше дури 20,35 илјади евра, поради што тој град се најде на првото место на списокот, пренесува Капитал.ба. На второ место е Женева со просечна цена од 18,7 илјади евра по квадрат, додекак Лондон е ...

Цената на среброто порасна за над 4% и достигна 51 долар за унца, надминувајќи го историскиот рекорд од 1980 година. Растот е поттикнат од зголемена побарувачка за сигурни инвестиции, финансиски ризици во САД и ограничена понуда на пазарот. Цената на среброто денеска порасна за повеќе од 4%, достигнувајќи рекордни околу 51 долар (44 евра) за унца, што се припишува на зголемената побарувачка од страна на инвеститорите кои бараат сигурни ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека во четвртиот квартал од оваа година ќе биде објавен Јавниот повик 02/2025 за користење на средства од ИПАРД Програмата 2021-2027, мерка 3 – „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи”. Оваа мерка претставува исклучителна можност за македонските претприемачи во прехранбената индустрија да ги унапредат своите ...

Цената на среброто се зголеми за повеќе од четири отсто достигнувајќи околу 51 долар за унца, првенствено поради зголемената побарувачка на инвеститорите во побезбедни средства. Ова го продолжи растот на цената на овој скапоцен метал, надминувајќи го претходниот рекорд што беше забележан во 1980 година. Годинава цената на среброто порасна за повеќе од 70 проценти, надминувајќи го златото, што е предизвикано од фискалните ризици во Соединетите ...

Обемот на трговијата меѓу Русија и земјите од Централна Азија се зголемил за четири проценти во периодот помеѓу јануари и јули, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Тој го изјави ова на самитот Русија – Централна Азија и нагласи дека има целосен премин кон приоритетна употреба на националните валути во меѓусебните плаќања, објави ТАСС. Путин додаде и дека обемот на трговијата меѓу Русија и други земји надминал 45 милијарди долари, но дека ...

Бурни реакции од јавноста по најавите дека малите пратки од странство ќе се оданочуваат. Владата го достави до Собранието Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ДДВ, со кој се укинува ослободувањето од плаќање ДДВ при увоз на мали пратки до 22 евра, испорачани од странство кон домашни примачи, а потрошувачките велат дека „не е фер“ со оглед дека ќе поскапат пратките од „Тему“ и „Алиекспрес“. Новите правила ќе значат дека ...

Сандерс, долгогодишен борец за правата на работниците и економска еднаквост, укажува на итната потреба од политики кои ќе ги заштитат луѓето од потенцијално разорните социјални и економски последици на автоматизацијата. Сенаторот Берни Сандерс предупредува дека брзиот развој на вештачката интелигенција и роботиката од страна на моќни милијардери може да им овозможи на големите корпорации да укинат десетици милиони добро платени работни места, ...

Цените на златото сè уште се над границата од 4.000 долари за унца, која вчера ја пробија првпат во историјата. Од почетокот на седмицата цената на златото се зголеми за речиси 4 отсто. А на валутните пазари, вредноста на американскиот долар во четвртокот утрото во однос на кошничка валути падна. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 98,70 поени, додека ...

Американскиот Сенат повторно не успеа да го усвои законот за краткорочно финансирање на владата до 21 ноември, додека прекинот на работата на владата влезе во деветтиот ден. Сенатот го одби законот што го усвои Претставничкиот дом со 54 гласа „за“ и 45 „против“, бидејќи не беше достигнат прагот од 60 гласа потребни за негово усвојување. Ова беше шести обид за усвојување на законот за финансирање. Сенатот, исто така, ја одби и верзијата на ...

Комерцијална банка ја најави својата нова промотивна понуда за станбен кредит, која им овозможува на граѓаните полесно и поекономично да го остварат сонот за сопствен дом. Понудата важи до 31 декември 2025 година и се одликува со нулти трошоци за одобрување и процена на имот. „Домот е многу повеќе од ѕидови и покрив – тоа е местото каде што се создаваат најтоплите спомени, каде што секој ден започнува со сигурност и завршува со мир“, порачаа од ...

Еве трет месец по ред имаме инфлација која од 4,9 отсто дојде до 4 отсто и очкеуваме во следниот период да се намалува. Тоа е добра вест и за граѓаните, бидејќи на тој начин и тие ќе имаат подобар стандард и поквалитетен живот. Очекувам во следните два квартали да ја одржиме стапката на раст во рамки на бруто домашниот производ и во вториот квартал да порасне некаде околу 7,8 отсто што е важно, бидејќи кога го пресметувате буџетскиот дефицит ...

Во Србија, 24,6 отсто од вработените работат повеќе од 45 часа неделно со нивна главна и евентуално втора работа, што е значително повисоко од просекот на Европската Унија од 10,8 отсто, според податоците на Евростат објавени денес за вториот квартал од 2025 година. Највисок удел на вработени во Европската Унија кои работат повеќе од 45 часа е забележан во Грција 20,9 отсто, додека Кипар 16,6 отсто и Малта 14,6 отсто се исто така над просекот. ...

Светската банка ја зголеми прогнозата за раст на кинеската економија во 2025 година на 4,8 отсто од четири отсто во април, и покрај трговските спорови со Соединетите Американски Држави. Новата прогноза се приближува до официјалната цел на Кина за раст на бруто домашниот производ во 2025 година за околу пет проценти, објавува CNBC. Аналитичарите на Светската банка забележуваат дека економскиот раст на Кина е поддржан од владини стимулативни ...

Цената на златото достигна рекордни 4.000 долари за унца, додека инвеститорите бараат сигурни места за вложување на своите пари среде економската и политичката неизвесност во светот. Вредноста на златото расте најбрзо од 1970-тите и порасна за околу една третина од април, кога Доналд Трамп објави царини кои предизвикаа потрес во светската трговија. Златото се смета за безбедно засолниште за инвестирање, зашто се очекува да ја задржи или зголеми ...

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески попладнево соопшти дека се направени првите трансакции преку СЕПА системот. – Историски ден за нашата држава! Денес се направени првите трансакции преку СЕПА – системот што ја приближува Македонија кон европското платежно подрачје. До 6 пати пониски трошоци за граѓаните. До 8 пати пониски трошоци за компаниите – објави гувернерот Трајко Славески на платформата Х. Од денеска практично во државава ...

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во септември 2025 година, во однос на август 2025 година, изнесува -0.2 %. Намалувањето на инфлацијата во септември 2025 година, во однос на август 2025 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 3.3 %, Ресторани и хотели за 1.3 %, Рекреација и култура за 0.7 %, Облека и обувки за 0.3 %, Разновидни стоки и услуги за 0.2 % и Храна и ...

Златото се искачи на уште едно рекордно високо ниво – приближувајќи се до границата од 4.000 долари за унца – додека затворањето на федералната влада на САД влегува во втората недела. Цената на златото се зголеми за дури 1,2 проценти на 3.932,02 долари за унца. Прекините во САД го одложија објавувањето на податоците за вработување што требаше да бидат објавени во петок, правејќи ја мрачната економска перспектива уште потемна. Со недостаток на ...

Повик

5 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1021
weather icon

Белград

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
93%
1021
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
2.57
93%
1022
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
93%
1021
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
2.34
88%
1023
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
100%
1023
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.68
74%
1017
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
0.0
58%
1018
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
66%
1018
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 2ᴼ
2.06
100%
1023
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
90%
1022
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
6.17
71%
1020
Currency

61.55

Currency

52.5458

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Злато

139515.92

Бакар

11.07

Калај

43.93

Рутениум

29192.88

Паладиум

54591.97

Иридиум

145787.60

Алуминиум

2.95

Кобалт

58.42

Цинк

3.04

Платина

64479.52

Сребро

2159.01

Родиум

258813.51